Синиша Ивановски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 Oct 2023 10:37:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Синиша Ивановски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ивановски: СДСМ и ДУИ се седум години на власт, а немаат километар автопат завршено, за Кичево-Охрид сами си поставуваат рокови и ги погазуваат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovski-sdsm-i-dui-se-sedum-godini-na-vlast-a-nemaat-kilometar-avtopat-zavrsheno-za-kichevo-ohrid-sami-si-postavuvaat-rokovi-i-gi-pogazuvaat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovski-sdsm-i-dui-se-sedum-godini-na-vlast-a-nemaat-kilometar-avtopat-zavrsheno-za-kichevo-ohrid-sami-si-postavuvaat-rokovi-i-gi-pogazuvaat/#respond Wed, 25 Oct 2023 07:42:33 +0000 https://kurir.mk/?p=892821

Досега се префрлени 180 милиони евра кон Бехтел и Енка за коридорите 8 и 10д, а што има на терен, скоро ништо. Моментално прават мобилизација на работна сила што не им оди баш добро, се уште ја прецизраат трасата, прават геомеханички активности, а ако геомеханиката не одговара изградбата ќе чини повеќе, рече Синиша Ивановски, претседател на Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата Заспиј ако можеш што се емитува на телевизија Алфа. Ивановски посочи дека рокот за изградба на коридорите е 5 години и додаде дека ако се гледа праксата како тераат со инфраструктурата 15 години ќе им се малку. „Бехтел и Енка е сериозна компаија во светски рамки, но на секоја компанија надлежните во државата треба да го отворат патот да може да работи. А што прават надлежните велат за се проблем им е експропријација. Значи и која и да е компанијата ако државата не отвори пат како ќе работат, се е џабе и со одлична компанија ако не и се создадат услови за работа“, рече Ивановски. Ивановски укажа дека за патот Кичево-Охрид во март следната година ќе биде 10 години од отпочнување со работа, но и тука, додаде тој, но не им отвораат фронт за работа. „Значи не е до компаниите кои се ангажирани, туку до надлежните кои не создаваат услви за работа на истите. Седум години се на власт и немаат километар автопат завршено“, посочи Ивановски кој спомена дека при примопредавање на власта имало прогрес од нешто повеќе од 50%, а по 6 години сега вкупниот прогрес е околу 60-тина проценти, или реално гледано не е мрднато“, кажа Ивановски. Говорејќи за патот Кичево – Охрид, Ивановски рече дека за истиот има три главни анекси. „Првиот е каде го продолжија рокот да биде готов во јуни 2021 година, значи сами си давате рок и го погазувате. Потоа направија уште еден анкес со рок 2023 година во декември. Има уште еден анексго зголемија чинењето за 187 милиони евра и никој во јавноста не праша за што отидоа тие пари, одговор ден денес нема. Благој Бочварски го нема, го видовме сега на коридорите 8 и 10д“, кажа Ивановски. Според Ивановски неспособноста на власта се пресликува посебно на изградба на инфраструктура. „На пример булеварот Борис Трајковски кон Драчево, последната фаза се прави 4 години поради експропријација. Мостот кај Ќерамидница таму имаше преку 100 куќи, ама и таму проблем е експропријација. Ако се направил претходно разговор и се договорат со сопствениците на земјата градбата ќе оди лесно. Се знае дека се решаваат прво имотно-правни прашања, во меѓувреме паралелно се прави проект и потоа се гради и се заокружува градбата. За грешките, претходниот градоначалник на Скопје си ја сноси одговорноста, но затоа треба да работи актуелната градоначалничка“, посочи Ивановски. Говорејќи за улиците низ општините, Ивановски посочи дека, општините сега немаат поддршка од централната власт. „Градоначалниците во општините се генерално од ВМРО-ДПМНЕ кој е опозициска партија на централно нив на државата и не добиваат од државата помош и затоа имаат низа на пречки. Претходно градоначалниците до 2021 година беа од партија која беше власт на централно ниво тогаш централната власт оддели огромен буџет од седумдесеттина милиони евра за општините што не е лошо, но не вдовме дека нешто е направено“, рече Ивановски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovski-sdsm-i-dui-se-sedum-godini-na-vlast-a-nemaat-kilometar-avtopat-zavrsheno-za-kichevo-ohrid-sami-si-postavuvaat-rokovi-i-gi-pogazuvaat/feed/ 0
