ситуација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 08 Jan 2021 08:22:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ситуација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Трамп повика на смирување на ситуацијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-povika-na-smiruvanje-na-situacijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-povika-na-smiruvanje-na-situacijata/#respond Fri, 08 Jan 2021 08:22:10 +0000 https://kurir.mk/?p=452780

Во жарот на критиките од двете партии за тоа дека разгорил насилството во Капитолот на САД во средата, американскиот претседател Доналд Трамп синоќа објави видео на Твитер во кое директно ги осуди сторителите на насилството и ја смируваше ситуацијата. – Демонстрантите кои се инфилтрираа во Капитолпт го извалкаа седиштето на американската демократија. Луѓето кои упаднаа во Капитолот на САД не ги претставуваат САД, прекршителите на законот ќе платат за тоа, изјави Трамп. Тој исто така рече дека ќе асистира во процесот на трансфер на власта на избраниот претседател Џо Бајден и, што е најважно, не ги повтори обвинувањата за изборна измама. – Поминавме низ напнати избори и емоциите се големи. Но, сега темпераментот мора да олади и да биде обновено спокојство. Мојот фокус сега е да обезбедам непречен трансфер на власта. Овој момент повикува на лекување и примирување, порача Трамп. На почетокот на обраќањето тој истакна дека веднаш ја распоредил Националната гарда „за да ja обезбеди зградата и ги избрка натрапниците“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-povika-na-smiruvanje-na-situacijata/feed/ 0
Ходниците по институции преполни, Филипче смирува дека ситуацијата е под контрола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hodnicite-po-institucii-prepolni-filipche-smiruva-deka-situacijata-e-pod-kontrola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hodnicite-po-institucii-prepolni-filipche-smiruva-deka-situacijata-e-pod-kontrola/#respond Fri, 16 Oct 2020 18:45:16 +0000 https://kurir.mk/?p=417388

Граѓаните деновиве се сведоци на високата бројка на новозаразени од КОВИД-19. Поради тоа кај нив се поставува прашањето дали власта планира да превземе одредени мерки и да направи реорганизација во државните институции. Имено голем број на граѓани секојдневно се жалат на преголемите гужви од луѓе во државните институциите. -Пред два дена бев во Министерството за внатрешни работи да вадам лични документи. Иако таму се закажува со термин, сепак ходникот беше преполн, можеби имаше едно 30-тина луѓе во ходникот, вели граѓанин. Друг граѓани раскажа за слична ситуација во Управата за водење матични книги каде исто така се соочил се преголема гужва на луѓе. -Во понеделникот бев во Управата за водење на матични книга каде требаше да подигнам документ. Во просторијата можеби имаше над 40-тина луѓе. Како може тоа да биде дозволено кога последните две недели имаме преголема бројка на новозаразени од КОВИД-19. Зошто надлежни не превземаат ништо за да не се прават толку големи гужви во затворени простории?, запраша загрижен граѓанин. Центрите за социјални работи исто вријат. -Денес сум тука од 8 изутрина сега е 12.45, и може и да не завршам зошто со странки работат до 13.00. Пишува да влегува по едно лице, а внатре во тесен ходник има скоро 30 лица и на еден шачлчтер се чека за една општина, ама за се за нега, за второ, трето дете, сведочи граѓанин кој го затекнавме пред Службата за социјални работи. Сето ова покажува дека Владата не превзема никакви мерки за спречување на пандемијата и ги турка граѓаните во поголеми проблеми и води до ширење на заразата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hodnicite-po-institucii-prepolni-filipche-smiruva-deka-situacijata-e-pod-kontrola/feed/ 0
СЗО: Епидемиолошката ситуација во Европа е многу загрижувачка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-epidemioloshkata-situacija-vo-evropa-e-mnogu-zagrizuvachka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-epidemioloshkata-situacija-vo-evropa-e-mnogu-zagrizuvachka/#respond Thu, 15 Oct 2020 10:37:16 +0000 https://kurir.mk/?p=416704

Регионалната канцеларија на Светската здравствена организација за Европа денеска оцени дека ситуацијата на континентот во однос на пандемијата на коронавирус е причина за „голема загриженост“. Поради зголемениот број на дневни случаи на Ковид-19 пријавени низ цела Европа, државите, вклучувајќи ги Германија, Велика Британија, Холандија и Шпанија започнаа да воведуваат дополнителни мерки за да го забават вториот бран на пандемијата и да се обидат да го намалат нејзиното влијание. Дваесет и седум земји-членки на Европската унија и Велика Британија евидентираат во просек по 78 000 случаи дневно, во периодот од 5 до 12 октомври, или 152 случаи за секој милион жители. САД бележат 49.000 дневно во просек за истиот период, околу 150 за секој милион жители, објави денеска Волстрит џурнал. Тоа е првпат Европа да ги надмине САД од врвот на вирусот во пролетта, кога болеста се ширеше во голема мера неоткриена поради ограничениот капацитет за тестирање на земјите. Европа сега достигна критична маса на нови случаи слични на оние со кои САД се соочија кон крајот на јуни кога бројот на заразени вртоглаво се зголеми од Флорида до Калифорнија, посочува весникот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-epidemioloshkata-situacija-vo-evropa-e-mnogu-zagrizuvachka/feed/ 0
Меѓународна помош почна да пристигнува во Либан, гувернерот ја нарече ситуацијата „апокалиптична“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/megjunarodna-pomosh-pochna-da-pristignuva-vo-liban-guvernerot-ja-nareche-situacijata-apokaliptichna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/megjunarodna-pomosh-pochna-da-pristignuva-vo-liban-guvernerot-ja-nareche-situacijata-apokaliptichna/#respond Thu, 06 Aug 2020 07:22:45 +0000 https://kurir.mk/?p=386904

