Симона Халеп – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 Oct 2023 16:48:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Симона Халеп – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Халеп ја обжали четиригодишната суспензија од тенисот https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/halep-ja-obzhali-chetirigodishnata-suspenzija-od-tenisot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/halep-ja-obzhali-chetirigodishnata-suspenzija-od-tenisot/#respond Wed, 25 Oct 2023 16:48:44 +0000 https://kurir.mk/?p=893088

Романската тенисерка Симона Халеп поднесе денеска тужба до Судот за спортска арбитража (ЦАС) во Лозана на четиригодишната суспензија што ѝ беше изречена поради допинг. Поранешната најдобра светска тенисерка и двократна грен – слем шампионка беше суспендирана на 7 октомври лани, откако независна комисија утврди дека 32-годишната Романка „намерно ги прекршила антидопинг правилата“. Обжалувајќи ја одлуката, Халеп наведе дека обвинувањата се лажни и оти ќе стори сè што е во нејзина моќ да ја „испере лагата од своето име“. Највисокиот спортски суд со седиште во Лозана соопшти дека за случајот ќе одлучува судски совет по сослушување на сите страни, без да наведе временска рамка за одлуката. Халеп на ланското издание на Ју Ес Опен беше позитивна на забранета супстанца која го стимулира создавањето крвни зрнца, а потоа во мај беше обвинета и поради неправилности во нејзиниот биолошки пасош. Романката беше првопласирана на ВТА листата во 2017 и 2018 година, а досега во кариерата освои 24 титули и заработи повеќе од 40 милиони долари од награди на турнирите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/halep-ja-obzhali-chetirigodishnata-suspenzija-od-tenisot/feed/ 0
Халеп: Бев шокирана од одлуката, иако не најдоа допинг кај мене ме суспендираа до 2026 година https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/halep-bev-shokirana-od-odlukata-iako-ne-najdoa-doping-kaj-mene-me-suspendiraa-do-2026-godina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/halep-bev-shokirana-od-odlukata-iako-ne-najdoa-doping-kaj-mene-me-suspendiraa-do-2026-godina/#respond Tue, 19 Sep 2023 08:15:07 +0000 https://kurir.mk/?p=879397

Романската тенисерка Симона Халеп е шокирана од одлуката во случајот со допинг. - По рочиштата не се сомневав, бидејќи имаше многу бесмисленост и неправедност во обвиненијата. Кога ја добив одлуката, бев целосно шокирана. Не можев да верувам дека бев дисквалификувана четири години, иако не најдоа ништо лошо во мојата крв. Лудо е што ја донесоа оваа одлука, со оглед на сè што претставија адвокатите. Ме судеа по шаблон. Нема докази. Ова е само лудост, изјави Халеп. Таа смета дека овој момент е тежок на психолошки план за неа. - Тоа беше катастрофа бидејќи не очекував вакво нешто. Отсекогаш сум бил внимателна што влегува во моето тело и никогаш не земам ништо без да го проверам. Добро е што успеавме да откриеме од каде доаѓа (роксадустат), бидејќи е многу тешко кога не знаеш што се случува. Немаше смисла да го земам. Тој би ме повредил наместо да ми помогне. Ллекот можеше да и ги влоши проблемите со тироидната жлезда. Тешко е да се концентрираш на тенисот. Треба да останам здрава. Кога сте емоционално исцрпени, може да се повредите физички. Се трудам да се заштитам, па ќе продолжам да одам на фитнес за да останам во форма, порача Халеп. Поранешниот прв рекет во женскиот тенис казнета поради позитивен допинг тест на УС Опен 2022. Халеп беше позитивна на роксадустат, недозволена супстанца која дава дополнителна енергија на спортистите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/halep-bev-shokirana-od-odlukata-iako-ne-najdoa-doping-kaj-mene-me-suspendiraa-do-2026-godina/feed/ 0
Симона Халеп доби четири години суспензија поради допинг https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/simona-halep-dobi-chetiri-godini-suspenzija-poradi-doping/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/simona-halep-dobi-chetiri-godini-suspenzija-poradi-doping/#respond Tue, 12 Sep 2023 17:03:53 +0000 https://kurir.mk/?p=877372

