Синовак – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 19 Oct 2021 13:08:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Синовак – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СЕ СКРАТИ ПЕРИОДОТ НА ЧЕКАЊЕ: Министерството за здравство објави кога може да се прими трета доза на вакцинираните со Синовак и Синофарм https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-skrati-periodot-na-chekanje-ministerstvoto-za-zdravstvo-objavi-koga-moze-da-se-primi-treta-doza-na-vakciniranite-so-sinovak-i-sinofarm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-skrati-periodot-na-chekanje-ministerstvoto-za-zdravstvo-objavi-koga-moze-da-se-primi-treta-doza-na-vakciniranite-so-sinovak-i-sinofarm/#respond Tue, 19 Oct 2021 13:08:13 +0000 https://kurir.mk/?p=582032

Националниот Комитет за имунизација денеска днесе одлука со која препорачува, граѓаните кои се вакцинирани и ревакцинирани со вакцините на производителите Синовак и Синофарм, трета доза вакцина може да примаат после изминати три месеци од ревакцинација. Вакцинацијата со трета доза е со вакцина на производителот Фајзер, а вакцинацијата е без закажан термин на кој било вакцинален пункт во државата. За граѓаните кои примиле друг тип вакцина, Фајзер, Астра Зенека или Спутник В, трета доза вакцина може да примаат после поминати 6 месеци од ревакцинација. Министерството за здравство апелира граѓаните во што поголем број да се вакцинираат. Вакцините освен што се ефикасни, се исто така безбедни, укажуваме на важноста на вакцинација. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-skrati-periodot-na-chekanje-ministerstvoto-za-zdravstvo-objavi-koga-moze-da-se-primi-treta-doza-na-vakciniranite-so-sinovak-i-sinofarm/feed/ 0
Лабораториска студија покажа: Бројот на антитела во пад 6 месеци по вакцинација со „Синовак“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/laboratoriska-studija-pokaza-brojot-na-antitela-vo-pad-6-meseci-po-vakcinacija-so-sinovak/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/laboratoriska-studija-pokaza-brojot-na-antitela-vo-pad-6-meseci-po-vakcinacija-so-sinovak/#respond Tue, 27 Jul 2021 09:02:40 +0000 https://kurir.mk/?p=542320

Кинеските истражувачи известуваат за наодите од студијата врз основа на примероци од крв од здрави лица на возраст од 18 и 59 години, пренесува Ројтерс. Антителата која се создаваат по кинеската вакцина „Синовак“ против Ковид-19, паднале под клучниот праг за околу шест месеци по втората доза. Ова е утврдено кај најголем дел од лицата кои ја примиле оваа вакцина, додека третата доза имале силен активирачки ефект, се наведува во една лабораториска студија. Меѓу учесниците во истражувањето кои примиле две дози во временски период од две до четири недели се само 16,9 проценти, односно 32,2 проценти имале се уште неутрализирачки антитела кои се над она што се смета за праг. Индонезија и Тајланд веќе се договориле како трета доза да ја даваат вакцината „Модерна“ или „Фајзер“. Турција почна да нуди трета доза „Синовак“ или „Фајзер“ за некои луѓе кои претходно се вакцинирале со „Синовак“. Кон крајот на јуни, „Синовак“ испорача над милијарда дози кои се склучни за имунизација во Кина, Бразил, Индонезија и Чиле.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/laboratoriska-studija-pokaza-brojot-na-antitela-vo-pad-6-meseci-po-vakcinacija-so-sinovak/feed/ 0
Од денеска дистрибуција на вакцините „Синовак“ во центрите за имунизација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-distribucija-na-vakcinite-sinovak-vo-centrite-za-imunizacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-distribucija-na-vakcinite-sinovak-vo-centrite-za-imunizacija/#respond Tue, 29 Jun 2021 05:12:09 +0000 https://kurir.mk/?p=529148

Епидемиолошката ситуација во државата е стабилна и само мал број пациенти се лекуваат во болниците. Министерот за здравство Венко Филипче вели, доколку продолжи овој тренд би можело да се случи во август или на почеток на септември годинава да се прогласи крај на епидемијата. За да се прогласи крај на епидемијата, потребно е да нема нови дијагностицирани случаи два репродуктивни циклуса од 14 дена, а предвидувањата покажуваат дека ако продолжи овој тренд тоа би можело да се случи во август или на почетокот на септември оваа година. Од денеска почнува дистрибуција на вакцините на „Синовак“ во сите центри за имунизација и во центрите за масовна вакцинација, односно спортските сали и здравствените