сиромашни – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 16 Nov 2022 08:17:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сиромашни – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во време на криза, ресторан во Шпанија бесплатно служи храна на сиромашните https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vo-vreme-na-kriza-restoran-vo-shpanija-besplatno-sluzi-hrana-na-siromashnite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vo-vreme-na-kriza-restoran-vo-shpanija-besplatno-sluzi-hrana-na-siromashnite/#respond Wed, 16 Nov 2022 08:17:18 +0000 https://kurir.mk/?p=761451

Додека растечките цени на храната, струјата и бензинот ѝ се закануваат на Шпанија, мал ресторан на југот на земјата им служи бесплатно храна на невработени и лица со мали приходи. „Бар Публика“ се наоѓа во градот Мохакар, каде живеат 6.300 жители. Шеф Карлос Родригез, Аргентинец кој дошол во Шпанија пред 20 години, последниве шест години раководи со гостилницата заедно со неговата партнерка Моника Ескобар. – Најдобар начин да се влијае на луѓето да покажат солидарност е со пример. Не веруваме во заработка. Ние веруваме во солидарноста, која е суштински различна, вели готвачот. Андалузија, најнаселената шпанска провинција во која се наоѓа Мојакар, е општо земено, посиромашен дел на Шпанија. Ресторанот, кој е специјализиран за јадења со месо, особено телешко, им го нуди она што може на луѓето без пари. – Не можам да им дадам скап стек, посакував да можам. Но, можам да понудам друг вид на храна. Така барем ќе можат да јадат топол оброк. И не бараме никаков доказ за невработеност или немање приходи од лица кои бараат бесплатен оброк. Не е потребно тоа. Тие бараат оброк од срам… Доволно ми е да погледнам човек во очи и да знам дали му треба ваква помош, истакна Родригез. Вели, на некои луѓе им е толку непријатно, што наместо понудената чаша пиво избираат обична вода. – Секој мора да има право на чаша пиво или вино!, нагласува тој. Родригез извесно време бил претставник на партијата Обединета левица, но се пензионирал поради возраста. Тој тврди дека ова не го прави за да ја промовира својата кафеана и дека не е никаков маркетинг.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vo-vreme-na-kriza-restoran-vo-shpanija-besplatno-sluzi-hrana-na-siromashnite/feed/ 0
Швајцарија деблокира 1,2 милијарда евра за сиромашните земји-членки на ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvajcarija-deblokira-1-2-milijarda-evra-za-siromashnite-zemji-chlenki-na-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvajcarija-deblokira-1-2-milijarda-evra-za-siromashnite-zemji-chlenki-na-eu/#respond Fri, 01 Oct 2021 11:30:21 +0000 https://kurir.mk/?p=571312

Швајцарија деблокира вкупно 1,3 милијарди франци (1,2 милијарди евра) фијнансиска помош за сиромашните земји-членки на Европска Унија, во обид да ги подобри тензичните односи со својот најголем трговски партнер. Горниот дом на швајцарскиот Парламент вчера одобри ислата на 1,3 милијарди франци во следните години. Средствата се замрзна ни во 2019 година по спорот за меѓусебно признавање на берзанските правила. Швајцарија не е земја-членка на ЕУ, но учествува во нејзините програми и внатрешниот пазар на блокот преку билатерални договори. За возврат, плаќањата за поддршка на посиромашните земји од ЕУ беа договорени пред неколку години, а сличен аранжман беше договорен и со Норвешка. Во Швајцарија, ова се нарекува „милијарда за кохезија“. Односите помеѓу ЕУ и Швајцарија се заладија откако блокот инсистираше на рамковен договор. ЕУ за да изврши притисок почна да не ја признава швајцарската берза како еквивалент на институциите на ЕУ во 2019 година. Преговорите за рамковниот договорот се во застој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvajcarija-deblokira-1-2-milijarda-evra-za-siromashnite-zemji-chlenki-na-eu/feed/ 0
Гутереш апелира да се зголеми финансирањето на Ковакс со цел вакцините да им бида достапни и на најсиромашните https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-apelira-da-se-zgolemi-finansiranjeto-na-kovaks-so-cel-vakcinite-da-im-bida-dostapni-i-na-najsiromashnite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-apelira-da-se-zgolemi-finansiranjeto-na-kovaks-so-cel-vakcinite-da-im-bida-dostapni-i-na-najsiromashnite/#respond Thu, 10 Dec 2020 08:15:03 +0000 https://kurir.mk/?p=441270