Меѓународна помош почна да пристигнува во Либан откако во две огромни експлозии во вторникот вечерта загинаа повеќе од 100 луѓе и над 4.000 се повредени. Експлозиите го уништија пристаништето во главниот град Бејрут и уништија цели населби во градот. Десетици луѓе се исчезнати, а спасувачите продолжуваат да работат, со надеж дека ќе најдат преживеани. – Ситуацијата е апокалиптична, Бејрут никогаш не знаел за такво нешто во својата историја, изјави градскиот гувернер Маруан Абуд, кој се расплака во солзи пред камерите во вторникот кога виде дека пристаништето е уништено. Кувајт вчера соопшти за пристигнување на негов авион во Либан со медицинска помош. Руското Министерство за вонредни ситуации објави дека првиот од четирите авиони со помош слетал во Бејрут. Со него пристигнале екипи за спасување, лекари и медицинска опрема и мобилна болница заедно со 50 спасувачи и медицински персонал. Другите три руски авиони ќе достават лабораториска опрема за тестирање на коронавирус и заштитна опрема, како и друга помош. Франција вчера испрати три авиони со неколку тони медицински материјали. Со нив патува и тим од служби за цивилна заштита. Германија испрати 50 специјалисти од Федералната агенција за помош при катастрофи. Тие синоќа го напуштија Франкфурт со обучени кучиња и 15 тони опрема за откривање на луѓе под урнати згради. Италија испрати пожарникари – специјалисти кои проценуваат хемиски опасности и оштетени згради, а Холандија – хуманитарни работници. Спасувачки екипи беа испратени од Чешка, Грција и Кипар, а Велика Британија вети помош од пет милиони фунти. Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси најави отворање теренска болница во главниот град на Либан. Помош понудиле САД, Турција и Израел, Иран и држави од Персискиот Залив, Тунис и многу други земји, како и ОН, Светската здравствена организација, Црвениот крст и Црвената полумесечина. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/megjunarodna-pomosh-pochna-da-pristignuva-vo-liban-guvernerot-ja-nareche-situacijata-apokaliptichna/feed/ 0
Руска академија на науките: Ситуацијата со коронавирусот е непредвидлива https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruska-akademija-na-naukite-situacijata-so-koronavirusot-e-nepredvidliva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruska-akademija-na-naukite-situacijata-so-koronavirusot-e-nepredvidliva/#respond Thu, 21 May 2020 10:04:27 +0000 https://kurir.mk/?p=348653

Ситуацијата со новиот коронавирус во Русија и понатаму е непредвидлива, предупреди претседателот на Руската академија на науките, Александер Сергејев, додавајќи дека фактот што стапката на смртност се уште не се намалува, предизвикува сериозна загриженост. – Ситуацијата е многу непредвидлива ако се земе предвид развојот на епидемијата. Првиот пристап кон ублажување на мерките на карантин треба да биде врз основа на стапката на морталитет, односно кога навистина таа ќе почне да се намалува. Засега ситуацијата е ризична, бидејќи смртноста не се намалува и тоа предизвикува сериозна загриженост, истакна Сергејев. Тој нагласи дека вакцина против Ковид-19 не треба наскоро да се очекува. – Процесот за развој на вакцина е многу долг. Ќе мора да почекаме барем неколку месеци. Дури и предклиничките тестови да дадат позитивни резултати, тоа не е гаранција дека ќе покаже такви резултати во текот на клиничкото тестирање, изјави Сергејев. Русија засега се наоѓа на второ место во светот по бројот на заразени со коронавирусот – 308.705, а смртни случаи 2.972. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruska-akademija-na-naukite-situacijata-so-koronavirusot-e-nepredvidliva/feed/ 0
ЕУ внимателно го следи развојот на ситуацијата во Црна Гора https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eu-vnimatelno-go-sledi-razvojot-na-situacijata-vo-crna-gora/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eu-vnimatelno-go-sledi-razvojot-na-situacijata-vo-crna-gora/#respond Thu, 14 May 2020 19:23:40 +0000 https://kurir.mk/?p=346014