домови. Филипче посочи дека со ова се спремни за една динамика на давање прва доза на вакцина на 10 до 15 илјади граѓани на ден, како и дека од 15-ти или 20 јули е предвидена да започне теренската вакцинација. Петстоте илјади вакцини на кинескиот производител „Синовак“ што ги набави Владата пристигнаа во неделата. Станува збор за најголема пратка вакцини пристигната во земјава. За ефикасноста и безбедноста на вакцината „Синовак“, Филипче порача дека таа е високо ефикасна за превенција на тешка болест. – Еве ги официјалните карактеристики на вакцината Синовак објавени од СЗО – Инкативиран САРС-Ков2 вирус, потребни се две дози, втората доза од 14-28 дена по првата доза, високо ефикасна за превенција на тешка болест, се дава мускулно во рамо, препорачана за употреба кај бремени жени кога придобивките од вакцинацијата за бремената жена се поголеми од потенцијалните ризици. Препорачана за употреба кај доилки, како и кај други возрасни лица, напиша Филипче на „Фејсбук“. Здравствените експерти повикуваат на масовна вакцинација, бидејќи според нив тоа е единствениот начин да се заврши епидемијата. – Соочувањето со новиот бран на нов сој на делта вирусот ќе направи луѓето да станат посвесни дека масовната вакцинација е единствениот начин да се заврши оваа пандемија, заклучија д-р Драган Даниловски, д-р Александар Петличковски, д-р Александра Грозданова и министерот за здравство Венко Филипче на вчерашната трибина на тема „Вакцинација и предизвици со Ковид-19“. Д-р Драган Даниловски истакна дека индискиот мутант или делта варијанта, која што веќе е присутна во преку 92 земји, веројатно не може да не избегне и нас, но порача дека е потребно да се учи од туѓите и од сопствените искуства од изминатиов период и дека масовната вакцинација е единствениот излез од оваа ситуација. – Јавното здравје го штитиме со масовна вакцинација во што пократко време, значи нема друга опција освен што помасовно да се опфати населението во што пократко време, односно летово да се опфати што поголем број на граѓани со две дози на вакцини. Делта варијантата е толку продорна, толку е повеќе заразна што е потребно праг на колективниот имунитет меѓу 80-85 отсто вакцинирани за да може да се смета на многу мал ризик за епидемиско ширење, заклучи д-р Даниловски. На вчерашната трибина беше истакнато и дека не постои вакцина која нема несакани ефекти, односно дека со сите вакцини се поврзуваат некакви несакани ефекти. Но, како што велат експертите кога ќе се разгледаат бројките станува јасно дека се работи за исклучително безбедни вакцини. Доктор Александар Петличковски вели дека е мал процентот на оние кои ја имале првата алфа варијанта на коронавирусот да се заразат со нова делта варијанта, бидејќи студиите што се достапни покажуваат дека имунитетот стекнат со прележување на болеста или со целосно вакцинирање е прилично ефикасен. Објасни дека ефикасноста се мери на неколку нивоа, првото е инфективноста на делта варијанта кон прележани или имунизирани лица, второ е тешка болест и трето е исход од болеста. Како што вели, за тешките форми на вирусот и хоспитализација е јасно дека имунитетот во голем дел штити од повторна зараза. Д-р Даниловски напомена дека најважно од се е што сите вакцини нема да дозволат тешки симптоми и умирање од вирусот. Во текот на претходното деноноќие, од направени 1.342 тестирања беа регистрирани три нови случаи на Ковид-19, сите во Скопје, а оздравеле шест пациенти. Повторно не се регистрирани починати лица. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 155.676, бројката на оздравени пациенти е 149.967, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 225.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-distribucija-na-vakcinite-sinovak-vo-centrite-za-imunizacija/feed/ 0
Пристигнаа 500.000 вакцини „Синовак“, еве дали може да ја примат доилки и бремени жени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pristignaa-500-000-vakcini-sinovak-eve-dali-moze-da-ja-primat-doilki-i-bremeni-zeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pristignaa-500-000-vakcini-sinovak-eve-dali-moze-da-ja-primat-doilki-i-bremeni-zeni/#respond Mon, 28 Jun 2021 06:37:59 +0000 https://kurir.mk/?p=528702

