симон трпчевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 09 Oct 2022 07:56:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png симон трпчевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Трпчески одушеви и во Загреб на концертот со Кралскиот филхармониски оркестар од Лондон, турнејата вечер продолжува во Вроцлав https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/trpcheski-odushevi-i-vo-zagreb-na-koncertot-so-kralskiot-filharmoniski-orkestar-od-london-turnejata-vecher-prodolzuva-vo-vroclav/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/trpcheski-odushevi-i-vo-zagreb-na-koncertot-so-kralskiot-filharmoniski-orkestar-od-london-turnejata-vecher-prodolzuva-vo-vroclav/#respond Sun, 09 Oct 2022 07:56:48 +0000 https://kurir.mk/?p=743011

Турнејата на Кралскиот филхармониски оркестар од Лондон со пијанистот Симон Трпчески и диригентот и уметнички директор на оркестарот Василиј Петренко вечер продолжува во Вроцлав, Полска, а на 12 октомври ќе заврши во Каунас, Литванија. Нашиот пијанист своите концертни настапи до крајот на месецов ги продолжува во Романија, Ирска и САД. Трпчески кого хрватскиот печат го нарекува еден од најбараните пијанисти на денешницата, деновиве е солист на турнејата на Кралскиот филхармониски оркестар од Лондон, во чии рамки синоќа блесна и на големата сцена на „Ватрослав Лисински“ во Загреб. Ова се деби концерти на Трпчески со овој реномиран светски оркестар што минатата година одбележа 75 години постоење. Од „… Лисински“ настанот го најавија како „концерт на годината“. Одушевената загрепска публика и Трпчески и оркестарот ја наградија со по две изведби на бис. На турнејата што почна на 2 октомври во „Ројал Фестивал Хол“ во Лондон, а продолжи во петокот во Братислава, Словачка, Трпчески учествува во изведбата на концертот за пијано и оркестар во а-мол, опус 16 од Едвард Григ. Со Петренко нашиот пијанист има долгогодишна соработка, додека британскиот печат ги нарекува „тим од соништата“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/trpcheski-odushevi-i-vo-zagreb-na-koncertot-so-kralskiot-filharmoniski-orkestar-od-london-turnejata-vecher-prodolzuva-vo-vroclav/feed/ 0
Трпчески со Венгеров со стоечки овации и 3 биса во Лондон https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/trpcheski-so-vengerov-so-stoechki-ovacii-i-3-bisa-vo-london/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/trpcheski-so-vengerov-so-stoechki-ovacii-i-3-bisa-vo-london/#respond Tue, 11 Jan 2022 09:46:52 +0000 https://kurir.mk/?p=617925

По минатогодишниот прв заеднички настап на фестивалот „Музика Мунди“ крај Брисел во Белгија, македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески месецов настапува три од најпрестижните светски концертни сцени заедно со легендарниот Максим Венгеров, кој се смета за еден од најголемите виолинисти на сите времиња. Синоќа (10 јануари), серијата камерни концерти стартуваше на сцената на лондонската сала Барбикан. Двајцата врвни уметници настапија со дела од Моцарт, Прокофјев, Франк и Равел. По повод стартот на оваа извонредна концертна комбинација, Трпчески изјави: „Нашето пријателство датира веќе неколку години. Уште пред 20 години нашиот заеднички продуцент од ЕМИ Класикс, Џон Фрејзер, ни зборуваше на двајцата посебно дека еден ден треба да се споиме на сцена, аналогно на нашите музички темпераменти и менталитети. По толку долго време, на наша лична иницијатива спонтано доаѓа до оваа соработка, која за мене претставува огромна чест и некаков врв во нашата професија, бидејќи се работи за човек што има создадено историја на многу млади години и остава длабока неизбришлива трага во историјата на интерпретативната уметност. Многу се радувам!“ - вели Трпчески. Таа очигледна радост на двајцата безвременски уметници резултираше со стоечки овации и дури 3 изведби на бис за пребирливата лондонска публика. Тандемот Венгеров-Трпчески веќе на 20 јануари ќе настапи во Карнеги Хол во Њујорк, а на 27-ми овој месец и на големата сцена на Париската филхармонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/trpcheski-so-vengerov-so-stoechki-ovacii-i-3-bisa-vo-london/feed/ 0
Симон Трпчевски со ЦД-то за Шостакович номиниран за Меѓународните награди за класична музика https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/simon-trpchevski-so-cd-to-za-shostakovich-nominiran-za-megjunarodnite-nagradi-za-klasichna-muzika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/simon-trpchevski-so-cd-to-za-shostakovich-nominiran-za-megjunarodnite-nagradi-za-klasichna-muzika/#respond Mon, 13 Dec 2021 13:27:29 +0000 https://kurir.mk/?p=607858

