синдикат на култура – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 Dec 2019 09:32:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png синдикат на култура – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Синдикат на културата започнува штрајк поради непотпишување на колективен договор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikat-na-kulturata-zapochnuva-shtrajk-poradi-nepotpishuvanje-na-kolektiven-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikat-na-kulturata-zapochnuva-shtrajk-poradi-nepotpishuvanje-na-kolektiven-dogovor/#respond Thu, 19 Dec 2019 09:31:53 +0000 https://kurir.mk/?p=279595

Синдикат на културата соопштува дека во вторник (24.12.2019) започнува со штрајк. -Информираме дека СКРМ започнува со штрајк на 24.12.2019 година заради непотпишување на колективен договор кој го очекуваме деценија и половина. Рокот за одговор на Министерството за култура на доставената намера за штрајк истече вчера, на 18.12.2019 г. Од нивна страна не добивме никаков одговор, па Советот на СКРМ одлучи да ја активира последната правна алатка, се наведува во соопштението. Од СКРМ додаваат дека штрајкот ќе се одвива во просториите на установите и значи целосен прекин на работата на вработените носители на дејност, помошно-технички персонал и административен кадар. -Штрајкот е со предупредувачки карактер и ќе трае еден ден, а по завршувањето на новогодишните празници ќе се радикализира и ќе трае до целосно исполнување на нашите барања. Ги повикуваме сите вработени да ни се приклучат, а директорите на институциите да застанат во одбрана и поддршка на нашата борба за остварување на нашите работнички права. Културата е темелна вредност на секоја држава и таа не смее да биде маргинализирана, игнорирана и понижена, се наведува во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikat-na-kulturata-zapochnuva-shtrajk-poradi-nepotpishuvanje-na-kolektiven-dogovor/feed/ 0
Синдинатот на културата најавува штрајк од 16 декември https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindinatot-na-kulturata-najavuva-shtrajk-od-16-dekemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindinatot-na-kulturata-najavuva-shtrajk-od-16-dekemvri/#respond Thu, 28 Nov 2019 11:16:13 +0000 https://kurir.mk/?p=270555

Советот на Синдикатот на културата (СКРМ) најавува штрајк од 16-ти декември доколку во најкус можен рок не се финализираат преговорите за колективниот договор и истиот не биде потпишан со обврска за негово целосно спроведување од 01.01.2020 година. Причината за активирање на штрајкот, како што е наведено во соопштението, е заради ненадејното, неоправдано прекинување на работата на работната група за изготвување на Предлог колективен договор. -Имено, последниве 10 дена работната група за колективен договор во Министерството за култура не е активна, односно работата е неосновано прекината од страна на Министерството. Како синдикат кој директно е вклучен во преговорите, изминатите денови се обидувавме да ги дознаеме причините за ваквиот застој во работата, особено во време кога требаше да се финализира предлог колективниот договор и да се пушти на јавна расправа. Испративме неколку дописи со барање за продолжување на работата до повеќе официјални лица, но сè уште немаме никаков одговор од кабинетот на министерот Хусни Исмаили или неговиот заменик Владимир Лазовски. Бидејќи Министерството за култура е сервис на вработените во уметничките и културните институции, а притоа и најодговорен управен орган за сите проблеми што произлегуваат од работниот однос, бараме јавно на сите вработени да им одговорат на следните прашања: Зошто работата на работната група за колективниот договор е прекината без никакво образложение? Зошто и покрај сите апели за нејзино продолжување, работната група не се активира? Дали може Министерството јасно и недвосмислено да каже дека сè уште е на ставот за потпишување на колективен договор со спроведување од 01.01.2020 година? Да потсетиме, вработените во културата не бараат покачување, туку уредување на платите и правична валоризција на трудот по основ на Колективен договор кој Министерството, а со тоа и државата, им го должи цели 15 години. Не сакаме да веруваме дека ваквиот „традиционален“ однос на Министерството е тактизирање со цел продолжување на оваа агонија уште една година или како што покажува праксата, можеби уште една деценија. Ги повикуваме сите одговорни лица во Министерството за култура, на чело со Министерот и неговиот Заменик да се фокусираат со сите капацитети за итно решавање на проблемот и да не помислуваат да се запишат во редот на личности од неуспешната историја на Министерството кои проблемите ги „туркаат под тепих“, затоа што овој пат вработените стојат цврсто на барањата за остварување на своите „згазени“ права и ќе ги искористат сите можни форми на социјална борба, се наведува во соопштението на Советот на СКРМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindinatot-na-kulturata-najavuva-shtrajk-od-16-dekemvri/feed/ 0
Река народ: Ова е последно предупредување пред започнување на штрајк на вработените во културата (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reka-narod-ova-e-posledno-predupreduvanje-pred-zapochnuvanje-na-shtrajk-na-vrabotenite-vo-kulturata-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reka-narod-ova-e-posledno-predupreduvanje-pred-zapochnuvanje-na-shtrajk-na-vrabotenite-vo-kulturata-video/#respond Tue, 08 Oct 2019 11:18:37 +0000 https://kurir.mk/?p=249172

Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) точно напладне почна предупредувачки марш за потпишување колективен договор со кој ќе се уредат платите, коефициентите според сложеноста на работните места и  условите за надоместоците на плата во дејностите од културата. СКРМ потоа го продолжи маршот кон Владата од каде што учесниците ќе продолжат кон Министерството за култура и таму ќе ја искажат пораката на протестот – „Колективен сега!“. Инаку СКРМ на 20 јуни донесе одлука за штрајк доколку до крајот на септември не биде потпишан колективен договор и не се донесе нов закон за културата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reka-narod-ova-e-posledno-predupreduvanje-pred-zapochnuvanje-na-shtrajk-na-vrabotenite-vo-kulturata-video/feed/ 0
СКРМ на протестен марш за колективен договор: Ова е последно предупредување пред да активираме штрајк https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skrm-na-protesten-marsh-za-kolektiven-dogovor-ova-e-posledno-predupreduvanje-pred-da-aktivirame-shtrajk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skrm-na-protesten-marsh-za-kolektiven-dogovor-ova-e-posledno-predupreduvanje-pred-da-aktivirame-shtrajk/#respond Tue, 08 Oct 2019 10:47:48 +0000 https://kurir.mk/?p=249155

Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) точно напладне почна предупредувачки марш за потпишување колективен договор со кој ќе се уредат платите, коефициентите според сложеноста на работните места и  условите за надоместоците на плата во дејностите од културата. СКРМ на 20 јуни донесе одлука за штрајк доколку до крајот на септември не биде потпишан колективен договор и не се донесе нов закон за културата. – Помина 30 септември, колективен договор сè уште немаме и затоа денеска излегуваме со марш како последно предупредување пред да ја активираме нашата постапка за штрајк. Со Министерството за култура сме во добра соработка, на наше барање по долго време се активираше работната група за колективниот договор. Сме во преговори и се надеваме дека ќе постигнеме некаков договор. Имаме ветување и од Владата дека средства за колективен договор ќе бидат обезбедени и дека тој ќе се спроведе од 1 јануари 2020. Но, тоа не значи дека не треба денес да маршираме. Нашето искуство покажа дека ветувањата не беа исполнети во минатото, изјави Сања Арсовска, претседателка на СКРМ, на стартот на протестниот марш зад Филхармонијата. Минатата година биле изоставени од колективен договор и затоа, рече таа, Синдикатот бараше нивелација на платите која се спроведе во мај годинава. – Нивелацијата се протолкува како зголемување на платите во културата. Не, тоа беше порамнување на платите и исправање на една неправда што се случуваше во минатото. Она што сега им следува на вработените во културата е колективен договор во кој ќе се уредат платите, коефициентите според сложеноста на работните места, точно ќе се уредат условите за надоместоците на плата, истакна Арсовска. Додаде дека заложба на СКРМ било да се потпише колективен договор врз основа на нов закон за култура, но бидејќи законот со кој би се регулирале правата сè уште не е донесен тие, нагласи Арсовска, повеќе нема да го чекаат неговото донесување и колективниот може да го потпишат врз основа на постојниот закон. СКРМ го продолжи маршот кон Владата од каде што учесниците ќе продолжат кон Министерството за култура и таму ќе ја искажат пораката на протестот – „Колективен сега!“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skrm-na-protesten-marsh-za-kolektiven-dogovor-ova-e-posledno-predupreduvanje-pred-da-aktivirame-shtrajk/feed/ 0
Протестен марш на Синдикатот на културата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protesten-marsh-na-sindikatot-na-kulturata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protesten-marsh-na-sindikatot-na-kulturata/#respond Tue, 08 Oct 2019 07:50:38 +0000 https://kurir.mk/?p=249066

Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) денес ќе одржи протестен марш. Како што информираат од Синдикатот, протестниот марш е со цел изразување на незадоволството и разочарувањето од згазените социјални права на вработените во културата поради отсуството на општ колективен договор веќе 15 години. -Протестот има за цел да ги алармира Владата и Министерството за култура дека вработените во културата повеќе нема да толерираат газење на нивното достоинство и дека маршот е само вовед кон следните чекори во синдикалната борба за основни социјални права, се наведува во соопштението. Маршот ќе започне во 12.00 часот од паркот Ибни Пајко, позади Македонската филхармонија, ќе продолжи пред Владата и ќе заврши пред Министерството за култура каде претседателите на сите 46 синдикални организации на СКРМ ќе ја пренесат пораката на маршот – „Колективен сега“, односно дека културата бара колективен договор кој ќе стапи на сила од 01.01.2020 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protesten-marsh-na-sindikatot-na-kulturata/feed/ 0
Синдикатот на културата утре излегува на протестен марш https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-kulturata-utre-izleguva-na-protesten-marsh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-kulturata-utre-izleguva-na-protesten-marsh/#respond Mon, 07 Oct 2019 09:53:40 +0000 https://kurir.mk/?p=248697

Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) утре најавува дека ќе одржи протестен марш. Како што информираат од Синдикатот, протестниот марш е со цел изразување на незадоволството и разочарувањето од згазените социјални права на вработените во културата поради отсуството на општ колективен договор веќе 15 години. -Протестот има за цел да ги алармира Владата и Министерството за култура дека вработените во културата повеќе нема да толерираат газење на нивното достоинство и дека маршот е само вовед кон следните чекори во синдикалната борба за основни социјални права, се наведува во соопштението. Маршот ќе започне во 12.00 часот од паркот Ибни Пајко, позади Македонската филхармонија, ќе продолжи пред Владата и ќе заврши пред Министерството за култура каде претседателите на сите 46 синдикални организации на СКРМ ќе ја пренесат пораката на маршот - „Колективен сега“, односно дека културата бара колективен договор кој ќе стапи на сила од 01.01.2020 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-kulturata-utre-izleguva-na-protesten-marsh/feed/ 0
Културните работници со предупредување: Ако нема колективен договор, ќе има штрајк https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kulturnite-rabotnici-so-predupreduvanje-ako-nema-kolektiven-dogovor-kje-ima-shtrajk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kulturnite-rabotnici-so-predupreduvanje-ako-nema-kolektiven-dogovor-kje-ima-shtrajk/#respond Fri, 04 Oct 2019 09:32:09 +0000 https://kurir.mk/?p=247820

