синдикати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 21 Sep 2023 05:40:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png синдикати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Штрајк на синдикатите во Грција поради законот за работни односи https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shtrajk-na-sindikatite-vo-grtsija-poradi-zakonot-za-rabotni-odnosi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shtrajk-na-sindikatite-vo-grtsija-poradi-zakonot-za-rabotni-odnosi/#respond Thu, 21 Sep 2023 05:40:35 +0000 https://kurir.mk/?p=880052

Поради владините реформи во законот за работни односи, синдикати на вработените во јавниот сектор (АДЕДИ) и на Комунистичката партија (ПАМЕ), како и работнички здруженија и федерации за денеска закажаа 24-часовен штрајк и протести пред грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина. Во штрајкот учествува Федерацијата на просветни работници, која повика училиштата да бидат затворени, Федерацијата на лекарите од државните болници, додека пак иако првично најавија учество и контролорите на летање, вчера беше прогласено за незаконско, со што авионскиот сообраќај ќе се одвива регуларно. Поради штрајкот проблеми ќе има во јавниот превоз во Атина, со оглед на тоа дека метрото нема да работи, а со неколкучасовни прекини на работното време учествуваат и автобусите и тролејбусите во Атина. Протести освен во Атина се закажани и во други грчки градови. Синдикатите реагираат за новиот закон за работни односи, кој меѓу другото ја легализира работата на две различни работни места.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shtrajk-na-sindikatite-vo-grtsija-poradi-zakonot-za-rabotni-odnosi/feed/ 0
Синдикатите во Грција за утре закажаа штрајк поради законот за работни односи https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sindikatite-vo-grtsija-za-utre-zakazhaa-shtrajk-poradi-zakonot-za-rabotni-odnosi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sindikatite-vo-grtsija-za-utre-zakazhaa-shtrajk-poradi-zakonot-za-rabotni-odnosi/#respond Wed, 20 Sep 2023 12:12:01 +0000 https://kurir.mk/?p=879888

Грчките синдикати на вработените во јавниот сектор (АДЕДИ) и на Комунистичката партија (ПАМЕ), како и работнички здруженија и федерации за утре закажаа 24-часовен штрајк и протести пред грчкиот Парламент против планираните владини реформи во законот за работни односи, јави дописничката на МИА од Атина. Во штрајкот учествуваат просветните работници, кои повикаа училиштата да бидат затворени, лекарите од државните болници, контролорите на летање, со што се очекуваат проблеми во авионскиот сообраќај, а со прекини на работното време учествуваат и автобусите и тролејбусите во Атина. Протести освен во Атина се закажани и во други грчки градови. Синдикатите реагираат за новиот закон за работни односи, кој меѓу другото ја легализира работата на две различни работни места. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sindikatite-vo-grtsija-za-utre-zakazhaa-shtrajk-poradi-zakonot-za-rabotni-odnosi/feed/ 0
НСОН за штрајк во образованието, СОНК и МОН во преговори за ново зголемување на платите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nson-za-shtrajk-vo-obrazovanieto-sonk-i-mon-vo-pregovori-za-novo-zgolemuvane-na-platite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nson-za-shtrajk-vo-obrazovanieto-sonk-i-mon-vo-pregovori-za-novo-zgolemuvane-na-platite/#respond Wed, 30 Aug 2023 05:23:49 +0000 https://kurir.mk/?p=872252

Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) најави штрајк во училиштата во текот на септември заради повисоки плати на вработените во образованието и за почитување на колективниот договор. Претседателот на НСОН, Томислав Гиевски, за МИА изјави дека активно работат на терен и се во преговори со училишта за окрупнување на членството за да постигнат репрезентативност и да покренат штрајк. Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), пак, не е за штрајк и со Министерството за образование и наука веќе преговара за зголемување на платите. