сити мол – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 06 Apr 2022 11:23:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сити мол – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Се чувствувам виновен и се каам“ – го призна делото возачот кој ја прегази Викторија Николова кај Сити мол https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-chuvstvuvam-vinoven-i-se-kaam-go-prizna-deloto-vozachot-koj-ja-pregazi-viktorija-nikolova-kaj-siti-mol/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-chuvstvuvam-vinoven-i-se-kaam-go-prizna-deloto-vozachot-koj-ja-pregazi-viktorija-nikolova-kaj-siti-mol/#respond Wed, 06 Apr 2022 09:33:50 +0000 https://kurir.mk/?p=659118

Јордан Ѓоргиев, возачот кој во сообраќајна несреќа кај Скопје Сити Мол ја усмрти Викторија Николова на пешачки премин, денеска призна вина во Основниот кривичен суд. -Разбирам зошто сум овде и делото кое ми се става на товар. Да се чувствувам виновен и многу се каам. Свесно го давам признанието. Јасно ми е дека ќе ми следи санкција. Јасно ми е дека и ќе треба да платам оштетно побарување во иднина, рече 23-годишниот Ѓоргиев. Потоа по признанието на вината Ѓоргиев седна на обвинителното столче и гледаше надолу додека чекаше сите вклучени во постапката да се изјаснат. Во несреќата на 20-ти јануари оваа година загина Викторија Николова, 24-годишна радовишанка која поминувала на пешачки премин додека на семафорот трепкало жолто светло. Ѓоргиев налетал на неа и на нејзиниот партнер, а Викторија загина на лице место откако беше отфрлена 20-тина метри во средина на булеварот Партизански одреди. Според обвинението, Ѓорѓиев возел со брзина од 67,3 километри на час, што е за 17,3 километри на час поголема од максимално дозволената, не застанал иако видел дека има пешаци и ја прегазил Викторија. Она што е познато од денешното рочиште е тоа што семејството Николови нема да бара имотно-правни побарувања бидејќи тоа ќе го оствареле преку осигурителна компанија, додека Леонид Даов, момче на починатата Викторија, ќе бара имотно правно побарување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-chuvstvuvam-vinoven-i-se-kaam-go-prizna-deloto-vozachot-koj-ja-pregazi-viktorija-nikolova-kaj-siti-mol/feed/ 0
Одобрено во целост обвинението за сообраќајката кај Сити мол https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/odobreno-vo-celost-obvinenieto-za-soobrakjajkata-kaj-siti-mol/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/odobreno-vo-celost-obvinenieto-za-soobrakjajkata-kaj-siti-mol/#respond Tue, 08 Mar 2022 12:57:19 +0000 https://kurir.mk/?p=643331

Основниот Кривичен суд Скопје, во целост го одобрил обвинителниот акт за сообраќајната несреќа која се случи во близина на трговскиот центар Сити Мол во Скопје, на 20 јануари годинава. Ја информираме јавноста дека советот за оценка на обвинителен акт, по одржана седница, донесе решение со кое приговорите се одбиваат, а актот против обвинетиот Ј.Ѓ., осомничен за кривичното дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.2 в.в со чл. 297 ст.1 од КЗ, се одобрува во целост, велат од Кривичен суд. Додаваат дека согласно АКМИС системот предметот ќе биде распределен на понатамошно постапување, а штом ќе биде насрочен термин за главна расправа од Судот информираат дека истиот ќе биде објавен на веб-страната на судот во делот „Календар на судења".]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/odobreno-vo-celost-obvinenieto-za-soobrakjajkata-kaj-siti-mol/feed/ 0
Во извештајот за сообраќајката кај „Сити мол“ ЈО го заборави овој важен член од ЗКП? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-izveshtajot-za-soobrakjajkata-kaj-siti-mol-jo-go-zaboravi-ovoj-vazen-chlen-od-zkp/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-izveshtajot-za-soobrakjajkata-kaj-siti-mol-jo-go-zaboravi-ovoj-vazen-chlen-od-zkp/#respond Fri, 18 Feb 2022 15:11:24 +0000 https://kurir.mk/?p=633233