Со половина милион вакцини „Синовак“ ќе се забрза процесот на имунизација Со два авиона вчера на скопскиот аеродром пристигнаа 500-те илјади вакцини што Владата ги набави од кинескиот производител „Синовак“. Станува збор за најголема пратка вакцини пристигната во земјава, а вакцините ќе бидат распоредени во градовите низ државата. Според државната секретарка во Министерството за здравство Иванка Стојаноски, која заедно со кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо ги пречекаа вакцините, со оваа пратка ќе се вакцинираат значителен број граѓани со што ќе се забрза процесот на постигнување на колективен имунитет. – Со процесот на имунизација досега и вакцинирањето на голем број граѓани покажуваме одлични резултати во намалувањето на бројот на новозаразени со Ковид-19 и на хоспитализирани граѓани за што говори фактот дека сите ковид-центри низ државата се празни, а малиот број хоспитализирани пациенти е на Инфективната клиника, истакна државната секретарка за здравство. Кинескиот амбасадор во земјава Џанг Ѕуо порача дека вакцините се најмоќното оружје за надминување на епидемијата и посочи дека вакцината „Синовак“ е одобрена од Светската здравствена организација. Во Кина, како што рече, се употребени над 1,1 милијарди дози и се вакцинираат луѓе на возраст од 3 до 100 години. Министерот за здравство Венко Филипче се заблагодари за пратката на вакцини, и најави дека неделава значително ќе се забрза процесот на вакцинација на територијата на целата држава. – Благодарност до кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо и на пријателската Кина, со чијашто помош успеавме да ги обезбедиме овие вакцини и денеска да ги добиеме во нашата држава, вели во статусот на Фејсбук. За ефикасноста и безбедноста на вакцината „Синовак“, Филипче посочи дека таа е високо ефикасна за превенција на тешка болест. – Еве ги официјалните карактеристики на вакцината Синовак објавени од СЗО – Инкативиран САРС-Ков2 вирус, потребни се две дози, втората доза од 14-28 дена по првата доза, високо ефикасна за превенција на тешка болест, се дава мускулно во рамо, препорачана за употреба кај бремени жени кога придобивките од вакцинацијата за бремената жена се поголеми од потенцијалните ризици. Препорачана за употреба кај доилки како и кај други возрасни лица, напиша завчера Филипче на „Фејсбук“. И натаму продолжува стабилизирањето на состојбата со ковид кај нас. И во текот на претходното деноноќие не беше регистриран ниту еден смртен случај. Од направени 2514 тестирања, беа забележани четири нови случаи на заразени со коронавирусот и евидентирани 11 оздравени 11 пациенти. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155673. Оздравени се 149961 пациенти, а починати 5484. Досега направени се вкупно 872894 тестирања на Ковид-19. Според податоците на Министерството за здравство, бројот на активни случаи е 228. Најмногу активни има во Скопје и тоа 88, Куманово – 24, Тетово – 22, Прилеп – 18, Охрид – 17, Кичево – 16. Во 15 градови нема активен случај на Ковид-19. Досега во светот се заразиле 181 милиони луѓе, починале 3,9 милиони, оздравеле 166 милиони лица. Властите на шпанскиот остров Мајорка соопштија дека повеќе од 600 студенти кои го прославиле крајот на школувањето се заразени со коронавирусот, во време кога се очекува да пристигнат британски туристи. Студентите кои дошле на Мајорка од континентална Шпанија присуствувале на музички настапи во Палма де Мајорка, забави на бродови и хотели. Властите најавија истрага за време на која имаат намера да утврдат дали се исполнети сите превентивни анти-епидемиолошки мерки. Најмалку илјада од нив биле испратени во изолација и откриено е дека голем број тинејџери имаат лесни симптоми на Ковид-19. Нов Зеланд ќе ги продолжи ограничувачките мерки во главниот град Велингтон за уште два дена, откако властите денеска соопштија за ризик од ширење на коронавирусот по посетата на австралиски турист кој бил позитивен на PCR тест по посетата на градот минатиот викенд. Градските власти во Москва соопштија дека 144 лица починале од коронавирус во главниот град на Русија во последните 24 часа, што е најголем број смртни случаи од тој вирус од почетокот на епидемијата. Голем број смртни случаи се регистрирани и во Санкт Петербург, каде во последните 24 часа починаа 107 лица. Велингтон сега е во второ ниво на тревога и ќе остане на тоа ниво до вторник . Нов Зеланд ги суспендираше пристигнувањата од Австралија без карантин најмалку три дена, бидејќи во таа земја расте бројот на случаи на заразени со Ковид-19. Премиерот на Индија Нарендра Моди ги повика граѓаните на земјата да ги „надминат сомнежите“ против вакцините за коронавирус