сирени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 15 Oct 2023 11:19:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сирени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сирени за можен ракетен напад се огласија во Галилеја https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sireni-za-mozhen-raketen-napad-se-oglasija-vo-galileja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sireni-za-mozhen-raketen-napad-se-oglasija-vo-galileja/#respond Sun, 15 Oct 2023 11:19:00 +0000 https://kurir.mk/?p=889020

По мирната ноќ низ Израел, во раните утрински часови се огласија сирените за можен ракетен напад врз градот Галилеја, јавуваат израелските медиуми. Израелските одбранбени сили соопштија дека се огласиле сирени за предупредување за ракетен напад во заедницата Сде Елиезер, во пошироката област Галилеја, додека израелскиот систем за воздушна одбрана „Железна купола“ лансирал проектил откако открил „сомнителна цел“, наведува „Тајмс оф Израел“. Сирените беа активирани по неколку часа без предупредување, но во услови на широко распространети стравувања дека либанската шиитска, проиранска организација Хезболах би можела да се приклучи на конфликтот меѓу Израел и Хамас еден ден откако минофрлачки гранати беа истрелани од Либан и ракети од Сирија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sireni-za-mozhen-raketen-napad-se-oglasija-vo-galileja/feed/ 0
ВИДЕО: Сирени и силни експлозии над Тел Авив, борбите против Хамас продолжуваат на 22 места низ Израел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-sireni-i-silni-eksplozii-nad-tel-aviv-borbite-protiv-hamas-prodolzhuvaat-na-22-mesta-niz-izrael/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-sireni-i-silni-eksplozii-nad-tel-aviv-borbite-protiv-hamas-prodolzhuvaat-na-22-mesta-niz-izrael/#respond Sat, 07 Oct 2023 17:55:22 +0000 https://kurir.mk/?p=886445

Сирени и повеќе од десетина експлозии беа регистрирани вечерва во Тел Авив, јави Си-Ен-Ен кои имаат свои дописници во градот. Не е јасно дали силните експлозии биле пресретнување на израелските противракетни системи или звук од ракети од милитантите на Хамас што погодиле цели во градот. Борбите меѓу Хамас и израелските сили продолжија и во вечерните часови, соопшти израелската армија, по големиот напад на палестинската екстремистичка организација од Појасот Газа, што предизвика одмазднички напади на Израел, јави ДПА. „Се бориме на 22 места“, рече воениот портпарол Даниел Хагари. „Нема место во јужен Израел каде што немаме сили“, додаде тој. „Има села што се исчистени од терористи, но сакаме да завршиме дополнително истражување на областа пред да го објавиме тоа“, додаде Хагари. Тој исто така рече дека имало „заложнички ситуации“ во местата Офаким и Беери. „Таму има специјални сили со високи команданти и се уште има престрелки. Ние сме во војна“, додаде тој. Има блокади на патиштата во сите области. Хагари предупреди дека се шират многу лажни вести за борбите. Во меѓувреме, израелски воздушен напад срамни висококатница во центарот на Газа. Во 14-катницата живееле десетици семејства. Но, во објектот имало и канцеларии поврзани со групите Хамас и Исламски џихад. Израел ги предупреди жителите 10 минути пред да ја урне зградата, која беше евакуирана. Немаше повредени. Абу Обеида, портпарол на военото крило на Хамас, вети остар одговор. „Тел Авив мора да застане на една нога и да го чека нашиот шокантен одговор“, рече тој. Лидерот на палестинската исламистичка група Хамас, Исмаил Ханија им порача на арапските земји дека Израел не може да им обезбеди никаква заштита. Во денешниот говор Ханија рече и дека палестинските вооружени фракции имаат намера да ги прошират тековните борби во Газа и да ги прошират на Западниот Брег и Ерусалим. „Битката се пресели во срцето на „ционистичкиот естаблишмент“, изјави тој. Палестинската министерка за здравство Мај Ал-Кајла денеска прогласи вонредна состојба во сите палестински болници. Таа издала наредба до Министерството да ги снабдуваат болниците со потребните медицински материјали, лекови и крвни единици, пишува арапскиот весник „Ал Хајат“. Министерката истакна дека „сите болници на Западниот Брег се подготвени да ги примат ранетите од Појасот Газа. Палестинското Министерство за надворешни работи и иселеници денеска соопшти дека прекинот на израелската окупација на палестинските територии е единствената гаранција за мирот, безбедноста и стабилноста во регионот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-sireni-i-silni-eksplozii-nad-tel-aviv-borbite-protiv-hamas-prodolzhuvaat-na-22-mesta-niz-izrael/feed/ 0
Во цела Украина се огласија сирени за опасност од напад од воздух https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-cela-ukraina-se-oglasija-sireni-za-opasnost-od-napad-od-vozduh/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-cela-ukraina-se-oglasija-sireni-za-opasnost-od-napad-od-vozduh/#respond Wed, 28 Dec 2022 10:33:34 +0000 https://kurir.mk/?p=781574

