Сингапур – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 17 May 2023 07:29:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Сингапур – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Сингапур за три недели извршена втора смртна казна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-singapur-za-tri-nedeli-izvrshena-vtora-smrtna-kazna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-singapur-za-tri-nedeli-izvrshena-vtora-smrtna-kazna/#respond Wed, 17 May 2023 07:29:54 +0000 https://kurir.mk/?p=835113

Во Сингапур денеска е погубено уште едно лице поради тргување со канабис. Тоа е второ бесење за три седмици и покрај апелите на групите за човекови права и Обединети нации за прекин на извршување на смртни казни за трговија со дрога. Името на егзекутираниот 37-годишен маж не е објавено откако семејството побара да се почитува приватноста. Тој беше обесен откако вчера судот одби повторно да го отвори неговиот случај без сослушување. Тој бил во затвор седум години, а во 2019 година беше осуден во 2019 година за продажба на околу 1,5 килограми канабис Според законот во Сингапур, трговијата со повеќе од 500 грама канабис се казнува со смрт. Во Сингапур околу 600 осуденици се во затвор и чекаат егзекуција, главно за прекршоци поврзани со дрога. Минатата година 11 лица беа егзекутирани за прекршоци поврзани со дрога, по двегодишна пауза за време на пандемијата. Пред три недели, Тангарај Супијах (46) беше погубен со бесење во првата егзекуција годинава поради шверц на килограми канабис, иако не беше фатен со дрогата. Според Обвинителството телефонските броеви го идентификувале како лице кое ја координирало испораката на дрога, што тој го негираше. Групите за човекови права, ОН, британскиот милијардер Ричард Бренсон и многу други го повикува Сингапур да стави крај на егзекуциите поврзани со дрога, тврдејќи дека смртната казна е неефикасна. Сепак, властите во Сингапур тврдат дека сите затвореници добиваат фер судење и дека смртната казна останува дел од нивната сеопфатна стратегија за спречување на трговијата со дрога. Амнести интернешнал соопшти дека Индонезија извршила 112 егзекуции поврзани со дрога во 2022 година, по пауза од неколку години. Спротивно на тоа, соседен Тајланд го легализираше канабисот, додека Малезија ја укина задолжителната смртна казна за тешки кривични дела.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-singapur-za-tri-nedeli-izvrshena-vtora-smrtna-kazna/feed/ 0
Ова се двата најскапи градови во светот во 2022 година https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ova-se-dvata-najskapi-gradovi-vo-svetot-vo-2022-godina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ova-se-dvata-najskapi-gradovi-vo-svetot-vo-2022-godina/#respond Thu, 01 Dec 2022 16:23:15 +0000 https://kurir.mk/?p=769652

Њујорк и Сингапур го делат првото место на врвот на листата на најскапи градови во светот во 2022 година, а минатогодишниот лидер Тел Авив сега е на третото место. Њујорк и Сингапур се на врвот на листата пред се поради удвојувањето на цените на енергијата во големите градови, па така Москва и Санкт Петербург напредуваа за 88 места, пренесува британски „Гардијан“. Зајакнувањето на валутата е еден од факторите што влијаеше на скокот на градовите на листата, па така шест од осумте најголеми скокови забележаа американските градови предводени од Атланта, бидејќи американскиот долар нагло зајакна во однос на речиси сите светски валути. Од друга страна, на листата паднаа и градовите во земјите каде што валутите забележаа пад, а Токио и Осака од 13-то и 10-то место во 2021 година паднаа на 37-мо и 43-то. „Гардијан“ објави дека Стокхолм и Луксембург забележале најголем пад на листата, а Дамаск во Сирија и Триполи во Либија се на дното на листата од 172 градови вклучени во истражувањето. „Доколку војната во Украина не ескалира, предвидуваме дека цените на храната, енергијата и суровините како што се металите најверојатно нагло ќе паднат во 2023 година во споредба со тековната година, што може да предизвика пад на трошоците за живот во градовите“, се наведува во истражувањето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ova-se-dvata-najskapi-gradovi-vo-svetot-vo-2022-godina/feed/ 0
Сингапур воведува санкции кон Русија, на удар се четири банки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/singapur-voveduva-sankcii-kon-rusija-na-udar-se-chetiri-banki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/singapur-voveduva-sankcii-kon-rusija-na-udar-se-chetiri-banki/#respond Sat, 05 Mar 2022 09:29:41 +0000 https://kurir.mk/?p=641344