и да не веруваат во гласините што се шират за нив. – Ве повикувам да имате доверба во науката. Верувајте им на нашите научници. Многу луѓе се веќе вакцинирани. Јас примив две дози. Мајка ми има скоро 100 години – и прими две дози. Да не веруваме во негативните гласини за вакцините, рече премиерот во своето традиционално месечно радио обраќање до нацијата. Според него, само со помош на вакцина против коронавирус можеме да се заштитиме од смртоносната болест. Властите во Хонг Конг очекуваат половина од жителите на градот да бидат вакцинирани против Ковид-19 до август, изјави вчера министерката за здравство на Хонг Конг, Софија Чан. – Најновите податоци (за бројот на луѓе вакцинирани против ковид за ден) се охрабрувачки. Ако продолжиме со брзото темпо, имаме шанса да вакцинираме 50 проценти од населението до август или септември, изјави таа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pristignaa-500-000-vakcini-sinovak-eve-dali-moze-da-ja-primat-doilki-i-bremeni-zeni/feed/ 0
Долгонајавуваните кинески вакцини на „Синовак“ конечно пристигнаа во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dolgonajavuvanite-kineski-vakcini-na-sinovak-konechno-pristignaa-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dolgonajavuvanite-kineski-vakcini-na-sinovak-konechno-pristignaa-vo-makedonija/#respond Sun, 27 Jun 2021 11:34:00 +0000 https://kurir.mk/?p=528519

Денеска на скопскиот аеродром пристигнаа 500.000 вакцини што ги купивме од производителот Синовак. Вакцините ќе бидат соодветно складирани во Поликлиниката „Јане Сандански“ и на Институтот за судска медицина каде што има доволно капацитет да се сместат во ладните соби по што ќе бидат дистрибуирани до пунктовите низ државата согласно закажаните термини за вакцинација. Ова е најголема количина на вакцини која одеднаш пристигна во нашата држава. -Со процесот на имунизација досега и вакцинирањето на голем број граѓани покажуваме одлични резултати во намалувањето на боројот на новозарзени со Ковид 19, и на хоспитализиарани граѓани, за што говори фактот дека сите ковид центри низ државата се празни, а мал е бројот на хоспитализирани пациенти и на Инфективната клиника. Изразувам голема благодарност до Владата на Народна Република Кина и кинескиот народ за поддршката која ни ја дадоа во борбата против корона вирусот. - кажа државниот секретар на Министерството за здравство, Иванка Стојаноски. -Светската здравствена организација ја одобри вакцината Синовак за итна употреба на 1 јуни. Како и вакцината Синофарм, вакцината Синовак е исто така инактивирана вакцина. Кина сега вакцинира луѓе на возраст од 3 до 100 години. Во Кина се администрирани над 1,1 милијарда дози. Верувам дека вакцината ќе и помогне на Северна Македонија да изгради имунолошка бариера и да формира цврста линија на одбрана за заштита на животот и здравјето на луѓето. - потенцираше амбасадорот на Народна Република Кина Џанг Ѕуо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dolgonajavuvanite-kineski-vakcini-na-sinovak-konechno-pristignaa-vo-makedonija/feed/ 0
Турција ни донираше 30.000 вакцини на „Синовак“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/turcija-ni-donirashe-30-000-vakcini-na-sinovak/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/turcija-ni-donirashe-30-000-vakcini-na-sinovak/#respond Wed, 09 Jun 2021 12:06:06 +0000 https://kurir.mk/?p=520975

Денеска пристигнаа најавените 30.000 вакцини на „Синовак“ кои Македонија ги доби како донација од Турција. Вакцините во најкраток рок ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум државата. -Благодарност до Република Турција и претседателот Реџеп Таип Ердоган за поддршката и за брзата испорака на ветената количина која е многу значајна за нас, велат од Министерството за здравство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/turcija-ni-donirashe-30-000-vakcini-na-sinovak/feed/ 0
Турција на Македонија ќе и донира 30.000 вакцини Синовак https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/turcija-na-makedonija-kje-i-donira-30-000-vakcini-sinovak/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/turcija-na-makedonija-kje-i-donira-30-000-vakcini-sinovak/#respond Sun, 06 Jun 2021 07:53:46 +0000 https://kurir.mk/?p=519556

