скандал шик јелак – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 23 Mar 2021 08:57:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png скандал шик јелак – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Контроверзниот бизнисмен Дака ја купи ШИК Јелак Тетово – ВМРО-ДПМНЕ со месеци предупредуваше дека Заев ќе ја исполни неговата желба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kontroverzniot-biznismen-daka-ja-kupi-shik-jelak-tetovo-vmro-dpmne-so-meseci-predupreduvashe-deka-zaev-kje-ja-ispolni-negovata-zelba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kontroverzniot-biznismen-daka-ja-kupi-shik-jelak-tetovo-vmro-dpmne-so-meseci-predupreduvashe-deka-zaev-kje-ja-ispolni-negovata-zelba/#respond Tue, 23 Mar 2021 08:18:27 +0000 https://kurir.mk/?p=486475

Компанијата „Нексан“ од Никшиќ на Миодраг Дака Давидовиќ стана сопственик на „Јелак Градба“ од Тетово наместо панамската оф-шор компанија Адастра на контроверзниот црногорски бизнисмен. Градежната компанија „Јелак-Градба“ е формирана на почетокот на 2016 година со седиште во Тетово, со основна главнина од 2 милиони евра основана од офшор фирмата Адастра и управувана од Давидовиќ-Дака, која досега немаше никаква деловна активност. Опозицијата по минатогодишните парламентарни избори реагираше дека Дака, чија компанија „Нексан“ е позната по тоа што превзема компании под стечај во Црна Гора и Србија, во центарот на Тетово ќе изгради 2.000 стана и трговски центар на местото на поранешниот шумарско-индустриски комбинат Јелак. Од таму побараа од Обвинителството да отвори случај, по објавениот аудио-разговор, кој опозицијата го толкуваше како обид за милионски поткуп за премиерот Зоран Заев и поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски. Дака потоа се огласи дека финансирал единствено консултантски услуги преку посредници. Инаку, црногорската „Нексан“ е основана во 1992 година како друштво за трговија, додека во годините што следуваат фирмата почнува да се занимава со транспорт, шпедиција, градежништво, трговија со нафта, производство на вино. Во 2006 година, нејзина доминантна дејност станува градежништвото, така што гради комплекси во Будва, Свети Стефан, Подгорица, Никшиќ… Премиерот Заев во врска со овој случај минатата година се изјасни дека сопственоста на инвеститорот била остварена за време на ВМРО-ДПМНЕ и дека тој не гледа ништо спорно во тоа што за тој простор е донесен урбанистички план со станови. Парцелата од 71.000 квадратни метри на комбинатот минатата година доби нова намена и наместо за индустрија, општината Тетово одлучи локацијата да се користи за домување и за трговски дејности. Инаку ВМРО-ДПМНЕ откри дека Заев признал дека мотивирал ДУП и гласање за него“ уште во септември минатата година. Зоран Заев нарачува гласање за Детален Урбанистички План, Зоран Заев е мотиватор за носење на Детален Урбанистички План, Зоран Заев во февруари издејствувал согласност од Владата за Детален урбанистички план, Зоран Зaев е „aлфа и oмега“  во мега  аферата  „ШИК Јелак-Тетово“, ова во септември лани преку прес-конференција го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски. -Зоран Заев вчера јавно призна дека стои зад сиот скандал со „ШИК Јелак“ во Тетово. Да го погледнеме видеото. Почитувани, Зоран Заев останува недопирлив за овој корумпиран правен систем којшто сам го воспостави во Македонија. Ова е скандал со кој што на контроверзниот балкански бизнисмен, а според многумина руски играч во регионот, Миодраг Давидовиќ -Дака, со пари од офшор фирма од Панама, добива огромен градежен имот во Тетово. Според ДУП-от предвидени се дури 27 станбени згради високи до седум ката и четири големи трговски единици, од кои една огромна. Можеби тоа е тој Трговски центар на кој што од Дака, од него е барано како што раскажува да има бензинска пумпа на влезот? И во разговорот објавен на интернет, овој на кој што се повикав, Дака раскажува дека извесен Зоки бил кај него со жена за да „ВЦРТААТ“  бензинска пумпа и што ли уште не.  Почитувани „вцртување“ е израз кој што го користат урбанисти кога се планира Урбанистички план, вели Стоилковски. Тој додава дека затоа ли Дака финансирал референдум, требало да финансира избори, дал 300.000 евра, договорил Бензинска пумпа, внимавајте доделува уште 2000 квадрати од плацот на ШИК Јелак за кој се изгласува ДУП? -Зоран Заев почитувани, вчера призна дека бил мотиватор за носење на ДУП, а при консултации, нарачал ДУП-от за „ШИК Јелак“ да мине на тетовскиот совет. А сето тоа откако во февруари истиот ДУП минал низ Владата. ЈО за организиран криминал мора да поведе истрага, а Зоран Заев мора да одговори за целиот скандал. Тоа што Заев јавно вели дека „нема докази“ не смее да биде појдовна точка за ЈО на Вилма Русковска, доколку навистина сака да остави впечаток дека не дозволува политички УВИД во предметите  во ЈО. Ова е сериозен криминал за кој врвот на мафијата на чело со Заев мора да одговара. Или Мафијата или Македонија, додава Стоилковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kontroverzniot-biznismen-daka-ja-kupi-shik-jelak-tetovo-vmro-dpmne-so-meseci-predupreduvashe-deka-zaev-kje-ja-ispolni-negovata-zelba/feed/ 0
