Симон Трпчески – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Mar 2023 07:10:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Симон Трпчески – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Светска оркестарска премиера на „Македонисимо“ на Трпчески во Виена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/svetska-orkestarska-premiera-na-makedonisimo-na-trpcheski-vo-viena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/svetska-orkestarska-premiera-na-makedonisimo-na-trpcheski-vo-viena/#respond Fri, 03 Mar 2023 07:10:26 +0000 https://kurir.mk/?p=807437

Светска премиера на оркестарската верзија на музичкиот проект „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите се одржа синоќа во престижната концертна сала „Музикферајн“ во Виена, заедно со австрискиот оркестар Тонкунстлер и диригентот Јутака Садо од Јапонија, соопшти Здружението за култура и уметност „КултурОп“. „Музика која ги отвора ушите и срцата“, вака беше најавен синоќешниот голем настан за македонската музичка уметност. Трпчески во изјава за МРТ појаснува дека на членовите квинтетот Македонисимо им донесе многу возбуда, среќа и гордост. - Се случи нешто што засекогаш ќе остане во аналите на историјата на македонската интерпретативна уметност. Возбудата е дотолку поголема што добивме уште една димензија на проектот Македонисимо, кој Панде Шахов овојпат го обои во најразлични оркестарски бои за поинаква звучна слика. Со желба изведбата да донесе уживање и за самиот оркестар, тој ја направи оркестрацијата многу внимателно. Во секој случај, незаборавно е чувството кога грмна тапанот и низ „Музикферајн“ се разлеаа корените на македонската нација, изјави Трпчески за МРТ. Композиторот и аранжер Панде Шахов, како што пренесува „КултурОп“, појасни дека не менувал ништо во делниците за квинтетот, туку само оркестарски ги обоил.. Изведбата на квинтетот Македонисимо (Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело, Хидан Мамудов на кларинет, саксофон и кавал и Влатко Нушев на перкусии, предводени од пијанистот Трпчески), посочува „КултурОп“, беше посебна инспирација и за членовите од оркестарот, на чело со нивниот музички директор и шеф-диригент Јутака Садо, кој подвлече дека кога првпат ги видел ритмите во партитурите, се исплашил како ќе ги диригира. -По дводневни проби, забележав дека со помош на прекрасните музичари од квинтетот Македонисимо, сега не се чувствувам како да следам ритам, матрица, туку како да создавам една многу слободна музика. И среќна! Кога завршува секој од ставовите, оваа музика нѐ прави насмеани, среќни. Има преголемо уживање во оваа музика што го слави животот на многу креативен начин, изјави маестро Садо за МРТ. „КултурОп“ информира дека одушевената публика тоа го препозна и по стоечките овации следуваа две изведби на бис. -Како што вели и официјалниот сајт на Тонкунстлер оркестарот, „радосната музика за која критичарите открија дека резултатот го „одзема здивот“, вечер (3 март) продолжува со својата реприза на големата сцена во Фестивалската сала на австриски Санкт Полтен, се наведува во соопштението.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/svetska-orkestarska-premiera-na-makedonisimo-na-trpcheski-vo-viena/feed/ 0
„МАКЕДОНИСИМО“ на Трпчески и пријателите во Штип и Битола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonisimo-na-trpcheski-i-prijatelite-vo-shtip-i-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonisimo-na-trpcheski-i-prijatelite-vo-shtip-i-bitola/#respond Sun, 25 Sep 2022 07:35:48 +0000 https://kurir.mk/?p=737096

