СИПРИ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 13 Jun 2022 06:50:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png СИПРИ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СИПРИ со анализа дека ќе се зголеми нуклеарниот арсенал во светот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sipri-so-analiza-deka-kje-se-zgolemi-nuklearniot-arsenal-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sipri-so-analiza-deka-kje-se-zgolemi-nuklearniot-arsenal-vo-svetot/#respond Mon, 13 Jun 2022 06:50:53 +0000 https://kurir.mk/?p=690029

Стокхолмскиот меѓународен институт за мировни истражувања (СИПРИ) објави дека светскиот нуклеарен арсенал наскоро ќе се зголеми со оглед на сегашните тензии, јави ДПА. И покрај познатото намалување на вкупниот број на нуклеарни боеви глави во светот на околу 12.705, аналитичарите на СИПРИ во својот годишен извештај, објавен денеска, велат дека бројот ќе почне повторно да се зголемува во следната деценија. „Постојат јасни индикации дека намалувањето на нуклеарниот арсенал во светот од крајот на Студената војна е завршено“, рече експертот на СИПРИ, Ханс Кристенсен. „Доколку нуклеарните сили не преземат итни и конкретни активности за разоружување, светскиот нуклеарен арсенал наскоро може да почне да расте за прв пат по Студената војна“, рече Мет Корда, од институтот. Според извештајот на СИПРИ, Русија во моментов има 5.977 нуклеарни боеви глави, а САД 5.428. Заедно, двете земји имаат околу 90 отсто од нуклеарните боеви глави во светот. Во извештајот, исто така, се наведува дека сите други нуклеарни држави (во извештајот на СИПРИ се наведени Британија, Франција, Кина, Индија, Пакистан, Израел и Северна Кореја) неодамна развиле или распоредиле нови системи за оружје, или барем го објавиле тоа, јави ДПА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sipri-so-analiza-deka-kje-se-zgolemi-nuklearniot-arsenal-vo-svetot/feed/ 0
СИПРИ: Во 2021 година светот за вооружување потрошил рекордни 2,11 трилиони долари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sipri-vo-2021-godina-svetot-za-vooruzuvanje-potroshil-rekordni-2-11-trilioni-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sipri-vo-2021-godina-svetot-za-vooruzuvanje-potroshil-rekordni-2-11-trilioni-dolari/#respond Tue, 26 Apr 2022 13:02:29 +0000 https://kurir.mk/?p=668077

Во извештајот на Стокхолмскиот меѓународен институт за мировни истражувања (СИПРИ) се наведува дека во 2021 година глобалните трошоци за оружје достигнаа рекордни 2,11 трилиони долари. Земјите ширум светот ги зголемија трошоците за вооружување за 0,7 проценти. Трошоците се зголемуваат седум години по ред, а аналитичарите на СИПРИ предвидуваат дека оваа година повторно ќе биде рекордна.  Побарувачката во одбранбената индустрија значително порасна поради конфликтот во Украина. Најмногу пари за оружје потрошиле САД. Во 2021 година Вашингтон издвоил 801 милијарда долари, но трошоците се за 1,4 отсто помали од претходната година. Кина и понатаму е на второ место со 293 милијарди долари. Тоа е за 4,7 отсто повеќе отколку во 2020 година, а потрошувачката на оружје во Кина расте 27. година по ред. Потоа следат Индија (76,6 милијарди долари), Велика Британија (68,4 милијарди долари) и Русија (65,9 милијарди долари). Русија трета година по ред ги зголемува трошоците за оружје. Додека јапонската Влада за одбраната одвои седум милијарди долари, што е највисока сума од 1972 година. Австралија во 2021 година за четири отсто ги зголеми расходите за вооружување, што достигнаа 31,8 милијарди долари. Растечката закана на Кина во и околу Јужно Кинеско и Источно Кинеско Море се главен двигател на воените трошоци во земји како Австралија и Јапонија. Пример за ова е трипартитниот безбедносен договор АУКУС меѓу Австралија, Велика Британија и САД, кој предвидува испорака на осум нуклеарни подморници во Австралија во вредност од приближно 128 милијарди долари, истакна д-р Нан Тијан. Во извештајот на СИПРИ се наведува дека Иран, по четири години, првпат во 2021 година го зголеми буџетот и за одбраната одвои 24,6 милијарди долари. Од европските земји на НАТО, само осум го одржаа ветувањето дека ќе потрошат најмалку два отсто од БДП за одбрана минатата година. Ова е еден помалку од 2020 година, но повеќе од два во 2014 година. – Трошоците во Европа веќе растат и овој тренд ќе се интензивира. Промената е обично бавна додека не се појави криза, по што се забрзува. Мислам дека сме токму во таков момент, истакна директорка на програмата за вооружување на СИПРИ, Луси Беро-Судро.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sipri-vo-2021-godina-svetot-za-vooruzuvanje-potroshil-rekordni-2-11-trilioni-dolari/feed/ 0
СИПРИ: Европа со најголем раст на увоз на оружје во последните пет години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sipri-evropa-so-najgolem-rast-na-uvoz-na-oruzje-vo-poslednite-pet-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sipri-evropa-so-najgolem-rast-na-uvoz-na-oruzje-vo-poslednite-pet-godini/#respond Mon, 14 Mar 2022 07:03:13 +0000 https://kurir.mk/?p=646628