Ивановски: Оваа власт направи траги-комедија од инфраструктурата, ништо не работат, склучуваат само милионски анекси и продолжуваат рокови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovski-ovaa-vlast-napravi-tragi-komedija-od-infrastrukturata-nishto-ne-rabotat-skluchuvaat-samo-milionski-aneksi-i-prodolzhuvaat-rokovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovski-ovaa-vlast-napravi-tragi-komedija-od-infrastrukturata-nishto-ne-rabotat-skluchuvaat-samo-milionski-aneksi-i-prodolzhuvaat-rokovi/#respond Mon, 29 May 2023 17:35:00 +0000 https://kurir.mk/?p=840134

Колку е успешна една влада се гледа преку инфраструктурата. Во некои други ресори може да се вадат, но во инфраструктурата е едноставно или е направено или не е направено. Оваа влада инфраструктурата ја направија траги-комедија. Почнаа со оро и не направија ништо ново освен задолжувања, изјави Синиша Ивановски, претседател на Комисија за транспорт и врски на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната трибина „Политики за развој на инфраструктурата“ во Делчево. - Шеста година се прави автопат Скопје-Блаце од 12 километри, поделен на 2 километри кај селото Блаце до сама граница и други 10 километри. Почнаа со тие 2 и прекина, а причината е неверојатна, на трасата се формирале новоформирани гробишта и индустриски објекти кои овие не ги виделе. Да прошетале на тие 12 километри ќе ги виделе. Да не зборувам дека сумата скокна на 30 милиони од 12 претходно. Оние 10 километри шеста година ги проектираат. Само зголемија цена на чинење, Артан Груби цело време на телевизија, а државата има само зијан од неговото појавување, рече Ивановски. Тој посочи дека Кичево – Охрид, при примопредавање на власта имаше прогрес од околу 51%, а по 6 години сега вкупниот прогрес е околу 67%, значи не е мрднато. - Ако 9 години го поделиме на денови, испаѓа дека дневно има само 12 метри реализација, а во договорот стои дека ќе имаат ангажирано 268 машини, секојдневно на терен и 690 работници, а во последниве години секој поминал на кај Охрид, ама не сме виделе повеќе од 5 машини и 15 работници. А цената ја зголемија уште 200 милиони евра. Одговори каде одат парите е има кога ќе дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт, истакна Ивановски. Ивановски спомена и дека Гостивар- Кичево е нов автопат кој почна проектирање пред 6-7 години и уште се проектира, само склучуваат анекси и продолжуваат рокови. - Оваа власт на СДС не започна иницијативно ниеден километар автопат, не проектираат и не обезбедуваат финансии. Инфраструктурата е во застој. Бочварски се возеше по возови сега никаде го нема. Знае дека донесе штета, рече Ивановски. Во врска со железниците Ивановски посочи дека Бочварски бега додека сите синдикати бараат прием бидејќи доцнат плати. - Пред 150 години имало редовна линија Скопје – Солун, денеска веќе петта година со нивното владеење, ја укинаа оваа линија, ја укинаа линијата Скопје- Белград и веќе сме изолирани. До Кочани, до Кичево нема воз, нема сега воз и до Куманово, единствено остана возовите до Велес, Битола и Гевгелија и одат со 20 километри на час. Претходно прва посериозна инвестиција беше во ВМРО-ДППМНЕ кога се купија возови кои оваа влада ниту ги одржува ниту знае како да ги одржува, а во меѓувреме Србија има воз кој оди 200 километри на час.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovski-ovaa-vlast-napravi-tragi-komedija-od-infrastrukturata-nishto-ne-rabotat-skluchuvaat-samo-milionski-aneksi-i-prodolzhuvaat-rokovi/feed/ 0
Ивановски: Изминаа 3000 денови како „се гради” автопатот од Кичево кон Охрид, министерот за транспорт и врски никаде го нема https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovski-izminaa-3000-denovi-kako-se-gradi-avtopatot-od-kichevo-kon-ohrid-ministerot-za-transport-i-vrski-nikade-go-nema/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovski-izminaa-3000-denovi-kako-se-gradi-avtopatot-od-kichevo-kon-ohrid-ministerot-za-transport-i-vrski-nikade-go-nema/#respond Fri, 10 Jun 2022 08:31:14 +0000 https://kurir.mk/?p=689165