Турција ќе и донира 30 илјади вакцини Синовак на Република Македонија. Министерот за здравство Венко Филипче за ова информираше со статус на неговиот Фејсбук профил. Тој вчера заедно со премиерот Зоран Заев беше во еднодневната работна посета на Турција. -Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган ни соопшти дека ни донираат 30.000 вакцини од производителот Синовак. Овој гест на солидарност е уште еден показател за искреното пријателство и соработка меѓу двете земји. Голема благодарност до турскиот народ и претседателот Ердоган, објави Филипче на Фејсбук. На работната вечера вчера во Истанбул станало збор за взаемните пријателски односи меѓу двете држави исполнети со динамична соработка во повеќе области, информираше владината прес-служба. Заев на средбата со Ердоган ја потенцирал, како што стои во соопштението од Владата, исклучително добрата економска соработка меѓу двете земји и нагласениот интерес на турските компании да инвестираат во Македонија и да ги продлабочуваат деловните и трговски врски. Од турската страна било потенцирано дека Турција ќе продолжи да ја помага Македонија во борбата против пандемијата, со желба да се продлабочи соработката и во областа на здравството. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/turcija-na-makedonija-kje-i-donira-30-000-vakcini-sinovak/feed/ 0
500.000 вакцини на „Синовак“ за Македонија, еве кога треба да пристигнат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/500-000-vakcini-na-sinovak-za-makedonija-eve-koga-treba-da-pristignat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/500-000-vakcini-na-sinovak-za-makedonija-eve-koga-treba-da-pristignat/#respond Fri, 04 Jun 2021 10:27:14 +0000 https://kurir.mk/?p=518949

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека вчера од Амбасадата на Народна Република Кина било најавено дека во следните седум дена треба да пристигнат 500.000 вакцини „Синовак“. – Секој понеделник пристигнува пратка на вакцините „Фајзер“ и тоа е согласно нашиот билатерален договор, дополнет со количината која доаѓа преку системот за солидарност на земјите членки на ЕУ, тоа се околу 10.000 вакцини. Веројатно и следните недели ќе биде таа количина. Дополнително, во јуни треба да пристигнат околу 100.000 вакцини преку КОВАКС механизмот. Сè уште немаме точен датум и динамика на пристигнување на вакцините. За руските вакцини уште немаме информации кога треба да ги очекуваме, соопшти Филипче. За поголемиот број на граѓани кои треба да се ревакцинираат од 17 до 20 јуни во Србија, Филипче рече дека разговарал со неговиот српски колега Лончар, за нив да се организира вакцинален пункт, кој би бил поблиску до границата, во Врање или во Ниш. – Има расположение од српската страна тоа да се организира и тоа е во насока на нашите добрососедски односи, вели Филипче. Тој информира дека на веб-страницата за ревакцинација во други држави се пријавиле околу 1000 наши граѓани. Министерот за здравство потенцира дека не постои граѓанин во државата на кој не му е обезбедена и втората вакцина. – Како доаѓа која било количина на вакцини половината се планира за прва доза, а другиот дел за втората доза. Тој процес воопшто не е ставен под знак прашање, имајќи ги предвид сите одложувања апропо најавите дека вакцините ќе стигнат во еден временски период, изјави Филипче по денешната посета на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување.и]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/500-000-vakcini-na-sinovak-za-makedonija-eve-koga-treba-da-pristignat/feed/ 0
Нема препорака да се мешаат вакцините – Уште не се знае кога ќе пристигнат вакцините „Спутник“ и „Синовак“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-preporaka-da-se-meshaat-vakcinite-ushte-ne-se-znae-koga-kje-pristignat-vakcinite-sputnik-i-sinovak/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-preporaka-da-se-meshaat-vakcinite-ushte-ne-se-znae-koga-kje-pristignat-vakcinite-sputnik-i-sinovak/#respond Tue, 01 Jun 2021 10:07:41 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517614

