сингл – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 26 Dec 2022 08:21:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сингл – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сингл продаден во неверојатни 50 милиони примероци: Знаете ли која е најслушаната божиќна песна на сите времиња? https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/singl-prodaden-vo-neverojatni-50-milioni-primeroci-znaete-li-koja-e-najslushanata-bozikjna-pesna-na-site-vreminja/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/singl-prodaden-vo-neverojatni-50-milioni-primeroci-znaete-li-koja-e-najslushanata-bozikjna-pesna-na-site-vreminja/#respond Mon, 26 Dec 2022 08:21:28 +0000 https://kurir.mk/?p=780455

Секоја година слушаме исти божиќни песни, всушност целата иста плејлиста која се повторува од година во година и минимално се менува или дополнува. Всушност, се чини дека има многу помали шанси некоја нова песна да влезе во друштвото на божиќните поп стандарди отколку да испадне песна која со години е на таа листа. Сосема е јасно дека божиќните песни се многу профитабилен дел од музичката индустрија, но дали некогаш сте се запрашале за што всушност се работи? Секако, заработката на уметникот ќе биде многу помала доколку тој не е автор на песната. На пример, се проценува дека Шекин Стивенс заработува меѓу 5.000 и 10.000 фунти годишно од божиќниот хит „Merry Christmas Everyone“, додека во исто време, авторот на песната Боб Хитли заработува шестцифрена сума. Колку точно заработува авторот или изведувачот од авторските права, тешко е со сигурност да се каже, бидејќи Performing Right Society ја штити приватноста на своите членови и не мора да ги открива овие информации на јавноста. Но, во 2016 година, британскиот Канал 5, по опсежно истражување, објави рангирање на најпродаваните божиќни песни на сите времиња со износите што секоја песна ги носи годишно. Првите пет титули од таа листа заработуваат повеќе од 300.000 фунти годишно. „Merry Xmas Everybody“, Slade – 1.000.000 фунти „Fairytale of New York“, The Pogues and Kirsty MacColl – 400.000 фунти „All I Want for Christmas is You“, Mariah Carey – 400.000 фунти “White Christmas”, Bing Crosby – 328.000 фунти „Last Christmas“, Wham! – 300.000 фунти Најдобриот сингл на сите времиња А во овогодинешниот извештај на The Independent се наведува дека „White Christmas“ сепак заработува повеќе од 300.000 фунти секоја година. Песната е снимена пред речиси 80 години, во 1942 година, и не е само најпродаваната божиќна песна на сите времиња, туку и најпродаваниот сингл на сите времиња ширум светот, продаден во неверојатни 50 милиони примероци. За споредба, вториот најпродаван сингл „All I Want for Christmas is You“ е продаден во „само“ 16 милиони примероци. Песната „White Christmas“ е напишана во 1940 година од Ирвинг Берлин, а Бинг Крозби ја изведе за прв пат во радио емисијата The Kraft Music Hall на Божиќ 1941 година. Снимена е за филмот „Holiday Inn“ следната година, и во 1943 година ја освои наградата Оскар за најдобра оригинална песна од филмот. Првата верзија во 1942 година беше уништена од прекумерна употреба, па песната беше повторно објавена во 1945 и 1947 година, и двете реизданија го достигнаа првото место на топ листите на Билборд, што ја прави единствената песна од ист изведувач во историјата која е на врвот на топ листите во три различни години. Верзијата што ја знаеме денес е од 1947 година, а според Гинисовата книга на рекорди е најуспешниот сингл на сите времиња.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/singl-prodaden-vo-neverojatni-50-milioni-primeroci-znaete-li-koja-e-najslushanata-bozikjna-pesna-na-site-vreminja/feed/ 0
Зошто е подобро да останете сингл отколку да бидете во несреќна врска? https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/zoshto-e-podobro-da-ostanete-singl-otkolku-da-bidete-vo-nesrekjna-vrska/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/zoshto-e-podobro-da-ostanete-singl-otkolku-da-bidete-vo-nesrekjna-vrska/#respond Thu, 23 Dec 2021 07:05:57 +0000 https://kurir.mk/?p=611927

