синдикат на пензионери на Република Македонија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 24 Feb 2021 12:16:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png синдикат на пензионери на Република Македонија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пензионерите незадоволни од петтиот пакет: Не можеме да си го оствариме правото кое ни е загарантирано со меѓународните законски прописи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/penzionerite-nezadovolni-od-pettiot-paket-ne-mozeme-da-si-go-ostvarime-pravoto-koe-ni-e-zagarantirano-so-megjunarodnite-zakonski-propisi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/penzionerite-nezadovolni-od-pettiot-paket-ne-mozeme-da-si-go-ostvarime-pravoto-koe-ni-e-zagarantirano-so-megjunarodnite-zakonski-propisi/#respond Wed, 24 Feb 2021 12:16:36 +0000 https://kurir.mk/?p=473198

Пензионерскиот синдикат на Македонија го изразува своето незадоволство од петтиот сет мерки за справување со последиците од Ковид 19 кризата. Синдикатот смета дека со овој сет на антикризни мерки требаше да бидат опфатени сите пензионери, имајќи во предвид дека дел од пензионерите добија помош со претходната мерка. - Очигледно е дека како старосна група пензионерите и постарите лица не се сметаат за група на која и е потребна помош а во суштина се група на граѓани кои се последни на списокот за да се подобри нивниот економско социјален статус во државата. Сметаме дека е направен пропуст и дека треба да се води сметка сите пензионери да бидат опфатени со сет антикризни мерки за помош. Во дел од соседните земји каде исто така се подготвуваа мерки за помош поради ковид пандемијата, пензионерите беа опфатени со сите мерки неколку пати додека пак кај нас пензионерите немаат пристап до мерките од државата што би значела помош пензионерите, велат од пензионерскиот синдикат. Тие посочуваат дека оваа состојба на пензионерите не е од сега имајќи во предвид дека Пензионерскиот синдикат уште од своето формирање го осврна вниманието на потребата од минимални пензии и стави акцент на нискиот животен стандард на оваа група граѓани. Пензионерскиот синдикат бара да се врати начинот на усогласување на пензиите пред измените во декември 2018 година каде усогласувањето се вршеше согласно трошоците на живот (инфлацијата) и покачувањето на просечната нето плата исплатена во државата за претходните 6 месеци. Соодносот во 2018 година на просечната плата со просечната пензија изнесувал 60 % додека ако се види тој сооднос денес, тој изнесува 56% ( односно просечна пензија во износ од 15.449 денари) од што може да се заклучи дека пензиите стагнираат и покрај тоа што реалност е и инфлацијата и покачувањето на платите. - За споредба ќе го наведеме следното: Просечна плата во ноември 2020 год изнесува 27.588 ден., а ако пресметаме 60% ( според законот до 2018 година) просечна пензија би изнесувала 16.553 денари. Исто така сакаме да истакнеме и дека одредени институции постапуваат своеволно и не го почитуваат Уставот и Европската конвенција за човекови права на Меѓународната организација на трудот и не дозволуваат регистрација на синдикатот. Синдикатот е формиран уште во 2018 година и сеуште го бара остварување на правото да биде регистриран како Пензионерски синдикат на Македонија како што е случајот со соседните земји каде одамна се формирани и функционираат синдикатите на пензионерите и постарите лица. Синдикатот поради ваквите моментални состојби е приморан да се обрати и до одредени меѓународни институции во чии земји функционираат пензионерски синдикати со цел да ја изнесеме состојбата и да кажеме дека во Македонија не можеме да си го оствариме правото кое ни е загарантирано со домашните и меѓународните законски прописи, додаваат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/penzionerite-nezadovolni-od-pettiot-paket-ne-mozeme-da-si-go-ostvarime-pravoto-koe-ni-e-zagarantirano-so-megjunarodnite-zakonski-propisi/feed/ 0
Нов синдикат на пензионерите: Очекуваме поголеми пензии и директна вклученост во реформите на Пензискиот систем https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-sindikat-na-penzionerite-ochekuvame-pogolemi-penzii-i-direktna-vkluchenost-vo-reformite-na-penziskiot-sistem/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-sindikat-na-penzionerite-ochekuvame-pogolemi-penzii-i-direktna-vkluchenost-vo-reformite-na-penziskiot-sistem/#respond Wed, 04 Apr 2018 12:15:28 +0000 https://kurir.mk/?p=36270

Синдикат на пензионери на Република Македонија при Конфедерацијата на слободни синдикати денеска беше најавен. Главна цел на синдикатот ќе биде пензионерите директно да бидат вклучени во реформите на Пензискиот систем. -Директно преку наши претставници да бидеме рамноправни како социјален партнер во преговорите со владата. Реформите во пензискиот систем не треба да бидат на штета на сегашните, а уште помалку на идните пензионери. Се залагаме за стабилен синдикален пензиски фонд и тој да биде одржлив, истакна претседателот на Иницијативниот одбор на новиот Синдикат на пензионерите, Радослав Гиновски, додавајќи дека во тој случај политичарите не ќе можат да ги лажат оти пензискиот фонд нема пари исплата на пензии. Вели дека пензионерите ги имаат оставено парите во Фондот со нивното работење во минатото, потенцирајќи дека висината на пензиите треба да биде далеку повисока од она што е денес. -Не загрижува фактот што повеќе од 50 отсто од пензионерите сега примаат некаде 200 до 250 евра. Очекувам реално далеку поголеми пензии. Статистичките бројки покажуваат дека пензиите во Република Македонија се користат околу 8 до 9 години, а вложуваме во тој Фонд 40 години, реално би требало да бидат далеку поголеми пензиите, појаснува Гиновски. Тој побара усогласувањето на пензиите во иднина да се прави во присуство на претставници на синдикатот. -Сакаме да го зголемиме животниот стандард на пензионерите во Република Македонија и не смеат пензионерите никогаш да бидат социјална категорија, рече Гиновски. Тој ги повика пензионерите да им се приклучат, додавајќи дека ако само 10 отсто од пензионерите се зачленат во овој синдикат, тогаш во него би имало 30.000 членови. Според него, тоа би значело дека Синдикатот на пензионери на Република Македонија би бил рамо до рамо со СОНК по бројот на членови. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-sindikat-na-penzionerite-ochekuvame-pogolemi-penzii-i-direktna-vkluchenost-vo-reformite-na-penziskiot-sistem/feed/ 0