сите видови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 08 Feb 2021 13:24:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сите видови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Францускиот министер за здравство: Вакцината на АстраЗенека штити од речиси сите видови на коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskiot-minister-za-zdravstvo-vakcinata-na-astrazeneka-shtiti-od-rechisi-site-vidovi-na-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskiot-minister-za-zdravstvo-vakcinata-na-astrazeneka-shtiti-od-rechisi-site-vidovi-na-koronavirus/#respond Mon, 08 Feb 2021 13:24:45 +0000 https://kurir.mk/?p=465815

Францускиот министер за здравство Оливер Веран и даде поддршка на вакцината против Ковид-19 на компанијата АстраЗенека, тврдејќи дека таа овозможува доволна заштита против речиси сите видови на коронавирус. Тој ја прими оваа вакцина во центарот за вакцинација во Мелен, што беше телевизиски пренесувано. Британското Министерство за здравство денеска соопшти дека нема докази оти вакцината на АстраЗенека не спречува смртни исходи, ниту тежок облик на болести, додавајќи дека Јужна Африка само времено ја прекинала нејзината употреба. Јужна Африка одлучила времено да ја прекине вакцинацијата со дозите на компанијата АстраЗенека, откако податоците покажале дека дава минимална заштита од „средно тешки и сериозни облици на болести“ предизвикани од мутираниот вид на коронавирус кој е доминантен во земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskiot-minister-za-zdravstvo-vakcinata-na-astrazeneka-shtiti-od-rechisi-site-vidovi-na-koronavirus/feed/ 0
Научници ги открија причините за речиси сите видови на рак https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nauchnici-gi-otkrija-prichinite-za-rechisi-site-vidovi-na-rak/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nauchnici-gi-otkrija-prichinite-za-rechisi-site-vidovi-na-rak/#respond Mon, 10 Feb 2020 16:55:09 +0000 https://kurir.mk/?p=301972

Научници успејаа ја „дешифрираат“ генетската информација за 38 видови на канцерогени клетки, објави Би Би Си. Големото истражување, во кое учествуваа 1.300 генетичари од над 30 земји во светот, е наречено „Комплетна геномска анализа на сите видови рак“. Според научниците, благодарение на резултатите, лекарите веќе можат да го дијагностицираат ракот во рана фаза на развој. Лекувањето на малигните тумори ќе биде поефикасно и пациентите ќе имаат поголема веројатност да се опорават. Претходно беше утврдено дека појавата на ракот е мутација во ДНК. Прашањето беше каде и зошто се појавува „грешката“ во генетскиот код, што доведува до развој на туморот. За време на студијата, научниците успеале да откријат каде точно се наоѓаат главните мутации. Сега тие можат да го наведат нивниот точен број. Научниците, исто така, откриле и дека развојот на некои видови карциноми може да почне да се појавува десет години пред дијагностицирањето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nauchnici-gi-otkrija-prichinite-za-rechisi-site-vidovi-na-rak/feed/ 0