Верувале или НЕ, изминаа над 3000 денови како „се гради" автопатот од Кичево кон Охрид, ова денеска преку статус на Фејсбук го пишува Синиша Ивановски од ВМРО-ДПМНЕ. -57 км долгиот автопат кога ќе го поделиме со 3000 денови би значело дека онаа машинерија од 600 машини (за која што лажат дека е на терен, нема ни 60) до сега да градела само по 19 метра на ден, автопатот ќе беше готов. А тие заглавени на некои си 65% од вкупната реализација откако во 2017та наследила 50% прогрес. Единствено цената на чинење ја зголемија за 200 мил евра, и си потпишаа анекси за продолжување на рокот на завршување на автопатот кој пред тоа сами си го зададоа и пробија. Со министерот за транспорт и врски никако да се видиме пред камера, и го разбирам, после ваков неуспех не би сакал да се соочи со фактите. Премногу е!, стои во неговиот пост на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovski-izminaa-3000-denovi-kako-se-gradi-avtopatot-od-kichevo-kon-ohrid-ministerot-za-transport-i-vrski-nikade-go-nema/feed/ 0
Ивановски до Бочварски: Ајде на ТВ дебата, им должите одговори на граѓаните зошто сме инфраструктурно најслабо развиена земја во Европа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovski-do-bochvarski-ajde-na-tv-debata-im-dolzite-odgovori-na-gragjanite-zoshto-sme-infrastrukturno-najslabo-razviena-zemja-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovski-do-bochvarski-ajde-na-tv-debata-im-dolzite-odgovori-na-gragjanite-zoshto-sme-infrastrukturno-najslabo-razviena-zemja-vo-evropa/#respond Wed, 04 May 2022 08:57:27 +0000 https://kurir.mk/?p=671532

Откако поминаа Велигден, 1-ви мај и Рамазан Бајрам може да се заклучи дека повеќе од половина од граѓаните на Република Македонија патувајќи се уверија во каква инфраструктурно неразвиена земја живееме, се вели во Фејсбук статусот на Синиша Ивановски од ВМРО-ДПМНЕ. Се уверија дека автопатот од Кичево кон Охрид 8-ма година наводно се гради, се уверија дека е лажно ветување автопатот кон Битола, притоа ги тестираа амортизерите на возилата возејќи кон Гевгелија, а исто така не беа среќни ни за условите на патот према Косово, или од Тетово кон Гостивар итн. итн. Министер Благој Бочварски после 5 години владеење им должите многу одговори на граѓаните на Република Македонија зашто сме инфраструктурно најслабо развиена држава во цела Европа. Јас, како претседател на централната комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ Ве поканувам на телевизиско соочување на аргументите. Јас лично, како и центарот за комуникации го очекуваме Вашиот повик, а доколку не го добиеме за ден - два, ќе Ве побараме ние, истакна Ивановски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovski-do-bochvarski-ajde-na-tv-debata-im-dolzite-odgovori-na-gragjanite-zoshto-sme-infrastrukturno-najslabo-razviena-zemja-vo-evropa/feed/ 0
Ивановски: 7 евра за м2 на ултра атрактивна локација во општина Центар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovski-7-evra-za-m2-na-ultra-atraktivna-lokacija-vo-opshtina-centar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovski-7-evra-za-m2-na-ultra-atraktivna-lokacija-vo-opshtina-centar/#respond Fri, 11 Mar 2022 11:38:17 +0000 https://kurir.mk/?p=645442

Денешново излагање е продолжение на вчерашната прес конференција каде што обелоденивме за продажба на ултра атрактивна локација во општина Центар по цена од неверојатни само 7 евра. Оваа продажба се разбира ја изврши власта предводена од СДСМ, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Синиша Ивановски од ВМРО-ДПМНЕ. -Ќе ги повторам наводите кои што вчера ги изнесовме: - Се продава ултра атрактивно земјиште, градежно земјиште во општина Центар за само 7 евра на локација која што е атрактивна, и каде што цената од квадрат достигнува и до 2000 евра за м2. - На истава локација се планира изградба на деловен објект во висина од 15 спрата каде што цената е 2000 евра по квадрат. Да направиме едноставна математика, 15 ката по 2000 евра добиваме 30.000 евра за м2, а притоа продажна цена е само 7 евра. Значи седум евра овдека за земја би биле околу 30.000 евра изградени горе во деловен простор. А, министерството за финансии, министерството за транспорт и врски и Општина Центар одобруваат