Македонскиот виртуоз на пијано Симон Трпчески ја продолжува мини-серијата концерти со македонската премиера на интернационалниот музички проект „МАКЕДОНИСИМО“. На Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип, Трпчевски и пријателите денеска ќе го изведат албумот „МАКЕДОНИСИМО“ што во издание на британската етикета „Лин Рекордс“ го обиколи светот. Проектот, што по идеја на Трпчески на оригинален начин ја обработува македонската народна музика од страна на нашиот композитор, Панде Шахов, ја изведува уникатниот тим на МАКЕДОНИСИМО КВИНТЕТОТ во кој, покрај Симон Трпчески на пијано, членуваат и Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело, на кларинет, саксофон и на кавал Хидан Мамудов, а зад удиралките Влатко Нушев. По настапите во струшкото село Збажди и пред Националната опера и балет во Скопје, утре „Македонисимо“ ќе биде изведен на платото пред Офицерскиот дом во Битола. Изведбите, публиката ќе може да ги проследи бесплатно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonisimo-na-trpcheski-i-prijatelite-vo-shtip-i-bitola/feed/ 0
„Македонисимо“ на Трпески и пријателите со македонска премиера на 3 големи бесплатни концерти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonisimo-na-trpeski-i-prijatelite-so-makedonska-premiera-na-3-golemi-besplatni-koncerti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonisimo-na-trpeski-i-prijatelite-so-makedonska-premiera-na-3-golemi-besplatni-koncerti/#respond Fri, 02 Sep 2022 11:29:31 +0000 https://kurir.mk/?p=727719

По 5 години од светската премиера на престижниот музички фестивал во Лудвигсбург, Германија и освојување на светските музички меридијани со музичкиот материјал изнедрен од плодната македонска почва, нашиот прославен пијанист Симон Трпчески конечно ја најавува и македонската премиера на интернационалниот музички проект МАКЕДОНИСИМО. Музичкиот десерт што македонската публика со нетрпение го очекува, најпрво на 14 септември од 20 часот на платото пред Националната опера и балет ќе го „вкуси“ публиката во Скопје. Следните изведби се предвидени за во Штип на 25 септември и во Битола, ден потоа, на 26 септември. Трпчески и пријателите ќе го изведат албумот МАКЕДОНИСИМО што во издание на британската етикета „Лин Рекордс“ го обиколи светот – проект во чии рамки на оригинален начин се обработува македонската народна музика од страна на нашиот композитор, Панде Шахов, кој, како што вели Трпчески, „со својот посебен музички јазик ја обои на многу поинаков начин, испреплетувајќи со нашата традиционална музика различни музички стилови“. Уникатниот тим на МАКЕДОНИСИМО КВИНТЕТОТ и на оваа серија концерти го сочинуваат и Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело; на кларинет, саксофон и на кавал Хидан Мамудов, а зад удиралките е Влатко Нушев. Сите 3 изведби, публиката ќе може да ги проследи бесплатно. Со оваа домашна турнеја ќе се одбележи и 15-годишнината на Здружението за култура и уметност „КултурОп“, чија основна задача е токму поддршката на нашиот пијанист од светски глас. Генерален покровител на концертите е Македонската радио телевизија, а ексклузивни спонзори се „Алкалоид“ АД Скопје, Македонски Телеком и Пантелеон ГС. -Воедно, имаме ексклузивна можност со Вас да ја споделиме и веќе потврдената СВЕТСКА ПРЕМИЕРА на ОРКЕСТАРСКАТА ВЕРЗИЈА НА МАКЕДОНИСИМО во, веројатно, најпознатата музичка сала на светот, виенски „Музикферајн“, сцената на која се одржува традиционалниот Новогодишен концерт омилен во глобални рамки. МАКЕДОНИСИМО КВИНТЕТОТ предводен од Трпчески на оваа престижна сцена на 2 март 2023 година од 20 часот ќе го придружува австрискиот Тонкунстлер оркестар, а под палката на нивниот шеф-диригент, маестро Јутака Садо од Јапонија, информираат од КултурОп.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonisimo-na-trpeski-i-prijatelite-so-makedonska-premiera-na-3-golemi-besplatni-koncerti/feed/ 0
„МАКЕДОНИСИМО“ на Трпчески и пријателите со македонска премиера во живописното струшко село Збажди https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonisimo-na-trpcheski-i-prijatelite-so-makedonska-premiera-vo-zivopisnoto-strushko-selo-zbazdi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonisimo-na-trpcheski-i-prijatelite-so-makedonska-premiera-vo-zivopisnoto-strushko-selo-zbazdi/#respond Mon, 08 Aug 2022 16:26:20 +0000 https://kurir.mk/?p=715762

