Сит Ејтор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 02 Sep 2019 09:26:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Сит Ејтор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Идентификуван напаѓачот од Тексас кој уби седум лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/identifikuvan-napagjachot-od-teksas-koj-ubi-sedum-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/identifikuvan-napagjachot-od-teksas-koj-ubi-sedum-lica/#respond Mon, 02 Sep 2019 09:26:29 +0000 https://kurir.mk/?p=235980

Мажот кој во источен Тексас уби седум, а рани 22 лица, меѓу кои и едно 17-месечно бебе е идентификуван како Сит Ејтор (36), јавија американските медиуми, повикувајќи се на неименувани полициски извори. Полицијата во саботата се обидела го запре Ејтор заради сообраќаен прекршок, а тој почнал да пука, при што на крајот бил убиен. Полицијата го бркала осомничениот Ејтор речиси 20 километри, за кое време тој пукал на невидено во областите Одеса и Мидленд. Притоа тој убил седум лица, на возраст меѓу 15 и 57 години. Властите претходно соопштија дека напаѓачот имал кривично досие, но не изнесоа детали за видот на кривичните дела што ги сторил. Ова е второ масовно убиство во Тексас во последните четири недели, потсетуваат агенциите, по убиството во Ел Пасо кога загинаа 22 лица. Овој последен напад е 25-то масовно убиство во САД од почетокот на оваа година, со што е изедначен бројот на вакви убиства за целата мината година, а бројката на жртвите веќе достигна 142, со што е надминат бројот на жртвите од ланската 2018 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/identifikuvan-napagjachot-od-teksas-koj-ubi-sedum-lica/feed/ 0