скандал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Nov 2023 12:37:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png скандал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицкоски: Имаме индиции дека тоа што се случува на Онкологија е случај и на други клиники, истражуваме, а на канцер мафијата мора да и се стави крај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-imame-inditsii-deka-toa-shto-se-sluchuva-na-onkologija-e-sluchaj-i-na-drugi-kliniki-istrazhuvame-a-na-kantser-mafijata-mora-da-i-se-stavi-kraj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-imame-inditsii-deka-toa-shto-se-sluchuva-na-onkologija-e-sluchaj-i-na-drugi-kliniki-istrazhuvame-a-na-kantser-mafijata-mora-da-i-se-stavi-kraj/#respond Sat, 04 Nov 2023 12:37:02 +0000 https://kurir.mk/?p=896423

Претседателот Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Прилеп се осврна на случајот Онкологија или скандал Диво месо укажувајќи дека институциите како Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) и Министерството за здравство, не само што не постапуваат по наодите на Државна ревизија, туку неправилностите само се продлабочуваат. „Имаме индиции дека тоа што се случува на Клиниката за онкологија, се случува и на други клиники“, кажа Мицкоски за време на посетата на Прилеп која е во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените!“. Претседателот Мицкоски информираше дека се истражуваат наоди и за УКРО и за други клиники. „Истражуваме и скоро и за тоа ќе излеземе во јавноста. На канцер мафијата мора да и се стави крај“, заклучи Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-imame-inditsii-deka-toa-shto-se-sluchuva-na-onkologija-e-sluchaj-i-na-drugi-kliniki-istrazhuvame-a-na-kantser-mafijata-mora-da-i-se-stavi-kraj/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Секс скандалот во АРМ покажа колкав е распадот на системот во Македонија заради власта на ДУИ и СДС – злоупотреби, корупција, забошотување и некомуникација меѓу надлежните институции https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-seks-skandalot-vo-arm-pokazha-kolkav-e-raspadot-na-sistemot-vo-makedonija-zaradi-vlasta-na-dui-i-sds-zloupotrebi-koruptsija-zaboshotuvane-i-nekomunikatsija-megu-nadlezhnite-institutsii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-seks-skandalot-vo-arm-pokazha-kolkav-e-raspadot-na-sistemot-vo-makedonija-zaradi-vlasta-na-dui-i-sds-zloupotrebi-koruptsija-zaboshotuvane-i-nekomunikatsija-megu-nadlezhnite-institutsii/#respond Fri, 27 Oct 2023 06:49:46 +0000 https://kurir.mk/?p=893643

Власта на ДУИ и СДС е одговорна за целокупниот распад на системот кој се случува во Македонија. Дури и една институција како АРМ ја тресат сериозни скандали. Освен корупцијата во македонската армија постои секс скандал, односно злоупотреба на службената позиција и сексуално малтретирање на офицерки и воени лица од страна на високи офицери, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Кај едно од лицата во министерството за одбрана кои биле осомничени за корупција, во телефонот на уапсено лице се пронајдени докази односно постојат фото и фоно записи со кои се потврдува злоупотребата за службената позиција од страна на генерал и полковник. Но да биде уште пострашно овој скандал се криел, а искуството вели дека кога власта на ДУИ и СДС нешто крие, тогаш има намера и да го забошоти. Дека е тоа така говори и фактот што никој од АРМ и од Министерството за одбрана, вклучително и министерката Славјанка Петровска, не го известиле Стево Пендаровски, кој формално правно е врховен командант. Фатена во небрано Петровска призна дека постои скандалот и рече дека го пријавила некаде, но сепак според тврдењата на Пендаровски не го информирала врховниот командант. Ова е сериозен удар за АРМ како институција, но и целокупниот систем на одбраната. Овој скандал покажува дека освен што постојат злоупотреби, има и целосно отсуство на комуникација меѓу надлежните институции, што можеби е тенденциозно за да може некои работи да се сокриваат под тепих. И овој скандал, како и илјадниците други, доколку не се истражат и процесуираат сега, ќе бидат предмет на обработка после промената на власта. Секој што е вмешан и што учествувал во прикривање на вакви скандали на сексуална злоупотреба и корупција ќе одговара, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-seks-skandalot-vo-arm-pokazha-kolkav-e-raspadot-na-sistemot-vo-makedonija-zaradi-vlasta-na-dui-i-sds-zloupotrebi-koruptsija-zaboshotuvane-i-nekomunikatsija-megu-nadlezhnite-institutsii/feed/ 0
СКАНДАЛОЗНО: Неовластени проценувачи ја потпишале физибилити студијата за трите нови коцкарници на интернет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandalozno-neovlasteni-protsenuvachi-ja-potpishale-fizibiliti-studijata-za-trite-novi-kotskarnitsi-na-internet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandalozno-neovlasteni-protsenuvachi-ja-potpishale-fizibiliti-studijata-za-trite-novi-kotskarnitsi-na-internet/#respond Thu, 26 Oct 2023 15:27:07 +0000 https://kurir.mk/?p=893472