Со почит кон своите корени, македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески реши македонската претпремиера на својот драгоцен проект МАКЕДОНИСИМО да ја изведе во автентичното опкружување на родното место на неговиот татко, живописното струшко село Збажди, сместено во пазувите на областа Малесија, на планината Караорман. Во предвечерието на големиот христијански празник Голема Богородица, на 27 август од 17:30 часот, Трпчески и пријателите пред љубопитната публика не само од овој крај, ќе изведат прилагодена програма од албумот МАКЕДОНИСИМО што го обиколи светот – проект во чии рамки на оригинален начин се обработува македонската народна музика од страна на нашиот композитор, Панде Шахов, кој, како што вели Трпчески, „со својот посебен музички јазик ја обои на многу поинаков начин, испреплетувајќи со нашата традиционална музика различни музички стилови“. Уникатниот тим на МАКЕДОНИСИМО КВИНТЕТОТ го сочинуваат и Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело; на кларинет, саксофон и на кавал Хидан Мамудов, а зад удиралките е Влатко Нушев. „Бидете и Вие дел од ова несекојдневно доживување, во очекување на скорешните изведби на МАКЕДОНИСИМО на сцените од каде што се изнедри ова вонвременско музичко патешествие што го освои светот“- велат од Здружението за култура и уметност „КултурОп“. КОНЦЕРТНАТА СЕЗОНА 2021/22 ТРПЧЕСКИ ЈА ЗАОКРУЖИ НАСТАПУВАЈЌИ НА 4 КОНТИНЕНТИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 30 ДЕНА Инаку, Трпчески ја заврши својата концертна сезона 2021/22 со концертот во петокот, на 5 август на светски познатата сцена „Театро Колон“ во Буенос Аирес, што „Нешнл Џиографик“ ја вбројува во десетте најубави оперски сали во светот. На своето деби пред одушевената аргентинска публика, Трпчески заедно со Филхармонискиот оркестар на Буенос Аирес под диригентската палка на перуанецот Давид дел Пино Клинге, го изведе Вториот концерт за пијано и оркестар од Рахмањинов. На овој концерт му претходеа и аплаузите и овациите што Трпчески само во последните 30-тина дена ги собра на сцените на уште 3 континенти: во Хрватска (рецитал во Загреб во рамките на „Гричките вечери“), Јужна Кореја (со рецитал и на барање на публиката повторна изведба на МАКЕДОНИСИМО), Соединетите американски држави (со Грант Парк оркестарот на престижната отворена сцена во Чикаго), а во Отава, Канада во рамките на „Камерниот музички фестивал“ се случи и северноамериканската премиера на проектот МАКЕДОНИСИМО. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonisimo-na-trpcheski-i-prijatelite-so-makedonska-premiera-vo-zivopisnoto-strushko-selo-zbazdi/feed/ 0
„Варијации“ на Трпчески е албум на месецот за светската музичка критика https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/varijacii-na-trpcheski-e-album-na-mesecot-za-svetskata-muzichka-kritika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/varijacii-na-trpcheski-e-album-na-mesecot-za-svetskata-muzichka-kritika/#respond Wed, 25 May 2022 05:56:26 +0000 https://kurir.mk/?p=681137

Престижното британско и едно од водечките светски музички списанија „Грамофон“ во својот јунски број го издвои како компакт-диск на месецот новиот албум „Варијации“ на нашиот пијанист со светско реноме Симон Трпчески, во избор на уредникот Патрик Ракер. Трпчески за своето најново соло издание (трето за издавачката куќа „Лин рекордс“) избра дела од Моцарт, Бетовен и Брамс. Рецензентот на „Грамофон“ за новото издание истакнува дека во исто време ќе предизвика восхит и зачуденост. Ракер во поширокиот осврт, меѓу другото истакнува: „… интерпретацијата на Трпчески на оваа деликатна, нежна музика (од Брамс – н. заб.) е најличното свирење што сум го слушнал од него. Длабоко тапациран, секако, но во исто време јасен, жесток и искрен… целата варијација (од Моцарт – н. заб.) е како виор низ прозорецот на возилото кое забрзано се движи по автопатот со безмалку 130 километри на час… изведбата на Трпчески овде (за