Убаво е да се дели животот со некој, а кога го немате тоа се чувствувате тажно, изолирано и тешко. Присутни се чувството на сомнеж и самосожалување и се поставува прашањето: кога ќе ја запознаете љубовта на вашиот живот? Поради ваквиот начин на размислување завршувате во лоши врски од кои најчесто излегувате повредени и поради кои губите надеж во љубовта. И тогаш доаѓате до заклучок: подобро е да бидете сами отколку во лоша врска. Без оправдувања Веќе немате потреба да се објаснувате, оправдувате или да полагате сметки некому. Сите ваши постапки почнуваат и завршуваат со вас, а тоа е одличен начин да се запознаете себе си и да видите дали носите правилни одлуки. Уживање во односите со другите Откако ќе поминете квалитетно време со себе, ќе почнете повеќе да го цените времето поминато со другите. Ќе станете повеќе благодарни за нештата што произлегуваат од вашите односи (со семејството, пријателите, колегите) и повеќе ќе уживате во времето поминато со нив. Одмор од постојаното трудење Да не се лажеме, врските бараат многу работа. Кога ќе ја додадете тежината на грижата за партнерот на сите други работи што се обидувате да ги правите во овие клучни години, функционирањето едноставно станува невозможно. Најголемата штета ќе ја претрпите вие. Кога сте вие најважната личност во вашиот живот, точно знаете кога и каде да ја насочите енергијата. Не ви треба ничие одобрување Во овие години почнувате да живеете сами и се „ослободувате“ од одобрувањето на родителите. Кога сте во врска, свесно или несвесно, барате одобрување од партнерот за нештата што ги правите. Иако е добро да побарате помош или совет, сепак тие одлуки се однесуваат на вас и само на вас. Потпрете се на себе и своите инстинкти – начинот на кој ги формирате одлуките во овие години ќе се одрази понатаму во вашиот живот. Регенерација Кога сме постојано опкружени со луѓе, во нив вложуваме многу енергија. Се обидуваме да ги усреќиме другите, да ги насмееме, да се вклопиме во средината, да реагираме на неа. Времето поминато со себе ќе ве регенерира, ќе ви донесе мир, ќе ве одмори од исцрпувачките интеракции со другите луѓе и ќе ве подготви да бидете продуктивен член на средината следниот ден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/zoshto-e-podobro-da-ostanete-singl-otkolku-da-bidete-vo-nesrekjna-vrska/feed/ 0
По една година пауза, Бијонсе ја објави новата песна (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/po-edna-godina-pauza-bijonse-ja-objavi-novata-pesna-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/po-edna-godina-pauza-bijonse-ja-objavi-novata-pesna-video/#respond Sun, 14 Nov 2021 12:59:19 +0000 https://kurir.mk/?p=595348

Популарната пејачка Бијонсе по пауза од една година го објави новиот сингл, станува збор за песната „Be Alive“ која ја снимила за филмот „Кралот Ричард". Во видеото се прикажани делови од филмоѕ кој ја следи приказната за таткото на тениските ѕвезди, сестрите Селена и Венус Вилијамс. Улогата на Ричард Вилијамс ја игра Вил Смит, а филмските критичари веќе предвидуваат дека овој ангажман би можел да му го осигура освојувањето на престижниот Оскар. Филмот го најавија сестрите Вилијамс, споделувајќи трејлер на социјалните мрежи. -Многу сме возбудени бидејќи наскоро ќе имате можност да го гледате филмот за нашиот татко, напишаа сестрите. Новата песна на ЈуТјуб е прегледана над 600.000 пати за еден ден.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/po-edna-godina-pauza-bijonse-ja-objavi-novata-pesna-video/feed/ 0
Останете сингл додека не дојде момчето кое ќе го направи ова за вас… https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ostanete-singl-dodeka-ne-dojde-momcheto-koe-kje-go-napravi-ova-za-vas/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ostanete-singl-dodeka-ne-dojde-momcheto-koe-kje-go-napravi-ova-za-vas/#respond Sat, 25 Aug 2018 20:37:32 +0000 https://kurir.mk/?p=92008

Не се впуштајте во врска додека не најдете некој кој ќе направи се за да бидете среќни, кој ќе ги земе в предвид вашите потреби и чувства, и кому ВИЕ ќе му бидете приоритет! Вреден е оној кој ќе ги направи овие 5 нешта за вас.

Сака да ве претстави на сите

Не влегувајте во врска додека не го пронајдете оној кој ќе ве држи за рака, ќе ве бакнува во јавност и ќе ве запознае со своите родители прд да помисли да спие со вас. Оној кој навистина ве цени и почитува и говори за вас дека сте најдоброто нешто што му се случило.

Не сака да ве промени

Бидете сами се додека не се појави оној кој нема да се обидува да ве промени, кому ќе му се допаѓате и со долга и со кратка коса, на чиј одговор додека се допишувате нема да мора да чекате два часа и оној кој секогаш ќе биде искрен.

Ви нуди сигурност

Личноста со која нема да се чувствувате несигурно и која ќе ве заштити го заслужува вашето внимание. Важно е да се чувствувате сигурно со некого бидејќи тоа значи дека нема психолошки игри поради кои нема да бидете сигурни за неговите намери.

Пеперутки низ целото тело, не само во стомакот

Биди со онаа личност која ќе те магепса. Заљубеноста е можеби минлива работа, но биди со оној кој ќе предизвикува пеперутки поп целото тело, а не само во стомакот. Исто така, важно е покрај него да се чувствувате најубаво дури и во вашето најлошо издание.

Први сте му на листата на приоритети

Бидете сами додека не запознаете некој без кој нема да можете да го замислите својот живот и не трошете го своето време на оние кои тоа не го заслужуваат. Некој кој навистина го заслужува вашето внимание ќе направи се за бидете приоритет на неговиот распоред.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ostanete-singl-dodeka-ne-dojde-momcheto-koe-kje-go-napravi-ova-za-vas/feed/ 0