сирија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 30 Oct 2023 19:00:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сирија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ОН: Ситуацијата во Сирија е се поопасна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-situatsijata-vo-sirija-e-se-poopasna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-situatsijata-vo-sirija-e-se-poopasna/#respond Mon, 30 Oct 2023 19:00:14 +0000 https://kurir.mk/?p=894624

Обединетите нации (ОН) денеска изразија загриженост за ескалацијата на непријателствата во Сирија и додадоа дека во таа земја се чувствуваат последиците од војната меѓу Израел и палестинското движење Хамас, пренесе Бета. -Од март 2020 година, сирискиот конфликт е во еден вид стратешки ќор-сокак. Долго предупредував дека оваа статус кво ја става Сирија во ризик да влезе во подлабока и продолжена криза, со ризик од најголема ескалација, рече специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Геир Педерсен на состанок во Советот за безбедност. Според него, време е да се алармира, бидејќи „сега ситуацијата е се поопасна“. -Покрај насилството предизвикано од самиот сириски конфликт, сириското население сега се соочува со застрашувачка можност за потенцијално поширока ескалација, поврзана со алармантните случувања во Израел, окупираните палестински територии и регионот, рече Педерсен. Тој додаде дека тоа веќе започнало, алудирајќи на израелските напади на аеродромите во Алепо и Дамаск. -Вниманието на светот е насочено кон кризата во Газа и тоа е оправдано. Но, не смееме да го оттргнеме вниманието од хуманитарните кризи кои продолжуваат на други места, во големи размери, вклучително и во истиот регион, рече Педерсен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-situatsijata-vo-sirija-e-se-poopasna/feed/ 0
Експлозии во американска база во источна Сирија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eksplozii-vo-amerikanska-baza-vo-istochna-sirija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eksplozii-vo-amerikanska-baza-vo-istochna-sirija/#respond Fri, 27 Oct 2023 06:26:48 +0000 https://kurir.mk/?p=893636

Во американската база во провинцијата Деир ез-Зор, во источна Сирија, се слушаат експлозии, јави либанскиот ТВ канал „Ал Мајадин“, повикувајќи се на локални извори. -Се слушаат експлозии во американската база на гасното поле „Конико“, на северот од провинцијата Деир ез-Зор, наведуваат  изворите. Телевизијата наведува дека причина за експлозиите најверојатно е ракетен напад. Портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер, претходно денеска изјави дека американската војска од 17 октомври до вчера регистрирала 12 напади врз нив во Ирак и уште четири во Сирија. Рајдер кажа дека уште околу 900 американски војници ќе бидат распоредени или веќе пристигнале на Блискиот Исток за да ја зајакнат противвоздушната одбрана и да го заштитат американскиот персонал од засилени напади на групи поврзани со Иран. Тој додаде дека американските сили биле цел на напад и претходно денеска во Ирак, но нападот бил одбиен.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eksplozii-vo-amerikanska-baza-vo-istochna-sirija/feed/ 0
Повеќе од 80 жени и деца на џихадисти се вратија од Сирија во Киргистан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poveke-od-80-zheni-i-detsa-na-dhihadisti-se-vratija-od-sirija-vo-kirgistan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poveke-od-80-zheni-i-detsa-na-dhihadisti-se-vratija-od-sirija-vo-kirgistan/#respond Sun, 22 Oct 2023 13:00:19 +0000 https://kurir.mk/?p=891921

Властите на Киргистан денеска соопштија дека е извршена репатријација на 83 жени и деца на џихадисти од камповите во Сирија. Тоа е нова операција од ваков вид за оваа централноазиска земја, регион од каде илјадници луѓе се приклучија на џихадистичките организации. Група киргистански државјани, 21 жена и 62 деца, денеска се префрлени од Сирија, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи во Бишкек. Киргистанските власти денеска им се заблагодарија на Соединетите Американски Држави, УНИЦЕФ и Црвениот крст за помошта во оваа операција. Киргистан, поранешна советска република која се граничи со Кина, врати повеќе од 300 свои граѓани од Сирија или Ирак во март 2021 година, потоа во февруари, август и октомври 2023 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poveke-od-80-zheni-i-detsa-na-dhihadisti-se-vratija-od-sirija-vo-kirgistan/feed/ 0
Пендаровски: Советот за безбедност ќе биде свикан поради безбедносните состојби во регионот и на Блискиот Исток https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-sovetot-za-bezbednost-ke-bide-svikan-poradi-bezbednosnite-sostojbi-vo-regionot-i-na-bliskiot-istok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-sovetot-za-bezbednost-ke-bide-svikan-poradi-bezbednosnite-sostojbi-vo-regionot-i-na-bliskiot-istok/#respond Fri, 20 Oct 2023 07:02:59 +0000 https://kurir.mk/?p=891054