Бетовеновите варијации – н. заб.) може да послужи како саундтрак за научно-фантастичен филм на Андреј Тарковски…“, одушевено подвлекува критичарот на највлијателното светско списание за класични рецензии „Грамофон“, информира КултурОп. Максимални пет ѕвездички – и за изведба и за квалитет на снимката, на албумот „Варијации“ му додели и престижниот британски „Би-Би-Си Мјузик магазин“, чиј рецензент Мајкл Чрч ја истакнува „карактеристичната префинетост на Трпчески“, подвлекувајќи ги убавината и лесниот допир кои изведбата „во исто време ја прават интимна и земјотресна“. Критичарот Ален Ломпеш од францускиот магазин „Класика“, пак, истакнува дека „македонскиот пијанист Симон Трпчески прави да не се фокусирате само врз музиката, туку овие варијации стануваат и вистински лекции за стил“, благодарение на, како што вели, „крилестата виртуозност“ на пијанистот. КултурОп соопшти дека по рециталните настапи во Соединетите Американски Држави, концертите со Кралскиот шкотски национален оркестар низ Шкотска и четирите вечери со Сиднејскиот симфониски оркестар во Градската куќа во Сиднеј, јунскиот распоред на нашиот пијанист го води на завршницата на сезоните на Филхармонискиот оркестар на Рочестер во САД, каде со шеф-диригентот Андреас Делфс ќе го изведат Концертот за пијано и оркестар од Григ и на Енеску филхармонијата во Букурешт, каде што во две вечери под диригентската палка на шефот-диригент и на Македонската филхармонија Габриел Бебешелеа ќе го изведат Вториот концерт за пијано и оркестар од Брамс. – Крајот на јуни е резервиран за нов заеднички концерт со легендарниот виолинист Максим Венгеров во Белград. Во текот на јули Трпчески ќе одржи рецитал во Загреб, а ќе настапи и крај Тулуз, Франција, на малиот Фестивал на камерна музика во организација на нашиот доајен, виолинистот Благоја Димчевски. Следуваат концертите со „Македонисимо“ – северноамериканската премиера во Отава и повторните гостувања во Пјонгчанг во Јужна Кореја. Завршниот концерт од сезонава е во рамките на Грент парк музичкиот фестивал во Чикаго, информира КултурОп.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/varijacii-na-trpcheski-e-album-na-mesecot-za-svetskata-muzichka-kritika/feed/ 0
Трпчески со пријателите на концерт и пренос во живо од лондонски Вигмор хол https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/trpcheski-so-prijatelite-na-koncert-i-prenos-vo-zivo-od-londonski-vigmor-hol/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/trpcheski-so-prijatelite-na-koncert-i-prenos-vo-zivo-od-londonski-vigmor-hol/#respond Mon, 07 Mar 2022 07:01:16 +0000 https://kurir.mk/?p=642358

Македонскиот пијанист Симон Трпчески денеска во престижната концертна сцена во Лондон ќе одржи матине концерт насловен „Трпчески и пријателите“, во рамки на пролетната серија концерти на Вигмор Хол. Почетокот на едночасовниот настап е закажан за 13 часот по британско, односно 14 часот по средноевропско време, информираат од  „КултурОп“. Овој концерт, на кој сцената со Трпчески ќе ја делат и Ѓорѓи Димчевски на виолина, Сорин Спасиновици од Романија на виола, Александер Сомов од Бугарија на виолончело, Хидан Мамудов на кларинет и Влатко Нушев на перкусии, ќе се пренесува во живо на веб-страницата на Вигмор Хол во HD, а видеото ќе биде достапно 90 дена по датумот на емитување. Во меѓувреме, издавачката куќа Лин рекордс, по големиот интернационален успех на ЦД-то на кое Трпчески заедно со Јаначек филхармонискиот оркестар од Острава, Чешка и прославениот диригент Кристијан Мачелару од Романија изведуваат програма со дела од Шостакович, веќе за крајот од овој месец го најави и излегувањето на првиот самостоен компакт диск за познатата британска етикета на која Симон Трпчески ќе се претстави со дела од Моцарт, Брамс и Бетовен, посочуваат од „КултурОп“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/trpcheski-so-prijatelite-na-koncert-i-prenos-vo-zivo-od-londonski-vigmor-hol/feed/ 0
