симулациска вежба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 18 May 2023 13:10:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png симулациска вежба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Симулациска вежба за евакуација на ученици по сообраќајна незгода и предизвикан пожар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/simulatsiska-vezhba-za-evakuatsija-na-uchenitsi-po-soobrakajna-nezgoda-i-predizvikan-pozhar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/simulatsiska-vezhba-za-evakuatsija-na-uchenitsi-po-soobrakajna-nezgoda-i-predizvikan-pozhar/#respond Thu, 18 May 2023 13:10:58 +0000 https://kurir.mk/?p=835930

„Евакуација на ученици по случена собраќајна незгода и предизвикан пожар“ беше тема на денешната симулациска вежба на општинската организација на Црвениот крст - Струга во соработка со полицијата, пожарната и Општата болница. Вежбата се одвиваше во дворот на средните училишта на „Ибрахим Темо“ и „Нико Нестор“. Волонтерите од Црвен крст со два тима симулираа реанимација, како и изгореници од настанат пожар, спасување и евакуација на повредени лица во школски автобус по случена сообраќајка. Активностите, според секретарот на Струшкиот Црвен крст, Адуриме Даути, се по повод Светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина - 8 мај и во пресрет на Денот на пожарникарите - 20 мај. - Целта на вежбата е проверка на процедурите за евакуација во работната организација, како и успешниот настап од пожарникарите, кои го подготвија теренот за пристап на волонтерите на Црвен крст, истакна Даути. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/simulatsiska-vezhba-za-evakuatsija-na-uchenitsi-po-soobrakajna-nezgoda-i-predizvikan-pozhar/feed/ 0
Во Петровец ќе се спроведе симулациска вежба за болеста лигавка и шап https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-petrovets-ke-se-sprovede-simulatsiska-vezhba-za-bolesta-ligavka-i-shap/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-petrovets-ke-se-sprovede-simulatsiska-vezhba-za-bolesta-ligavka-i-shap/#respond Wed, 26 Apr 2023 06:19:47 +0000 https://kurir.mk/?p=827627

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и црногорската Управа за безбедност на храна, ветеринарни и фитосанитарни работи денеска во село Петровец ќе спроведат заедничка симулациска вежба за болеста лигавка и шап. Симулациската вежба се организира во соработка со Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) и Европската комисија за контрола на болеста лигавка и шап (ЕуФМД). Од АХВ информираат дека ова не е реална ситуација и не претставува случај на појава на болест. Активностите кои ќе бидат преземени од страна Агенцијата се поврзани исклучиво со реализација на симулациската вежба. Преку оваа вежба, по однапред утврдено сценарио и доделување на улоги и работни задачи на учесниците, ќе се реализираат активности кои би се презеле во случај на појава на болеста лигавка и шап. Утре ќе се направи евалуација на подготвеноста на планот за итни мерки за лигавка и шап кој се применува од двете земји учесници на симулациската вежба. - Целта е да се констатираат добрите и слабите страни на одговорот при појава на болеста, која е предмет на планови за итни мерки, односно катастрофи кои го загрозуваат здравјето и благосостојбата на животните, соопшти АХВ. На симулациската вежба ќе присуствуваат претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство, на Ветеринарната комора и на Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје, како и експерти од Црна Гора и ЕУ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-petrovets-ke-se-sprovede-simulatsiska-vezhba-za-bolesta-ligavka-i-shap/feed/ 0