сириско пристаниште – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 28 Dec 2021 10:31:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сириско пристаниште – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Израелската армија повторно го ракетираше сириското пристаниште Латакија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskata-armija-povtorno-go-raketirashe-siriskoto-pristanishte-latakija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskata-armija-povtorno-go-raketirashe-siriskoto-pristanishte-latakija/#respond Tue, 28 Dec 2021 10:31:15 +0000 https://kurir.mk/?p=614010

Израелски ракети истрелани од Средоземното море го погодија сириското пристаниште Латакија и предизвикаа пожар на контејнерскиот терминал, јавија сириските државни медиуми. Ова е втор напад во декември. Сириската новинска агенција САНА јави дека пожарот предизвикал голема штета и дека пожарникарите се бореле со пламените јазици речиси еден час. Нема информации за евентуални жртви од ракетните напади што ја активираа сириската воздушна одбрана. Сличен напад се случи и на 7 декември кога израелски борбени авиони гаѓаа терминал со контејнери и предизвикаа пожар и експлозија. Израелската армија не го коментираше последниот напад. Израел изврши стотици воздушни напади врз цели во деловите на Сирија под контрола на владата во Дамаск за време на 10-годишната граѓанска војна и ретко презема одговорност за таквите операции. Претходно цел на нападот беше аеродромот во сириската престолнина Дамаск. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskata-armija-povtorno-go-raketirashe-siriskoto-pristanishte-latakija/feed/ 0