Сирил Бомгартнер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 28 Nov 2022 11:10:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Сирил Бомгартнер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Средба на градоначалникот Ѓорѓиевски со францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sredba-na-gradonachalnikot-gjorgjievski-so-francuskiot-ambasador-siril-bomgartner/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sredba-na-gradonachalnikot-gjorgjievski-so-francuskiot-ambasador-siril-bomgartner/#respond Mon, 28 Nov 2022 11:10:38 +0000 https://kurir.mk/?p=767535

тратешките планови и приоритетни проекти на Општина Кисела Вода беа во фокус на денешната средба помеѓу градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер. Соговорниците дискутираа околу областите каде е можна заедничка соработка, а кои за жителите на овој дел од градот ќе донесат унапредување на условите за живеење и подобрување на економското функционирање на општина Кисела Вода. Градоначалникот Ѓорѓиевски и амбасадорот Сирил Бомгартнер потенцираа дека градењето на блиски релации е од голема важност и дека зајакнувањето на соработката преку реализирање на заеднички проекти е значаен чекор кон остварување на овие вредности.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sredba-na-gradonachalnikot-gjorgjievski-so-francuskiot-ambasador-siril-bomgartner/feed/ 0
Средба Ангеловска-Бежоска ‒ Бомгартнер: Монетарната политика е соодветно поставена да одговори на нагорните инфлациски движења https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/sredba-angelovska-bezoska-bomgartner-monetarnata-politika-e-soodvetno-postavena-da-odgovori-na-nagornite-inflaciski-dvizenja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/sredba-angelovska-bezoska-bomgartner-monetarnata-politika-e-soodvetno-postavena-da-odgovori-na-nagornite-inflaciski-dvizenja/#respond Fri, 20 May 2022 08:16:15 +0000 https://kurir.mk/?p=679370

Заради последните податоци за инфлацијата, којашто и во април забрза, како и заради влијанието на ваквите остварувања врз инфлациските очекувања, Народната банка продолжи со постепеното зголемување на основната камата. Притоа, затегнувањето на монетарната политика е умерено. Ценовната стабилност е неопходен предуслов за поддршка на стабилен и долгорочен економски раст. Ова беше истакнато на средбата меѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и амбасадорот на Република Франција во земјава, Сирил Бомгартнер и регионалната советничка за економски прашања, Флоренс Добел. На средбата, се разговараше главно за согледувањата на Народната банка за состојбите во економијата, додека сѐ уште постои неизвесност поради енергетската криза и воениот конфликт во Украина, како и за очекувањата за следниот период. Се разгледаа и макроекономските проекции и очекувањата за македонската економија за претстојниот период, имајќи предвид дека тие се важни и за согледувањата на Европската комисија за состојбите во нашата држава. Во тој контекст беше посочено дека од исклучително значење на Народната банка е продолжувањето на можноста за користење девизна ликвидност преку репо-линијата кај Европската централната банка, што беше резултат на позитивните оцени за работењето на Народната банка од страна на европските институции. Оваа можност е сѐ уште отворена и досега не е користена од страна на Народната банка. На средбата беше зборувано и за движењата во банкарскиот систем и за показателите за финансиската стабилност. Притоа, беше истакнато дека од особено значење е што поскоро да се усвои регулативната рамка со којашто ќе се овозможи продлабочување на активностите на Народната банка во доменот на макропрудентната политика. Со тоа, ќе се овозможи јасно дефиниран мандат на централната банка за донесување макропрудентна стратегија и за преземање макропрудентни мерки, заради зајакнување и одржување на финансиската стабилност, како еден од столбовите на макроекономската стабилност во државата. Во завршницата на средбата беше посочено дека работењето на Народната банка е оценето како успешно од меѓународните финансиски институции, поради што нејзините согледувања, оцени и одлуки стануваат клучни за видувањата и оцените и на дипломатскиот кор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/sredba-angelovska-bezoska-bomgartner-monetarnata-politika-e-soodvetno-postavena-da-odgovori-na-nagornite-inflaciski-dvizenja/feed/ 0
Бомгартнер ќе ги претстави Програмата и приоритетите на француското претседателство со Советот на ЕУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bomgartner-kje-gi-pretstavi-programata-i-prioritetite-na-francuskoto-pretsedatelstvo-so-sovetot-na-eu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bomgartner-kje-gi-pretstavi-programata-i-prioritetite-na-francuskoto-pretsedatelstvo-so-sovetot-na-eu/#respond Fri, 14 Jan 2022 06:57:27 +0000 https://kurir.mk/?p=619175