продажба од само 7 евра за м2, вели тој. Ивановски додава дека сето ова се случува во очи на Нова година, значи на 29-ти декември 2021 година министерството за финансии дава решение со коешто се прифаќа барањето на инвеститорот за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост, на ова му претходело договор склучен помеѓу Општина Центар водена од Саша Богдановиќ, во тоа време градоначалник и инвеститорот на втори октомври 2020 година каде што фирмата инвеститор приватизира земјиште по цена од едно евро за м2. -Да поедноставам прво имаме дивоградба, таа дивоградба се легализира, потоа дооформување на земјиште и скоро без пари ја добивате ултра атрактивното градежно земјиште. Тоа се случи, а тоа го овозможи СДСМ. Социјалдемократскиот сојуз во вчерашна изјава се повикуваше на тоа дека законите биле донесени од претходната влада, дека биле стари и така натака, и тоа е одговор кој што го очекувавме ние, и затоа ќе ги потсетиме на нивните изборни ветувања кои што ги направија 2020-та година: Прво ветување: „Затоа во изминатите три години ја започнавме најголемата реформа со носење нови закони со кои ќе ги заштитиме државните интереси и интересите на граѓаните“. Дека за седум евра продажба на државно земјиште заштитуваме државен интерес, имаме голем сомнеж. Второ ветување: „Идната влада предводена од СДСМ ќе продолжи да работи на нови законски решенија во градежниот сектор. Најавуваме целосно усогласување на системските закони што ја регулираат областа на градежништвото и урбанизмот“, вели Ивановски. Тој додава дека петта година СДСМ се на власт, ако сметале дека законските решенија не се соодветни, не се добри, а вчера се произнесоа дека не биле соодветни, можеле да извршат измени на законите и да доведат до нивно подобрување. Меѓутоа пет години тие не го сториле тоа. Паралелно Општина Центар можела да го промени ДУП-от на оваа локација, но и тоа не го направиле, така да тие изговори паѓаат во вода. -Трето ветување: „Постапките ги правиме потранспарентни за граѓаните, а воедно ја штитиме и унапредуваме животната средина и природата“. Ние не гледаме како 15 катници ја унапредуваат животната средина и природата, а околу транспарентноста, можеме да ги запрашаме жителите овдека на Капиштец дали барем еден од нив знаел дека во неговото маало ќе му никне 15 катница и истата инвеститорот ја платил за 7 евра за м2. Ќе сумирам, додека граѓаните се соочуваат со драстични поскапувања на станбениот простор во Скопје, додека цената на квадратот пораснува за 20, 25% пораст и надминуваат над 1500 евра за квадрат, СДСМ продаваат градежно земјиште за багателни 7 евра. Коментарот на огромен број на граѓани вчера беше: Ако е за 7 евра и јас можам да го купам, зашто јас кој што немам да плаќам по 1500 евра за м2, а оние што имаат да плаќаат само 7 евра? Нели е тоа неправеден однос кон граѓаните на Република Македонија? Ќе одговорам јас место СДСМ - тоа е неправеден однос кон граѓаните, но не е ништо неочекувано поради тоа што СДСМ е на власт, истакна Ивановски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovski-7-evra-za-m2-na-ultra-atraktivna-lokacija-vo-opshtina-centar/feed/ 0
Ивановски: Општина Центар продаде за 7 евра по м2 државно земјиште спроти зградата на Нова Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovski-opshtina-centar-prodade-za-7-evra-po-m2-drzavno-zemjishte-sproti-zgradata-na-nova-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovski-opshtina-centar-prodade-za-7-evra-po-m2-drzavno-zemjishte-sproti-zgradata-na-nova-makedonija/#respond Thu, 10 Mar 2022 11:33:55 +0000 https://kurir.mk/?p=644719

