симона франкел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Feb 2023 08:48:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png симона франкел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Израел најави можна соработка со Клиничката болница Жан Митрев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izrael-najavi-mozhna-sorabotka-so-klinichkata-bolnitsa-zhan-mitrev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izrael-najavi-mozhna-sorabotka-so-klinichkata-bolnitsa-zhan-mitrev/#respond Sat, 04 Feb 2023 08:48:13 +0000 https://kurir.mk/?p=796022

Амбасадорката на Израел, Симона Франкел ја посети Клиничката болница Жан Митрев. Целта на посетата беше разгледување на можностите за соработка меѓу Жан Митрев Клиника и здравствениот сектор на Израел. При посетата, амбасадорката Франкел беше примена од сопственикот на болницата Жан Митрев и имаше можност да се запознае со постигнатите резултати на оваа специјализирана медицинска установа за кардио-хирургија, како и со другите здравствени услуги за нега на пациенти од земјата и странство. Во текот на обиколката на болничките оддели и придружната инфраструктура пред амбасадорка беше детално претставена болницата со целосните просторни капацитети и процесите. Беше претставена вградената технологија и опрема што оваа ретка медицинска установа ја рангира во самиот светски врв на даватели на здравствени услуги. Амбасадорката Франкел беше особено импресионирана од доследноста во примената на концептот „зелена“ болница според сите инфраструктурни и амбиентални параметри со што Жан Митрев клиника е лидер во регионот и една од ретките целосно дигитализирани болници со независен и целосно затворен систем на амбиентална контрола. Посебен акцент беше ставен на можноста за обезбедување квалификувани и врвни услуги во лекувањето на кардиоваскуларни болести на странски пациенти, за што Клиничката болница Жан Митрев има склучено договори со здравствени фондови од други земји, вклучително и со САД. Сумирајќи ги впечатоците од посетата амбасадорката Франкел упати честитки до основачот д-р Жан Митрев и до сите вработени во болницата и се обврза да ги испита можностите за соработка со здравствениот сектор на Израел во делот, пред сѐ, во делот на стручно усовршување со цел размена на практични искуства во примената на најсовршени дијагностички и терапевтски методи, особено од областа на кардио-хирургијата. Амбасадорката беше известена и за исклучителните резултати во работењето во текот на 23-годишната дејност, како и за поседувањето во континуитет од 2017 година на сертификатот од Joint Commission International (JCI) - највисокото меѓународно признание од областа на здравствените услуги.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izrael-najavi-mozhna-sorabotka-so-klinichkata-bolnitsa-zhan-mitrev/feed/ 0
Средба на Џафери со израелската амбасадорка Франкел https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-dzaferi-so-izraelskata-ambasadorka-frankel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-dzaferi-so-izraelskata-ambasadorka-frankel/#respond Mon, 07 Nov 2022 13:26:09 +0000 https://kurir.mk/?p=756927