Сирените за воздушен напад се огласија во сите региони на Украина, соопштија официјални лица. И на официјалниот канал на Киев на Телеграм е објавено дека во сила е опасност од воздушен напад. Во објавите на украинските социјални мрежи се наведува полетувањето на руските авиони стационирани во Белорусија како причина за општата тревога.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-cela-ukraina-se-oglasija-sireni-za-opasnost-od-napad-od-vozduh/feed/ 0
Сирените за воздушен напад се слушаат низ цела Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sirenite-za-vozdushen-napad-se-slushaat-niz-cela-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sirenite-za-vozdushen-napad-se-slushaat-niz-cela-ukraina/#respond Sat, 17 Dec 2022 14:16:50 +0000 https://kurir.mk/?p=777016

Во сите украински региони се слушаат сирени, кои предупредуваат за воздушни напади, што е показател дека може да претстои нов бран руски бомбардирања. Вчера Киев доживеа значаен ден на удари, со повеќе од 70 проектили испукани врз градот и прекин на снабдувањето со вода и струја. Имаше и напади врз градови во централна и источна Украина, каде беа убиени неколку луѓе. И утрово имаше извештаи за експлозии во Одеса.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sirenite-za-vozdushen-napad-se-slushaat-niz-cela-ukraina/feed/ 0
„Блиц“: Детонации во Косовска Митровица, се огласија сирените https://arhiva.kurir.mk/svet/region/blic-detonacii-vo-kosovska-mitrovica-se-oglasija-sirenite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/blic-detonacii-vo-kosovska-mitrovica-se-oglasija-sirenite/#respond Tue, 06 Dec 2022 14:49:21 +0000 https://kurir.mk/?p=771851

Во северниот дел на Косовска Митровица пред кусо време одекнале пет детонации, јави српскиот весник „Блиц“. Според извори од терен, детонации се слушнале од правец на улицата Колашинска каде што порано била канцеларијата на изборната комисија. Засега сè уште нема прецизни информации за што се работи и дали се повторува сценариото од Зубин Поток каде пред околу еден час имаше две детонации, информира Блиц. Во Зубин Поток членови на општинската изборна комисија придружувани од косовската полиција по 12 часот насилно влегле во зградата на општина Зубин Поток, поради што граѓаните кои случајно се нашле таму се побуниле. Членови на општинската комисија со асистенција на полициски службеници насилно влегле во просториите на општината, ги искршиле вратите и ги смениле бравите, пред да ја напуштат зградата. Србите ги напуштија сите институции поради постојано неисполнување на одредбите од договорот меѓу Белград и Приштина, а Владата на Албин Курти планира да одржи избори на северот на Косово, пишува „Блиц“.

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/blic-detonacii-vo-kosovska-mitrovica-se-oglasija-sirenite/feed/ 0
ВИДЕО: Сирените повторно се огласија, ракетиран Запорожје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-sirenite-povtorno-se-oglasija-raketiran-zaporozje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-sirenite-povtorno-se-oglasija-raketiran-zaporozje/#respond Fri, 14 Oct 2022 06:05:18 +0000 https://kurir.mk/?p=745058

Руските сили извршиле уште еден ракетен напад врз градот Запорожје, а во еден од окрузите избувнал пожар, пренесуваат украинските медиуми. Шефот на регионалната воена управа на Запорожје, Олександар Старух, ја потврди информацијата дека во раните утрински часови Русите уште еднаш истрелале ракети кон украинскиот град Запорожје. Старух подоцна појасни дека нападот бил извршен со три ракети од системот „С-300“. Запорожје изминатите неколку дена е меѓу главните цели на руските ракетни напади. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-sirenite-povtorno-se-oglasija-raketiran-zaporozje/feed/ 0
ВИДЕО: Киев повторно нападнат, еве како ечеа сирените во 5 часот утринава https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-kiev-povtorno-napadnat-eve-kako-echea-sirenite-vo-5-chasot-utrinava/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-kiev-povtorno-napadnat-eve-kako-echea-sirenite-vo-5-chasot-utrinava/#respond Thu, 13 Oct 2022 06:40:02 +0000 https://kurir.mk/?p=744493