Мини-турнејата на Трпчески и Венгеров со завршница во Париз https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/mini-turnejata-na-trpcheski-i-vengerov-so-zavrshnica-vo-pariz/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/mini-turnejata-na-trpcheski-i-vengerov-so-zavrshnica-vo-pariz/#respond Fri, 28 Jan 2022 08:30:56 +0000 https://kurir.mk/?p=623801

Македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески ја заокружи мини-турнејата што опфати настапи со една од најголемите музички ѕвезди, легендарниот виолинист Максим Венгеров на најпрестижните светски музички сцени. По исклучителните концерти во лондонската сала „Барбикан“ и њујоршката „Карнеги хол“, синоќа двајцата уметници ја одушевија и француската публика на концертот во салата на Париската филхармонија, изведувајќи дела од Моцарт, Прокофјев, Франк и Равел. И овој пат на долготрајните аплаузи и стоечките овации, тандемот Венгеров – Трпчески возврати со три изведби на бис. Прославениот виолинист Максим Венгеров, добитник и на наградата „Греми“, Во изјава за МРТ ја истакна извонредната соработка со македонскииот пијанист Симон Трпчески. – Одамна се знаеме со Симон и сме прекрасни пријатели од почеток. Со некои луѓе веднаш се воспоставува хемија и ова е таков случај. Долго време се надевавме дека ќе работиме заедно и еве се случија минатогодишниот настап во Белгија и оваа прекрасна мини тура концерти во Лондон, Њујорк и Париз. Ми беше позната комплетната работа на Симон и во него препознав многу сензитивен партнер. Навистина се надевам дека ќе свириме и во иднина, дека можеби ќе успееме нешто заеднички да снимиме , а и повторно би сакал да дојдам во неговата родна Македонија, рече Венгеров. Трпчески, пак, возврати на честа и задоволството да ја дели сцената со еден од најдобрите виолинисти на сите времиња. -Оваа година навистина не можеше да почне поубаво. Ова е доказ дека соништата се остваруваат. На најпрестижните сцени настапив со Максим Венгеров. Чест е да се настапи со него. Освен 40-годишната кариера, тука се и неговата едноставност и големо срце што исто се чувствува на сцена во неговата исклучителна интерпретација на музиката. Се радувам што нашата искреност и фантастичното поврзување на сцената толку убаво беа препознати и од публиката, изјави Трпчески, кого наредниот месец го очекуваат гостувања во Германија и Ерменија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/mini-turnejata-na-trpcheski-i-vengerov-so-zavrshnica-vo-pariz/feed/ 0
Трпчески со номинација за Меѓународните награди за класична музика https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/trpcheski-so-nominacija-za-megjunarodnite-nagradi-za-klasichna-muzika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/trpcheski-so-nominacija-za-megjunarodnite-nagradi-za-klasichna-muzika/#respond Mon, 13 Dec 2021 13:05:32 +0000 https://kurir.mk/?p=607829

Во три етапи, жирито ги соопшти номинираните во секоја од 16-те категории за влез во Салата на славните на Меѓународните награди за класична музика - ИЦМА (ICMA – International Classical Music Awards). Меѓу трите проекти номинирани во категоријата „разновидна програма“ е и последниот компакт диск на кој македонскиот пијанист Симон Трпчески заедно со Јаначек филхармонискиот оркестар од Острава, Чешка и прославениот диригент Кристијан Мачелару од Романија, изведуваат програма со дела од Шостакович, а што во мај годинава го издаде престижната британска етикета „Лин Рекордс“. Во изјавата за Македонското радио по повод ова издание, Симон Трпчески тогаш појасни: -Станува збор за еден производ од оваа пандемија што јас го иницирав за да бидам продуктивен кога веќе немав концерти. Заедно со „Лин Рекордс“, Јаначек филхармонискиот оркестар од Острава и романскиот диригент Кристијан Мачелару, кој е шеф-диригент на Националниот оркестар на Франција, како и првиот трубач на овој оркестар - Андреј Кавалински од Белорусија, на моја иницијатива успеавме да организираме снимање на двата пијано концерти на Дмитри Шостакович, како и на Второто трио за виолина, виолончело и пијано, со моите драги колеги од проектот МАКЕДОНИСИМО – Александар Краповски и Александар Сомов. Овој избор е еден опис на различните творечки периоди од животот на Шостакович, а кои сведочат за неговата креативност и оригиналност.