Старите навики тешко се искоренуваат. Па така градоначалниците на СДСМ во општина Центар поддржани од власта на СДСМ поточно министерството за транспорт и врски плус министерство за финансии, зад очите на јавноста продолжуваат со старите навики, ова денеска преку прес-конференција го истакна Синиша Ивановски од ВМРО-ДПМНЕ. -Откако пред будноста на цела јавност, со детски и пинг-понг игри околу тоа кој има надлежност да ја стопира градбата на облакодерите кај Холидеј Ин, додека играа игри општина Центар и министерството за транспорт и врски и се праќаа меѓусебни писма, се започна бетонизацијата на платото пред Холидеј Ин. Во истиот стил, се разбира истите актери од редовите на СДСМ продолжиле и понатаму. Повторно во општина Центар, овојпат спроти зградата на Нова Македонија, кон приватен инвеститор продаваат државно земјиште за сума од неверојатни 7 евра за м2, поточно смешни 438 денари за м2. За информација, на таа локација земјиште се продава и по многу повисока цена а станбен или деловен простор доаѓа и до 2000 евра. Е тука, продаваат градежно земјиште за 7 евра по квадрат. На истава локација се планира изградба на деловен објект во висина од 15 ката. Значи 15 ката висина, кога ќе помножиме со по 2000 еу за м2 доаѓаме до вредност од 30 000 евра за м2 а општина Центар и министерството за транспорт и врски дозволуваат продажба од само 7 евра за м2. Свесни дека оваа продажба на државно земјиште би изгледала матна во очите на јавноста и затоа буквално во очи на нова година, 29.Дек.2021 министерството за финансии склучува договор, односно носи решение со коешто се прифаќа барањето на инвеститорот за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост. На ова му претходело договор склучен на 02 Окт 2020 помеѓу градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ со фирмата која како инвеститор бара отуѓување на градежно земјиште во државна сопственост. Цената на оваа спогодба изнесува по 1еу/м2, вели Ивановски. Тој додава дека од сите претходни наведени факти се поставуваат логични сомнежи и прашања. -Дали во целава постапка за дооформување на градежно земјиште постои и сомнеж за незаконски дејствија? -Дали инвеститорот е свесен дека 7еу е прениска цена за купување на така ултра луксузна локација морал разликата од тие 7еу до пазарната цена некаде и некому да ја доплати ? -Зашто градоначалниците на СДСМ од општина Центар и министерството за транспорт и врски криејќи се под превезот на нивните омилени термини “рамномерна урбанизација” “мораториум на градење” “урбано зеленило” дозволија да се случи огромна бетонизација на центарот на главниот град ? Покрај бетонизација платото пред на Холидеј Ин и ова за кое денес говорев, спроти зградата на Нова Македонија, ќе ја потсетам јавноста и улицата Козара во Центар каде во кус временски рок никнаа 10 тина огромни згради, истите скоро залепени една до друга или пак свртени една до друга и притоа немаат никаква етичка градежна логика да бидат изградени. Дали е ова јавен интерес, интерес на граѓаните на општина Центар и Македонија или сепак се работи за личен и приватен интерес на некои поединци?, прашува Ивановски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovski-opshtina-centar-prodade-za-7-evra-po-m2-drzavno-zemjishte-sproti-zgradata-na-nova-makedonija/feed/ 0
Ивановски: Осма година автопатот Кичево – Охрид се уште незавршен, пробиени се сите рокови, а СДСМ ја зголеми неговата цена за 150 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovski-osma-godina-avtopatot-kichevo-ohrid-se-ushte-nezavrshen-probieni-se-site-rokovi-a-sdsm-ja-zgolemi-negovata-cena-za-150-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovski-osma-godina-avtopatot-kichevo-ohrid-se-ushte-nezavrshen-probieni-se-site-rokovi-a-sdsm-ja-zgolemi-negovata-cena-za-150-milioni-evra/#respond Tue, 22 Feb 2022 10:43:04 +0000 https://kurir.mk/?p=634761

На денешен пред 8 години, во 2014та, кај селото Извор, Кичевско, започнува изградбата на автопатот Кичево до Охрид. Автопат долг 57км со вредност од 375 милиони евра во тоа време. Рокот на изградба на овие градежни работи беше 4 години и денеска означуваме 8 години од почетокот на изградбата на овој автопат. Повторувам 8 години, ова денеска преку прес-конференција го истакна Синиша Ивановски од ВМРО-ДПМНЕ. -Во тоа време СДСМ не беше на власт и градежните работи се одвиваат со добра и очекувана динамика. Но, за жал 2017та доаѓаат СДСМ на власт. Нивното доаѓање за овој автопат ќе значи и негово стопирање во изградбата. Ќе напоменам само неколку изговори кои последниве 5 години секојдневно ги кажуваат како оправдување зашто скоро и да не работат на изградбата на овој автопат. 1.