Европа забележа најголем пораст на увозот на оружје во последните пет години и трендот нагло ќе се забрза со оглед на информациите за повторно вооружување поради новата руска закана, се вели во денескаобјавениот извештај на Меѓународниот институт за мировни истражувања (СИПРИ) во Стокхолм, Шведска. Во периодот 2017-2021 г. светската трговија со оружје падна за 4,6 отсто во однос на претходните пет години, но порасна за 19 отсто на европскиот континент, се наведува во извештајот на СИПРИ. – Европа повторно е жешка точка, рече Симон Веземан, еден од авторите на годишниот извештај, кој се објавува повеќе од 30 години. – „Ни треба многу ново оружје, а добар дел ќе дојде од увоз“, претежно меѓуевропско и американско, изјави истражувачот за АФП, пренесува Хина. Германија веќе најави планови за големи инвестиции во областа на одбраната. Поради зголемените тензии со Русија по 2014 година, уделот на Европа во светската трговија се зголеми од 10 на 13 отсто во последните пет години и тој удел „значително“ ќе се зголемува, рече Веземан. Иако е тешко да се утврдат точни бројки поради нетранспарентноста на многу договори, вредноста на светската трговија со оружје се зголемува на 100 милијарди долари годишно, велат експертите. Според СИПРИ, Азија и Океанија остануваат главна зона за увоз во последните пет години, со 43 отсто удел во светската трговија со оружје и шест главни увозници (Индија, Австралија, Кина, Јужна Кореја, Пакистан и Јапонија). Трговијата со оружје во најгусто населениот дел на светот, сепак, е намалена за 5 отсто во последните пет години. Блискиот исток, вториот по големина пазар во светот со 32 отсто удел во светската трговија, забележа послаб раст (+3 отсто) и главно се заснова на инвестициите на Катар поради тензиите со соседните земји во Персискиот Залив. Уделот на Америка и Африка значително се намали за околу шест проценти на секој континент. Меѓу петте најголеми извозници на оружје во светот, САД – убедливо најголем извозник – и Франција, на третото место, забележаа силен раст во последните пет години, од 32 на 39 отсто, односно 6 на 11 отсто. Русија го задржа второто место меѓу извозниците, но нејзиниот удел падна за 19 отсто во текот на разгледуваниот период, а таквиот пад би можел да продолжи поради влијанието на санкциите и зголемената изолација на Москва, заклучува СИПРИ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sipri-evropa-so-najgolem-rast-na-uvoz-na-oruzje-vo-poslednite-pet-godini/feed/ 0
СИПРИ: Не се очекува Путин да употреби нуклеарно оружје во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sipri-ne-se-ochekuva-putin-da-upotrebi-nuklearno-oruzje-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sipri-ne-se-ochekuva-putin-da-upotrebi-nuklearno-oruzje-vo-ukraina/#respond Fri, 25 Feb 2022 10:53:52 +0000 https://kurir.mk/?p=636557

Не се очекува рускиот претседател Владимир Путин да ги релаизира неговите закани за употреба на нуклеарно оружје во операциите во Украина, проценува Меѓународниот институт за политички истражувања во Стокхолм (СИПРИ). Директорот на СИПРИ, Ден Смит, не смета дека крајното решение на кризата ќе резултира со нуклеарен конфликт. -Но, за жал и самото постоење нуклеарно оружје сепак значи дека се остава отворена и таа колку и да е мала можност, вели тој. Рускиот претседател Путин вчера најави дека испраќа трупи во Украина, со што се остварија стравувањата од инвазијата врз соседната земја. Во неговото обраќање го нагласи фактот дека Русија е „една од најголемите нуклеарни сили во светот“. Според последниот годишен извештај на СИПРИ објавен во јуни минатата година, Русија располага со повеќе од 6.255 од вкупно 13.080 нуклеарни боеви глави колку што ги имаат сите девет нуклеарни сили во светот. Во својот арсенал САД располагаат со 5.550 нуклеарни боеви глави. Смит ги отфрла аргументите со кои се тврди дека нуклеарниот арсенал во светски рамки придонесува за меѓународна стабилност. -Луѓето кои со посочуваат тој аргумент треба да ја имаат предвид моменталната нестабилност што ја преживуваме и да разберат дека нуклеарното вооружување не придонесува кон стабилност. Напротив, придонесува кон недоверба, сомнеж, непријателство, нестабилност, оценува директорот на СИПРИ, Ден Смит.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sipri-ne-se-ochekuva-putin-da-upotrebi-nuklearno-oruzje-vo-ukraina/feed/ 0
Пандемијата не ја запре глобалната индустрија за оружје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pandemijata-ne-ja-zapre-globalnata-industrija-za-oruzje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pandemijata-ne-ja-zapre-globalnata-industrija-za-oruzje/#respond Mon, 06 Dec 2021 11:49:08 +0000 https://kurir.mk/?p=604752