Сингапур воведува санкции кон Русија. Ќе наметне контрола врз финансиите и ќе го таргетира работењето на одредени руски банки, ќе воведе ограничувања на трансакциите со криптовалути и ќе им забрани на финансиските институции да обезбедуваат услуги кои би можеле да и помогнат на централната банка на Русија. Претходно, министерот за надворешни работи Вивијан Балакришнан изјави во парламентот дека Сингапур има намера да дејствува во договор со многу други земји за воведување соодветни санкции и ограничувања против Русија. Сингапур најави санкции против Русија, која вклучува четири банки и забранува извоз на електроника, компјутери и воена опрема, што е редок потег на азискиот финансиски центар како одговор на, како што рече, „опасниот преседан“ за Москва во Украина. Малиот град-држава, меѓународен финансиски центар, ретко сама наметнува санкции, но рече дека нема да дозволи извоз на предмети што би можеле да им наштетат или да ги потчинат Украинците или да и помогнат на Русија да изврши сајбер-напади. „Не можеме да прифатиме кршење на руската влада на суверенитетот и територијалниот интегритет на друга суверена држава“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи, во кое не е наведена временската рамка за стапување на сила на санкциите. „За мала земја како Сингапур, ова не е теоретски принцип, туку опасен преседан. Затоа Сингапур остро го осуди неиспровоцираниот напад на Русија. Ограничувањата им забрануваат на финансиските институции во Сингапур да работат со руската централна банка, како и со јавната корпорација на VTB банка, со банката за корпоративен развој и надворешни економски работи на Vnesheconombank, со банката за јавен капитал на Promsvyazbank и со Rossiya. Мерките ги вклучуваат и криптовалутите.“ Ставот на Сингапур против руската инвазија е најсилен досега од страна на една земја од Југоисточна Азија. Во соопштението на Здружението на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН), чија членка е Сингапур, се бара прекин на огнот во украинската криза, но не се споменува улогата на Русија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/singapur-voveduva-sankcii-kon-rusija-na-udar-se-chetiri-banki/feed/ 0
Овие пасоши се најмоќни на светот, еве на кое место е македонскиот пасош https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovie-pasoshi-se-najmokjni-na-svetot-eve-na-koe-mesto-e-makedonskiot-pasosh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovie-pasoshi-se-najmokjni-na-svetot-eve-na-koe-mesto-e-makedonskiot-pasosh/#respond Thu, 07 Oct 2021 06:11:56 +0000 https://kurir.mk/?p=574403

Лондонската фирма Henley&Partners, што обезбедува советување за државјанство и престој, објави ревидирана листа на „најмоќните“ пасоши во светот, на која пасошите на Јапонија и Сингапур се први и можат да патуваат во 192 земји без виза. Таканаречениот индекс Хенли се базира на податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај (ИАТА), која од 2006 година редовно ги следи најдобрите пасоши во светот, јави Си-Ен-Ен. Рангирањето на јачината на пасошот се мери врз основа на тоа во колку земји во светот може да се патува без виза со одреден пасош. Бидејќи при креирањето на новата листа не беа земени предвид привремените ограничувања, носителите на најмоќните пасоши – Јапонија и Сингапур, можат да патуваат без визи во 192 земји низ целиот свет. Тоа се 166 повеќе дестинации отколку што можат Авганистанците, кои се на дното на листата и кои можат да влезат само во 26 земји без виза. Кога станува збор за земјите од регионот, најдобро рангирана е Словенија, чиј пасош е на 11 место и чии граѓани можат да патуваат во 181 земја без виза. Следува Хрватска, чиј пасош е на 18 место, Србија на 39 место, Северна Македонија на 47 место, Црна Гора на 48 место, Босна и Херцеговина на 54 место. Последниот извештај на Хенли покажува дека глобалниот јаз во слободата на патување никогаш не бил поголем.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovie-pasoshi-se-najmokjni-na-svetot-eve-na-koe-mesto-e-makedonskiot-pasosh/feed/ 0
Во Сингапур голем број од новозаразените се вакцинирани https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-singapur-golem-broj-od-novozarazenite-se-vakcinirani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-singapur-golem-broj-od-novozarazenite-se-vakcinirani/#respond Fri, 23 Jul 2021 10:17:34 +0000 https://kurir.mk/?p=540834