Тешки дела против безбедноста во сообраќајот со смрт на едно лице е вината на 21- годишниот возач која ја усмрти Викторија Николова кај трговскито центар „Сити мол“ се наведува во обвинителниот акт кој денеска јавно обвинителство го достави до Основниот суд Скопје. Возел побрзо од дозволеното и не застанал пред исклучениот семафор со што го прекршил и законот за безбедност на соообраќајот. Во несреќата настрада радовишанката Николова, а беше повредено и нејзиното момче додека младиот возач доби мерка притвор. Возел на дозволената брзина, не застанал на исклучен семафор и не ги почитувал сообраќајните правила. Ја усмртил Викторија Николова од Радовиш и го повредил нејзиното момче на пешачки премин. Обвинителството бара најмалку 4 години затвор за 21 – годишниот возач кој на 20 јануари со Цитроен Ц4 предизвикал сообраќајна несреќа кај трговскиот центар Сити мол откако денеска до судот го испорача обвинителниот акт и побара возачот да остане во притвор. Јавно обвинителство: „Кога дошол до крстосницата со улиците „Московска“ и „Љубљанска“, каде светлосните сообраќајни знаци – семафори во тој момент биле исклучени од програм и работеле со трепкаво жолто светло, тој постапил спротивно на член 19 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, односно иако бил должен, не обрнал внимание на пешаците на коловозот. Најголемата вина за сообраќајката според обвинителството е неприлагодената брзина . Безбедносните камери и вештачењата ќе бидат главните докази на обвинителот дека возачот со таа брзина не можел да го запре возилото и да ја избегне несреќата. Јавно обивнителство: „Спротивно и на членот 35 од Законот, приоѓајќи кон обележан пешачки премин, обвинетиот управувал со автомобилот со брзина од 67,3 километри на час, што е за 17,3 километри на час поголема од максимално дозволената, со што бил оневозможен навремено да го запре возилото во случај на потреба,“ се наведува во соопштението на обвинителството. Сепак, обвинителството не го гони младиот возач за кривичното дело неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода, а обвинителниот акт според одбраната го опфатил настанот од кобната ноќ на 20 ти јануари што не го негираше возачот пред обвинителството. Сепак, одбраната ќе се обиде со вештачења и дополнителни докази да спротистави на обвинителот во процесот. Возачот е во истражниот затвор во Шутка, но обивнителот кој го води предметот стравува дека постои можност за бегство ако тој е на слобода и затоа побарал од основниот суд да му го продолжи притворот за нови 30 дена кој, пак, му истекува во понеделник. На ваквата првична одлука на судот и предлогот од обвинителството реагираше одбраната на возачот која се жалеше дека тој ја признава одгворноста и затоа нема намера да бега.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-izveshtajot-za-soobrakjajkata-kaj-siti-mol-jo-go-zaboravi-ovoj-vazen-chlen-od-zkp/feed/ 0
Заврши истрагата за сообраќајката кај „Сити мол“ во која загина младата Викторија, адвокатот на возачот со бурна реакција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-istragata-za-soobrakjajkata-kaj-siti-mol-vo-koja-zagina-mladata-viktorija-advokatot-na-vozachot-so-burna-reakcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-istragata-za-soobrakjajkata-kaj-siti-mol-vo-koja-zagina-mladata-viktorija-advokatot-na-vozachot-so-burna-reakcija/#respond Thu, 10 Feb 2022 17:24:31 +0000 https://kurir.mk/?p=629807

За 12 дена заврши истрагата за сообраќајката на раскрсницата пред „Сити мол“, каде загина 24-годишната радовишанка Викторија Николова, а повредено беше нејзиното момче Леонид Даов. Возачот на автомобилот кој удри во девојката, Јордан Ѓ., заврши во притвор поради опасност од бегство и влијание на сведоци. Периодот од 20 јануари кога се случи сообраќајката до 2 февруари, кога според адвокатот на возачот е архивирано барањето, бил доволен да се соберат сите докази. Душко Јанковиќ, адвокат на возачот, тврди дека иако формално е завршена, таа не е целосна. Од Обвинителството не одговараат дали се завршени и сите распити со сведоци, обвинетиот, неговата придружба во автомобилот. Од свои извори, „А1он“ дознава дека завршено е сообраќајното вештачење. Тоа треба да даде информации како настанала несреќата и со која брзина Јордан удрил во Викторија. „Истражната постапка е во завршна фаза, односно обвинителот заврши со преземање на истражните дејствија и сега тече законскиот рок во кој одбраната и осомничениот имаат право да извршат увид во доказите и да предложат преземање дополнителни дејствија. Веднаш штом ќе биде донесена конечна јавнобвинителска одлука, јавноста ќе биде известена за утврдените факти во истрагата“, велат од Обвинителството за „А1он“. Целиот текст прочитајте го ОВДЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-istragata-za-soobrakjajkata-kaj-siti-mol-vo-koja-zagina-mladata-viktorija-advokatot-na-vozachot-so-burna-reakcija/feed/ 0
Еве колку години може да добие момчето кое ја усмрти Викторија кај „Сити мол“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eve-kolku-godini-moze-da-dobie-momcheto-koe-ja-usmrti-viktorija-kaj-siti-mol/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eve-kolku-godini-moze-da-dobie-momcheto-koe-ja-usmrti-viktorija-kaj-siti-mol/#respond Tue, 01 Feb 2022 06:31:29 +0000 https://kurir.mk/?p=625180

