Симона Груевска Маџоска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 25 Dec 2020 10:56:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.5 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Симона Груевска Маџоска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Груевска-Маџоска: Голема реформа во основното образование не се прави без консултација на научната фела https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gruevska-madzoska-golema-reforma-vo-osnovnoto-obrazovanie-ne-se-pravi-bez-konsultacija-na-nauchnata-fela/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gruevska-madzoska-golema-reforma-vo-osnovnoto-obrazovanie-ne-se-pravi-bez-konsultacija-na-nauchnata-fela/#respond Fri, 25 Dec 2020 10:56:23 +0000 https://kurir.mk/?p=448198

Професорката Симона Груевска - Маџоска од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во интервју за весникот „Скопско ехо“ говори за најавените промените во основното образование, но и за бугарското оспорување на македонскиот идентитет. -Прво, ваква голема реформа во основното образование не се прави без консултација на научната фела и тоа институционално, не преку лични контати или по партиска линија. Второ, процесот беше целосно нетраспарентрен, поточно случајно разбравме. Ова не потсетува на периодот кога се носеше Законот за високо образование наисто таков начин, поради што се формираше Студенсткиот пленум, па потоа и Професорскиот пленум како поддршка за студентите. Мислев дека ќе се престане со таа практика на нетранспарентност и работа со одбрани политички подобни експерти, но сум се излажала. Трето, историјата е хуманистичка наука, а не општествена. Четврто, нема соодветен наставен кадар кој би можел да држи таков предмет (истото важи и за предметот Природни науки). И петто, невозможно е да биде успешна реформата за толку кратко време - да се напишат нови учебници и да се оспособи наставен кадар за да почне од наредната учебна година, вели Груевска - Маџоска. Во однос на бугарското вето и дали македонските владини претставици доволно го штитат македонскиот идентитет, Груевска-Маџоска вели дека ниту една комисија и ниту една власт нема мандат да преговара за идентитеските прашања. -Македонскиот јазик и идентитет се нешто за што не смее да има никакви преговори, ниту се услов за членство во ЕУ. Еве видовме како реагираат држави на такви нешта. Мислам на Чешка и Словачка. За такво нецивилизирано и насилничко однесување треба да има најостра осуда. Нема да споменувам европски вредности, туку ќе кажам дека се тоа цивилизациски вредности од кои нема отстапување. Според тоа, ако Република Бугарија не попушта во своите барања сметам дека треба да се замрзат преговорите. И така на сите ни е јасно дека следните 20 години нема да влеземе во ЕУ, велимеѓу другото професорката во интервјуто за весникот,]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gruevska-madzoska-golema-reforma-vo-osnovnoto-obrazovanie-ne-se-pravi-bez-konsultacija-na-nauchnata-fela/feed/ 0
Маџоска: Законот за јазици недонесен, а професорите Албанци веќе се обраќаат на албански https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/madzoska-zakonot-za-jazici-nedonesen-a-profesorite-albanci-vekje-se-obrakjaat-na-albanski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/madzoska-zakonot-za-jazici-nedonesen-a-profesorite-albanci-vekje-se-obrakjaat-na-albanski/#respond Thu, 08 Feb 2018 13:02:57 +0000 http://kurir.mk/?p=19578

На уште недонесен закон, во двојазичните училишта во Скопје, професорите Албанци на Наставнички совет веќе се обраќаат на албански јазик без превод, а Македонците ја напуштаат просторијата. Што ќе биде понатаму?, прашува на својот фејсбук профил професорката од Институтот за македонски јазик Симона Груевска Маџоска. Повикувајќи се на последните пораки од комесарот за човекови права, Мужниекс дека „нема заедничка држава без интеграција“, таа нагласува дека „сите граѓани треба прво да го знаат државниот јазик, па понатаму да има интеграција на сите останати рамништа“. Маџоска потсетува дека со потпишувањето на Рамковниот договор се започна конечната поделба на македонското општество. -Ако се донесе и последниов Закон за употреба на јазиците (албанскиот), тоа ќе се заврши со распад. Треба сериозно да се работи на државна стратегија за интеграција – не се глупи европските држави што тоа им е приоритет. Или некој си мисли дека ние сме најпаметни? Имало случаи кога политиката не ги слушала експертите, па дури и ги казнувала. Еве што кажал проф. д-р Михајло Ѓуриќ во 1971 година, уште пред промената на Уставот на СФРЈ во 1974: „Треба одма да се каже дека предложена уставна промена во суштина го менува карактерот на досегашната државна заедница на југословенските народи. Или поточно: Со таа промена всушност се одбива самата идеја за една таква државна заедница. Доколку и нешто остане од неа, тоа е само за да во следната, таканаречена друга фаза на промени, имаме што да приведеме на крај.“ И се приведе кон крај. Затоа, пред да се донесе, треба добро да се промисли што ќе донесе тој Закон за албанскиот јазик за да не биде после доцна, пишува Маџоска на социјалните мрежи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/madzoska-zakonot-za-jazici-nedonesen-a-profesorite-albanci-vekje-se-obrakjaat-na-albanski/feed/ 0