Симона Грујовска Маџовска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 22 Sep 2020 21:21:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Симона Грујовска Маџовска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Груевска Маџовска: Комисијата која преговара со бугарската страна нема никакви барања во полза на Република Македонија, напротив само распродава се што е македонско https://arhiva.kurir.mk/makedonija/gruevska-madzovska-komisijata-koja-pregovara-so-bugarskata-strana-nema-nikakvi-baranja-vo-polza-na-republika-makedonija-naprotiv-samo-rasprodava-se-shto-e-makedonsko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/gruevska-madzovska-komisijata-koja-pregovara-so-bugarskata-strana-nema-nikakvi-baranja-vo-polza-na-republika-makedonija-naprotiv-samo-rasprodava-se-shto-e-makedonsko/#respond Tue, 22 Sep 2020 21:19:35 +0000 https://kurir.mk/?p=407030

Во вечерашното издание на дебатната емисија "Заспиј ако можеш" гостуваше професорката Симона Груевска Маџовска од Институтот по Македонски јазик, која зборуваше за јазикот, препреките кои Република Македонија ги има во однос на македонскиот јазик, штетните договори со кои јазикот се поништува, како и за заканите и притисоците од властите. Според професорката Груевска Маџовска, македонската историчарска комисија која преговара со бугарската страна, односно официјалниот тим кој преговара и одлучува во името на граѓаните, не ја работи добро својата работа, поради тоа што впрочем тие и ништо не предлагаат, туку само усвојуваат барања на Бугарија. "Залудно партиципираме во тие преговори, кога нашата комисија ниту се интересира за македонскиот јазик, ниту пак се бори за истиот. Досега сведочиме само на распродавање на јазикот, распродавање на историјата и тоа е навистина поразително", вели Маџовска. Република Македонија се соочува со големи проблеми со соседите, кои не само што не и посакуваат евроинтеграции на Република Македонија, туку и свесно ја уназадуваат и ја угнетуваат. Угнетувањето не е ниту европска вредност, ниту пак добрососедски чин. Република Македонија мора да застане на цврсти нозе и да постави црвени линии кои ќе го сочуваат идентитетот и истиот нема да биде предмет на никакви преговори, заврши Маџовска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/gruevska-madzovska-komisijata-koja-pregovara-so-bugarskata-strana-nema-nikakvi-baranja-vo-polza-na-republika-makedonija-naprotiv-samo-rasprodava-se-shto-e-makedonsko/feed/ 0
Маџовска: Законот за јазици создава нови поделби и тензии во општеството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/madzovska-zakonot-za-jazici-sozdava-novi-podelbi-i-tenzii-vo-opshtestvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/madzovska-zakonot-za-jazici-sozdava-novi-podelbi-i-tenzii-vo-opshtestvoto/#respond Wed, 21 Mar 2018 08:46:57 +0000 http://kurir.mk/?p=31707

Професорката Симона Грујовска Маџовска од Институтот за македонски јазик во своето гостување на емисијата Само вистина на Канал 5 го кажа својот став за законот за јазици донесен минатата недела во Собранието на Република Македонија од пратениците на СДСМ. Според неа овој закон ќе доведе до нови поделби, нетрпение, конфликти и тензична атмосфера помеѓу Македонците и Албанците. Таа упати критики и за процедурата и начинот на кој јазикот откако е изгласан ќе се испраќа во Венецијнската комисија, објаснувајќи дека тој требало да се испрати прво во комисијата, а потоа да се гласа во Собранието. -Неколку месеци се кажуваше дека се испратени некои делови од прелог Законот за јазиците во Венецијанската комисија, но до ден денес такво нешто не е направено. Тоа не беше направено, ништо не е пратено во Венецијанската комисија, каде што се испраќаат законите, кога се уште се подготвуваат, а не откако ќе се донесат. Односно тоа што го слушаме сега откако беше изгласан законот во собранието дека допрва ќе се испраќа во Венецијанската комисија, вели таа. Грујовска Маџовска, потенцираше дека овој закон не може да стапи на сила се додека указот не го потпише претседателот на државата Иванов. -Се до тој момент, законот не смее и не може да стапи на сила беше децидна таа. Целата процедура на донесување на овој закон беше со кршење на  Уставот, законите и деловникот на Собранието, додаде таа. Грујовска Маџовска, истакна дека побарала од владата на СДСМ да овозможи да има дебата во Собранието, бидејќи  собранието е законодавен дом каде што треба да се дебатира за донесување на секоја законска регулатива. Сепак, не добила одговор од владата туку од министерот за култура. Иако имаше желба нешто да се прифати, видовме дека таква желба нема, бидејќи овој закон насилнички беше изгласан таков каков што е без да се измени ниту еден збор, кажа професорката Маџовска. Во однос на позицијата на македонскиот јазик професорката кажа дека во општините каде што Албанците се мнозинско население, службен јазик е албанскиот и само албанскиот, а македонскиот ако го има е на второ место под албанскиот. -Со овој закон се создава една ситуација каде што Албанците немаат потреба да го познаваат македонскиот јазик. Бидејќи со албанскиот јазик тие буквално во целиот општествен живот, во сите институции, судски постапки, со полиција, со што е таму предвидено каде се албанскиот јазик ќе се употребува. Значи буквално немаат потреба веќе да го користат македонскиот јазик, додаде таа. Грујовска Маџовска, рече дека има ситуации кои според неа се страшни и недозволен, а тоа е  што млади Албанци одбиваат да го изучуваат македонскиот јазик. На крај професорката  Грујовска Маџовска , објасни дека со овој закон се создава многу лоша атмосфера во општеството, односно бидејќи се создаваат две општества и две паралелни светови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/madzovska-zakonot-za-jazici-sozdava-novi-podelbi-i-tenzii-vo-opshtestvoto/feed/ 0