Програмата и приоритетите на француското претседателство со Советот на Европската Унија денеска на прес-конфереција ќе ги претстави францускиот амбасадор во земјава Сирил Бомгартнер. Амбасадорот Бомгартнер вчера ги презентираше приоритетите на француското претседателство пред членовите на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието. – Зајакнување на европската сила и моќ, заштита од безбедносните, но и секаков друг вид предизвци со кои се соочува ЕУ, заштита на здравјето на граѓаните, економската обнова, но и активности за зајакнување на чувството на припадност се дел од приоритетите за време на француското претседателство со Советот на Европската Унија за период јануари-јуни 2022 година, најави Бомгартнер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bomgartner-kje-gi-pretstavi-programata-i-prioritetite-na-francuskoto-pretsedatelstvo-so-sovetot-na-eu/feed/ 0
Бомгартнер: Можеби Макрон ќе преземе чекори за олеснување на дијалогот Скопје-Софија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bomgartner-mozebi-makron-kje-prezeme-chekori-za-olesnuvanje-na-dijalogot-skopje-sofija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bomgartner-mozebi-makron-kje-prezeme-chekori-za-olesnuvanje-na-dijalogot-skopje-sofija/#respond Sat, 18 Dec 2021 11:57:32 +0000 https://kurir.mk/?p=610159

Може да се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да преземе чекори за олеснување на дијалогот меѓу Софија и Скопје, да преземе иницијатива за придвижување на работите, изјави во интервју за „360 степени“, францускиот амбасадор во земјава, Сирил Бомгартнер. Тој во интервјуто не говореше за какви конкретно потези станува збор, но потенцира дека почнувањето на преговорите меѓу ЕУ и Северна Македонија е нешто што сите го посакуваат. –Мислам дека наредното ваше прашање ќе биде – за што се работи попрецизно всушност, но јас би останал дискретен, бидејќи најважно е да бидеме ефикасни, да имаме активности што ќе овозможат деблокада на процесот и да се постигне тој резултат, којшто сите денес го посакуваат, а тоа е решавање на состојбата што е можно побрзо за да се почнат преговорите за членство во ЕУ. Тоа значи дека не се наоѓаме во фаза на јавна комуникација, туку во фаза на мобилизација, а за да се зголемат шансите за успех понекогаш треба да бидеме многу дискретни, затоа што најважно е да бидеме убедливи и да имаме рационален пристап којшто на крајот ќе ни го донесе посакуваниот резултат, вели Бомгартнер. Во однос на јазикот, нагласи дека во Северна Македонија се зборува на македонски јазик и оти тој нема никакви дилеми во врска со тоа. -Никој не ќе може да им наметне на двете земји да усвојат нешто што нема да им одговара и што ќе бара поместување од црвените линии. Во рамки на тие параметри треба да се напредува, да се изнајде решение, а откако ќе се постигне тоа, ќе треба да се договориме за Преговарачката рамка, која ќе овозможи отворање на преговорите за членство, без одолговлекување, нагласи Бомгартнер. Франција од 1 јануари го презема претседавањето со ЕУ, а Бомгартнер вели дека јуни е крајниот рок, но сепак целта е преговорите со Северна Македонија да почнат порано. Потсетувајќи дека во Франција ќе има избори претседателски во април, парламентарни на почетокот на јуни, напомена дека можностите за дејствување на Париз за време на изборите ќе бидат огранични, бидејќи „ќе се најдеме во период во кој сме обврзани на резервираност“. -Советот за општи работи на ЕУ донесе нови заклучоци за отворање на преговорите колку што е можно побрзо. Јас сум убеден дека отворањето на преговорите ќе се случи, но прашањето е кога, односно кога ќе се постигне тој резултат Пораката што беше дадена за време на Советот е – колку што е можно побрзо, толку подобро, изјави Бомгартнер, кој говореше и за самит ЕУ-Западен Балкан, кој го најави Макрон. Tој напомена дека не станува збор за конференција на која ќе се зборува само за Северна Македонија и Албанија, туку фокусот ќе биде на еден поширок регионален контекст, на теми кои го поттикнуваат европскиот интерес за регионот и ги вклучуваат можеби и прашањата за проширување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bomgartner-mozebi-makron-kje-prezeme-chekori-za-olesnuvanje-na-dijalogot-skopje-sofija/feed/ 0