Продажбата на оружје се зголеми во 2020 година и покрај пандемијата на коронавирус и нејзиното влијание врз економијата, покажаа денешните податоци од Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (СИПРИ). Сто од водечките светски производители продале оружје и услуги во вредност од 531 милијарда долари минатата година, што е реален пораст од 1,3 отсто во споредба со 2019 година, соопшти СИПРИ. Продажбата на оружје расте шеста година по ред, и покрај падот на светската економија од 3,1 отсто во првата година од пандемијата, забележува шведскиот институт. – Гигантите во индустријата за оружје беа во голема мера заштитени од континуираната побарувачка на владата за воени стоки и услуги, рече Александра Маркштајнер, истражувачка во институтот. – Воените трошоци се зголемија во поголемиот дел од светот, а некои влади уплатија поголеми суми на сметките на индустријата за оружје за да го ублажат влијанието на кризата со Ковид-19, додаде Маркштајнер. На прво место по бројот на компании меѓу 100-те водечки е САД, со 41 компанија и оружје продадено во вредност од 285 милијарди долари, за 1,9 отсто повеќе отколку во 2019 година. На листата се 26 европски компании кои продадоа оружје во вредност од 109 милијарди долари во 2020 година и пет кинески компании со 66,8 милијарди долари приход од продажба на оружје, 1,5 отсто повеќе од 2019 година. Комбинираната продажба на девет руски компании кои се рангирани меѓу 100-те водечки падна минатата година, четврта година по ред, и тоа за 6,5 отсто, на 26,4 милијарди долари. Производителите од други земји ја зголемија продажбата за 3,4 отсто, на 43,1 милијарди долари, утврди СИПРИ. Американските компании држат нешто повеќе од половина од глобалниот пазар на оружје, европските околу една петина, кинеските 13 отсто и руските пет отсто, покажуваат податоците на СИПРИ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pandemijata-ne-ja-zapre-globalnata-industrija-za-oruzje/feed/ 0
СИПРИ: Постои загрижувачка тенденција на распоредување нуклеарни боеви глави во светот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sipri-postoi-zagrizuvachka-tendencija-na-rasporeduvanje-nuklearni-boevi-glavi-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sipri-postoi-zagrizuvachka-tendencija-na-rasporeduvanje-nuklearni-boevi-glavi-vo-svetot/#respond Mon, 14 Jun 2021 05:36:34 +0000 https://kurir.mk/?p=522972

Бројот на нуклеарни боеви глави ширум светот продолжува да опаѓа. Сепак, постои загрижувачки тренд на зголемување на распоредувањето на нуклеарни боеви глави на глобално ниво, соопшти Меѓународниот институт за истражување на мирот со седиште во Стокхолм (СИПРИ). Авторитативниот институт го објави својот годишен извештај за состојбата со нуклеарното оружје во светот. Во него се забележува пресврт на претходно забележаниот тренд на опаѓање на распоредените нуклеарни боеви глави и истовремено – голем број земји спроведуваат големи и скапи програми за модернизирање на нивните нуклеарни арсенали. Според СИПРИ, на Земјата имало 13.080 нуклеарни боеви глави на почетокот на оваа година – 320 помалку од пред 12 месеци и помалку од една петтина од вкупниот број во средината на 1980-те, кога напнатоста за време на Студената војна достигнала врв. САД и Русија поседуваат повеќе од 90 проценти од тоа оружје. Останатите се распределени меѓу другите седум нуклеарни сили – Кина, Франција, Велика Британија, Пакистан, Индија, Израел и Северна Кореја. Сепак, бројот на нуклеарни боеви глави подготвени за распоредување се зголеми во последната година од 3.720 на 3.825. Русија во моментов има вкупно 6.255 нуклеарни боеви глави – 120 помалку од пред една година. САД имаат 5.500 – намалување за 250, според СИПРИ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sipri-postoi-zagrizuvachka-tendencija-na-rasporeduvanje-nuklearni-boevi-glavi-vo-svetot/feed/ 0
СИПРИ: САД лидер во извозот на оружје за периодот 2016-2020 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sipri-sad-lider-vo-izvozot-na-oruzje-za-periodot-2016-2020-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sipri-sad-lider-vo-izvozot-na-oruzje-za-periodot-2016-2020-godina/#respond Mon, 15 Mar 2021 06:43:48 +0000 https://kurir.mk/?p=482427