Синдикатот на културата (СКРМ) на 8 октомври со почеток во 12 часот во Скопје ќе одржи протестен марш за нов колективен договор во културата. Протесниот марш е последно предупредување пред најавениот штрајк, објавува Независен Весник. СКРМ ги повика сите вработени во културата, културни работници и останати, солидарно да се приклучат кон барањата за регулирање на работните односи во културата после цели 14 години откако е потпишан последниот колективен договор. „Изминуваат 14 години од последниот општ колективен договор во културата. Четиринаесет години без јасно дефинирање и групирање на работни места во институциите, без правична валоризациjа на трудот во сите дејности, без прецизно поставување на критериумите за безбедност и здравје при работа, без додатоци од плата, теренски и службени дневници“, информираат од СКРМ. Маршот ќе започне од паркот „Ибни Пајко“ (во кругот на НОБ, Филхармонија и Даут-пашин амам), ќе продолжи кон зградата на Владата и ќе заврши пред Министерството за култура. Колективниот договор и Законот за јавен интерес во културата беа посочувани како приоритети од страна на Министерството за култура, но сè уште не се гледа нивно финализирање. Законот требаше да биде усвоен одамна и со него да се решат проблемите во работниот однос со што ќе се постави солидна правна основа за потпишување нов општ колективен договор во културата. Министерството за култура, пак, уште во месец мај годинава информираа дека активно и засилено работат на текстот на новиот закон за остварување на јавниот интерес во културата, како и на колективниот договор што ќе произлезе од тој закон. Рокот до 30 септември за финализирање на колективниот договор што го даде СКРМ, а Министерството го прифати, веќе е пробиен. Со тоа се става во неизвесност и спроведувањето на договорот што требаше да почне од јануари 2020 година. – Бидејќи рокот е пробиен, пред сè заради тоа што не е донесен законот за јавен интерес во културата, решивме со марш да алармираме дека доколку колективниот договор биде изоставен во буџетот за следната година штрајкот ќе биде активиран. Тоа би значело откажување, доцнење со почеток на претстави и концерти, непримање посетители во музеите, престанок на работа во делот на заштитата на културното наследство – додава актерката и претседателка на СКРМ, Сања Арсовска. Според неа, со актуелниот министер за култура Хусни Исмаили имаа добра комуникација и тој им ја дава поддршката, а на барање на Синдикатот, по подолг период, активирана е и работната група за колективниот договор. – Буџетот за култура, кој е веќе испратен до финансии, не содржи ставка за колективниот, но министерот вети дека откако ќе го договориме буџетот како социјални партнери, таа сума ќе биде дополнително побарана. За одложување на процесите во секторот култура главна причина е честата промена на министри. За три години, три министри. На секој од нив, нормално им е потребен период на адаптација и запознавање со материјата за да можат да менаџираат, тоа одзема време. Ние како синдикати, со секој нов министер се враќаме на почеток со преговорите. За среќа, досега тројцата министри покажале политичка волја за промена на состојбата во културата, но, за жал, за финансиските импликации, не е задолжено Министерството за култура, туку за финансии – вели Арсовска. Исто така, голема кочница за новиот Закон за јавен интерес во културата се процедурите, но и Министерство за информатичко општество и администрација (МИОА) кое ги диктира насоките во Законот за култура. – Додека ја водиме битката за да се ослободиме од стегите на МИОА, за што веруваме дека ќе успееме, двете министерства долго време не можеа да се договорат чиј закон мора да биде донесен прв. Од Министерство за култура тврдеа дека мора прво за се донесат законите на МИОА, додека од МИОА велат дека нашиот закон може да биде донесен независно од нивниот. Принцип на синдикатот е да потпише Колективен договор врз основа на новиот закон, но, неможејќи веќе да чекаме, спремни сме да направиме отстапка и во корист на вработените, договорот да го потпишеме врз основа на постоечкиот закон – објаснува Арсовска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kulturnite-rabotnici-so-predupreduvanje-ako-nema-kolektiven-dogovor-kje-ima-shtrajk/feed/ 0