Последниот компакт диск на кој македонскиот пијанист Симон Трпчески заедно со Јаначек филхармонискиот оркестар од чешкиот град Острава и прославениот диригент Кристијан Мачелару од Романија, изведуваат програма со дела од Шостакович, е меѓу трите проекти номинирани во категоријата „разновидна програма“ на Меѓународните награди за класична музика – ИЦМА. ЦД-то во мај годинава го издаде престижната британска етикета „Лин Рекордс“. Во изјавата за Македонското радио по повод ова издание, Симон Трпчески тогаш појасни дека е реализирано на негова иницијатива за време на ковид-пандемијата, а изборот на делата говори за креативноста и оригиналноста на Шостакович. – Станува збор за еден производ од оваа пандемија што јас го иницирав за да бидам продуктивен кога веќе немав концерти. Заедно со „Лин Рекордс“, Јаначек филхармонискиот оркестар од Острава и романскиот диригент Кристијан Мачелару, кој е шеф-диригент на Националниот оркестар на Франција, како и првиот трубач на овој оркестар – Андреј Кавалински од Белорусија, на моја иницијатива успеавме да организираме снимање на двата пијано концерти на Дмитри Шостакович, како и на Второто трио за виолина, виолончело и пијано, со моите драги колеги од проектот МАКЕДОНИСИМО – Александар Краповски и Александар Сомов. Овој избор е еден опис на различните творечки периоди од животот на Шостакович, а кои сведочат за неговата креативност и оригиналност, рече тогаш Трпчески. Во три етапи, жирито ги соопшти номинираните во секоја од 16-те категории за влез во Салата на славните на Меѓународните награди за класична музика – ИЦМА за 2022 година. Имињата на добитниците на наградените ќе бидат соопштени на 18 јануари, а признанијата на лауреатите ќе им бидат врачени на свеченоста во Луксембуршката филхармонија на 21 април, наредната година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/simon-trpchevski-so-cd-to-za-shostakovich-nominiran-za-megjunarodnite-nagradi-za-klasichna-muzika/feed/ 0
Македонија се гордее со вас двајца: Симон со убави зборови и прегратка за Дејан (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-se-gordee-so-vas-dvajca-simon-so-ubavi-zborovi-i-pregratka-za-dejan-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-se-gordee-so-vas-dvajca-simon-so-ubavi-zborovi-i-pregratka-za-dejan-foto/#respond Thu, 29 Jul 2021 17:46:24 +0000 https://kurir.mk/?p=543648

Симон Трпчевски објави фотографија со Дејан Георгиевски. Македонија се гордее со нив, едниот наш достоен претставник во музиката, другиот во спортот. „По големиот концерт синоќа во Белгија, со маестро Максим Венгеров - ПОБЕДНИК во мојата професија, уште една радост и чест денес на скопскиот аеродром, враќајќи се дома од Токио, гордоста на Македонија, нашиот Олимписки ПОБЕДНИК во Таеквондо, Дејан Георгиевски. Браво мајсторе“ - напиша Симон! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-se-gordee-so-vas-dvajca-simon-so-ubavi-zborovi-i-pregratka-za-dejan-foto/feed/ 0
Симон Трпчески со честитка до фудбалерите: Браќа Македонци, гордост на Македонија! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/simon-trpcheski-so-chestitka-do-fudbalerite-brakja-makedonci-gordost-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/simon-trpcheski-so-chestitka-do-fudbalerite-brakja-makedonci-gordost-na-makedonija/#respond Fri, 13 Nov 2020 21:03:18 +0000 https://kurir.mk/?p=429274

Македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески се придружи на честитките до фудбалската репрезентација на Македонија за историскиот пласман на Европското првенство. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/simon-trpcheski-so-chestitka-do-fudbalerite-brakja-makedonci-gordost-na-makedonija/feed/ 0
Три концерти на Трпчески во Јужна Кореја – азиска премиера на „Македонисимо“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/tri-koncerti-na-trpcheski-vo-juzna-koreja-aziska-premiera-na-makedonisimo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/tri-koncerti-na-trpcheski-vo-juzna-koreja-aziska-premiera-na-makedonisimo/#respond Wed, 12 Feb 2020 10:15:39 +0000 https://kurir.mk/?p=302801

Музичкиот проект „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите има азиска премиера на три концерти во Јужна Кореја, информира КултурОп. Во изјава за Македонското радио нашиот познат пијанист вели дека приемот е одличен, а единствена разлика е тоа што дел од публиката носи заштитни маски од претпазливост од коронавирусот. Се радуваме од реакцијата на публиката на темите од македонскиот фолклор, а нивната почит е изразена и со раритетна можност во програмата делата да бидат најавени и на кирилица, на македонски јазик, изјави Трпчески, користејќи ја можноста на своите домаќини да им ги честита четирите Оскари што ги освои филмот „Паразит“, подвлекувајќи ја уште еднаш и гордоста од двете номинации за македонскиот документарец „Медена земја“. Инаку, во „Македонисимо“ – новата димензија на македонската музика низ музичката обработка на нашиот композитор Панде Шахов, покрај Трпчески настапуваат и Александар Краповски на виолина, Хидан Мамудов на кларинет, саксофон и на кавал, зад удиралките е Влатко Нушев, а овојпат наместо Александар Сомов од Бугарија, на виолончело е нашиот Паскал Краповски. Поради големиот интерес за изведбата на „Македонисимо“ во Јужна Кореја, локалниот промотор YT на својот сајт ќе обезбеди и директен пренос од третиот концерт закажан за утре, 13 февруари. Светската премиера на „Македонисимо“ беше 18 мај 2017 година на музичкиот фестивал во Лудвигсбург, Германија]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/tri-koncerti-na-trpcheski-vo-juzna-koreja-aziska-premiera-na-makedonisimo/feed/ 0
По навредите врз Мизрахи, активистка на СДСМ се фрли на Симон Трпчески: „Сакав да напишам дека е мочко“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-navredite-vrz-mizrahi-aktivistka-na-sdsm-se-frli-na-simon-trpcheski-sakav-da-napisham-deka-e-mochko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-navredite-vrz-mizrahi-aktivistka-na-sdsm-se-frli-na-simon-trpcheski-sakav-da-napisham-deka-e-mochko/#respond Sat, 18 Jan 2020 12:21:58 +0000 https://kurir.mk/?p=291572

Активистката на СДСМ Видана Бошкова Мицевска изгледа дека има толку гнев во себе, но го манифестира на погрешно место. Таа беше една од членовите и активисти на СДСМ кои беа дел од скандалозниот напад врз министерката Рашела Мизрахи со антисемитистички пораки, за кои после неколку дена се извинуваше и поранешниот премиер Зоран Заев. Сега, оваа жена само докажа дека за неа единствени идоли се политичарите од Власта чии скандали и криминали не ги коментира, но затоа, верувале или не, сака да го нарече виртуозот Симон Трпчевски со погрдни зборови. Нова мета на напад на активистите на СДСМ е Симон Трпчевски, поради неговите забелешки на условите во кои тој и Филхармонискиот оркестар одржуваа концерт во Штип пред нова година. Таа напиша: „Симон Трпчевски прекинал концерт во Штип заради лоши услови. НА КУЛТУРАТА НЕ СМЕЕЛО ДА СЕ ШТЕДИ. Симоне Симоне. Не штедеа вмро и направија МНТ за 42 милиони ЕВРА и филхармонија од 40 милиони исто ЕВРА. Следниот пат кога ќе ти се прави концерт таму некаде надвор од Центар, земи 2 автобуси и донеси ги луѓето во филхармонија. Или цела држава во МНТ.
Сакав да пишам мочко, ама да не претерувам“.
Наместо ликовите како Видана да упатат критики кон локалната самоуправа и Министерството за култура поради нечовечките услови во кои најдобриот пијанист во историјата на Македонија и еден од светски најпознатите пијанисти бил приморан да свири, активистите на СДСМ започнаа серија на брутални напади кон него само затоа што си дозволил да упати критика и апел „да не се штеди во културата“. Концертот кој што се одржа во рамки на Домот на културата „Ацо Шопов“ виртуозот бил приморан да го прекине поради лошите услови, односно поради фактот што во салата немало греење, а имало проблеми и со струјата. Во видеото во продолжение ќе можете целосно да видите за што точно станува збор: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-navredite-vrz-mizrahi-aktivistka-na-sdsm-se-frli-na-simon-trpcheski-sakav-da-napisham-deka-e-mochko/feed/ 0
Виртуозот Симон Трпчевски го прекина концертот во Штип поради лошите услови во салата – Немало греење и струја https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/virtuozot-simon-trpchevski-go-prekina-koncertot-vo-shtip-poradi-loshite-uslovi-vo-salata-nemalo-greenje-i-struja/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/virtuozot-simon-trpchevski-go-prekina-koncertot-vo-shtip-poradi-loshite-uslovi-vo-salata-nemalo-greenje-i-struja/#respond Fri, 17 Jan 2020 12:16:51 +0000 https://kurir.mk/?p=291190