Поранешната најдобра тенисерка во светот, Романката Симона Халеп доби суспензија од четири години поради прекршување на анти-допинг правилата. Оваа информација денеска и официјално е потврдена. Во финишот на минатата сезона таа беше позитивна на роксадустат, лек против анемија кој го стимулира производството на црвени крвни зрнца. Оваа година уште еднаш беше обвинета за кршење на анти-допинг правилата. 31-годишната Халеп има освоено два грен-слем турнири, Вимблдон и Ролан Гарос, на Австралија опен играше во финалето, а на УС Опен најмногу стигна до полуфинале.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/simona-halep-dobi-chetiri-godini-suspenzija-poradi-doping/feed/ 0
Симона Халеп обвинета за прекршување на правила за допинг https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/simona-halep-obvineta-za-prekrshuvane-na-pravila-za-doping/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/simona-halep-obvineta-za-prekrshuvane-na-pravila-za-doping/#respond Sat, 20 May 2023 05:01:05 +0000 https://kurir.mk/?p=836633

Романската тенисерка Симона Халеп е обвинета за второ прекршување на правилата за допинг поради „неправилности во нејзиниот спортски биолошки пасош – пренесува англискиот Би-Би-Си, Халеп е суспендирана од октомври откако беше позитивна на нелегална супстанца на „УС Опен“. Додатните обвинувања, кои се одвоени од овој случај, се однесуваат на неправилности забележани во нејзиниот спортски биолошки пасош. Халеп била позитивна на „рокадустат“, лек против анемија кој го стимулира производството на црвени крвни зрнца. На двократната Грен слем шампионка сега ѝ се заканува нова суспензија, но не се знае на колкав период.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/simona-halep-obvineta-za-prekrshuvane-na-pravila-za-doping/feed/ 0
Допинг во телото на Халеп влегол преку храна https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/doping-vo-teloto-na-halep-vlegol-preku-hrana/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/doping-vo-teloto-na-halep-vlegol-preku-hrana/#respond Mon, 05 Dec 2022 08:18:47 +0000 https://kurir.mk/?p=771022

Се дозна како препаратот Роксадустат, забранет од Светската антидопинг агенција, влегол во телото на романската тенисерката Симона Халеп. Според романското издание на „Проспорт“, препаратот бил во спортската исхрана.Според извештајот, пакувањето на нутритивниот додаток не укажува на присуство на Роксадустат во составот. Во врска со ова, Халеп се обрати до Меѓународната агенција за тениски интегритет (ITIA) со барање за итно сослушување. Во август 2022 година, Халеп отиде на допинг тест за време на УС Опен. Забранетата супстанца Роксадустат е пронајдена во примерокот А. Триесет и едногодишната тенисерка побара да се провери примерокот Б, но тоа само го потврди прекршувањето на правилата. Халеп е победничка на 24 турнири под покровителство на ВТА во сингл. Таа исто така го освои Ролан Гарос (2018) и Вимблдон (2019).]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/doping-vo-teloto-na-halep-vlegol-preku-hrana/feed/ 0
Симона Халеп падна на допинг тест https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/simona-halep-padna-na-doping-test/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/simona-halep-padna-na-doping-test/#respond Mon, 24 Oct 2022 15:32:03 +0000 https://kurir.mk/?p=749889

Романската тенисерка Симона Халеп е привремено суспендирана поради допинг, односно во крвта и биле пронајдени недозволени супстанци кои ги дала на анализа за време на последниот грен селм турнир сезонава САД Опен. Халеп е позитивна на роксадустат кој го стимулира производството на крвни зрнца и хемоглобин, а дополнителен сомнеж за се се продлабочи со одлуката на Романката пред неколку недели да објави дека нејзината сезона е завршена и дека мора да го оперира носот. Симона Халеп, која е двократната грен слем шампионка веднаш излезе со соопштение во кое истакна дека е во шок и дека ќе се бори да ја докаже својата невиност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/simona-halep-padna-na-doping-test/feed/ 0
Романката Симона Халеп позитивна на допинг-тест https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/romankata-simona-halep-pozitivna-na-doping-test/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/romankata-simona-halep-pozitivna-na-doping-test/#respond Sat, 22 Oct 2022 04:31:07 +0000 https://kurir.mk/?p=749272

