Синдикат на „Македонска пошта“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 01 Apr 2022 10:08:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Синдикат на „Македонска пошта“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МАКЕДОНСКА ПОШТА ПРЕД ШТРАЈК: Се бара линеарно покачување на платите, Владата и Управниот одбор глуви, граѓаните нема да можат да плаќаат сметки! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonska-poshta-pred-shtrajk-se-bara-linearno-pokachuvanje-na-platite-vladata-i-upravniot-odbor-gluvi-gragjanite-nema-da-mozat-da-plakjaat-smetki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonska-poshta-pred-shtrajk-se-bara-linearno-pokachuvanje-na-platite-vladata-i-upravniot-odbor-gluvi-gragjanite-nema-da-mozat-da-plakjaat-smetki/#respond Fri, 01 Apr 2022 10:08:10 +0000 https://kurir.mk/?p=656804

Над 1.000 вработени лица во Македонски пошти наскоро ќе започнат штрајк доколку Управниот одбор и владата не ги исполнат нивните барања за линеарно покачување на платите во износ од три илјади денари подеднакво за сите вработени. Вработено лице во една од многуте пошти во земјава во изјава за КУРИР вели дека дефинитивно ќе стапат во штрајк доколку владата и овој пат остане нема на нивните барања. -Платите се мизерни и не се покачени со години, бараме покачување кое е нужно во ова време кога се е покачено, од цените во маркетите, до горивата, па се до кризата и војната која се случува во Европа. Се надеваме дека овие барања на нашите синдикални здруженија ќе родат со плод, ако не за 10 дена колку што е законскиот рок почнувајќи од денес ние стапуваме во штрајк, вели нашиот добро упатен извор вработен во Македонска пошта. Претседателот на Синдикатот на „Македонска пошта“ Боро Велигденов во изјава за КУРИР вели дека вчера по состанокот на двата синдиката во Македонска пошта ќе излезат на заеднички штајк. -Согласно законските регулативи, Законот за работни односи и Законот за поштенски услуги по истекот на овој даден рок од десет дена, т.е од 14 април, доколку не се исполнат нашите барање, Македонска пошта започнува штрајк. Ние како синдикат бараме линеарно зголемување на платите во Македонски пошти со што сите вработени ќе добијат по три илјади денари покачување на својата плата. Платите во пошта не се променети 32 години и истите се од стариот систем, па поради покачувањето на минималната плата и зголемувањето на трошоците за живот, бараме подеднакво покачување за сите вработени, вели Велигденов. Тој додава дека освен ова покачување бараат и физичко обезбедување во поштите низ целата земја, како и основни средства за работа кои се најпотребни за секојдневно функционирање во македонските пошти. Велигденов во изјава за КУРИР вели дека Управниот одбор во Македонска пошта и Владата се информирани за овие барање и дека тие веќе имале неуспешна средба со вицепремиерот во владата Фатмир Бетиќи. -Имавме средба со вицепремиерот минатата недела, но иако ни ветија дека ќе добиеме одговор, до овој момент немаме, па затоа решивме од вчера да стапиме во постапка пред штрајк, додава Велигденов. Истакнува дека со покачување на минималната плата дури 70% од вработените во пошта ќе земаат таква плата со што овој податок е поразителен со фактот што платите не се доволни за нормално живеење во овој момент. Инаку доколку владата остане глува и слепа на овие барања на вработените во Македонска пошта, тие ќе стапат во штрајк од 14 април и тоа значи дека нема да може да се плаќаат сметки во пошта, додека ќе се извршуваат сите услуги регулирани со Законот за поштенски услуги како на пример пратки со приоритет за државата, примање на судски пратки и секаков вид на пратки, кои ќе бидат редуцирани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonska-poshta-pred-shtrajk-se-bara-linearno-pokachuvanje-na-platite-vladata-i-upravniot-odbor-gluvi-gragjanite-nema-da-mozat-da-plakjaat-smetki/feed/ 0
