Синдикат на Клинички центар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 09 Nov 2018 12:05:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Синдикат на Клинички центар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Синдикатот на Клинички центар со осуда за нападот на медицинската сестра, стравуваат заложбата за полициско дежурство да не биде дневно политичка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-klinichki-centar-so-osuda-za-napadot-na-medicinskata-sestra-stravuvaat-zalozbata-za-policisko-dezurstvo-da-ne-bide-dnevno-politichka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-klinichki-centar-so-osuda-za-napadot-na-medicinskata-sestra-stravuvaat-zalozbata-za-policisko-dezurstvo-da-ne-bide-dnevno-politichka/#respond Fri, 09 Nov 2018 11:42:46 +0000 https://kurir.mk/?p=125707

Синдикатот на Клинички центар најостро го осудува физичкиот и вербален напад на медицинската сестра од Клиниката за интензивно лекување и реанимација – КАРИЛ и се надева дека нападнатата медицинска сестра брзо ќе се опорави и ќе продолжи како и досега со својата хуманост и знаење да им помага на пациентите, се вели во денешното нивно соопштение. Од Синдикатот го искажуваат, како што велат, својот револт кон понижувачкиот статус на здравствените работници и соработници. -Статус кој е резултат на долгогодишните политики во здравството кои доведоа до омаловажување и деградирање на здравствените работници и соработници. Во изминатиот период бевме сведоци на повеќе вакви немили настани поради кои  се потпиша Повелба и Декларација со цел да се стопира ова насилство врз здравствениот персонал. За жал сето ова очигледно остана без практична вредност и употреба. Ја цениме и поддржуваме заложбата на Министерот за здравство за зголемување на безбедноста во кампусот клиники “Мајка Тереза“ и воведување полициски дежурства на критичните места каде во текот на ноќните часови има најголема фреквенција на пациенти. Но, стравуваме таа заложба да не биде привремена и во служба на дневната политика, се наведува во соопштението на Синдикатот. Оттаму бараат од надлежните институции воспоставување систем за заштита на достоинството и угледот на здравствените работници и соработници и 24 часовно професионално обезбедување во сите јавни здравствени установи во Република Македонија. -Истовремено, спрема Синдикатот на клинички центар нужна е добро осмислена и организирана медиумска кампања за подигање на дигнитетот на здравствените работници и соработници, се посочува во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-klinichki-centar-so-osuda-za-napadot-na-medicinskata-sestra-stravuvaat-zalozbata-za-policisko-dezurstvo-da-ne-bide-dnevno-politichka/feed/ 0