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, за МИА изјави дека поддржуваат сѐ што е конструктивно и аргументирано. Соопшти дека со МОН се во преговори за покачување на платите од септември за дополнителен процент на најавените 10 отсто што вработените во образованието треба да ги добијат со Општиот колективен договор (ОКД). Гиевски од НСОН посочи дека за штрајк ќе се организираат во текот на септември и веќе испратиле повик до сите колективи во училиштата и се во преговори со нив, како што рече, да им ја дадат довербата за покренување штрајк. Нагласи дека НСОН е подготвен за штрајк, но треба да имаат повеќе членови односно дваесет отсто од вработените во секое училиште. - Не само што размислуваме за штрајк, туку ако ја постигнеме бројката ќе има штрајк и сме 100 проценти сигурни во тоа. Има огромни можности во септември да ја постигнеме бројката и да го почнеме штрајкот поради непочитување на колективните договори. Плата добиваме по 10-ти во месецот и е многу пониска од таа што треба да ја добиваме. Просветен работник во ниеден случај не смее да добива плата која е пониска од републичкиот просек, изјави Гиевски и додаде дека и со 10-те отсто покачување на платите од септември, согласно Општиот колективен договор, платата ќе им биде пониска од просечната во државава. На прашањето дали министерот за образование и наука е запознат со нивните барања и со одлуката за штрајк, Гиевски одговори дека средба со Јетон Шаќири имале пред околу два и пол месеца кога начелно, како што рече, ги отвориле сите теми и министерот им одговорил дека писмено ќе ги извести откако ќе разговара со правната служба. Повторна средба со министерот, пред почетокот на учебната година, рече, не побарале. -Тогаш не добивме никаков одговор, а бевме известени дека ќе го добиеме за една недела. Сега сме известени дека е на одмор, ќе побараме средба, но во моментов сме максимално посветени на колегите што нѐ бараат да имаме состаноци, додаде претседателот на НСОН. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, пак, смета дека не постојат реални услови за штрајк за такви барања кои се наведени како причина, ниту барањата, рече, се со таква тежина за да не може да се уредат со преговори. Неделков за МИА изјави дека СОНК е во континуирани преговори со Министерството за образование и наука просветните работници со септемвриската плата да добијат дополнително покачување од оние 10 отсто што ќе им следуваат со ОКД. Исто така, очекува наскоро да биде потпишан и нов колективен договор за основно и средно образование со што, рече, ќе се уредат многу права на вработените во дејноста образование. Дополнителното покачување е сигурно, нагласи Неделков, и СОНК преговара со МОН колкав да биде процентот. -Тие даваат толку колку што даваат, ние бараме повеќе. Да видиме каде ќе се сретнеме и затоа не би сакал да шпекулирам со проценти во јавноста, додаде Неделков. Во однос на барањата на НСОН, одговори дека „СОНК ќе поддржи сѐ што е конструктивно и што држи вода“, но смета дека тој образовен синдикат „погрешно толкува одредби од колективен договор“ кога тврди дека тие се кршат. -Тврдат дека минималната плата треба да се множи со соодветен коефициент на сложеност на работно место, што апсолутно така не пишува во колективниот договор. Ние сите би биле пресреќни да беше така, но не е така. Во јавноста се пушта таква шпекулација и се обвинува СОНК дека е сојузник на непочитување на колективниот договор. Да било така, досега барем еден член ќе тужел и ќе добиел. Но, никој не тужи од причина што не е така, изјави Неделков. Во однос на ниските плати на просветните работници, што е исто така основа на мотивот на НСОН за покренување штрајк, Неделков рече дека „не би ја фалел Владата дека направила многу за вработените во образованието“, но дека СОНК, сепак, издејстувал 10 проценти покачување во 2020 година, 18 проценти во 2022 и ново покачување оваа година што ќе биде над 10 проценти. -Факт е дека има инфлација, високи цени и платите се потпросечни, меѓутоа тоа што ние како синдикат континуирано го работиме треба некој да го цени. Не е доволно, но дали ние како синдикат сме виновни што платите од памтивек биле ниски и сега наеднаш, дефинитивно, не