САД држaт 37 отсто од глобалната продажба на оружје помеѓу 2016 и 2020 година и продадоа оружје на 96 земји. Речиси половина од нејзината продажба беше наменет за Блискиот исток.Тоаа се наведува во извештајот на Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (СИПРИ). Извозот на САД се зголеми за 15 отсто во споредба со 2011-2015 година. Меѓународните залихи на оружје во периодот 2016-2020 година ставија крај на трендот на повеќе од децениско зголемување, наведува СИПРИ. За првпат од 2001-2005 година, обемот на набавки на оружје меѓу земјите – показател за побарувачката – не се зголеми во споредба со претходниот петгодишен период. САД, Франција и Германија – три од најголемите светски извозници – ги зголемија испораките, но намалениот извоз од Русија и Кина го компенззира растот на првите три. Според извештајот, Русија е втор по големина извозник на оружје во светот, додека Франција е трет по големина. Продажбата на Русија е намалена со падот на увозот од Индија. Саудиска Арабија е на прво место како најголем увозник. Земјите од Блискиот исток имаат најголем пораст на увозот на оружје, што е 25 отсто во периодот 2016-2020 во споредба со 2011-2015 година. Саудиска Арабија, најголемиот увозник на оружје во светот, го зголеми увозот на оружје за 61 отсто и Катар за 361 отсто. Обединетите Арапски Емирати неодамна потпишаа договор со САД за купување на 50 авиони Ф-35 и до 18 вооружени беспилотни летала како дел од пакетот од 23 милијарди долари. Азија и Океанија беа најголемите региони за увоз на оружје – увезоа 42 отсто од глобалните трансфери на оружје во 2016-2020 година. Индија, Австралија, Кина, Јужна Кореја и Пакистан беа најголемите увозници во регионот. „За многу земји во Азија и Океанија, растечката перцепција на Кина како закана е главниот двигател на увозот на оружје“, изјави Симон Веземан, истражувач на СИПРИ. Влијанието на пандемијата Ковид-19 е рано да се процени. СИПРИ нагласува дека е рано да се каже дали рецесијата што произлегува од пандемијата со Ковид-19 може да го забави снабдувањето со оружје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sipri-sad-lider-vo-izvozot-na-oruzje-za-periodot-2016-2020-godina/feed/ 0
СИПРИ: Коронавирусот ќе ги заостри конфликтите низ светот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sipri-koronavirusot-kje-gi-zaostri-konfliktite-niz-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sipri-koronavirusot-kje-gi-zaostri-konfliktite-niz-svetot/#respond Tue, 12 May 2020 09:26:01 +0000 https://kurir.mk/?p=344896

Една од најтешките последици од пандемијата на коронавирусот е пролонгирањето на мирот на неопределено време во многу конфликтни точки низ светот, пишува „Дојче веле“. Според директорот на Стокхолмскиот институт за истражувања на мирот – СИПРИ (SIPRI), Дан Смит, во моментов постои опасност од заострување на меѓународните конфликти и зголемување на теророт како последица на кризата со коронавирусот. -Овој заклучок најмногу се однеусва на Ирак и Сирија, подвлекува Смит. Во Ирак има присуство на податоци за обновување активностите на терористичката група Исламска држава. Во Јемен позициите на противниците може да се зацврстат, а во Авганистан се забележува засилување на активностите на радикалните талибанци. Смит подвлекува дека ново засилување на тензиите им се заканува на државите од Африканскиот рог и деловите од Западна Африка, како Нигерија или Мали. Заради ширењето на заразата во некои од овие региони инфраструктурата на државата е многу ослабена. Луѓето не ја добиваат поддршката која ја очекуваат и од која имаат потреба. Некои од нив ќе се приклучат кон насилните милиции, за да добијат помош и достап до храна, смета директорот на институтот. Претседателот на тинк-тенк групата за меѓународни кризи, Роберт Мали, исто така, смета дека во моментов постои ризик од зголемување на меѓународните тензии. Падот на економијата заради кризата со коронавириусот ќе се одрази во сите конфликтни точки низ светот. -Се наоѓаме на почетокот на ера од конфликти, кои во оделните држави ќе се засилуваат еден по друг, тврди тој. Непосредно пред почетокот на кризата многу луѓе го изразија своето незадоволство од политиката во Хонг Конг, Ирак, Судан, Либија, Алжир и Латинска Америка, излегувајќи на улиците. Главните причини за тоа беа континуираната рецесија, недостигот од храна, на работни места и плати, кои како резултат на пандемијата уште повеќе ќе се влошуваат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sipri-koronavirusot-kje-gi-zaostri-konfliktite-niz-svetot/feed/ 0