сириски народ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 23 Jun 2020 14:39:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сириски народ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 САД со санкциите сакаат да го изгладнат сирискиот народ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-so-sankciite-sakaat-da-go-izgladnat-siriskiot-narod/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-so-sankciite-sakaat-da-go-izgladnat-siriskiot-narod/#respond Tue, 23 Jun 2020 14:39:14 +0000 https://kurir.mk/?p=361644

Сирискиот министер за надворешни работи, Валид ал-Моалем, денеска ги обвини САД дека сакаат да го уморат со глад сирискиот народ со воведување нови санкции и да отворат врата за враќање на тероризмот во земјата која е опустошена од повеќегодишната војна. Ал-Моалем рече дека санкциите се предизвик, но дека не е невозможно да се надминат и инсистираше на тоа дека Владата ќе може, со помош на пријатели и сојузници, да се справи со таканаречениот Закон за граѓанска заштита во Сирија. Законот е познат како Цезаров закон и е именуван по псевдонимот на сирискиот полицаец, кој објави фотографии на илјадници жртви кои биле измачувани од владата на Асад. – Предизвиците не се лесни. Веќе започнавме со преземање мерки за сузбивање на овие санкции, рече Ал-Моалем. Најновите американски санкции се најстрогите досега усвоени против Сирија и се однесуваат на сите лица или субјекти кои имаат деловни активности со сириската Влада или ги поддржуваат нејзините воени напори, вклучително и реконструкција, испорака на гориво и други сектори. Бизнисмените блиски до сириската Влада се додадени на списокот на санкции во рамките на новите мерки. Американскиот Стејт департмент и Министерството за финансии, исто така, го ставија Асад, неговата сопруга и роднините на списокот на санкции. Ова лето треба да се додадат уште неколку луѓе. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-so-sankciite-sakaat-da-go-izgladnat-siriskiot-narod/feed/ 0