Претседателот Стево Пендаровски во вчерашното интервју за „Клик плус“ на ТВ 21, најави дека во наредните седум до десет дена ќе биде свикан Советот за безбедност на чиј дневен ред ќе бидат состојбите на северот на Косово, војната во Украина и последните случувања на Блискиот Исток, конфликтот Хамас – Израел. -Некои викаат тоа е далеку од нас, меѓутоа ние за жал имаме од сириската војна наваму, луѓе кои се платеници и се борат на една, или на друга страна, а се наши државјани и треба да видиме што со нив, кога утре, задутре ќе се вратат во државава. Колку се покриени од нашите служби и колку се покриени, да ги видиме информациите од нашите партнери, изјави претседателот во интервјуто. Тој додаде дека наша поволна околност е што сме членки на НАТО и редовно ги добиваме брифинзите од таму и знаеме како од прилика ќе се развива состојбата во однос на конфликтот Хамас – Израел, иако во првата фаза не е лесно да се прогнозира. -Меѓутоа Советот за безбедност секако ќе биде свикан, не само за последниот развој на настани на Блискиот Исток, туку и за случувањата на северот на Косово и војната во Украина, изјави претседателот. Во тој контекст претседателот најави дека нашата држава во наредните недели, по барање на НАТО ќе го зголеми и својот контингент на Косово. -Досега на Косово имаше околу 4.500 војници, треба да има околу 5000, и секоја држава во рамки на своите можности го засилува својот контингент. Тоа не тајна. Ние имаме 64 војници во моментов таму, сакаме да однесеме уште 25, 26 во еден од секторите, тие ги нарекуваат зони на одговорност на Косово, изјави претседателот Пендаровски. Запрашан на што се должи високата доверба на Армијата кај јавноста, претседателот Пендаровски изјави дека Армијата долги години наназад ужива висока почит кај граѓаните, независно од етничката нивна припадност и тоа се должи веројатно на имиџот кој македонската Армија го изгради од 1992 - та година до денес. Тој посочи дека македонската Армија не се крие во касарните, туку напротив во било која ситуација и непогода, секогаш е со народот и така треба да остане.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-sovetot-za-bezbednost-ke-bide-svikan-poradi-bezbednosnite-sostojbi-vo-regionot-i-na-bliskiot-istok/feed/ 0
Американска воена база во јужна Сирија нападната со дронови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanska-voena-baza-vo-juzhna-sirija-napadnata-so-dronovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanska-voena-baza-vo-juzhna-sirija-napadnata-so-dronovi/#respond Thu, 19 Oct 2023 19:15:12 +0000 https://kurir.mk/?p=890961

Воена база во јужна Сирија, каде што американските војници обучуваа војници како дел од кампањата против Исламската држава, денеска беше нападната со дронови, соопштија двајца американски високи претставници. Едниот дрон беше соборен, но другиот предизвика мала штета, изјави еден од функционерите, кој сакал да остане анонимен. Нападите уследија по слични напади со дронови во изминатите неколку дена врз базите на САД и коалицијата во Ирак. Сириските опозициски активисти изјавија дека нападот со дрон бил извршен врз нафтена постројка во источна Сирија каде што се стационирани американски војници. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanska-voena-baza-vo-juzhna-sirija-napadnata-so-dronovi/feed/ 0
Приведен маж од Студеничани: Во неговото возило пронајдени 12 мигранти од Сирија, меѓу нив имало и деца https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-mazh-od-studenichani-vo-negovoto-vozilo-pronajdeni-12-migranti-od-sirija-megu-niv-imalo-i-detsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-mazh-od-studenichani-vo-negovoto-vozilo-pronajdeni-12-migranti-od-sirija-megu-niv-imalo-i-detsa/#respond Mon, 16 Oct 2023 19:41:21 +0000 https://kurir.mk/?p=889522

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.М.(23) од село Студеничани, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти’’. На 13.10.2023 на делот од автопатот од наплатна станица Романовце кон Граничниот премин Табановце, полициски службеници извршиле преглед во возилото „фолксваген бора“, кое го управувал, при што пронашле 12 лица мигранти од Сирија, од кои четири малолетници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-mazh-od-studenichani-vo-negovoto-vozilo-pronajdeni-12-migranti-od-sirija-megu-niv-imalo-i-detsa/feed/ 0
Израел гаѓаше аеродроми во Сирија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-gagashe-aerodromi-vo-sirija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-gagashe-aerodromi-vo-sirija/#respond Thu, 12 Oct 2023 13:22:36 +0000 https://kurir.mk/?p=888116