Три четвртини од инфекциите со коронавирус во Сингапур во изминатите четири недели се појавиле кај вакцинирани лица, а меѓу нив нема потешки случаи на Ковид-19, покажуваат владините податоци додека трае забрзана кампања за имунизација. Во Сингапур, каде живеат 5,7 милиони луѓе, вакцинирани се речиси 75 проценти од населението. Според западните медиуми, таа е втора земја по стапка на спроведена вакцинација, зад Обединетите Арапски Емирати. Половина од населението во Сингапур е целосно вакцинирано. Во изминатите 28 дена, земјата забележа 1.096 локални преноси на коронавирус. Од нив, 484 или 44 проценти се случиле кај целосно вакцинирани лица, 30 отсто од заразените биле делумно вакцинирани, а 25 проценти од новоинфицираните не биле имунизирани. Регистрирани се само седум случаи со потешка форма на болеста, што барало лекување со кислород; шест од нив не биле вакцинирани, а едно лице е делумно вакцинирано, соопшти Министерството за здравство. – Постојат докази дека вакцината придонесува за спречување на тешки форми на болеста, соопшти Министерството, додавајќи дека оние кои биле целосно вакцинирани и се заразиле имале или полесни симптоми или воопшто немале симптоми. Експертите посочуваат дека појавата на инфекција кај вакцинираните не значи дека вакцините не се ефикасни. Податоците покажаа дека во последните 14 дена, процентот на новозаразени вакцинирани лица на возраст над 61 година изнесува околу 88 отсто, што е поголем процент на инфекција отколку кај помладата популација. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-singapur-golem-broj-od-novozarazenite-se-vakcinirani/feed/ 0
Ф1: Откажаната трката за ГН на Сингапур https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/f1-otkazanata-trkata-za-gn-na-singapur/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/f1-otkazanata-trkata-za-gn-na-singapur/#respond Sat, 05 Jun 2021 14:48:09 +0000 https://kurir.mk/?p=519424

Трката од Светското првенство во Формула 1 за Големата награда (ГН) на Сингапур е откажана втора година по ред поради пандемијата на коронавирус, соопштија организаторите. Ноќната трка низ улиците на Сингапур требаше да се вози на 3 октомври. – Одлуката втора година по ред да ја откажеме трката беше многу тешка, но, неопходна имајќи ги предвид рестрикциите што се на сила за следење настани во живо во Сингапур. Немаше да бидеме во можност соодветно да одговориме на потребите на навивачите, а притоа да го заштитиме здравјето и безбедноста, изјави Колин Син, потпретседател на компанијата „Singapore GP Ltd“, која ја организира трката. ГН на Сингапур е втора трка што отпадна од календарот сезонава во Ф1, по Канада, а неизвесно е и одржувањето на трките во Јапонија, Бразил, Мексико и Австралија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/f1-otkazanata-trkata-za-gn-na-singapur/feed/ 0
Во Сингапур регистриран новиот позаразен вид на коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-singapur-registriran-noviot-pozarazen-vid-na-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-singapur-registriran-noviot-pozarazen-vid-na-koronavirus/#respond Thu, 24 Dec 2020 09:02:53 +0000 https://kurir.mk/?p=447581

Властите во Сингапур го потврдија првиот случај на новиот, позаразен вид на коронавирус, што првпат се појави во Англија. Според Министерството за здравство, станува збор за тинејџер (17), кој студирал во Велика Британија, а националната лабораторија за јавно здравје испитува можни нови случаи на Ковид-19 од патници кои пристигнуваат од Европа. Вкупно се разболеле 31 лице од Европа, кои пристигнале во Сингапур во периодот од 17 ноември до 17 декември, а 12 од нив сигурно не биле заразени со многу заразниот вид Б117. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-singapur-registriran-noviot-pozarazen-vid-na-koronavirus/feed/ 0
Лондон и Сингапур потпишаа договор за слободна трговија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/london-i-singapur-potpishaa-dogovor-za-slobodna-trgovija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/london-i-singapur-potpishaa-dogovor-za-slobodna-trgovija/#respond Thu, 10 Dec 2020 09:25:20 +0000 https://kurir.mk/?p=441311

Лондон и Сингапур денеска потпишаа договор за слободна трговија во време кога има се помалку надеж за компромис меѓу Велика Британија и Европската унија по Брегзит. Договорот во Сингапур го потпишаа министрите за трговија на двете земји и ќе опфаќа трговија во вредност од 22 милијарди долари годишно. Договорот треба да обезбеди значителна поддршка на Велика Британија во Азија, додека земјата преговара за односите со ЕУ по напуштањето на Унијата. Лондон го потпиша првиот голем билатерален трговски договор по Брегзит во октомври со Јапонија. Но, договорот со Сингапур е прв со земја членка на АСЕАН – Асоцијацијата на нации од Југоисточна Азија, која брои 10 членки и околу 650 милиони жители. Договорот за слободна трговија меѓу Велика Британија и Сингапур е направен според постојниот договор меѓу Европската унија и Сингапур. Тој предвидува укинување на царините, отвора реципрочен пристап до пазарите на услуги и ги намалува нецаринските бариери за електронска стока, возила и резервни делови, фармацевтски производи и медицински помагала, како и за производство на обновлива енергија. Се очекува царините да бидат укинати во 2024 година, како што е предвидено во договорот ЕУ-Сингапур. Британскиот премиер Борис Џонсон и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен си дадоа рок до недела да донесат одлука за ќорсокакот во преговорите по Брегзит. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/london-i-singapur-potpishaa-dogovor-za-slobodna-trgovija/feed/ 0
Сингапур ќе им плаќа на граѓаните кои ќе добијат дете за време на пандемијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/singapur-kje-im-plakja-na-gragjanite-koi-kje-dobijat-dete-za-vreme-na-pandemijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/singapur-kje-im-plakja-na-gragjanite-koi-kje-dobijat-dete-za-vreme-na-pandemijata/#respond Wed, 07 Oct 2020 08:06:46 +0000 https://kurir.mk/?p=413277