Лажно тврдеа дека крива е трасата, демек автопатот од Кичево наместо спрема Охрид завршувал кон некое друго место. Нивниот министер за транспорт и врски при едно ТВ излагање несреќно призна и изјави дека ова тврдење е невистинито и дека трасата е на право место и оваа нивна лага падна во вода и веќе не ја повторија. 2.Второ изговори и лаги се дека проектот за изградбата на овој автопат не бил соодветен и дека морало да се допроектира за да може да се гради. Тоа допроектирање трае неверојатни 5 години е нешто на кое сите лица со минимално познавање на градежништвото се смеат и го сметаат како крајно несериозно. Доколку за некоја позиција имало потреба од допроектирање, можеме да се согласиме дека за тоа им биле доволни 6 месеци или година дена, меѓутоа за допроектирање од цели 5 години не го прифаќаме во ниеден случај. 3.Потоа роковите за завршување на изградба на автопатот сами си ги задаваат и сами си ги прекршуваат. Првичниот рок кој што го зададоа беше 30 јуни 2020 година и нормално тој рок го прекршија, си зададоа нов рок кој што сега изнесува декември 2023 година, и со тоа ќе означиме 10 години за изградба на автопат кој што се уште не е готов. Но, од досега приложеното и нивното неработење можеме со сигурност да тврдиме дека и овој рок нема да е исполнет. 4.Чинењето на овој автопат од првични 375 милиони евра денеска стига скоро 600 милиони евра, во 2018 беше потпишан анекс од нови 187 милиони евра. Притоа тогашниот министер за транспорт и врски Сугаревски и Зоран Заев изјавија дека со овој анекс ние штедиме, државата штеди. Се прашуваме како може да штедиме при потпишување на нов анекс од скоро 200 милиони евра. Како може повеќе пари да бидат заштеда за нашиот буџет. Таа нелогичност и ден денеска од СДСМ не ја објаснија. 5.Самото пролонгирање на овој автопат, самото завршување на изведбата во превод значи нови трошоци. Ова лето се потпиша дополнителен договор за надзор на овој автопат во вредност 508 милиони денари, или нешто над 8 милиони евра. Наместо овие пари да завршат за проекти од интерес на граѓаните ќе бидат потрошени за надзор. Доколку овој автопатот бил изграден на време тој немало потреба за овој трошок, за кој ќе дадам и личен коментар дека оваа сума е далеку над пазарната вредност, вели Ивановски. Тој додава дека наместо како држава преку изградба на државната инфраструктура да го јакнеме туристичкиот капацитет на Охрид, Струга и регионот СДСМ потпишува само анекси за пролонгирање на рокови и зголемување на вредноста на чинењето на автопатот. -Вакво неработење и неспособност во изградбата на инфраструктурата досега е незапамтено. СДСМ нема капацитет да гради иднина за Македонија, СДСМ мора што поскоро да замине за подоброто на граѓаните на оваа држава, а потоа да гледаат и да учат од нас како преку работа и изградба на државната инфраструктура се сака својата држава, потенцира Ивановски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovski-osma-godina-avtopatot-kichevo-ohrid-se-ushte-nezavrshen-probieni-se-site-rokovi-a-sdsm-ja-zgolemi-negovata-cena-za-150-milioni-evra/feed/ 0
Ивановски: Изградбата на државната инфраструктура во целосен колапс https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovski-izgradbata-na-drzavnata-infrastruktura-vo-celosen-kolaps/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovski-izgradbata-na-drzavnata-infrastruktura-vo-celosen-kolaps/#respond Thu, 03 Feb 2022 11:50:32 +0000 https://kurir.mk/?p=626438

СДСМ во последниве 5 години по трет пат формира старо-нова влада и по трет пат во владината програма ветува изградба на инфраструктурни проекти кои во реалноста и не се случуваат. Ниту пак меѓувремено оние проекти започнати од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ добиле некаков прогрес во нивната реализација. Продолжувајќи во истиот стил на ветено и неостварено СДСМ мораа себеси да се надминат, и слушнете што се ветија дека ќе реализираат и ќе работат овие наредни две години, обвини денес Синиша Ивановски. Во продолжение следува интегрален текст од неговата прес-конференција: Ветија изградба на Коридорот 8, тука пред се мислат на Тетово – Гостивар проширување до ниво на автопат, потоа изградба – завршување на автопатот од Кичево - Охрид, како и автопат од Требеништа до Струга