сириски бегалци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 04 Jun 2020 12:03:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сириски бегалци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Брисел сака дополнителна финансиска помош од ЕУ за сириските бегалци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brisel-saka-dopolnitelna-finansiska-pomosh-od-eu-za-siriskite-begalci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brisel-saka-dopolnitelna-finansiska-pomosh-od-eu-za-siriskite-begalci/#respond Thu, 04 Jun 2020 12:03:01 +0000 https://kurir.mk/?p=353796

Европската Комисија им предлага на земјите членки на ЕУ да се издвојат дополнителни средства за сириските бегалци кои се наоѓаат во соседните земји, јави дописничката на МИА од Брисел. Предлогот предвидува сто милиони евра за Јордан и Либан, а 485 милиони евра за Турција. -ЕУ константно ги поддржува бегалците во Турција, Либан и Јордан со години. Со заканата од коронавирусот за најранливите, не смееме да ја сопреме нашата поддршка. Ние сме посветени да му помогнеме на сирискиот народ и земјите кои ги примаат во овие тешки времиња, а хуманитарната помош на ЕУ ќе помогне децата да одат во училиште и ќе ги поддржи семејствата на кои им е потребна помош, рече Јанес Ленарчич, еврокомесарот за хуманитарна помош. Јордан и Либан имаат најголем број сириски бегалци на нивна територија, но ЕУ има посебен договор со Турција, произлезен од “бегалската криза“ во 2015, со што Анкара е задолжена да помогне да се намали бројот на бегалци кои пристигнуваат на територијата на ЕУ. Средствата што се издвојуваат за Турција се наменети за партнерски организации кои работат со ЕУ на терен во бегалските заедници. Со оваа дополнителна помош, Европската Комисија сака да се пролонгираат два проекта на кои наскоро им истекува рокот, а тоа е програмата за социјална помош и програмата за образование. Тие би се продолжиле до крајот на 2021, доколку предлогот биде прифатен од страна на земјите членки на ЕУ и на Европскиот Парламент. Средствата за двете други земји се наменети исто така за образовни цели, но и за здравствени проекти и социјална заштита на бегалците од Сирија, но и од Палестина кои се наоѓаат во камповите во Либан и Јордан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brisel-saka-dopolnitelna-finansiska-pomosh-od-eu-za-siriskite-begalci/feed/ 0
Ердоган: Анкара ќе им помогне на сириските бегалци да се вратат во својата земја https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-ankara-kje-im-pomogne-na-siriskite-begalci-da-se-vratat-vo-svojata-zemja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-ankara-kje-im-pomogne-na-siriskite-begalci-da-se-vratat-vo-svojata-zemja/#respond Thu, 05 Mar 2020 19:09:43 +0000 https://kurir.mk/?p=312726

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и неговиот руски колега Владимир Путин денеска во Москва по повеќечасовни разговори постигнаа договор за решавање на кризата во сириската провинција Идлиб. На заедничката прес-конференција Ердоган вети дека Анкара „ќе им помогне на сириските бегалци да се вратат во својата татковина“. Истовремено, Ердоган истакна дека Турција го задржува правото да одговори на евентуални дејствија на сириските воени сили. – Турција го задржува правото да одговори на каков било напад од страна на режимот (на сирискиот претседател Башар ал Асад) со свои сили, нагласи турскиот лидер. Москва и Анкара постигнаа денеска договор да создадат безбедносен коридор во провинцијата Идлиб, во реонот на сирискиот автопат М4. – Страните се согласија да создадат заштитен коридор шест километри северно и шест километри јужно од автопатот М4. Конкретните параметри за функционирањето на безбедносниот коридор ќе ги договорат министерствата за одбрана на Руската Федерација и на Турција во рок од седум дена, се наведува во соопштението. Од 15 март Русија и Турција ќе започнат заедничко патролирање низ автопатот М4 во Сирија од населбата Тромба до селото Аин ал-Хабр. Русија и Турција ја изразија својата подготвеност да се борат со сите појави на тероризам. – Изразивме неопходност да се почитуваат принципите на суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија. Исто така, убедени сме дека не треба да дозволиме ослабнување на борбата против меѓународниот тероризам, додаде рускиот претседател Владимир Путин. Борбите во сириската провинција Идлиб е договорено да прекинат денеска на полноќ. На крајот Путин му заблагодарил на Ердоган за посетата, нарекувајќи ги разговорите за Сирија „тешки“, но нагласи дека тие завршиле позитивно. – Сакам да му се заблагодарам на господинот Ердоган што дојде денеска во Москва и го потврди нивото на нашите односи. Сакам да им се заблагодарам на сите турски колеги за напорната, тешка, но конструктивна работа, која заврши, според мое мислење, со позитивен резултат, додаде рускиот лидер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-ankara-kje-im-pomogne-na-siriskite-begalci-da-se-vratat-vo-svojata-zemja/feed/ 0