Синиша Евтимов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 Oct 2023 05:27:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Синиша Евтимов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Премиера на претставата „Ало! Ало!“ во режија на Синиша Евтимов во Театар Комедија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-pretstavata-alo-alo-vo-rezhija-na-sinisha-evtimov-vo-teatar-komedija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-pretstavata-alo-alo-vo-rezhija-na-sinisha-evtimov-vo-teatar-komedija/#respond Fri, 20 Oct 2023 05:35:51 +0000 https://kurir.mk/?p=891024

Во Театар Комедија во Скопје вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Ало! Ало!“ во режија на режисерот Синиша Евтимов. Како што информира Театар Комедија - Скопје, „Ало! Ало!“ е духовита пародија на историските случувања и на човековите слабости во обидот да се сочува главата во налетот на насилството. Дејството е сместено во скопската кафеана „Кај Јорго“, во окупираното Скопје за време на Втората светска војна. „Кај Јорго“ е сврталиште на високите претставници на фашистичкиот окупатор во Скопје и на членовите на Отпорот, а сопственикот на кафеаната, Јорго, се труди да ги „менаџира“ односите со двете страни и да се одржи жив среде војната. Во претставата играат: Атанас Атанасовски, Жаклина Петровска, Валентин Костадиновски – Тино, Сергеј Димовски, Тони Денковски, Виктор Арсов, Јаков Спасов, Столе Мицов, Илија Илиоски, Наталија Теодосиева, Маја Љутков, Елена Кузманов, Григор Јовановски и Стефан Николовски. Илина Ангеловска е сценограф, Александар Ношпал - костимограф, Борјан Стојков - асистент на режија, Марија Ѓорѓиевска - асистент на сценографот и Ивана Каранфиловска - асистент на костимографот. Одговорен зад сцената е инспициентот Александар Јорданов, текстуална поддршка на актерите им дава суфлерката Зорица Манаскова Станковиќ, а за тонот и светлото се задолжени тон-мајсторот Георгиј Полизов и светло-мајсторите Слободан Илиоски и Виктор Лазаревски. Претставата ќе биде дел од редовниот репертоар на Театар Комедија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-pretstavata-alo-alo-vo-rezhija-na-sinisha-evtimov-vo-teatar-komedija/feed/ 0