Синопек – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 30 Aug 2022 05:54:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Синопек – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нафтен гигант во Кина го пушти во употреба најголемиот погон за фаќање на јаглерод диоксид https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/naften-gigant-vo-kina-go-pushti-vo-upotreba-najgolemiot-pogon-za-fakjanje-na-jaglerod-dioksid/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/naften-gigant-vo-kina-go-pushti-vo-upotreba-najgolemiot-pogon-za-fakjanje-na-jaglerod-dioksid/#respond Tue, 30 Aug 2022 05:54:57 +0000 https://kurir.mk/?p=725781

Нафтениот гигант Синопек (Sinopec) денеска соопшти дека го отворил најголемиот кинески капацитет за фаќање, користење и складирање на јаглерод (CCUS), додавајќи дека во 2025 година планира да изгради уште два капацитети со слична големина. Синопек е меѓу водечките компании кои започнаа пилот проекти за фаќање и складирање на јаглерод диоксид во Кина за да создадат услови за пад на емисиите на јаглерод по 2030 година, во согласност со плановите на владата. Државниот нафтен гигант почна да го гради погонот пред нешто повеќе од една година, и тој ќе го фаќа јаглерод диоксидот од производството на водород во нејзината рафинерија Чилу во провинцијата Шандонг и ќе го вбризгува во 73 нафтени бушотини во блиското нафтено поле Шенгли. Се проценува дека во следните 15 години во нафтеното поле ќе вбризга 10,68 милиони тони јаглерод диоксид и со тоа ќе го зголеми производството на сурова нафта за речиси три милиони тони. Моментално транспортираат јаглерод диоксид од рафинеријата до нафтено поле со камиони, а очекуваат до крајот на годината да го завршат цевководот за негов транспорт, прв од ваков вид во Кина. – CCUS во Кина сè уште е во експериментална фаза, но може да се спореди со (проекти) во слични земји, иако заостанува во клучните знаења во одредени области, наведе Синопек во соопштение за медиумите. Компанијата минатата година фати и складираше повеќе од 1,52 милиони тони јаглерод диоксид, а планира уште два пилот проекти во следните неколку години во нафтените полиња Хуадонг и Џиангсу. Ќе се разгледа и можноста за формирање центар за истражување и развој до 2025 година, кој би се фокусирал на развој на нови технологии, како што е поврзување на проектите за фаќање и складирање на CO2 со ветерна и сончева енергија и со енергија од водород и биомаса.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/naften-gigant-vo-kina-go-pushti-vo-upotreba-najgolemiot-pogon-za-fakjanje-na-jaglerod-dioksid/feed/ 0