може да се исправи таа неправда, рече претседателот на СОНК. На прашањето од МИА за став во врска со намерата за штрајк на еден од образовните синдикати, Министерството за образование и наука одговори дека „во моментов најмалку се потребни нови грижи за учениците и прекинување на нивниот воспитно-образовен процес“, имајќи предвид, како што наведе, дека е загубено многу од наставата во изминатите години поради КОВИД-пандемијата и штрајкот од минатата учебна година. -Предизвиците мора да се надминуваат преку дискусија, за секое прашање треба да се дебатира. МОН е отворена институција и од особена важност е соработката со синдикалните организации и здруженија во кои гледаме сериозни партнери за градење квалитетен образовен систем и секогаш сме имале добра релација преку која се остварени бројни заеднички цели, посочи МОН. Потврди и дека е во преговори со, како што наведе „репрезентативниот синдикат во образованието – СОНК“, за потпишување нов колективен договор со кој е предвидено повисоки плати за наставниците и стручните соработници и нови права и можности за нивниот кариерен и професионален развој. Фото: МИА архива]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nson-za-shtrajk-vo-obrazovanieto-sonk-i-mon-vo-pregovori-za-novo-zgolemuvane-na-platite/feed/ 0
Алтернатива: Ги подржуваме барањата на синдикатите за достојни плати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alternativa-gi-podrzhuvame-baranata-na-sindikatite-za-dostojni-plati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alternativa-gi-podrzhuvame-baranata-na-sindikatite-za-dostojni-plati/#respond Tue, 08 Aug 2023 11:41:35 +0000 https://kurir.mk/?p=864637

Зголемувањето на функционерските плати во погрешен тајминг и економско кризни околности како растечката инфлација, има продолжени ефекти кај различни општествени групи. Кога ќе се зголемат платите за 78% на професионалните политичари тогаш не треба да не зачудува што синдикатите се закануваат со протести ако не им се исполнат барањата. Едноставно вработените во здравството, образованието и полицијата немаат морална обврска да имаат слух за економските проблеми ако за кризата немаат слух токму оние кои се платени да ги решаваат проблемите, велат од Алтернатива. Алтернатива смета дека синдикатите имаат целосно право да го заштитат достоинството на вработените кои ги претставуваат. -Кога Фатмир Бесими беше синдикалец и на вработените во министерството за финансии им ги зголеми платите за 30 проценти за да не даваат откази, сега нека најде финансии во буџетот за исполнување на барањата на вработените во здравството, образованието и полицијата. И во овие ресори се чувствува сериозен кадровски дефицит како последица на одлив во приватен сектор и иселување во странство. Алтернатива смета дека болничарите и негувателките во јавното здравство се многу важен сегмент во давањето медицински услуги на осигурениците. Нивниот труд треба достојно да се вреднува, велат тие.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alternativa-gi-podrzhuvame-baranata-na-sindikatite-za-dostojni-plati/feed/ 0
Платите во јавниот сектор во септември ќе се зголемат за 10 отсто https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/platite-vo-javniot-sektor-vo-septemvri-ke-se-zgolemat-za-10-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/platite-vo-javniot-sektor-vo-septemvri-ke-se-zgolemat-za-10-otsto/#respond Mon, 10 Jul 2023 15:14:19 +0000 https://kurir.mk/?p=855097

Синдикатите и Владата денеска постигнаа договор за зголемувањето на платите и за методологијата за раст на платите во јавниот сектор. Платите во јавниот сектор од 1 септември ќе бидат зголемени за 10 отсто, а вработените ќе добијат 10.000 К-15. Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска изјави дека е постигнат договор за потпишување на општиот колективен договор и за сите оние спорни прашања кои со месеци се разговараат со претствниците на синдикатите. -Договоривме дека новата методологија за прсметка на плати за вработените во јавниот сектор ќе започне од март 2025 година. Со септемвриската плата во 2023 ќе биде покачувањето од проценти на платите во јавниот сектор, К-15 до крајот на декември 2023 година во висина од 10.000 денари, а во општиот колективен договор ќе стои одредба за исплатата на К-15 од 2024 година да биде најмалку 30 проценти од висината на просечната плата во изминатата година, објави во изјавата за медиумите по средбата Тренчевска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/platite-vo-javniot-sektor-vo-septemvri-ke-se-zgolemat-za-10-otsto/feed/ 0