Мета на израелските воздушни напади денеска беа аеродромите во главниот град на Сирија, Дамаск и Алепо на север, јави сириската државна телевизија. Ова се први напади врз Сирија од почетокот на војната предизвикана од нападите на палестинскиот Хамас врз Израел во саботата, во кои загинаа илјадници луѓе. За време на граѓанската војна во Сирија, Израел изврши стотици воздушни напади на сириска територија од 2011 година. Целите на тие израелски напади беа главно сили поддржани од Иран и либански Хезболах. Аеродромите во Дамаск и Алепо потоа беа погодени неколку пати и не можеа да работат. Израел, соседот на Сирија, ретко зборува за напади на сириска територија, но сака да го спречи Иран да се зацврсти на својата граница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-gagashe-aerodromi-vo-sirija/feed/ 0
Израел нападнат и од Сирија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-napadnat-i-od-sirija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-napadnat-i-od-sirija/#respond Tue, 10 Oct 2023 20:40:10 +0000 https://kurir.mk/?p=887624

Израелската армија на социјалните мрежи објави дека е нападната вечерва од територијата на Сирија. Според извештаите, неколку гранати биле истрелани од Сирија. Евидентирани се неколку лансирања од сириската кон израелската територија, а тие одговориле со артилериски и минофрлачки оган.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-napadnat-i-od-sirija/feed/ 0
Mигранти од Сирија најдени во Македонија, приведен скопјанецот кој ги возел https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/migranti-od-sirija-najdeni-vo-makedonija-priveden-skopjanetsot-koj-gi-vozel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/migranti-od-sirija-najdeni-vo-makedonija-priveden-skopjanetsot-koj-gi-vozel/#respond Fri, 06 Oct 2023 10:44:34 +0000 https://kurir.mk/?p=886026

На 05.10.2023 околу 17:00 часот на железничкиот премин на регионалниот пат с.Миравци-с.Давидово, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица при Регионалниот  центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода П.Р.(40) од Скопје затоа што во возило „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки превезувал шест лица мигранти од Сирија. Имено, претходно, на клучка Гевгелија на автопатот А1, полициски службеници дале знак за запирање, но возилото продолжило со движење и се исклучило на регионалниот пат с.Миравци-с.Давидово, каде што удрило во столб, по што застанало. При преглед во возилото биле пронајдени мигрантите, а возачот П.Р. бил фатен и лишен од слобода. Лицето било задржано во полициска станица, а мигрантите биле предадени во Прифатниот центар за странци во Скопје. За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против П.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/migranti-od-sirija-najdeni-vo-makedonija-priveden-skopjanetsot-koj-gi-vozel/feed/ 0
Пентагон: Американски авион собори турски дрон во Сирија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pentagon-amerikanski-avion-sobori-turski-dron-vo-sirija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pentagon-amerikanski-avion-sobori-turski-dron-vo-sirija/#respond Fri, 06 Oct 2023 06:30:01 +0000 https://kurir.mk/?p=885824

САД вчера соборија вооружено турско беспилотно летало кое оперирало во близина на нивните војници во Сирија, соопшти Пентагон, што е прв пат Вашингтон да собори летало на НАТО сојузникот Турција. Претставник на турското Министерство за одбрана рече дека дронот што бил соборен не припаѓа на турските вооружени сили, но не кажа чија сопственост е. -Турската Национална разузнавачка агенција изврши напади во Сирија врз цели на курдските милитанти по бомбашкиот напад во Анкара минатиот викенд, изјави турски безбедносен извор. Вчеравечер, турските воени воздушни напади уништија 30 цели на курдските милитанти во северна Сирија, соопшти турското Министерство за одбрана. Портпаролот на Пентагон, бригадниот генерал Пат Рајдер, рече дека турски беспилотни летала биле забележани како извршуваат воздушни напади во Хасака, Сирија, вчера наутро на околу еден километар од американските трупи. Неколку часа подоцна турско беспилотно летало се приближило на помалку од половина километар од американските војници и било оценето како закана и соборено од авион Ф-16.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pentagon-amerikanski-avion-sobori-turski-dron-vo-sirija/feed/ 0