сина боја – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 Nov 2020 07:52:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сина боја – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Институции и обележја во Скопје ќе светнат во сина боја во чест на Денот на детето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/institucii-i-obelezja-vo-skopje-kje-svetnat-vo-sina-boja-vo-chest-na-denot-na-deteto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/institucii-i-obelezja-vo-skopje-kje-svetnat-vo-sina-boja-vo-chest-na-denot-na-deteto/#respond Fri, 20 Nov 2020 07:52:34 +0000 https://kurir.mk/?p=432030

Во знак на одбележување на Светскиот ден на детето денеска дел од институциите во Скопје ќе бидат осветлени во сина боја како симболичен гест на нивната заложба за унапредување на правата на децата. Во сина боја ќе бидат осветлени Владата, Собранието, УНИЦЕФ, делегацијата на ЕУ, Министерството за образование и наука, Археолошкиот музеј, Музејот на современа уметност, Амбасадата на Италија, како и Халк банка и Рамстор мол кои се приклучијае кон иницијативата. Секоја година на 20 ноември, денот кога е потпишана Конвенцијата на Обединетите нации за правата на детето, во светски рамки се одбележува Денот на детето, а зградите и обележјата се осветлуваат во сино. Во 2019 година во сино беа осветлени важни институции како Европскиот парламент во Брисел, Пантеон во Франција, Акрополис на Атина во Грција, Палатата на мирот во Хаг, Холандија, Раштрапати Бахаван во Индија, Петра во Јордан, мостовите на Босфор во Турција и многу други. Годинава, Светскиот ден на детето се одбележува во услови на пандемија која, како што посочуваат од УНИЦЕФ, ги разоткри нееднаквостите во општествата, ставајќи ги децата под ризик да станат скриени жртви. Имајќи го ова предвид, УНИЦЕФ ги повикува владите, бизнис заедницата и сите други чинители да го одбележат овој ден како можност да се слушне како децата и младите сакаат да ја преосмислат иднината. – Надоврзувајќи се на успехот што во 2019 година го имаше првиот состанок на високо ниво во државата#KidsTakeover кога младите отворија дискусија со владините министри на теми што се однесуваат на нивниот живот, на 20 ноември оваа година, заедно со Владата и со Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија,УНИЦЕФ ќе го поддржи вториот #KidsTakeover на кој учесниците ќе се осврнат на најважното прашање што ги засега децата: како ја замислуваат иднината на образованието и како подобро да се надгради образованието по КОВИД-19, се наведува во соопштението од УНИЦЕФ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/institucii-i-obelezja-vo-skopje-kje-svetnat-vo-sina-boja-vo-chest-na-denot-na-deteto/feed/ 0
Не е поради бојата на небото: Седиштата во авионите се сини од овие причини https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ne-e-poradi-bojata-na-neboto-sedishtata-vo-avionite-se-sini-od-ovie-prichini/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ne-e-poradi-bojata-na-neboto-sedishtata-vo-avionite-se-sini-od-ovie-prichini/#respond Tue, 08 Sep 2020 20:42:54 +0000 https://kurir.mk/?p=400831

Доколку мислите дека седиштата во авионите се сини за да личат на небото - грешите. Оваа боја е идеална за долготрајно користење, но и за нашата психа. Седиштата во многу авиони се обоени во сино, а сите други бои се исклучок и обично може да се најдат во помали приватни авиони. Некои претпоставуваат дека ова боја била одбрана бидејќи потсетува на небото, но објаснувањето не е толку едноставно. Првите сини седишта почнале да се користат пред неколку децении, а сега речиси секоја авиокомпанија ја одбира оваа боја за седиштата. Според британските научници, повеќето луѓе ја поврзуваат сината боја со сигурноста и безбедноста, што е многу важно за патниците што се плашат од летање. Освен тоа, според истражувањата, 90% од луѓето потсвесно одбираат брендови поради бојата, а сината одлично „поминува“ во тој поглед. Постои и една практична причина зошто авиокомпаниите ја одбираат сината боја за седиштата. Нечистотијата, дамките и гребениците помалку се забележуваат на оваа боја, па седиштата може да се користат многу подолго. Кога станува збор за материјалот, седиштата во авионите се тапацирани со вештачка кожа или ткаенина. Во авионите што се користат за долги релации, како трансатлантските, седиштата се тапацирани со ткаенина бидејќи со тоа ѝ се овозможува на кожата да дише, па патниците се чувствуваат поудобно. Горниот дел на седиштето наменет за главата е од посебен материјал кој може почесто да се менува.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ne-e-poradi-bojata-na-neboto-sedishtata-vo-avionite-se-sini-od-ovie-prichini/feed/ 0
Британски биолози jа снимиле бојата на смртта https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/britanski-biolozi-ja-snimile-bojata-na-smrtta/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/britanski-biolozi-ja-snimile-bojata-na-smrtta/#respond Wed, 27 Feb 2019 13:32:29 +0000 https://kurir.mk/?p=168962

Научници од британскиот Универзитет на Лондон тврдат дека ја снимиле бојата на смртта, а тоа е сината, објави списанието „Плос бајолоџи”. Раководителот на проектот, проф. Дејвид Џејмс снимил клетки на црви во мигот кога смртта настапува. Според него, претпоставките говореле дека тој процес води кон хемиска реакција и можно е да има боја. Така, прекинот на меѓуклеточните врски, наречен некроза, предизвикал „сина реакција“. Натаму, претпоставките говорат дека доколку се успее во тоа да се блокира таа комуникација, каде „клетките си соопштуваат меѓу себе дека смртта настапила“, тоа може да го одложи почетокот на некрозата, која започнува две-три минути по запирањето на срцето. – Така лекарите би имале повеќе време да ги реанимираат пациентите, нагласува Џејмс. Тој додава и дека при експериментите, тимот научници успеале да го забават процесот на смртта кај примитивните организми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/britanski-biolozi-ja-snimile-bojata-na-smrtta/feed/ 0