За синдикатите неприфатливи предлозите за зголемување на платите во јавниот сектор за годинава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-sindikatite-neprifatlivi-predlozite-za-zgolemuvane-na-platite-vo-javniot-sektor-za-godinava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-sindikatite-neprifatlivi-predlozite-za-zgolemuvane-na-platite-vo-javniot-sektor-za-godinava/#respond Thu, 29 Jun 2023 13:55:11 +0000 https://kurir.mk/?p=850905

Синдикатите сметаат дека новата методологија што ја предлага Владата за платите во јавниот сектор може да биде трајно решение, но велат дека е предолг периодот од пет години за усогласување на Општиот колективен договор, како што е предложено во неа. Пред почетокот на денешната седница на на Економско социјалниот совет (ЕСС) порачаа дека нема да ги прифатат предлозите што им ги нуди Владата за зголемување на платите во јавниот сектор за годинава. -Нашите барања ние јавно веќе ги презентиравме и доставивме и до Владата и до Министерството за труд и социјална политика - моделот минимална плата помножено со коефициент на сложеност на работни места. Предлогот на Владата е просечна плата помножена со соодветен коефициент на сложеност на работни места што значи тука сме некаде. Меѓутоа, она што е сламка на спрепнување, тоа е долгиот, предолгиот период на усогласување на плативе, тоа е нивниот предлог од пет години. Дефинитивно ова за нас како СОНК и како Конфедерација на слободни синдикати е неприфатлив, изјави Јаким Неделков, претседателот на СОНК пред почетокот на седницата на ЕСС. Нагласи дека најмалку што во моментов за нив е прифатливо е усогласување на платите во нивните дејности и во јавниот сектор, за 12,55 проценти, односно за онолку колку што во март годинава порасна минималната плата. -Од таа причина, очекувам тоа да биде разумниот минимум 12,55 проценти за оваа година, и дополнително усогласување на платите за онолку проценти колку што практично инфлацијата ги изеде платите во изминативе неколку години, т.е. минималната плата порасна во однос на реалните плати согласно Колективниот договор, рече Неделков. Посочи дека сега конечно Владата го прифатила нивното укажување дека е апсолутно погрешна методологијата линеарно да се зголемуваат платите. -Конечно и Владата сфати дека тоа е навистина грешка и дека со таквиот систем наместо да се избегне урамноловката, се продлабочува. За некого 12,55 проценти зголемување на плати, за некого 6 проценти зголемување на платите, тоа апсолутно е неприфатливо. И тој е тој систем којшто не доведува до трајно решение, туку до компресија на работните места помеѓу себе и зголемување на урамноловката. Така што конечно оваа методологија што се предлага, може да биде трајно решение, меѓутоа не во толку долг период, туку за многу, многу пократок, потенцира Неделков. Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Дејаноски порача дека нема да прифатат ништо на денешната седница на ЕСС и посочи дека долго време го истакнуваат нивното барање методологијата да биде иста како што имаат функционерите - просечна плата со коефициент. -Пратија нешто од Влада пред неколку дена. Она што го пратија за УПОЗ не е прифатливо, бидејќи процентите што ги нуди Владата моментално се прениски. Имаме официјална инфлација 14,5 проценти, а ни нудат за 2023 годна пораст на плата од 3 проценти на вредност на бод што не е ни блиску до инфлацијата камо ли блиску до 78 отсто колку што добија функционерите, изјави Дејаноски пред почетокот на седницата на ЕСС. Ќе видиме, додаде, дали образложението што ќе го дадат денеска е нешто различно од тоа што е напишано. -Меѓутоа, ставот на синдикатот на УПОЗ е дека ваквиот предлог е апсолутно неприфатлив додека не добиеме и ние и колегите од другите синдикати опипливо зголемување на плата што ќе го осетат вработените и ќе можат гордо да одат по улица и да влезат во продавница, а тоа да не претставува толкав удар за нивниот џеб, рече Дејановски и потенцира дека сега нема да прифатат ништо. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-sindikatite-neprifatlivi-predlozite-za-zgolemuvane-na-platite-vo-javniot-sektor-za-godinava/feed/ 0
