„синиот портокал“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 29 Mar 2018 05:59:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png „синиот портокал“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Велешкиот театар со „Синиот портокал“ гостува во Софија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/veleshkiot-teatar-so-siniot-portokal-gostuva-vo-sofija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/veleshkiot-teatar-so-siniot-portokal-gostuva-vo-sofija/#respond Thu, 29 Mar 2018 05:59:18 +0000 https://kurir.mk/?p=34032

Театарот „Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“ од Велес со претставата „Синиот портокал“ од Џо Пенхол во режија на Александар Ивановски денеска ќе гостува во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија. „Синиот портокал“ е драма за современата психијатрија, за застарените методи на лекување и беспомошноста на докторите да ги лекуваат пациентите без седативи. - Во време на глобализација, кога сакаме да ги надминеме табуата за разликата во бојата на кожата, националноста и културните наследства кои ги носиме во себе, оваа претставата топло ја брани неправдата која ја нанесуваме некогаш преку негативна, а некогаш преку позитивна дискриминација, наведува Велешкиот театар. Драматург на претставата е Катерина Момева, сценографијата е на Филип Коруновски, а автор на музиката Сашко Костов. Настапуваат актерите Фаик Мефаилоски, Самоил Стојановски и Жарко Спасовски. „Синиот портокал“ е трета продукција на Велешкиот театар за 2017 година и со над 30 изведби досега е една од најизведуваните претстави.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/veleshkiot-teatar-so-siniot-portokal-gostuva-vo-sofija/feed/ 0