Синдикатот на „Македонска пошта“ бара зголемување на платите, подобри работни услови и пролонгирање на либерализација на поштенскиот пазар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-makedonska-poshta-bara-zgolemuvanje-na-platite-podobri-rabotni-uslovi-i-prolongiranje-na-liberalizacija-na-poshtenskiot-pazar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-makedonska-poshta-bara-zgolemuvanje-na-platite-podobri-rabotni-uslovi-i-prolongiranje-na-liberalizacija-na-poshtenskiot-pazar/#respond Fri, 30 Aug 2019 10:05:59 +0000 https://kurir.mk/?p=234998

Синдикатот на Македонска пошта во изминативе неколку месеци водеше интензивни разговори со Претседателот и членовите на Управниот Одбор за подобрување на условите за работа, како и за реализација на барањето за зголемување на платите. -И покрај намалувањето на загубите во работењето, како и целосната конструктивност и посветеност на Претседателот и членовите на Управниот Одбор за изнаоѓање на решение за посочените проблеми и барања на вработените, не успеавме да најдеме соодветно решение кое би било поволно за компанијата и за вработените. Имено, долгогодишното барање за зголемување на платите се темели на фактот, што повеќе од 30 години ниту за еден денар не се зголемија платите во Македонска Пошта, а дотолку повеќе е зголемено незадоволството кај вработените со намалување на вредноста на бодот пред 12 години, со образложение во времетраење од шест месеци, но таа намалена вредност на бодот и ден денеска е на сила, велат од Синдикатот. Особено е изразено незадоволството кај вработените во технолошкиот процес каде што просечната плата на ниво на компанија на тие вработени изнесува 17,650 денари , што значи дека тој износ е поблиску до минималната плата, отколку до висината на просечната плата во Македонија. Со ваквиот износ на платата, вработените се на работ на егзистенцијата и водат борба за пристоен живот. Барањето на работниците е враќање на вредноста на бодот и зголемување на платата за 10 %, што би довело до приближување на нивните плати до просечната плата и зголемување на нивниот стандард и подобрување на условите за пристоен живот. Покрај барањето за зголемување на платите, како проблем, вработените се соочуваат и со лоши услови за работа години наназад, како и со недостиг на основните средства за работа, односно потребата за набавка на работна облека, велосипеди, мопеди, компјутерска опрема,санација на објектите и други материјали. -Особено сакаме да нагласиме за набавка на работна облека која повеќе од 10 години не е набавена , за што од Претседателот на Управниот одбор добивме ветување дека годинава набавката на работна облека ќе биде приоритет, за што и на почетокот од годинава Управниот одбор донесе одлука за набавка на работни облеки, но до ден денеска постапката не е започната, поради недобивање на согласност за набавка од страна на Надзорниот Одбор. Со оглед на долгиот период на чекање за реализација на набавката, незадоволството кај вработение е се поголемо На денешниот прес сакаме да истакнеме уште едно суштинско барање на Синдикатот на Македонска Пошта кое се однесува на либеризацијата на поштенскиот пазар која треба да започне од 01.01.2020 година, а тоа е дека синдикатот не се согласува со отпочнување на либеризацијата на посочениот датум, од причина што цениме дека моменталната состојба, во која се наоѓа нашата компанија. Доколку влеземе во либеризација, дополнително би се зголемила неизвесноста и иднината на нашата компанија која би имала голема последица врз вработените. Поради тоа Синдиатот на Македонска пошта бара да се пролонгира либерализацијата на поштенскиот пазар до влез на земјата со членство во Европската унија.  Соочени со овие проблеми и нереализирање на барањата, вработените од синдикатот бараат да преземе порадикални синдикални мерки за реализација на нивните барања за зголемување на платите и подобрување на условите за работа. Поради тоа, бараме итна средба со Премиерот, со цел надминување на состојбите и реализирање на барањата, велат од Синдикатот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-makedonska-poshta-bara-zgolemuvanje-na-platite-podobri-rabotni-uslovi-i-prolongiranje-na-liberalizacija-na-poshtenskiot-pazar/feed/ 0