“ – рече тогаш Трпчески. Имињата на добитниците на наградените ќе бидат соопштени на 18 јануари, а признанијата на лауреатите ќе им бидат врачени на свеченоста во Луксембуршката филхармонија на 21 април наредната година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/trpcheski-so-nominacija-za-megjunarodnite-nagradi-za-klasichna-muzika/feed/ 0
Симон Трпчески ќе ја отвори новата концертна сезона на Филхармонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/simon-trpcheski-kje-ja-otvori-novata-koncertna-sezona-na-filharmonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/simon-trpcheski-kje-ja-otvori-novata-koncertna-sezona-na-filharmonija/#respond Mon, 04 Oct 2021 10:42:51 +0000 https://kurir.mk/?p=572713

Новата концертна сезона на Филхармонија, насловена „Филхармонија во движење“ започнува в четврток со концертот „Данте 700“. – Насловот на новата концертна сезона алудира на фактот дека во екот на најголемата пандемија нашата институција не ги затвори портите за својата публика, туку продолжи да се „движи“ и да ја реализира својата програма, изјави Тина Иванова, в.д. директорка на Филхармонија, на денешната прес-конференција по повод новата сезона. Концертот што ќе ја отвори новата сезона содржи програма со две дела од Франц Лист, диригент е Габриел Бебешелеа, а како солист настапува исклучителниот македонски пијанист Симон Трпчески. Маестро Бебешелеа изјави дека му претставува задоволство што е заедно на сцена со Трпчевски и оти настапувале секаде низ светот, но ова ќе биде прв заеднички настап во Северна Македонија. – Моите концерти оваа сезона во Филхармонија се на некаков начин врзани со времето, како тоа се отсликува на позитивен и на негативен начин. Таков ќе биде и проектот насловен „Време“ со кој ќе ја затвориме оваа концертна сезона, додаде Бебешелеа, кој истовремено е и шеф-диригент на Филхармонија. Симон Трпчевски вели дека е пресреќен што ќе настапи заедно со маестро Бебешелеа и оркестарот на Филхармонија. – Програмата на концертот „Данте“ е целосно изградена на опусот на Лист, неговиот Концерт бр. 2 е исклучителен како и целокупниот негов опус, има многу иновации во формата и во начинот на кој го претставува пијаното, истакна Трпчески. Директорката Иванова најави дека во новата концертна сезона ќе настапат исклучителни солисти како Тимоти Рајдаут (виола, Англија), Јеил Еум Сон (пијано, Ј. Кореја), Марија Солозлобова (виолина, Русија), Андреи Коробејников (пијано, Русија), Елишија Силверштајн (виолина, САД), Сајака Соџи (виолина Јапонија), кваретот „Баланеску“ … Со оркестарот ќе диригираат Паскал Галоа, Емил Табаков, Конрад ван Алфен, Урош Лајовиц, Михал Нестерович и др. Освен солистите кои доаѓаат од различни краишта на светот, ќе настапат и домашни уметници – Анна Кондратенко, Ева Богоевска, Маја Чаначевиќ, Паскал Краповски. На програмата, освен „железните“ класици на симфонизмот, Иванова најави дека има и дела од модерни и современи автори кои првпат ќе прозвучат во Филхармонија, како антологиското дело „Музика за 18 музичари“ од американскиот композитор Стив Рајх кое премиерно ќе биде изведено на 14 октомври. Директорката на Филхармонија најави и нова веб-страница со модерен и автентичен дизајн, богата со различни содржини врзани со работата на институцијата. – На страната освен основните информации за настаните и тековните содржини, ќе може да се слуша и симнува музика во изведба на Филхармонија, како и да се преземе електронска верзија на Филхармонискиот весник кој го издава институцијата. На неа ќе можат да се најдат различен тип на корисни информации врзани за сите активности на Филхармонија, додаде таа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/simon-trpcheski-kje-ja-otvori-novata-koncertna-sezona-na-filharmonija/feed/ 0