Европската унија внимателно го следи развојот на ситуацијата во Црна Гора и ги повикува сите страни да покажат умереност и да го почитуваат владеењето на правото, изјавија од Европската комисија за телевизијата Н1. Портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро рече дека „ЕУ ги охрабрува црногорските власти да најдат правилен баланс помеѓу поддршката на слободата на собирање и изразување и пропорционално дејствување“. „ЕУ потсетува дека тоа е нејзината основна вредност и клучен елемент на процесот на пристапување на Црна Гора во Унијата, во ваков предизвикувачки период за сите нас“, рече Писонеро. Таа додаде дека „евентуалните прекршувања на законот треба да бидат решени од надлежните органи, во согласност со националното законодавство и релевантните меѓународни стандарди“. Во неколку црногорски градови синоќа се судрија полицијата и демонстрантите кои бараат ослободување на епископот Јоаникија и седум свештеници на СПЦ. Тие беа уапсени за организирање поворка во Никшиќ во вторникот со илјадници граѓани, и покрај забраната за собири. Според црногорската полиција, во судирите се повредени 26 полицајци, а повеќе од 50 лица се приведени. Доцна попладнево во Никшиќ и неколку други градови имаше повторно собирања на граѓани пред Центарот за безбедност, но без инциденти. Премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ нагласи денеска дека Црна Гора била изложена на брутален напад поради масовни собири што може да имаат несогледливи последици по здравјето на црногорските граѓани. Тој, исто така, имаше недвосмислена порака за сите – не мора да ја сакате Црна Гора, но мора да ја почитувате. „Нашата земја е изложена на брутален напад што може да има огромни последици по здравјето. Се кршат масовно наредби од надлежните органи. Имаше масовно кршење на здравствените наредби и мерки во неколку наши градови. Се што постигнавме за три месеци посветена работа и заедничко жртвување, е доведено во прашање. Нема разумно објаснување или оправдување за ваквото однесување и неговите актери. Стравуваме дека за десетина дена би можеле да се најдеме во ситуација од пред два месеци. Нема разумно објаснување или оправдување за таквото однесување. Повеќе полицајци беа нападнати и повредени од екстремисти, рече премиерот Марковиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eu-vnimatelno-go-sledi-razvojot-na-situacijata-vo-crna-gora/feed/ 0
Николоски од Струмица: Неопходна е промена во Македонија затоа што оваа ситуација во којашто се наоѓа државата е неодржлива https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-od-strumica-neophodna-e-promena-vo-makedonija-zatoa-shto-ovaa-situacija-vo-kojashto-se-naogja-drzavata-e-neodrzliva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-od-strumica-neophodna-e-promena-vo-makedonija-zatoa-shto-ovaa-situacija-vo-kojashto-se-naogja-drzavata-e-neodrzliva/#respond Sun, 23 Feb 2020 15:51:18 +0000 https://kurir.mk/?p=307797

Денеска сме во посета на целиот Струмички регион, ова е дел од редовните активности коишто ги имааме во рамки на акцијата за Обнова на Македонија, да поразговараме со луѓето да се видиме, да видиме што се нивните потреби, барања. Од секаде доаѓаат истите пораки, тоа се пораки дека неопходна е промена во Македонија затоа што оваа ситуација во којашто се наоѓа државата е неодржлива, многу луѓе заминуваат особен од овој крај, пред се младите, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. -Мора да запре тоа, мора да застане затоа што доколку не застане ќе останеме празна држава. Имаме избор помеѓу две понуди, две алтернативи, од едната страна криминалците да останат на власт, а чесните луѓе да си заминат од државата или од втората страна чесните луѓе да продолжат да ја градат државата, криминалците да одат во затвор. Тоа е разликата којашто ја правиме, и којашто ќе ја правиме во кампањата којашто следува, додаде Николоски. -Во таа насока сакам да го искоментирам и она што го објавивме денеска, со овој аудио фајл којшто беше доставен до ВМРО-ДПМНЕ и којшто веднаш решивме да го објавиме, само се покажува тесната врска и спрега помеѓу највисоките врвови на власта предводена од Зоран Заев, Специјалното јавно обвнителство и судството во Македонија, што покажува дека тоа сето е едно споено во една личност, и дека еден човек во Македонија нарачувал обвиненија и пресуди, кажувал како треба да се водат истрагите, кој треба да ги води истрагите, и кои да бидат одлуките. Тоа е тажната вистина за Македонија. Во нормални услови и во нормална држава после ова водството на политичката партија СДСМ која ова го нарачувала треба да нема образ да се појави на избори да бара мандат од граѓаните, потенцираше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-od-strumica-neophodna-e-promena-vo-makedonija-zatoa-shto-ovaa-situacija-vo-kojashto-se-naogja-drzavata-e-neodrzliva/feed/ 0