Министерот за правда, Никола Тупанчевски смета дека треба да докажеме и покажеме дека правдата во Македонија е неселективна. -За пример земете ги случаите со сообраќајните несреќи во последно време. Коментарот и на обвинителите и на судиите, но и на јавноста се дека таму нешто не штима, нешто не е во ред. И кога ќе споменете дека проблемот во законот, како да кажете дека таму е проблемот, кога во него за тешки сообраќајни повреди со смртни последици предвидена е казна од најмалку 4 до 20 години затвор, рече Тупанчевски. Тој посочи дека главната карактеристика на пресудите за сообраќајните деликти се условните казни и додаде дека мора да се консолидираат сите и да се разгледаат решенијата. -Реален проблем е и невоедначеноста на судските пресуди. Не може за едно исто или слично дело во една апелационо подрачје да се доделуваат големи казни, а во друго само условни казни, додаде Тупанчески во интервјуто за МРТ 1.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eve-kolku-godini-moze-da-dobie-momcheto-koe-ja-usmrti-viktorija-kaj-siti-mol/feed/ 0
Момчето на прегазената девојка кај „Сити мол“ доживеало страшен шок https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/momcheto-na-pregazenata-devojka-kaj-siti-mol-dozivealo-strashen-shok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/momcheto-na-pregazenata-devojka-kaj-siti-mol-dozivealo-strashen-shok/#respond Fri, 21 Jan 2022 10:34:05 +0000 https://kurir.mk/?p=621608

Возачот кој синоќа прегази девојка кај „Сити мол“ во Скопје е приведен во полициска станица, од него се земени крв и урина за да се утврди присуство на алкохол и опојни дроги, што е стандардна процедура во вакви случаи, соопшти Министерството за внатрешни работи Вчера после 19 часот на пешачки премин загина 24-годишната В.Н., а зад воланот било 22-годишно момче (Ј.Ѓ.). Во моментот кога девојката преминувала улица на пешачки премин, автомобил „цитроен“ ја прегазил и ја фрлил неколку метри со што таа се здобила со смртни повреди. Неофицијално, автомобилот кој ја удрил девојката претекнувал друг автомобил кој застанал на пешачкиот премин. Од МВР соопштија дека автомобилот удрил во две лица од Радовиш. Момчето на загинатата Викторија. Н., 24-годишниот Л.Д., нема сериозни телесни повреди и по сите направени прегледи е пуштен на домашно лекување. – За среќа, тој не се здобил со тешки телесни повреди. Единствено имал набиеница во делот кај карлицата. Медицинскиот персонал целосно се погрижи за сите испитувања. Направена му е лабораторија, рентгенски прегледи по што е констатирано дека нема потреба да биде хоспитализиран. Пуштен е на домашно лекување со совет денеска да се јави на контрола – изјави за Фактор директорот на „Св. Наум Охридски“ д-р Љубен Арсенков. Тој додава дека момчето било во страшен шок, зашто целата страшна глетка се случила пред негови очи. – Момчето било премногу вознемирено. Една страшна сцена се случила на само еден чекор пред него, поради што му е дадена терапија за смирување – додава д-р Арсенков.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/momcheto-na-pregazenata-devojka-kaj-siti-mol-dozivealo-strashen-shok/feed/ 0
ВОЗАЧОТ НЕ ЈА ПОКОСИЛ САМО 24 ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА – во болница со тешки повреди пренесено и момче, еве го нивниот идентитет! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vozachot-ne-ja-pokosil-samo-24-godishnata-devojka-vo-bolnica-so-teshki-povredi-preneseno-i-momche-eve-go-nivniot-identitet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vozachot-ne-ja-pokosil-samo-24-godishnata-devojka-vo-bolnica-so-teshki-povredi-preneseno-i-momche-eve-go-nivniot-identitet/#respond Thu, 20 Jan 2022 20:23:44 +0000 https://kurir.mk/?p=621481