На поранешната број 1 на светската ранг-листа во тенис, Симона Халеп (Романија) и се суспендирани натпреварувачките права поради позитивен допинг тест за забранетата супстанција „роксадустат“, пренесе Ројтерс.
Дисциплинската комисија на ИТФ објави дека двократната Грен слем шампионка била позитивен на УС Опен во септември, при што и примероците „А“ и „Б“ го потврдуваат присуството на супстанцијата.
„Симона Халеп, 31-годишната романска тенисерка, е суспендирана поради антидопинг прекршоци. По тестирањето на нејзините примероци „А“ и „Б“, присуството на ФГ-4592 (роксадустат), кој е на забранетиот список за 2022 година на Светската антидопинг агенција“, се вели во соопштението на ИТФ.

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/romankata-simona-halep-pozitivna-na-doping-test/feed/ 0
Симона Халеп победничка на турнирот во Торонто https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/simona-halep-pobednichka-na-turnirot-vo-toronto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/simona-halep-pobednichka-na-turnirot-vo-toronto/#respond Mon, 15 Aug 2022 07:41:01 +0000 https://kurir.mk/?p=718611

Романската тенисерка Симона Халеп го освои трофејот на ВТА турнирот во Торонто, Канада. Романката синоќа во финалето ја победи Беатриз Хадад Маја од Бразил со 2-1, по сетови 6:3, 2:6 и 6:3. За Халеп ова е деветта титула на ВТА 1000 турнирите и вкупно 24-та во кариерата. Воедно, ова е нејзината највредна титула од турнирот во Рим 2020 година. По успешниот настап во Канада, Романката која во минатото беше прв светски рекет, од денес е шеста на светската ранг-листа на ВТА, односно бележи прогрес за девет позиции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/simona-halep-pobednichka-na-turnirot-vo-toronto/feed/ 0
Халеп избори финале во Торонто и враќање во Топ 10 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/halep-izbori-finale-vo-toronto-i-vrakjanje-vo-top-10/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/halep-izbori-finale-vo-toronto-i-vrakjanje-vo-top-10/#respond Sun, 14 Aug 2022 09:07:43 +0000 https://kurir.mk/?p=718249

Поранешниот светски рекет број 1 Симона Халеп во полуфиналето во Торонто ја победи седмата носителка Џесика Пегула со 2:6, 6:3, 6:4. Халеп стигна до своето 42 финале во кариерата (освојувајќи 23 титули) и 18-ти пат на турнирите ВТА 1000 (освојувајќи осум титули). По бројот на финалињата на ВТА, таа се израмни со Светлана Кузњецова, а сега од сегашните тенисерки пред неа се само Венус (83) и Серена Вилијамс (98). Покрај тоа, Халеп по 45-ти пат победи противничка од Топ 10, а има 55 порази. По настапот во Торонто, Романката на најновата ранг-листа од утре ќе се врати во Топ 10. Таа ќе стане деветти светски рекет ако го загуби финалето, а шести ако победи. Финалето на ВТА турнирот ќе се игра вечер од 19:30 часот. Противничка на Халеп е Бразилката Хадад Маја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/halep-izbori-finale-vo-toronto-i-vrakjanje-vo-top-10/feed/ 0
Халеп против Рибакина во полуфинале на Вимблдон https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/halep-protiv-ribakina-vo-polufinale-na-vimbldon/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/halep-protiv-ribakina-vo-polufinale-na-vimbldon/#respond Wed, 06 Jul 2022 17:08:02 +0000 https://kurir.mk/?p=701218

Романската тенисерка Симона Халеп се пласираше денеска во полуфиналето на Грен – слем турнирот во Вимблдон, откако ја совлада Американката Арманда Анисимова со 2-0 во сетови (6-2, 6-4). На 18. рангираната на ВТА листата и беа потребни еден час и пет минути игра за да ја совлада 25 рангираната Анисимова. Во полуфиналето Халеп ќе игра против Елена Рибакина од Казахстан, која претходно денеска беше поуспешна од Австралијанката Ајла Томљановиќ со 2-1 во сетови. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/halep-protiv-ribakina-vo-polufinale-na-vimbldon/feed/ 0