Активната соработка меѓу Собранието на Северна Македонија и Кнесетот на Државата Израел се одвива непречено и на ниво на групите за соработка, со што се покажува континуираниот интерес за задржување и негување на блиските релации, констатирале на денешната средба собранискиот спикер Талат Џафери и амбасадорката на Израел во земјава, резидентна во Ерусалим, Симона Франкел. Претседателот на Парламентот Џафери, како што информира неговиот Кабинет, го поздрави активниот ангажман на амбасадорката и одржувањето редовната комуникација со највисоките државни институции во државава и изрази надеж дека таа ќе продолжи и по неодамна спроведените избори во Израел и конституирањето на новиот Кнесет. – Соговорниците разговарааа за војната во Украина, негативните последици по Европа и светот, кризните состојби на мигрантски, енергетски план, недостигот од храна, при што претседателот Џафери ја истакна помошта што нашата земја ја дава на Украина како знак на солидарност со украинскиот народ. На политички план, Собранието беше меѓу првите парламенти од земјите-членки на НАТО кое донесе Декларација со која се осуди повредата на територијалниот суверенитет и интегритет на Украина. Воедно, активно сме вклучени во обезбедувањето помош за потребите на украинските институции и граѓани и целосно се приклучивме на барањата на Европската Унија и НАТО за наметнување санкции на Руската Федерација, а дониравме и воена опрема. На тој план, на Парламентарниот Самит за Кримската платформа, што неодамна се одржа во Загреб, се донесе заедничка декларација со која парламентарните лидери од 32 држави во светот упатија важна порака за единството на земјите – учеснички во поддршката за Украина, со усвојување на конкретни парламентарни одговори, соопшти Кабинетот на Џафери. Тој ја запозна амабсадорката Франкел со неодамна донесените измени на Законот за здруженија и фондации, кои беа едногласно усвоени со гласови и од пратениците од власта и од опозицијата, без ниту еден глас против. Со нив се забранува користење имиња на фашисти или приврзаници на фашизмот на организации кои оригинерно треба да работат на културно соединување на државите. Амбасадорката Франкел информираше дека и Израел се приклучи кон хуманитарната помош на украинскиот народ, а буџетот на Министерството за надворешни работи наменет за меѓународна соработка во целост е пренасочен за овие потреби. -Со големо задоволство го поздрави донесувањето на законските измени, за што внимателно ги следеле случувањата и воопшто не се изненадени од соодветната одлука на Собранието на Северна Македонија. Двајцата соговорници разговараа за актуелната состојба на планот на евроинтеграциите на земјата, отворањето на првата меѓувладина конференција и започнатиот скрининг, при што амбасадорката Франкел ја реафирмираше безусловната поддршка на Израел на нашето пристапување кон ЕУ. Стана збор и за натамошно јакнење на економската соработка, соработка во областа на високата технологија, воено-одбранбениот сектор, телекомуникациите и туризмот, се наведува во соопштението од Кабинетот на Џафери.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-dzaferi-so-izraelskata-ambasadorka-frankel/feed/ 0
Интервју на амбасадорката на Израел во Македонија за Радио Лидер: Правиме сè за мир во Украина, Македонија е добредојдена за соработка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/intervju-na-ambasadorkata-na-izrael-vo-makedonija-za-radio-lider-pravime-se-za-mir-vo-ukraina-makedonija-e-dobredojdena-za-sorabotka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/intervju-na-ambasadorkata-na-izrael-vo-makedonija-za-radio-lider-pravime-se-za-mir-vo-ukraina-makedonija-e-dobredojdena-za-sorabotka/#respond Sat, 12 Mar 2022 12:42:10 +0000 https://kurir.mk/?p=645970

Во богатата кариера Симоина Франкел била заменик генерален конзул на Израел во Њу Јорк (САД), конзул на Израел во Марсеј (Франција), координатор за билатерални средби во Министерството за надворешни работи на Израел, како и амбасадор на Израел во Белгија и Луксембург. Откако Русија изврши воена агресија над Украина, премиерот Нафтали Бенет е човекот кој се обидува да ги омекне двете страни за да дојде до прекин на огнот. Со амбасадорката Франкел разговаравме за овие активности но и за соработката помеѓу нашата земја и Израел. Таа порача дека владата е добредојдена за соработка во безбедносниот сектор, во кој токму Израел важи за еден од светските лидери. Во прилог, целото интервју на Симона Франкел, амбасадор на Израел во Република С. Македонија за Радио Лидер. https://lider.mk/intervju-simona-frankel-ambasador-na-izrael-pravime-se-za-mir-vo-ukraina-vladata-na-s-makedonija-e-dobredojdena-za-sorabotka-vo-bezbednosniot-sektor/]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/intervju-na-ambasadorkata-na-izrael-vo-makedonija-za-radio-lider-pravime-se-za-mir-vo-ukraina-makedonija-e-dobredojdena-za-sorabotka/feed/ 0