Уште едно лице е потешко повредено во сообраќјката пред Сити Мол вечерва. Според неофицијални информации до кои Press24 дојде од полициски извори, повредено е уште едно момче на 24 години кое исто како и сега веќе починатата девојка е од Радовиш. „На 20.01.2022 год. во 19.44 час. пријавено е дека на ул.Московска со бул.Партизански Одреди се случила сообраќајна незгода во која ПМВ Цитроен управувано од Ј. Ѓ. (1999) од Скопје удрило во Л.Д. (1997) од Радовиш кој е повреден и пренесен во ГОБ 8-ми Септември и В.Н.1997 од Радовиш која починала на лице место, во моментов се врши увид“ - вели полициски извор за сајтот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vozachot-ne-ja-pokosil-samo-24-godishnata-devojka-vo-bolnica-so-teshki-povredi-preneseno-i-momche-eve-go-nivniot-identitet/feed/ 0
Поради настап на гудачки бенд, пазарна се закани дека ќе го затвори Сити мол https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-nastap-na-gudachki-bend-pazarna-se-zakani-deka-kje-go-zatvori-siti-mol/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-nastap-na-gudachki-bend-pazarna-se-zakani-deka-kje-go-zatvori-siti-mol/#respond Sun, 20 Dec 2020 10:13:27 +0000 https://kurir.mk/?p=445801

Директорот на  Државниот пазараен инспекторат, Стојко Пауновски, најав строга казна доколку се повтори настап во живо во Сити мол“ откао синоќа три девојки качени на бина со новогодишни песни ги забавувале купувачите во трговскиот. „Ќе го затвориме целиот трговски центар доколку им се повтори да настапува бенд во живо. Инспекторите веднаш по дојавата отидоа на лице место, но забавата со бендот била завршена. Разговарано е со директорката која објаснувала дека уметниците седеле и дека имало контрабас, а не знаеле дека и такви настапи се забранети. Бидејќи не затекнале прекршување, инспекторите на директорката и објасниле дека секаков вид јавни настапи на уметници се забранети и укажале дека доколку им се повтори јавен настап, ќе го затвориме трговскиот“ – вели директорот Пауновски за „А1он“. Забраната за јавни настапи на уметниците, на отворен и на затворен простор е на сила од 21 октомври.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-nastap-na-gudachki-bend-pazarna-se-zakani-deka-kje-go-zatvori-siti-mol/feed/ 0
МВР со детали за тешката сообраќајка кај Сити Мол https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-so-detali-za-teshkata-soobrakjajka-kaj-siti-mol/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-so-detali-za-teshkata-soobrakjajka-kaj-siti-mol/#respond Sun, 06 Dec 2020 10:56:44 +0000 https://kurir.mk/?p=439501

Три лица се повредени, од кои едно потешко во сообраќајната несреќа која вчера на пладне се случи на крстосницата од  бул.„Партизански одреди“ со ул.„Љубљанска“ и ул.„Московска“, кај Сити Мол. Во несреќата, како што информира МВР, учествувале „форд“, со охридски регистарски ознаки, управуван од В.Т.(48) од Охрид и „сеат“, со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Х.Б.(40) од Скопје. -Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил В.Т., а со телесни повреди сопатникот од истото возило С.Т., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека со телесни повреди се здобил С.Х.Б., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информираат од полицијата. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-so-detali-za-teshkata-soobrakjajka-kaj-siti-mol/feed/ 0
Карамбол вечерва кај Сити Мол, се судрија четири возила (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/karambol-vecherva-kaj-siti-mol-se-sudrija-chetiri-vozila-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/karambol-vecherva-kaj-siti-mol-se-sudrija-chetiri-vozila-foto/#respond Tue, 10 Nov 2020 21:14:36 +0000 https://kurir.mk/?p=427632

Вечерва на крстосницата кај Сити мол во Скопје се случи тешка сообраќајна несреќа во која учествуваа четири возила, објави ВЕЧЕР. Се уште не е познато дали има повредени. Оваа крстосница е позната во Скопје по брзото возење, а неретко се случува возила и пешаци да поминуваат на црвено светло.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/karambol-vecherva-kaj-siti-mol-se-sudrija-chetiri-vozila-foto/feed/ 0