Симоне Инѕаги – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 17 May 2023 08:11:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Симоне Инѕаги – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Инѕаги: Никогаш не престанавме да веруваме дека овој Интер е тим за големи нешта https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/inzagi-nikogash-ne-prestanavme-da-veruvame-deka-ovoj-inter-e-tim-za-golemi-neshta/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/inzagi-nikogash-ne-prestanavme-da-veruvame-deka-ovoj-inter-e-tim-za-golemi-neshta/#respond Wed, 17 May 2023 08:11:45 +0000 https://kurir.mk/?p=835150

Тренерот на Интер, Симоне Инѕаги, го предводеше тимот до првото финале во Лигата на шампионите по 2010 година, кога генерацијата на Горан Пандев ја освои тројната круна. „Нероаѕурите“ го елиминираа Милан со две победи (2:0 и 1:0), а во финалето го очекуваат подобриот од двомечот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити. „Во следните неколку дена ќе сфатиме што постигнавме. На почетокот на сезоната тоа беше само сон, но ние верувавме во себе. Уште позадоволувачки е што во полуфиналето го елиминиравме градскиот ривал Милан. Можам само да им честитам на момците. Покажаа сила, решителност и концентрација. Победивме четири дербија по ред од јануари, а Милан е многу силен тим, беа шампиони минатата година. Сето ова не може да не нѐ израдува и заслужено славиме“, изјави среќниот Инѕаги. Интер го издржа тешкиот дел од сезоната, а сега е дел од две финалиња. „Одамна реков дека на секој натпревар и на секое натпреварување ќе пристапиме максимално посветено. По 1 април имаме натпревари на секои 48 или 72 часа, но сме во две финалиња и се враќаме на вистинскиот пат во Серија А. Знам каде имав поддршка во тешки времиња и од каде доаѓаа нападите. Благодарност до луѓето во стручниот штаб кои никогаш не престанаа да веруваат во мене. Заедно постигнавме одлични резултати и најинтересното допрва следи“, истакна тренерот на Интер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/inzagi-nikogash-ne-prestanavme-da-veruvame-deka-ovoj-inter-e-tim-za-golemi-neshta/feed/ 0
Инѕаги пресекол: Интер се ослободува од двајцата најплатени играчи во првиот тим! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/indzagi-presekol-inter-se-osloboduva-od-dvajcata-najplateni-igrachi-vo-prviot-tim/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/indzagi-presekol-inter-se-osloboduva-od-dvajcata-najplateni-igrachi-vo-prviot-tim/#respond Thu, 07 Oct 2021 11:54:59 +0000 https://kurir.mk/?p=574694

Интер беше доведен во ситуација да мора да ги крати платите на фудбалерите и да се ослободи од оние кои добиваа најмногу пари од клубот, но во првиот тим на Симоне Инѕаги во овој момент се случува еден парадокс, бидејќи двајцата најплатени во актуелниот ростер воопшто не се во прв план. Со заминувањата на Ромелу Лукаку и Ашраф Хакими, Интер се ослободи од големите давачки за плати на двајцата фудбалери, па сега, најплатени играчи во првиот тим на „нераѕурите“ се Чилеанците Алексис Санчез и Артуро Видал. Поради лошата минутажа и непосакуваната ситуација, „Газета“ информира дека Интер дефинитивно ќе се ослободи од двајцата во наредните неколку месеци, откако тренерот Симоне Инѕаги пресекол и дал зелено светло за таков расплет. Целта на Интер е да се ослободи од 7-милионската плата на Алексис Санчез и спогодбено да се раздели со него уште во следниот преоден рок, а фудбалерот да си пронајде клуб каде ќе добива редовна минутажа, нешто што сега ниту одблиску не му е загарантирано. Од друга страна, по последниот скандал во кој беше уловен Артуро Видал, клубот нема никаква намера да му го продолжува договорот на вториот Чилеанец, кој најверојатно нема да биде ослободен во јанури, но ќе си замине по крајот на сезоната кога му истекува договорот. „Кинг Артуро“ инаку е втор најплатен играч во Интер, со годишна заработка од 6,5 милиони евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/indzagi-presekol-inter-se-osloboduva-od-dvajcata-najplateni-igrachi-vo-prviot-tim/feed/ 0