сива листа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 27 Oct 2023 14:38:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сива листа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Албанија ја напушти сивата листа за перење пари https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-ja-napushti-sivata-lista-za-perene-pari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-ja-napushti-sivata-lista-za-perene-pari/#respond Fri, 27 Oct 2023 14:38:59 +0000 https://kurir.mk/?p=893846

Потпретседателката на албанската Влада и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку, објави дека Албанија „ја напуштила сивата листа за перење пари“, што е потврдено во извештај на работната група за финансиска акција, ФАТФ. Според неа, борбата за спречување на перење пари и финансирање на тероризмот е и била во фокусот на албанската Влада и ќе остане една од главните определби во соработка со стратешките партнери. -Албанија излегува од сивата листа на ФАТФ. Посветеноста на албанската Влада, работата за исполнување на реформите, реформирањето на Дирекцијата за спречување перење пари во Агенција за финансиско разузнавање, вложувањето во суштинска промена на законите и дигитализација на процесите, се сите чекори што беа ценети од меѓународните партнери и членките на ФАТФ кои денеска одржаа пленарна седница носејќи низа важни одлуки, од кои една е пресвртница за Албанија, нејзиното излегување од сивата листа, пишува таа во објава на Фејсбук. Балуку, наведува дека оваа одлука носи зајакнување на Албанија на меѓународната сцена, создавање поволни услови за понатамошни странски инвестиции, намалување на трошоците за националниот долг и консолидација на трговската размена. -Оваа одлука несомнено носи зајакнување на Албанија на меѓународната сцена, создавање поволни услови за понатамошни странски инвестиции, намалување на трошоците за националниот долг, консолидација на комерцијалните размени и услуги и низа други придобивки кои произлегуваат од оваа нова позиција на Албанија. Борбата за спречување на перење пари и финансирање тероризам беше и е во фокусот на работата на албанската Влада и ќе остане една од нејзините главни заложби во соработката со нашите стратешки партнери, наведува Балуку. Одлуката ја поздрави и државниот главен обвинител, Олсијан Чела, оценувајќи дека тоа е „плод и суштински придонес од стратегијата за борба против овој феномен, изготвена од Јавното обвинителство во 2020 година“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-ja-napushti-sivata-lista-za-perene-pari/feed/ 0
Седум нови земји на „сивата листа“ на финансиери на тероризмот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sedum-novi-zemji-na-sivata-lista-na-finansieri-na-terorizmot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sedum-novi-zemji-na-sivata-lista-na-finansieri-na-terorizmot/#respond Sat, 22 Feb 2020 08:50:44 +0000 https://kurir.mk/?p=307255

Меѓународната агенција за следење на финансирањето на тероризмот (ФАТФ) соопшти дека додала седум нови земји на „сивата листа“ поради пропусти во борбата против финансирање на терористички групи и перење пари. Меѓу тие земји се наоѓаат Албанија, Барбадос, Јамајка, Маурициус, Мјанмар, Никарагва и Уганда. На овие држави им е наложено да преземат низа правни и други мерки, за да можат да бидат отстранети од листата и да избегнат натамошни финансиски казни. ФАТФ, исто така, најави заострено следење на Иран, а истовремено е издадено и предупредување до пакистанската Влада, која доби уште четири месеци да ги зајакне мерките во борбата против финансирањето на тероризмот и да не се најде на „црната листа“. Меѓународната агенција воведе дополнителни мерки на следење против Иран, кои подразбираат проверка на уште некои трансакции, што би можело да предизвика поголем проблем во работата на странските инвеститори во таа земја. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sedum-novi-zemji-na-sivata-lista-na-finansieri-na-terorizmot/feed/ 0