Стоилковски: Обвинителството мора да реагира за скандалот „Шик Јелак“, Заев отвора врата за анти – НАТО елементи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-obvinitelstvoto-mora-da-reagira-za-skandalot-shik-jelak-zaev-otvora-vrata-za-anti-nato-elementi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-obvinitelstvoto-mora-da-reagira-za-skandalot-shik-jelak-zaev-otvora-vrata-za-anti-nato-elementi/#respond Tue, 08 Sep 2020 09:41:17 +0000 https://kurir.mk/?p=400532

-Дозволете ми на почеток да ви го честитам најголемиот празник – Денот на независноста на Република Македонија.Се извинуваме што за време на најголемиот државен празник организираме прес конференција, но криминалот на власта не застанува исто како што не застанува и нашата борба против мафијата. Аферата Заев - Дака со која владата на Заев му овозможи на контроверзниот бизнисмен со руски врски бизнис 200 милиони евра покажува дека со државата владее мафија. Фактите недвосмислено укажуваат на тоа дека Давидовиќ - Дака е производ на Зоран Заев и неговата желба за пари, соопшти денеска на прес конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. Тој потенцира дека владата за три недели донела одлуки за продажба на „Шик Јелак“, комбинатот за кој што Дака во бомбите пред изборите вели дека дал мито од 300.000 евра. Сето ова се случува во време кога влада во оваа земја е СДСМ, а Зоран Заев раководи со власта. -Правдањето дека Дака дошол во времето на ВМРО-ДПМНЕ дошол во државата се само изговор, фактите говорат дека во време на Заев и СДСМ заедно прават криминал со кој градат урбана мафија. Владата предводена од СДСМ и ДУИ на најмалку три седници одржани на 25.12.2018, и на 15.01.2019, како и на 07.02.2019 година дала согласност да се понуди остатокот од „Шик Јелак“ на Дака Давидовиќ кој веќе поседувал дел од „Шик Јелак“ искористувајќи празнини во законот, додаде Стоилковски. -115-тата седница била водена од Вицепремиерот Кочо Анѓушев, додека 119-тата седница била водена од Зоран Заев лично. И на двете седници присутен бил генералниот секретар на владата Драги Рашковски. Главната предност на Дака била тоа што знаел дека купува компанија која била под стечај по багателно ниска цена, за да потоа Владата на Заев и Општина Тетово водена од Теута Арифи гласаат за пренамена на дупот со кој му вцртуваат маркици за градба на 2 илјади станови бизнис вреден 200 милиони евра. Инаку главното прашање е кој би купил загубар ако знае дека троши пари во ветер? Дали е ова рецептот со кој се продаваат и земјиштата на други загубари во главниот град како на пример Треска каде власта планира нови згради и нова урбана џунгла во центарот на градот, истакна тој. Брзата лента на добивање на документи укажува дека зделката е правена Дака да го добие имотот. Имено Министерството предводено од СДСМ за само 7 дена одлучува дека е во ред планот со кој што се предвидува во Тетово од 230.000 квадратни метри од кои само станови се над 2.000 со 8.000 нови жители. Планот се одобрува за само 7 дена, во услови кога граѓаните по месец дена не може да извади обично уверение од администрацијата водена од СДСМ. Ако било се чисто во овој случај тогаш Зоран Заев зошто не излезе на прес конференција да престави дека во државата влегува нова инвестиција од 2.000 станови во Тетово? Зошто не се пофали со тоа кога излегува во јавност и за други помали значајни работи. Одговорот е зошто прават криминал со кој Заев меѓу другото отвора врата за источно влијание во државата и подгревање на анти - НАТО политиките. Дака е главниот играч за руските интереси, а сега со Заев се ортаци во анти - НАТО политиките на државата. Нив ги обединува интересот за парите и профитот, додаде Стоилковски. -Бараме итна реакција на обвинителството. Обвинителството мора да реагира. Овде имаме огромен скандал. Да се одговори кој е личниот финансиски интерес на Зоран Заев во планот со кој Тетово ќе го претвори во урбана џунгла. Дали државата ја става на располагање за перење на матен руски капитал?, заклучи портапоролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-obvinitelstvoto-mora-da-reagira-za-skandalot-shik-jelak-zaev-otvora-vrata-za-anti-nato-elementi/feed/ 0