синдикален марш – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 27 Apr 2021 14:21:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png синдикален марш – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Синдикален марш во Скопје на 1-ви Мај: ССМ под мотото„Здружени со иста цел“ ќе го одбележи Меѓународниот ден на трудот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikalen-marsh-vo-skopje-na-1-vi-maj-ssm-pod-mototo-zdruzeni-so-ista-cel-kje-go-odbelezi-megjunarodniot-den-na-trudot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikalen-marsh-vo-skopje-na-1-vi-maj-ssm-pod-mototo-zdruzeni-so-ista-cel-kje-go-odbelezi-megjunarodniot-den-na-trudot/#respond Tue, 27 Apr 2021 14:21:22 +0000 https://kurir.mk/?p=502828

„Здружени со иста цел“ е мотото на синдикалниот марш во Скопје со којшто Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) годинава ќе го одбележи Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај во услови на здравствената криза од вирусот Ковид-19. Маршот ќе почне пред зградата на ССМ во 10.30 часот, како што најавуваат од ССМ, со запазување на сите мерки и препораки за заштита од Ковид -19. – Празникот на работниците, 1-ви Мај, го одбележуваме загрижени за своето и здравјето на нашите семејства, за голем број од нас во услови на намалени плати, откази на договорите за вработување и грижа за нашата елементарна егзистенција. Ги повикуваме сите работници, кои ги препознаат нашите вредности и заложби, да се приклучат во семејството на ССМ, семејство на рамноправни членови, работници и граѓани, кои не сакаат само да критикуваат, туку сакаат дирекно да се вклучат со сиот свој капацитет и потенцијал, во креирањето и градењето на државата, наведуваат во соопштение од ССМ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikalen-marsh-vo-skopje-na-1-vi-maj-ssm-pod-mototo-zdruzeni-so-ista-cel-kje-go-odbelezi-megjunarodniot-den-na-trudot/feed/ 0
ВНИМАВАЈТЕ: Денеска блокирани неколку скопски улици поради синдикалниот марш https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vnimavajte-deneska-blokirani-nekolku-skopski-ulici-poradi-sindikalniot-marsh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vnimavajte-deneska-blokirani-nekolku-skopski-ulici-poradi-sindikalniot-marsh/#respond Wed, 01 May 2019 07:17:53 +0000 https://kurir.mk/?p=192826

По повод празникот на трудот „1-ви Мај“, односно заради закажаниот синдикален марш во организација на Сојузот на синдикати на Македонија, што ќе започне денеска во 11 часот во Скопје, Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Скопје ќе воведе посебен сообраќаен режим за непречено одвивање на манифестацијата долж најавената маршута на движење на учесниците. МВР соопшти дека маршот е предвидено да започне пред зградата на ССМ на ул. „Мирче Ацев“ со движење: лево по ул. „Филип 2-ри Македонски“, десно по ул. „11-ти Октомври“, право по ул. „Димитрие Чуповски“, десно по ул. „Васил Главинов“, право по бул. „ВМРО“, лево по бул.„Илинден“ до пред објектот на Влада на РСМ во Скопје. Од тие причини сообраќајната полиција ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените сообраќајниците во централното градско подрачје. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците на маршот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vnimavajte-deneska-blokirani-nekolku-skopski-ulici-poradi-sindikalniot-marsh/feed/ 0