Синдикат на администрација и државна управа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 01 Apr 2022 12:09:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Синдикат на администрација и државна управа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 САДУ испрати покана за средба со синдикатот на УПОЗ за усогласување на нивните барања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sadu-isprati-pokana-za-sredba-so-sindikatot-na-upoz-za-usoglasuvanje-na-nivnite-baranja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sadu-isprati-pokana-za-sredba-so-sindikatot-na-upoz-za-usoglasuvanje-na-nivnite-baranja/#respond Fri, 01 Apr 2022 12:09:18 +0000 https://kurir.mk/?p=656914

По објавата на синдикатот на УПОЗ, за организирање на предупредувачки протест следната недела за изразување на незадоволство од Владата поради непристапување кон покачување на платите во јавниот сектор, Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија (САДУ) кој ги здружува работниците од истата дејност, испративме покана за средба со синдикатот на УПОЗ со цел усогласување на нашите барања и пристапување кон заедничко настапување со нашите синдикални активности, соопшти Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија. – Ставот на органите на синдикатот на САДУ е дека од најголем интерес за работниците е ние како синдикати заеднички да настапуваме во однос на нашите барања со цел да ја зајакнеме нашата позиција пред надлежните и за таа цел и јавно ги покануваме на заедничка средба, се вели во соопштението. Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија, додаваат, веќе започна со своите синдикални активности. – На 30 март 2022 година заедно со повеќе грански синдикати од КСС одржавме предупредувачки протест се со цел да го изразиме нашето незадоволство во поглед на платите на вработените во јавниот сектор и ги изразивме нашите барања да се пристапи кон почитување на законите и да се усогласат платите во согласност со покачувањето на минималната плата, се наведува во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sadu-isprati-pokana-za-sredba-so-sindikatot-na-upoz-za-usoglasuvanje-na-nivnite-baranja/feed/ 0
Поради манипулациите и лагите на Манчевски, синдикалците најавуваат радикализација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-manipulaciite-i-lagite-na-manchevski-sindikalcite-najavuvaat-radikalizacija-pred-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-manipulaciite-i-lagite-na-manchevski-sindikalcite-najavuvaat-radikalizacija-pred-izbori/#respond Thu, 23 Jan 2020 11:51:15 +0000 https://kurir.mk/?p=293592

Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија- САДУ испрати отворено писмо до јавноста и министерот за информатично општество и администрација, Дамјан Манчевски во кое најавуваат нивно радикализирање доколку тој не се повлече од притисокот. -Во многу наврати изминативе две години низ официјални состаноци разговаравме за моменти во кои не се согласуваме. Немајќи разбирање од Вас се одлучивме да ја информираме целокупната јавност во Македонија за да ја дознае вистината и Вашиот неискрен, манипулативен однос кон сите вработени во јавниот сектор. Имено, ветувавте две години дека ќе ги вклучите синдикатите во функционалните анализи. За функционалните анализи е направена методологија преку европски проект со европски средства, но сега негирате и сето тоа го спроведувате преку обични аналитички листови како анкети каде давате можност на именуваните и избраните лица од ваша страна да направат политичка чистка и да го клекнат јавниот сектор на колена. Само не ни е јасно кого сега излажавте, нас или Европската унија, се вели во отвореното писмо. Од САДУ нагласуваат дека едно е јасно, дека Манчевски го држи јавниот сектор под притисок. -Целиот јавен сектор е на доволно високо интелектуално ниво за да можете да си земете за право да не уценувате и манипулирате, па затоа Ви кажуваме и Ве предупредуваме да ги остварите и реализирате вашите ветувања, во спротивно доколку со вашите квази-синдикалци, кои веќе се препознаени од целиот јавен сектор, се обидете да направите упад и не ги спроведете вашите јавно дадени ветувања, ние длабоко ќе се радикализираме за што верувајте само Вие ќе бидете виновни за таквите дејствија во предизборен период. Затоа час поскоро повлечете се од Вашата нечесна игра и низ конструктивен и фер социјален дијалог и партнерство со сите релевантни фактори, за што зборувате во изминативе години, да изнајдеме конструктивно решение прифатливо за сите. И на крај да Ве прашаме дали овие секојдневни огласи и вработувања во јавниот сектор ќе бидат предмет на функционалната анализа или пак тие, затоа што се со предзнак непотизам се исклучени од секоја анализа или отказ како што се уценуваат другите вработени во јавниот сектор, а некои си квази-синдикалци за лични интереси го одобруваат сето ТОА, се вели во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-manipulaciite-i-lagite-na-manchevski-sindikalcite-najavuvaat-radikalizacija-pred-izbori/feed/ 0