и Ќафасан. Потоа ветија железничкото поврзување од Куманово до Крива Паланка па се до границата со Бугарија, целосна реконструкција и доизградба на коридорот 10 и неговиот крак 10-Д, тука пред се мислат на експресниот пат од Градско до Прилеп како и автопатот од Прилеп до Битола и понатаму до границата со Грција. И ова се добро звучи на хартија, ова е лесно да се стави во владина програма но кога ќе дојдеме до оперативно реализирање на ветените инфраструктурни проекти сфаќаме дека си имаме работа со СДСМ, си имаме работа со нивната нестручност, нивната инертност, и нивната неможност да ја градат државната инфраструктура. Како коментар ќе додадам дека Македонија ниту има капацитет финансиски во две години да ги изгради или пак паралелно да ги гради сите овие инфраструктурни ветувања, ниту пак има капацитет на градежната оператива во државата за да се направат сите овие делници. Како еден пример ќе наведам еден голем шопинг мол во Скопје кој што неодамна се градеше, истиот тој сериозно ја подзакочи целата оператива во оваа држава, па затоа за да се заврши овој шопинг мол имаше потреба да се носат градежни екипи од државите до Македонија. За сите инфраструктурни ветувања на СДСМ ќе дадам по еден краток осврт. 1 Изградба на автопат Кичево – Охрид За овој автопат веќе е и срамно да се говори, петта година поминува како СДСМ се докажаа како мајстори за застој во изградбата на овој автопат. Наместо да се возиме веќе втора, трета година по модерен автопат, на самата траса гледаме никната трева и гледаме недостиг на механизација на градежна оператива. Ќе потсетиме во 2017 година при примопредавање на власта помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за реализација на овој автопат беше заклучено дека е направено 51% од реализираност, денес после 5 години имаме само едвај 70% во реализација, а она што е поважно овој автопат успеаја да го дигнат во чинење за скоро 200 милиони евра. 2 Автопат  Скопје - Блаце Овој автопат е огледало на неработењето на сите влади на СДСМ, замислете должината на првиот дел е само 2 километри и веќе петта година не успеваат да направат ниту еден километар, и согласно овој пример ние не можеме да очекуваме никакви успеси во изградбата на виталните државни коридори. 3 Автопат Гостивар – Кичево Ќе напоменам дека овој автопат е започнат со проектирање уште во 2016 година, сега сме 2022 година и се уште не е започната изградбата на овој автопат, а како ветување стои во токму секоја програма која што СДСМ ја ветува пред избори или после избори. 4 Експресен пат Градско - Прилеп Започнат е со реализација уште во 2015-та година, значи пред 7 години и во овие 5 години единствено што се случи на овој пат е да побегне фирмата изведувач и дури сега, во последнава година дена да имаме какви такви придвижувања наместо овој автопат да биде завршен веќе одамна. 5 Автопат Прилеп - Битола Иако го ветуваше СДСМ уште во 2016 година во нивната изборна програма, засега можеме само да го видиме во владините програми, а далеку од тоа да го видиме реалноста или да се реализира истиот. 6 Железничкото поврзување со Бугарија, преку Куманово – Бељаковце - Крива Паланка И понатаму останува енигма за оваа власт, тие наместо да работат ветуваат само завршување, даваат рокови, а првиот беше во 2019-та година и не го остварија. Сами дадоа нов рок 2021 година и се разбира и тој е пробиен, а како може да запазиме некој рок, како можеме да реализираме инфраструктурен проект ако на терен не се случуваат никакви градежни активности. Да сумирам, СДСМ и изградба на државната инфраструктура, која е од интерес на државата, на граѓаните, на економијата, од интерес на туризмот, безбедноста и СДСМ не одат заедно. Меѓутоа СДСМ и неработење, СДСМ и анекси, пробиени рокови, е тоа веќе оди заедно. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovski-izgradbata-na-drzavnata-infrastruktura-vo-celosen-kolaps/feed/ 0
Ивановски: Ќе ја електирифицираме пругата до Прилеп и ќе инвестираме во инфраструктурата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovski-kje-ja-elektirificirame-prugata-do-prilep-i-kje-investirame-vo-infrastrukturata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovski-kje-ja-elektirificirame-prugata-do-prilep-i-kje-investirame-vo-infrastrukturata/#respond Thu, 29 Jul 2021 20:27:14 +0000 https://kurir.mk/?p=543723