Францускaтa премиерка Борн ги повика синдикатите на разговори https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsuskata-premierka-born-gi-povika-sindikatite-na-razgovori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsuskata-premierka-born-gi-povika-sindikatite-na-razgovori/#respond Fri, 05 May 2023 19:49:10 +0000 https://kurir.mk/?p=831122

Француската премиерка Елизабет Борн ги повика синдикатите на билатерални состаноци на 16 и 17 мај, додека Владата сака да помине на други прашања освен крајно непопуларната пензиска реформа, соопшти денеска нејзиниот кабинет. Законот за пензиската реформа кој претседателот Емануел Макрон го потпиша минатиот месец и покрај неколкунеделните протести и штрајкови, го искристализираше незадоволството против претседателот кој многумина го сметаат за резервиран и рамнодушен кон нивните секојдневни проблеми. Владата на Макрон, која нема мнозинство во Парламентот, го протурка законот за пензиите без конечно гласање, бидејќи недостигаше меѓупартиска поддршка. Синдикатите рекоа дека ќе ги искористат претстојните разговори за да го потврдат своето противење на пензиските реформи и да работат на заеднички предлози за подобрување на условите за работа. Исто така тие најавија и нов ден на национални протести против реформите на 6 јуни. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsuskata-premierka-born-gi-povika-sindikatite-na-razgovori/feed/ 0
Масовен штрајк на синдикатите го Германија, сообраќајот целосно во прекин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/masoven-shtrajk-na-sindikatite-go-germanija-soobrakajot-tselosno-vo-prekin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/masoven-shtrajk-na-sindikatite-go-germanija-soobrakajot-tselosno-vo-prekin/#respond Mon, 27 Mar 2023 06:42:38 +0000 https://kurir.mk/?p=816723

Во Германија денеска ќе се одржи најмасовниот штрајк во последните три децении, а лидерот на германскиот синдикат за услужни дејности „Верди“, Франк Вернеке, изјави дека штрајкот е прашање на опстанок на илјадници луѓе кои се борат за повисоки плати додека расте инфлацијата. Според најавите на синдикатите, во Германија речиси се ќе запре, пренесува „Дојче Веле“. Возовите нема да сообраќаат речиси воопшто, а од аеродромите ќе работи само Берлинскиот. Градскиот превоз треба да запре во седум од 16-те провинции. Штрајкот ќе остави милиони луѓе без редовен превоз, а патиштата најверојатно ќе бидат заглавени со автомобили. Ваков предупредувачки штрајк свикаа двата главни синдикати, Синдикатот на железничарите и транспортни работници (ЕВГ) и Синдикатот на услужни дејности „Верди“. Синдикатите бараат повисоки плати поради поскапувањата, како и подобри услови за работа за речиси 2,7 милиони вработени во јавниот сектор и транспортните дејности. Од утре почнува новата рунда преговори. „Верди“ бара зголемување од 10,5 отсто за јавните службеници, чии плати се еднакви на примањата на многу вработени на аеродромите или во јавниот превоз, но минималното зголемување да биде 500 евра месечно бруто. Синдикатот ја одби понудата на работодавачот поскапувањето да биде пет проценти и да се изведе во два чекори, како и да се исплати еднократен износ од 2.500 евра. На синдикатот ЕВГ слично му понудија и Германските железници и педесетина други железнички компании. ЕВГ го одбива ова, барајќи 12,5 отсто поголеми плати и најмалку 650 евра месечно. Анкетата на агенцијата за истражување на јавното мислење YouGov покажува дека 55 отсто од граѓаните го поддржуваат штрајкот. Синдикатите најавија дека штрајкот ќе трае еден ден и дека состојбата ќе се нормализира веќе утре.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/masoven-shtrajk-na-sindikatite-go-germanija-soobrakajot-tselosno-vo-prekin/feed/ 0