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш предупреди дека „национализмот за вакцинација“ е во полн ек, оставајќи ги сиромашните луѓе ширум светот само да ги гледаат подготовките за вакцинација против коронавирусот во богатите земји и да се прашуваат дали и кога ќе бидат вакцинирани. Шефот на ОН го повтори својот повик на вакцините да се гледа како на „глобално јавно добро“, достапно за сите, насекаде на планетата, особено во Африка. Тој повика во наредните месеци да се инвестираат уште 4,2 милијарди американски долари во програмата Ковакс на Светската здравствена организација за помош во купување и дистрибуција на вакцина против Ковид-19, за да им се помогне на најсиромашните луѓе во светот После онлајн состанокот на Обединетите нации со Африканската унија, Гутереш на прес-конференцијата рече дека финансирањето на Ковакс е единствен начин да се гарантира дека вакцините ќе бидат достапни во Африка и другите земји во развој. Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на состанокот на Генералното собрание на ОН за Ковид-19 минатата недела рече дека „напредокот во вакцините дава надеж и оти на крајот од тунелот се гледа светлина“ за ставање стави крај на пандемијата, но додаде дека вакцините „мора да се поделат подеднакво како светско јавно добро, а не како приватна стока што ја зголемува нееднаквоста“. Велика Британија и Русија веќе почнаа вакцинација против коронавирусот. Во САД вакцината на Фајзер може да добие зелено светло за итна употреба во наредните денови, а вакцината на Модерна во наредните недели. Гутереш рече дека 54 африкански земји регистрирале над 2,2 милиони случаи на заразени со коронавирус и над 53.000 смртни случаи од Ковид-19. Тој изрази надеж дека вакцините, во комбинација со други мерки за јавно здравје, ќе помогнат да се надмине пандемијата, но затоа мора да бидат достапни за секого.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-apelira-da-se-zgolemi-finansiranjeto-na-kovaks-so-cel-vakcinite-da-im-bida-dostapni-i-na-najsiromashnite/feed/ 0
ОН: Половина од сиромашните луѓе во светот се деца https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-polovina-od-siromashnite-lugje-vo-svetot-se-deca/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-polovina-od-siromashnite-lugje-vo-svetot-se-deca/#respond Thu, 20 Sep 2018 18:14:02 +0000 https://kurir.mk/?p=103825

Половината од луѓето кои живеат во сиромаштија се под 18 години, покажуваат податоците од најновото истражување на Обединети нации. Според извештајот на ОН околу 1,3 милијарди луѓе, речиси една четвртина од населението во 104 земји, кои беа вклучени во истражувањето, изјавиле дека се сиромашни. Приближно 662 милиони од нив се деца. Со истражувањето беа опфатени здравствената заштита, образованието и животниот стандард. Луѓето кои живеат во сиромаштија немаат пристап до неопходните работи, како што е вода, средства за хигиена, електрична енергија, соодветна исхрана или основно образование. Резултатите од истражувањето покажуваат и дека поголемиот број од сиромашните односно 1,1 милијарда луѓе живеат во селските региони, каде сиромаштијата е четирипати поголема отколку во градските средини. Истражувањето е спроведено пред се во држави со ниски и средни приходи, во кои живеат речиси три четвртини од светското население. (Миа0]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-polovina-od-siromashnite-lugje-vo-svetot-se-deca/feed/ 0
Шокантни податоци: Еден процент од најбогатите заработуваат 82% од парите на светско ниво https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shokantni-podatoci-eden-procent-od-najbogatite-zarabotuvaat-82-od-parite-na-svetsko-nivo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shokantni-podatoci-eden-procent-od-najbogatite-zarabotuvaat-82-od-parite-na-svetsko-nivo/#respond Mon, 22 Jan 2018 13:49:05 +0000 http://kurir.mk/?p=13917

Јазот помеѓу богатите и останатите во светот дополнително се проширил минатата година, бидејќи мал процент на моќници продолжи да акумулира се поголемо материјално богатство, наведува хуманитарната организација „Оксфам“. Околу 82 проценти од парите заработени минатата година отишле во рацете на најбогатите еден отсто жители, додека најсиромашната половина од светското население не забележала материјално подобување. „Оксфам“ истакнува дека бројките јасно покажуваат дека системот на дистрибуција на богатство во светот не е добар. Како главен виновник за огромниот јаз, организација го посочува избегнувањето на плаќање на данок (односно постоењето на даночни раеви), злоупотреба на работничките права и агресивното намалување на трошоците за производство. „Оксфам“ на оваа состојба предупредува веќе долго време, а минатата година организацијата пресметала дека осум најбогати поединци поседуваат исто толку колку и 50 проценти од светската популација. Извршниот директор Марк Голдринг вели дека ова ниво на нееднаквост е недопустливо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shokantni-podatoci-eden-procent-od-najbogatite-zarabotuvaat-82-od-parite-na-svetsko-nivo/feed/ 0