Рано утринава руските сили повторно го нападнаа Киев. Шефот на регионалната воена администрација Олексеј Кулеба истакна дека се напаѓаат разни инфраструктурни објекти Нападите најверојатно се извршуваат со беспилотни летала-камикази, а спасувачките служби се излезени на терен. На социјалните мрежи се појави видео на кое слуша како сирените одекнуваат во Киев во 5 часот утринава и ги предупредуваат граѓаните за воздушен напад. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-kiev-povtorno-napadnat-eve-kako-echea-sirenite-vo-5-chasot-utrinava/feed/ 0
Зеленски: Сирените за воздушен напад се огласија во речиси цела Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-sirenite-za-vozdushen-napad-se-oglasija-vo-rechisi-cela-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-sirenite-za-vozdushen-napad-se-oglasija-vo-rechisi-cela-ukraina/#respond Wed, 06 Jul 2022 06:54:55 +0000 https://kurir.mk/?p=700727

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека синоќа сирените за воздушен напад биле вклучени речиси низ цела Украина и повторно ги повика сојузниците да обезбедат модерни противракетни системи. Тој наведе дека извесен период немало воздушна тревога во Киев некои региони. – Некои луѓе дури се чувствуваа вознемирени поради таквата необична тишина, барајќи објаснување дали Русите се подготвуваа за нешто. Не треба да барате логика во акциите на терористите. Руската армија не застанува, има една задача, да одзема животи, да ги плаши луѓето, па и неколку дена без сирени изгледаат како хорор. Вечерва Киев и речиси цела Украина слушнаа сирени, посочи Зеленски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-sirenite-za-vozdushen-napad-se-oglasija-vo-rechisi-cela-ukraina/feed/ 0
Сирени за тревога и експлозии во голем број украински градови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sireni-za-trevoga-i-eksplozii-vo-golem-broj-ukrainski-gradovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sireni-za-trevoga-i-eksplozii-vo-golem-broj-ukrainski-gradovi/#respond Wed, 04 May 2022 18:55:35 +0000 https://kurir.mk/?p=671940

Сирените за тревога се огласија во голем број украински градови – од Лавов на крајниот запад на земјата до Днепар, Черкаси и Запорожје на југоисток. Во последните три града се слушнале експлозии. -Еден проектил го погоди центарот на Днепар и железничката зграда, рече градоначалникот. Украинските железници соопштија дека никој не е повреден во нападот. Бегалците од фабриката за челик Азовстал во Мариупол неодамна пристигнаа во Запорожје, кој исто така е нападнат.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sireni-za-trevoga-i-eksplozii-vo-golem-broj-ukrainski-gradovi/feed/ 0
Скопјани, не плашете се: Денес ќе се слушаат сирени за тревога, еве што ќе се случува https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopjani-ne-plashete-se-denes-kje-se-slushaat-sireni-za-trevoga-eve-shto-kje-se-sluchuva/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopjani-ne-plashete-se-denes-kje-se-slushaat-sireni-za-trevoga-eve-shto-kje-se-sluchuva/#respond Sat, 09 Apr 2022 06:53:36 +0000 https://kurir.mk/?p=660598

Припадници на Министерството за внатрешни работи и персоналот од Амбасадата на САД во Скопје денеска ќе изведат заедничка вежба за справување во вонредна ситуација. Од МВР информираат дека како дел од сценариото за вежбата ќе бидат користени сирени за тревога, кои ќе можат да ги чујат и граѓаните на Скопје. Поради реализацијата на вежбата, ќе има и времено затворање на крстосницата во близина на Амбасадата, при што е возможен кус застој на сообраќајот. Вежбата ќе се изведува во објектот на Амбасадата на САД. – Целта на заедничката вежба е поефикасна координација меѓу МВР и Амбасадата на САД при преземање активности за справување со кризни ситуации, се наведува во соопштението на МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopjani-ne-plashete-se-denes-kje-se-slushaat-sireni-za-trevoga-eve-shto-kje-se-sluchuva/feed/ 0