Нема препорака да се мешаат вакцините. Како за првата доза истиот производител треба да биде и за втората доза. И тоа се официјалните препораки на сите производители. Немаме официјална препорака дека може да биде вакцина од еден тип за прва доза и друг тип за втора доза, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој посочи дека сè уште нема точни датуми за пристигнувањето на вакцините „Спутник“ и на „Синовак“. – Вчера разговарав со рускиот амбасадор и тој зема обврска во текот на денот да контактира со Институтот во Москва и да даде повратни информации. Најавата за пристигнувањето на вакцини од „Синовак“ е за првите десет дена од месецов, рече Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по одбележувањето на Светскиот ден на детето во дворот на Детската клиника. Тој нагласи дека имунизацијата нема да запре, вчера пристигнаа вакцини од „Фајзер“ кои се дистрибуираата, а во текот на неделава очекуваат и други вакцини да стигнат од Бугарија и Грција. – Сè уште има бројка на граѓани кои се над 60 години и не се вакцинирани. Има околу 42 проценти вакцинирани од вкупната популација над 65 години. Со кампањата очекуваме уште поголем број граѓани да се пријават за вакцинација. Не се се уште сите вакцинирани и тие вакцини нема да бидат неискористени. Не ги креираме препораките и ставовите кој со која вакцина треба да се вакцинира врз основа на тоа што е располжливо како тип на вакцина, туку врз основа на стручните препораки. Додека не сме сигурни дека е безбедна вакцина согласно сите случаи кои се пријавуваат за компликации за помлади од 60 години тоа ќе остане така, рече Филипче. Тој посочи дека случаите со Ковид-19 во последните денови не се во тешка состојба. – Тешките случаи со Ковид-19 се заостанати од претходно. Бројот на нови случаи се намалуваат. На Инфективната клиника 40-тина пациенти беа останати во одделите за интензивна нега, најтешките пациенти од другите болници се трансферирани во Скопје и тој број е во опаѓање што е индикатор кој укажува дека целата епидемија спласнува, додаде министерот Филипче.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-preporaka-da-se-meshaat-vakcinite-ushte-ne-se-znae-koga-kje-pristignat-vakcinite-sputnik-i-sinovak/feed/ 0
СЗО: Кинеската вакцина „Синовак“ е eфикacнa, нo нeдocтacyвaaт нeкoи пoдaтoци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-kineskata-vakcina-sinovak-e-efikacna-no-nedoctacyvaat-nekoi-podatoci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-kineskata-vakcina-sinovak-e-efikacna-no-nedoctacyvaat-nekoi-podatoci/#respond Thu, 06 May 2021 13:59:30 +0000 https://kurir.mk/?p=506634

Вакцината против ковид-19, произведена од кинески „Синовак“, е ефикасна во спречување на болеста кај возрасни лица на возраст под 60 години, но недостасуваат некои квалитативни податоци за ризикот од сериозни несакани ефекти од нејзината употреба, велат експертите од Светската здравствена организација. Документ за проценка на податоците на кинеската вакцина „КоронаВак“ изготви Стратешката советодавна група на експерти на СЗО (САГЕ) врз основа на резултатите од клиничките испитувања во фаза 3 во Кина, Бразил, Индонезија, Турција и Чиле, пренесе „Ројтерс“. – Убедени сме дека две дози на „КоронаВак“ се ефикасни во спречување на ковид-19 кај лица на возраст од 18-59 години – соопшти „САГЕ“ во проценката објавена на веб-страницата на СЗО. Во соопштението се вели дека има недостаток на докази за безбедноста на вакцината за време на бременоста, како и безбедноста и ефикасноста кај постарите возрасни лица со основната болест, но исто така и проценки на ретките несакани ефекти откриени со следење по употребата. Вакцината произведена од „Синовак“ е одобрена во 32 земји, на кои се распределени 260 милиони дози, велат експертите на „САГЕ“. Експертите велат дека само делумно биле убедени дека ризикот од сериозни несакани ефекти е низок кај луѓето помлади од 60 години, но дека не се обезбедени доволно квалитетни докази дека таков ризик не постои кај лица постари од 60 години. Таквиот став се наведува и кога станува збор за ефикасноста на вакцината кај луѓе со истовремени болести или здравствени состојби кои го зголемуваат ризикот од тежок ковид-19. Анализата на „САГЕ“ е подготвена затоа што Техничката советодавна група на СЗО во моментов ја разгледува вакцината „Синовак“ за итна употреба, а позитивниот исход ќе го отвори патот за нејзина дистрибуција преку КОВАКС системот и да обезбеди многу важна меѓународна поддршка. Анализата на вакцината „Синовак“ следеше откако експертите на СЗО изразија многу мала доверба во податоците на кинески „Синофарм“ за вакцината против ковид-19 во врска со ризикот од сериозни несакани ефекти кај одредени пациенти, а истовремено изразија целосна доверба во способноста на вакцината за да се спречи инфекција со коронавирусот, се наведува во документот, во кој имал увид „Ројтерс“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-kineskata-vakcina-sinovak-e-efikacna-no-nedoctacyvaat-nekoi-podatoci/feed/ 0