На трибината „Промоција на политики - Македонија за сите луѓе“, претседателот на комисијата на транспорт и урбанизам  на ВМРО-ДПМНЕ Синиша Ивановски, кажа дека ВМРО-ДПМНЕ планира сериозен инфраструктурен развој во пелагонискиот дел и тоа електрификација на пругата Велес-Прилеп со современи модерни локомотиви и возови и акцент на автопатот Прилеп према Битола према Меџитлија што ќе резултура со силен развој на економијата. -Она што ние ќе го направиме прва работа ќе направиме електрификација на пругата од Велес до Прилеп со модерни современи нови возови локомотиви. Ние ќе обрнеме сериозен акцент на развојот на пелагонискот регион на автопатот према Прилеп према Битола према Меџитлија ќе направиме сериозен развој н економијата и на инфраструктурата во овој регион и во Македонија. Нека седнат на страна уште малце и нека не гледаат нас како ја градиме инфраструктурата на оваа држава со посебен акцент на пелагонискиот регион кој што тотално го запоставија 4 години. За овој регион е важен самата железница во бројки најголем дел од сите патници во Македонија во железница се од Прилеп и Битола, рече тој. Ивановски рече дека СДСМ целосно потфлиле во делот на инфраструктурата  а тоа се гледа и со изградбата на автопатот  Кичево Охрид кој за 4 години нивна власт нема ни 10 % реализација напред со што и туризмот и економијата трпат сериозни штети. -Ќе го спомнам и автопатот Кичево Охрид само една кратка илустрација почна да се работи 2014 година 57 километри на примо предавање на власта ВМРО со СДСМ имаше скоро 50 % изграденост. Поминаа 4 години мрдна напред само едвај 10 % значи туризмот во Охрид, во Кичево кој што треба да го заживее овој автопат го запоставија во целост, рече Ивановски. Ивановски исто така го спомна и клиничкиот центар кој власта го проектира на пола милјада евра а нема никаква информација како ќе изгледа ниту било каков податок за инфраструктурата на тој проект. Тој потенцираше дека инфрастуктура  на тој начин не се гради и дека СДСМ мора што поскоро да си оди за да ВМРО – ДПМНЕ ја почне инфраструктурната офанзива во државата. -Побараа пола милијарда евра за клиничкиот центар во Скопје, пола милијарда, а немаат проект. Тоа значи дела ние даваме пола милијарда, не знаеме дали тој клинички ценар дали ќе има 5 згради дали ќе има 8  згради дали ќе има паркиралишта катни гаражи дали ќе се паркираме некаде на рамно, немање ништо ни знаење инфраструктура ни ништо и ајде наеднаш пола милијда евра. Така инфраструктура не се гради заврши Ивановски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovski-kje-ja-elektirificirame-prugata-do-prilep-i-kje-investirame-vo-infrastrukturata/feed/ 0
Бочварски подлегна и призна дека многу патишта сè уште тапкаат и не се изградени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bochvarski-podlegna-i-prizna-deka-mnogu-patishta-se-ushte-tapkaat-i-ne-se-izgradeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bochvarski-podlegna-i-prizna-deka-mnogu-patishta-se-ushte-tapkaat-i-ne-se-izgradeni/#respond Tue, 20 Jul 2021 16:53:31 +0000 https://kurir.mk/?p=539393

На прашањето на Синиша Ивановски, претседател на Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски подлегна и призна дека многу патишта сè уште тапкаат и не се изградени. -Како, како држава ќе направите механизам да исконтролирате со кои количини ќе ги проектира „Бехтил и Енка“ патиштата и делниците што сами ќе ги изведуваат“, праша Ивановски, а Бочварски одговори во емисијата „Жешко политичко лето“. Бочварски на ова прашање одговори дека се дава простор на истата компанија да проектира и да гради за да не се случува потоа судири на изведувач и проектант. Бочварски призна дека многу патишта уште не се завршени иако досега требало да се завршат. „На крајот од денот имаме проектирани патишта кои што се проектирале во 2002 година, а денеска се уште се градат“, рече Бочварски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bochvarski-podlegna-i-prizna-deka-mnogu-patishta-se-ushte-tapkaat-i-ne-se-izgradeni/feed/ 0