Светски познатиот пијанист Симон Трпчевски деновиве после пауза од 11 години повторно настапи во Штип. Концертот кој што се одржа во рамки на Домот на културата „Ацо Шопов“ виртуозот бил приморан да го прекине поради лошите услови, односно поради фактот што во салата немало греење, а имало проблеми и со струјата. Во видеото во продолжение ќе можете целосно да видите за што точно станува збор: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/virtuozot-simon-trpchevski-go-prekina-koncertot-vo-shtip-poradi-loshite-uslovi-vo-salata-nemalo-greenje-i-struja/feed/ 0
Симон Трпчески го прослави 40. роденден со блуза дизајнирана од ќерката (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/simon-trpcheski-go-proslavi-40-rodenden-so-bluza-dizajnirana-od-kjerkata-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/simon-trpcheski-go-proslavi-40-rodenden-so-bluza-dizajnirana-od-kjerkata-foto/#respond Fri, 20 Sep 2019 14:56:14 +0000 https://kurir.mk/?p=242892

Симон Трпчески, еден од најдобрите пијанисти во светот, го прослави јубилејниот 40. роденден. Трпчески на Фејсбук сподели фотографии од роденденската забава во неговиот дом. „Ви благодарам за сите прекрасни пораки и желби за мојот роденден! Фантастични подароци, блуза дизајнирана од мојата ќерка и мојата омилена торта, подготвена од мојата сестра! … плус, Ерменски коњак!“, напиша македонскиот маестро на својот профил на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/simon-trpcheski-go-proslavi-40-rodenden-so-bluza-dizajnirana-od-kjerkata-foto/feed/ 0
Симон Трпчески од Њујорк го развеа македонското знаме за поддршка на Борко, Столе и Лазаров https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/simon-trpcheski-od-njujork-go-razvea-makedonskoto-zname-za-poddrshka-na-borko-stole-i-lazarov/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/simon-trpcheski-od-njujork-go-razvea-makedonskoto-zname-za-poddrshka-na-borko-stole-i-lazarov/#respond Tue, 15 Jan 2019 15:11:36 +0000 https://kurir.mk/?p=152547

Додека трае светското првенство во ракомет, на кое македонските ракометари се најдоа во средиштето на јавни препирки околку тоа дали да се пее “Бисер Балкански” во соблекувалната и дали поради тоа да се суспензираат некои ракометари, а сервисот на албански јазик на МТВ го навредува Столе Стоилов, Симон Трпчески од Њјујорк со свој став за Лазаров, Ристовски, Стоилов и другите. Маестро Трпчевски е на светска турнеја за проектот “Македонисимо” и излезе со директна поддршка за националниот тим кој се бори за подобар пласман на светското првенство и за настап на олимпијада. -Пред престојниот настап во Чикаго за поддршка на македонскиот ракометен тим на светското првенство во ракомет 2019, напиша Трпчевски на социјалните мрежи.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/simon-trpcheski-od-njujork-go-razvea-makedonskoto-zname-za-poddrshka-na-borko-stole-i-lazarov/feed/ 0