Сирил Рамафоса – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 04 Sep 2023 07:30:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Сирил Рамафоса – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Рамафоса: Не се пронајдени докази дека ЈАР испраќала оружје во Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ramafosa-ne-se-pronajdeni-dokazi-deka-jar-isprakala-oruzhje-vo-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ramafosa-ne-se-pronajdeni-dokazi-deka-jar-isprakala-oruzhje-vo-rusija/#respond Mon, 04 Sep 2023 07:30:22 +0000 https://kurir.mk/?p=874250

Претседателот на Јужноафриканската Република, Сирил Рамафоса синоќа изјави дека не се пронајдени докази за американските обвиненија дека руски брод кон крајот на минатата година зел оружје од Јужна Африка и го транспортирал во Русија. -Ниту едно од обвинувањата за снабдување на Русија со оружје не е докажано како вистина. Не е издадена дозвола за извоз на оружје и не е извезено оружје, посочи Рамафоса. Амбасадорот на САД во ЈАР, Рубен Бригети во мај изјави дека кон крајот на минатата година рускиот брод „Лејди Р“ товарил оружје во поморска база во близина на Кејп Таун. Обвинувањата на САД покренаа прашања за неутралниот став на Јужна Африка во однос на руската војна во Украина и можните западни санкции. Според Рамафоса обвинувањата и наштетиле на економијата и угледот на ЈАР ширум светот. Јужноафриканските власти ги негираа обвинувањата веднаш штом беа изнесени, а Рамафоса назначи пензиониран судија за независна истрага. Комисијата не најде докази за поддршка на тврдењето дека бродот носел оружје од ЈАР наменето за Русија, истакна Рамафоса. Тој додаде дека бродот бил закотвен во базата за да испорача опрема што јужноафриканската компанија за набавка на оружје Армскор ја нарачала во 2018 година за јужноафриканските национални одбранбени сили.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ramafosa-ne-se-pronajdeni-dokazi-deka-jar-isprakala-oruzhje-vo-rusija/feed/ 0
Африканските лидери пристигнаа во Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/afrikanskite-lideri-pristignaa-vo-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/afrikanskite-lideri-pristignaa-vo-rusija/#respond Sat, 17 Jun 2023 14:38:45 +0000 https://kurir.mk/?p=846802

Претседателот на Јужноафриканската Република, Сирил Рамафоса денеска пристигна во Русија, еден ден по посетата на Киев. Предвидено е Рамафоса во Санкт Петербург да се сретне со рускиот колега Владимир Путин, со кој ќе разговара за ситуацијата во Украина. Рамафоса ја предводи африканската делегација составена од сенегалскиот лидер Маки Сал, претседателот на Замбија, Хакаинде Хичилема, египетскиот премиер Мустафа Мадбули и специјалните пратеници на претседателот на Република Конго и поранешниот премиер на Уганда, Рухакана Ругунда. Африканските лидери вчера го посетија Киев и разговараа со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Рамафоса вчера изјави дека и Путин и Зеленски се согласиле да се сретнат со африкански лидери за да разговараат за потенцијалниот мировен план за решавање на конфликтот. Тој додаде дека лидерите на Сенегал, Уганда и Египет исто така го поддржуваат мировниот план, додавајќи дека за иницијативата биле информирани и генералниот секретар на ОН, САД и Велика Британија. Според него, Вашингтон и Лондон изразиле „внимателна“ поддршка за мировниот план.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/afrikanskite-lideri-pristignaa-vo-rusija/feed/ 0
Рамафоса: Русија и Украина се согласија да примат африканска мисија со потенцијален мировен план https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ramafosa-rusija-i-ukraina-se-soglasija-da-primat-afrikanska-misija-so-potentsijalen-miroven-plan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ramafosa-rusija-i-ukraina-se-soglasija-da-primat-afrikanska-misija-so-potentsijalen-miroven-plan/#respond Tue, 16 May 2023 12:32:02 +0000 https://kurir.mk/?p=834831

Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега Володимир Зеленски се согласиле да примат група африкански лидери за да разговараат за потенцијалниот мировен план за решавање на конфликтот. „Моите разговори со двајцата лидери покажаа дека и двајцата се подготвени да ги примат африканските лидери и да разговараат за тоа како може да се стави крај на овој конфликт“, рече Рамафоса на заедничката прес-конференција со сингапурскиот премиер. „Дали тоа ќе успее ќе зависи од разговорите што ќе се одржат“, рече тој. Рамафоса додаде дека лидерите на Сенегал, Уганда и Египет исто така го поддржуваат мировниот план, додавајќи дека за иницијативата биле информирани и генералниот секретар на ОН, САД и Велика Британија. Вашингтон и Лондон изразија „внимателна“ поддршка за мировниот план, додаде Рамафоса. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ramafosa-rusija-i-ukraina-se-soglasija-da-primat-afrikanska-misija-so-potentsijalen-miroven-plan/feed/ 0
Претседателот на Јужноафриканската Република позитивен на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-juznoafrikanskata-republika-pozitiven-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-juznoafrikanskata-republika-pozitiven-na-kovid-19/#respond Mon, 13 Dec 2021 06:26:22 +0000 https://kurir.mk/?p=607519

Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса е позитивен на коронавирусот и има благи симптоми, соопштија од неговиот кабинет. Тој се наоѓа во самоизолација во Кејптаун, а должностите во текот на неделата му ги додели на заменикот Дејвид Мабузи. Рамафоса (69) бил вакциниран со две дози вакцина против Ковид-19. Во соопштението не се наведува дали е заразен со сојот Омикрон. Во изминатиот период тој посети четири земји во Западна Африка, а во секоја од нив имаше негативни резултати на задолжителното тестирање. Тој се врати дома од Сенегал на 8 декември. Претседателот на Јужноафриканската Република истакна дека неговата инфекција треба да биде лекција за сите зошто треба да се вакцинираат. Рамафоса додаде дека вакцината и натаму е најдобра заштита од тешки форми на заболување и хоспитализација, се наведува во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-juznoafrikanskata-republika-pozitiven-na-kovid-19/feed/ 0
Јужна Африка од четврток воведува забрана за движење https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juzna-afrika-od-chetvrtok-voveduva-zabrana-za-dvizenje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juzna-afrika-od-chetvrtok-voveduva-zabrana-za-dvizenje/#respond Tue, 24 Mar 2020 06:34:46 +0000 https://kurir.mk/?p=321076

Јужна Африка ќе воведе 21-дневна забрана за движење во државата од четврток на полноќ во обид да ја спречи епидемијата на Ковид-19. Тоа го изјави синоќа претседателот на Сирил Рамафоса, откако бројот на потврдени случаи се искачи од 128 на 402. Тој и порача на нацијата дека најразвиената економија на Африка мора итно и драстично да го засили својот одговор на ширењето на инфекцијата. – Од полноќ в четврток, 26 март, до полноќ во четврток, 16 април, сите Јужноафриканци ќе треба да останат дома, рече Рамафоса, додавајќи дека луѓето се уште ќе можат да ги напуштаат своите домови за да побараат медицинска помош, купат храна или да подигнат социјална помош. – Иако таа мерка ќе има значителни последици врз приходите на луѓето, врз животот на нашето општество и нашата економија, одложувањето на оваа мерка ќе има многу, многу повисока цена во животот на луѓето, рече Рамафоса.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juzna-afrika-od-chetvrtok-voveduva-zabrana-za-dvizenje/feed/ 0