Сингапур ќе понуди еднократна исплата на двојки кои ќе станат родители за време на пандемијата на коронавирусот, јави Си-Ен-Ен. Сингапурскиот вицепремиер Хенг Сви Кит изјави дека средствата ќе помогнат да се смират луќето кои се соочуваат со финансиски притисок и се загрижени за својата работа. – Добивме повратна информација дека Ковид-19 принуди некои родители да ги одложат своите родителски планови. Тоа е сосема разбирливо, особено кога се соочуваат со неизвесност за нивните приходи, рече Хенг Сви Кит, додавајќи дека исплатата на родителите ќе им помогне за трошоците, но не кажа за колкава сума се работи. И покрај успешната реакција на јавното здравство на пандемијата, Сингапур економски е во длабока рецесија. БДП во вториот квартал веројатно ќе се намали за 12,6 процнти, а економистите тоа го споредуваат со истиот период минатата година и велат дека станува збор за највисок рекорден пад. Сингапур има една од најниските стапки на наталитет во светот – според националните статистички истражувања, стапката на плодност сега е само 1,14 новороденчиња по жена. Резултатите се слични и во Хонг Конг, а само Јужна Кореја и Порторико имаат пониски стапки. За природна репопулација потребна е бројка од 2,1 новороденче по жена. Сингапур се бори да го смени негативниот тренд уште од 80-тите години на минатиот век, реализирани се голем број јавни кампањи за поттикнување на раѓања и се воведуваат бројни финансиски и даночни олеснувања. – Како и многу развиени земји, клучните предизвици за населението во Сингапур се ниската плодност и стареењето на населението. Нашата цел е да постигнеме одржливо население кое ќе го поддржува и економскиот раст и социјалната кохезија, се вели во владин извештај. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/singapur-kje-im-plakja-na-gragjanite-koi-kje-dobijat-dete-za-vreme-na-pandemijata/feed/ 0
Ова се „најпаметните“ градови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ova-se-najpametnite-gradovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ova-se-najpametnite-gradovi/#respond Wed, 23 Sep 2020 07:41:42 +0000 https://kurir.mk/?p=407111

Градовите ширум светот сѐ повеќе се натпреваруваат во тоа кој повеќе ќе да ја прифати и ползува современата технологијата… Меѓу другото, индексот покажува дека во многу земји, „најпаметните“ градови не се нивните престолнини. Така, Сингапур, Хелсинки и Цирих се технолошки „најпаметните“ градови во светот. По нив, следат Оукленд, Осло, Копенхаген, Женева, Тајпеј, Амстердам и Њујорк. Ова, според Швајцарскиот институт за управување со развој и, нивната анализа при дебатата за иднината на технологијата во ерата на постпандемијата. -Најпаметните градови во светот не прифаќаат нова технологија веднаш, туку се стремат вистински да го подобрат животот на граѓаните, вели Артуро Брис од Институтот. На дното на списокот се наоѓаат Абуџа, Најроби и Лагос. Испитувањето опфатило 13.000 луѓе од 109 градови. Прашањата се однесувале на влијанието на технологијата во шест области: здравје, безбедност, сообраќај, движење, можности и управување. Во Шпанија, Билбао го надмина Мадрид, а вториот по големина британски град Бирмингем напредува подобро од Лондон. -Во колумбискиот град Меделин, некогаш познат по наркокартелите, стапката на криминал опадна по воведувањето бесплатен безжичен интернет. Тоа им олесни на граѓаните да ги пријавуваат злосторства, вели Брис. Многу градови низ светот воведоа сообраќајни шеми за автомобили и поголема сообраќајна култура заради намалување на метежот, Москва беше особено успешна во тоа. Тоа, затоа што така се гарантира бесплатен паркинг на сите корисници на оваа „паметна услуга“. Големите градови тешко стануваат „паметни“, иако стручњаците сметаат дека Ковид-19 го забрза преминот кон поинклузивни, позелени, попаметни градови. Така, Брис предвидува и тренд на свртување кон помалите градови. -Мислам дека одиме кон свет во кој ќе бидеме пораспрснати. Ќе бидеме побезбедни ако живееме во помалите градови, смета тој. Според него, во случајот на Сингапур, Хелсинки и Цирих, нивната големина им овозможува значително да вложуваат во технологија достапна за сите граѓани. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ova-se-najpametnite-gradovi/feed/ 0