Сирково – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 16 Dec 2021 11:02:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Сирково – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Жителите на Сирково побараа помош од градоначалникот на Росоман за да добијат приклучок кон патот Градско-Прилеп https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zitelite-na-sirkovo-pobaraa-pomosh-od-gradonachalnikot-na-rosoman-za-da-dobijat-prikluchok-kon-patot-gradsko-prilep/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zitelite-na-sirkovo-pobaraa-pomosh-od-gradonachalnikot-na-rosoman-za-da-dobijat-prikluchok-kon-patot-gradsko-prilep/#respond Thu, 16 Dec 2021 11:02:08 +0000 https://kurir.mk/?p=609254

Градоначалникот на Росоман да реагира кај надлежните државни институции во врска со проблемот на жителите на село Сирково, кои бараат приклучок кон новиот брз пат Градско-Прилеп и да се вратат во првобитна состојба двата патни правца кои се користат при градбата на новата делница. Ова е заклучокот од седницата на Советот на росоманската општина, за кој денеска информираше Веле Коцев, претседател на месна заедница Сирково. – Побаравме од локалната самоуправа да се испратат барања до Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта за исполнување на нашите барања. Ако не може приклучок, барем влез и излез да имаме кон новиот пат. Да не останеме слепо црево и во иднина патот да го гледаме на двеста метра, а да мораме со километри да вртиме да се приклучиме на тој брз пат. Ја добивме поддршката и од градоначалникот и од советниците во Советот на општината, соопшти Коцев. Тој потсети дека проблемот е од 2015-2016 година и оти во ноември и почетокот на месецов протестираа со цел негово решавање. – Приклучокот е од витално значење и од голема важност за над 500 жители на селото Сирково, но и за сите оние кои доаѓаат за викенди овде. Второ по големина село сме во општината. Ова прашање е значајно за животот, опстанокот и развојот. Знаеме што значи комуникацијата со останатиот дел од државата, дециден беше Коцев. Тој додаде дека можно е радикализирање на состојбите и блокада на постоечкиот регионален пат Градско-Прилеп, доколку надлежните не го решат нивниот проблем.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zitelite-na-sirkovo-pobaraa-pomosh-od-gradonachalnikot-na-rosoman-za-da-dobijat-prikluchok-kon-patot-gradsko-prilep/feed/ 0
Изгореле 25 јагниња во пожар во Сирково https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/izgorele-25-jagninja-vo-pozar-vo-sirkovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/izgorele-25-jagninja-vo-pozar-vo-sirkovo/#respond Tue, 30 Jun 2020 09:57:37 +0000 https://kurir.mk/?p=365698

Во СВР Велес завчера околу 22.00 часот било пријавено дека во село Сирково настанал пожар во трло со овци, сопственост на В.А.(40), при што изгореле 25 јагниња, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол во СВР Велес. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци и бил извршен увид на местото на настанот. Синоќа пак, во 17.30 часот во СВР Велес било пријавено дека од неисправен комбајн настанал пожар на жито на нива на фирма на место викано „Тиклик“, во село Вешје, неготинско. Пожарот бил изгаснат. Бил извршен увид на местото на настанот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/izgorele-25-jagninja-vo-pozar-vo-sirkovo/feed/ 0
Четири пушки одземени при претрес кај жител на росоманско Сирково https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/chetiri-pushki-odzemeni-pri-pretres-kaj-zitel-na-rosomansko-sirkovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/chetiri-pushki-odzemeni-pri-pretres-kaj-zitel-na-rosomansko-sirkovo/#respond Tue, 26 Dec 2017 15:34:53 +0000 http://kurir.mk/?p=2794

Четири пушки биле одземени при претрес кај жител на росоманското село Сирково, информацијата денеска ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. - На 23 овој месец во времето од 05:50 до 08:00 часот во селото Сирково, во домот на 35-годишниот З.Н., при вршење на претрес по наредба од Основен суд Велес, пронајдени биле и одземени пневматски пушки марка „славија М77” со калибар 4,5 мм и пневматска пушка од чехословачко производство, како и две рачно изработени пушки, рече Додевски. Пушките се одземени, а против сопственикот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до Основно јавно обвинителство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/chetiri-pushki-odzemeni-pri-pretres-kaj-zitel-na-rosomansko-sirkovo/feed/ 0