Трпчески ќе настапи со виолинистот Максим Венгеров https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/trpcheski-kje-nastapi-so-violinistot-maksim-vengerov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/trpcheski-kje-nastapi-so-violinistot-maksim-vengerov/#respond Tue, 27 Jul 2021 08:09:13 +0000 https://kurir.mk/?p=542305

Македонскиот пијанист Симон Трпчески утре на фестивалот „Музика Мунди“ крај Брисел, ќе настапи заедно со легендарниот Максим Венгеров, кој се смета за еден од најголемите виолинисти на сите времиња. На програмата се камерни дела од Моцарт, Франк, Прокофјев и Равел. -Нашето пријателство датира веќе неколку години. Уште пред 20 години нашиот заеднички продуцент од ЕМИ Класикс, Џон Фрејзер, ни зборуваше на двајцата посебно дека еден ден треба да се споиме на сцена, аналогно на нашите музички темпераменти и менталитети. По толку долго време, на наша лична иницијатива спонтано доаѓа до оваа соработка, која за мене претставува огромна чест и некаков врв во нашата професија, бидејќи се работи за човек што има создадено историја на многу млади години и остава длабока неизбришлива трага во историјата на интерпретативната уметност. Многу се радувам!, вели Трпчески, додавајќи дека во наредната концертна сезона оваа соработка се очекува да продолжи на буквално најпрестижните светски концертни сцени. Како што соопшти „КултурОп“. Трпчески имаше богат концертен распоред и од крајот на мај до средината на овој месец имаше настапи во Стразбур, Софија, Санкт Петерсбург, Овиедо, Букурешт, Ливерпул, Монпелје и Кишињев. Трите концерти со Кралскиот ливерпулски филхармониски оркестар на нивната матична сцена имаа повеќе емотивни нагласки. Освен што беа прв постпандемиски настап на миленикот на британската публика во Обединетото Кралство од стартот на пандемијата, уште повеќе што значеа заокружување на соработката на „тимот од соништата“, како што англиските медиуми ги нарекуваат Трпчески, диригентот Васили Петренко и овој оркестар. Со овие настапи Петренко го заврши 15-годишниот професионален предизвик како шеф-диригент на ливерпулскиот оркестар. -Беше чест да се биде солист токму на овие концерти бидејќи ние заеднички делиме многу, многу спомени и професионални успеси, не само на концерти туку и на наградуваните звучни записи. Беа планирани два, па поради голем интерес, се додаде и трет концерт и добивме и стоечки овации и многу, многу интензивни емоции. Петренко продолжува во Лондон како нов шеф-диригент на Кралскиот филхармониски оркестар, а веќе следната година не чека нова соработка таму, појасни Трпчески за Македонското радио. Од септември Трпчески е резидентен артист на Фестивалот во Марибор, Словенија, каде ќе одржи четири концерти, меѓу кои е и вечерта со „МАКЕДОНИСИМО“. „КултурОп“ информира дека максимални пет ѕвездички и избор за ЦД на месецот додели „БиБиСи мјузик магазин“ за најновиот компакт-диск на македонскиот пијанист Симон Трпчески на кој заедно со Јаначек филхармонискиот оркестар од Острава, Чешка и прославениот диригент Кристијан Мачелару од Романија, изведуваат програма со дела од Шостакович. Критичарот Мајкл Чрч подвлекува дека „оваа снимка на Трпчески е прекрасен излог за тоа што може композиторот да направи од пијаното… изведбата на Трпчески е величенствена во целото времетраење: извонредна во Анданте-то со своето ехо од Рахмањинов, па се до дивината во последната експлозија на радост“. Иако поминаа два месеца од официјалното излегување на албумот, не стивнува интересот на критиката и публиката. Критичарот на порталот „Мјузик веб интернешнал“, Дејвид Р. Дансмор вели дека „од сега ова е негово фаворит ЦД“, а највисоки пет ѕвездички на албумот му додели и германскиот магазин „Фоно Форум“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/trpcheski-kje-nastapi-so-violinistot-maksim-vengerov/feed/ 0