Протести на синдикатите во Грција поради железничката несреќа https://arhiva.kurir.mk/svet/region/protesti-na-sindikatite-vo-grtsija-poradi-zheleznichkata-nesreka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/protesti-na-sindikatite-vo-grtsija-poradi-zheleznichkata-nesreka/#respond Wed, 08 Mar 2023 06:50:21 +0000 https://kurir.mk/?p=809310

Низа протести и собири ќе се одржат денеска во Атина, но и во останатите грчки градови во рамките на 24-часовен штрајк што го закажаа грчките синдикати поради железничката несреќа со 57 жртви. Штрајкот го закажа синдикатот на вработените во државниот сектор (АДЕДИ), соопштувајќи дека неколкучасовниот прекин во работата за одбележување на Меѓународниот ден на жената, го претвораат во штрајк за, како што велат, сите заедно да побараат „да се стави крај на политиката на приватизацијата и да се придаде вистинска одговорност за смртоносниот криминал кај Темпи“. Грција денеска е без бродски и железнички сообраќај, во прекин е и јавниот превоз во Атина, со исклучок на метрото и трамвајот што работат неколку часа за да им се олеснат на граѓаните да учествуваат во протестот. Во штрајкот учествуваат и синдикатите на вработените во државните болници, и во училиштата, како и студентски здруженија. Железничката несреќа што пред една седмица се случи кај месноста Темпи во близина на градот Лариса, а во која загинаа 57 лица, предизвика бурни реакции кај Грците, а протести се одржуваа и во изминатите денови. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/protesti-na-sindikatite-vo-grtsija-poradi-zheleznichkata-nesreka/feed/ 0
Синдикатите во ЈСП ќе одлучуваат за прекин на работата https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sindikatite-vo-jsp-kje-odluchuvaat-za-prekin-na-rabotata/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sindikatite-vo-jsp-kje-odluchuvaat-za-prekin-na-rabotata/#respond Mon, 17 Oct 2022 12:17:26 +0000 https://kurir.mk/?p=746486

Раководството на репрезентативните синдикати на ЈСП денеска попладне на состанок ќе одлучува дали ќе ја реализира најавата за прекин на работата, откако во меѓувреме од ЈСП Скопје соопштија дека ќе ја исплатат заостанатата плата во наредните два дена. Претседателот на Синдикатот на работниците од сообраќајот и врските на Република Македонија (СРСВМ) Миќо Стојановски, за МИА изјави дека во ЈСП многу долг период наназад доцни исплатата на платата, поради одредени причини. Како што рече, веќе 35 дена немаат примено плата. -Ние во ЈСП ги сервисираме и возилата на Противпожарната бригада на Скопје и на Градот Скопје. Зголемен е и обемот на работа, меѓутоа обврските Градот Скопје кон нас перманентно со месеци и години не ги извршува. Сите одлуки на Советот на Град Скопје за зголемување на автобуски линиии, за зголемување на обем на работата ние ги почитуваме, а 60 отсто од нашите корисници се бенифицирани корисници, пензионери, ученици, студенти..и ние всушност не остваруваме приход, не сме профитабилна фирма, додаде Стојановски. По добиеното известување од ЈСП дека вработените во наредниве денови ќе ја добијат заслужената плата, Стојановски рече дека денеска во 15 часот ќе одлучат за понатамошните чекори. Од ЈСП денеска соопштија дека вработените во наредните денови ќе ја добијат заслужената плата и оти нема да дозволат скопјани да останат без јавен превоз. Очекуваат дека час поскоро ќе ги подмират минатогодишните долгови и тековните обврски како не би се довела во прашање редовната работа на претпријатието. -Веруваме дека централната власт и дел од општините ќе ги исплатат заостанатите обврски кои ги имаат за испорачаната услуга од страна на ЈСП за организиран превоз за одредени категории патници, средства со кои се исплаќа платата за вработените во ЈСП. И покрај тешката ситуација, на која никој во државата не остана имун, работиме за јавниот превоз да продолжи да функционира без проблеми во интерес на сите негови корисници, соопштија од ЈСП Скопје. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sindikatite-vo-jsp-kje-odluchuvaat-za-prekin-na-rabotata/feed/ 0