Физибилити студијата со која се правда потребата за основање на три нови друштва за приредување интернет игри на среќа е потпишана од неовластен проценувач, открива Плусинфо. Медиумот консултирал стручни лица и експерти кои работат на вакви студии за да добие прецизни информации како и на кој начин е направена студијата и дали истата „држи вода“. Според експертите, анализата на пазарот која треба да е една од клучните основи во секоја физибилити студија е оскудна, без релевантни извори на информации, наведени се низа паушални вредности и има целосна неконзистентност во изјавите. На пример, наведено е дека големината на пазарот на глобално ниво во 2021 година е 57,54 милијарди долари, се очекува раст од 11,7%, а подоцна во истата студија се наведува дека во 2023 година ќе изнесува 70 милиони долари!? Стручните лица посочуваат дека во студијата изостануваат сите суштински анализи и фази кои треба да ги содржи една ваква сериозна анализа. Така на пример воопшто нема фаза на припрема, односно подготвителни активности и во неа не се наведува што треба да содржи и кој дел од планираните инвестиции и тековни трошоци, нема фаза на реализација на проектот ниту фаза на ефектуирање. Исто така ја нема последната значајна фаза, а тоа е фаза на приклучување во систем. Според објавените информации финансиските анализи се исто така во голема мера погрешни и непрецизни.
„Во изготвените проектирани финансиски извештаи во студијата, основните претпоставки се паушално изразени, без повикување на извор на информации, без анализа на историски податоци, без презентирани компаративи и споредливи податоци, како и без наведување на никакви пазарни показатели.“ - вели еден од експертите консултиран на темата.
Истражувањето покажа дека физибилити студијата на новата видеолотарија формирана со амин на Артан Груби, ја изготвила и потпишала извесна Благица Сотировска. Таа е потпишана како изготвувач на Физибилити студијата за основање на три друштва за приредување на игри на среќа во Мај 2023 година. Лицето Благица Сотировска е проценувач од областа на Недвижен имот и трговско друштво, јавно претпријатие и други правни лица, меѓутоа не е овластен проценувач. Овластен проценувач е „Друштво за ревизија,проценка и финансиски консалтинг ЕЛИТ Данче ДООЕЛ Скопје“, каде што Благица Сотировска е вработена како проценувач. Согласно наведеното, проценувач ја има изготвено физибилити студијата, а не овластен проценувач, иако самата физибилити студија од страна на Благица Сотировска е потпишана како овластен проценувач. Во регистарот на овластени проценувачи од областа на Недвижен имот и трговско друштво, јавно претпријатие и други правни лица, воопшто не е наведена Благица Сотировска, туку правното лице каде што е вработена. Со тоа се заклучува дека неовластен проценувач ја прави физибилити студијата што е спротивно на законот. Анализата открива дека Благица Сотировска во студијата е потпишана како овластен инвестициски советник. Но, на интернет страницата на Комисија за Хартии од Вредност, во регистарот на инвестициски советници нема такво лице. https://www.sec.gov.mk/ucesnici Според добиените податоци од истражувањето Благица Сотировска е исто така потпишана како ревизор, но во регистарот на ревизори и во регистарот на овластени ревизори, исто така, нема такво лице. https://iorrm.org.mk/registers Скандалите очигледно не прекинуваат и нема да прекинат се додека конечно не се истражи овој случај од страна на истражните органи кои засега молчат и не реагираат. Неодамна други медиуми објави низа скандали во однос на други спорни постапки, јавни набавки и договори кои ги склучила новата Лотарија формирана од Владата во текот на летото, која очигледно одма се зафатила со многу работа. И додека јавно Груби и ДУИ се залагаат за намалување на штетните последици од игрите на среќа, во позадина дебело ќе се офајдат од овој бизнис притоа кршејќи низа закони за кои апелираат здруженијата на лиценцирани приредувачи со месеци наназад. СДСМ пак во целата оваа ситуација е во глувчешка дупка. „Очигледно дека сите заедно од власта имаат интерес за ваквите спорни постапки да се избуткаат до крај“- велат познавачите на индустријата за игри на среќа во објавената анализа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandalozno-neovlasteni-protsenuvachi-ja-potpishale-fizibiliti-studijata-za-trite-novi-kotskarnitsi-na-internet/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Груби во центарот на нов скандал – сомнителен е тендерот од 2,6 милиони на Лотарија со компанијата со конекции со кланот Зајас https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-grubi-vo-tsentarot-na-nov-skandal-somnitelen-e-tenderot-od-2-6-milioni-na-lotarija-so-kompanijata-so-konektsii-so-klanot-zajas/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-grubi-vo-tsentarot-na-nov-skandal-somnitelen-e-tenderot-od-2-6-milioni-na-lotarija-so-kompanijata-so-konektsii-so-klanot-zajas/#respond Wed, 25 Oct 2023 06:28:06 +0000 https://kurir.mk/?p=892776

Ковачевски нека не се прави домазет во својата влада, слика има тон нема. Пред носот му се случува скандал, а тој молчи затоа што не смее да му зуцне ништо на Артан Груби, велат во париското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Имено Груби е централниот лик во новата шема со која 2,6 милион евра народни пари ќе се одлеат во џеб на негов близок соработник. Државна Лотарија, водена од Перпарим Бајрами, шеф на кабинетот на Груби во министерството за политички систем, изнајмила објект во скопско Визбегово и ќе плаќа над 21 илјада евра месечна кирија за период од 10 години! Објектот пак е во сопственост на компанијата ХЕЈ ДООЕЛ на Армин Машовиќ, познат како бизнис партнер со Ерџан Сулкоски, ортакот на зетот на Али Ахмети, Куштрим Смајлај! Овој лик кој е близок до кланот Зајас во февруари го купил објектот и за чудо за неколку месеци го добил овој милионски тендер од Лотарија. Истиот овој Машовиќ е бизнис партнер и со Шабан Амзовски кој е член на Управен одбор на Државна лотарија, што целиот скандал го прави уште поголем и посомнителен. Како црева се изврзале ликови блиски до Груби за да направат бизнис шема за добивање тендери и богатење на сметка на државниот буџет. Граѓаните гледа дека функционерите од оваа власт на ДУИ и СДС со народни пари направија бизнис империја и станаа милионери, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-grubi-vo-tsentarot-na-nov-skandal-somnitelen-e-tenderot-od-2-6-milioni-na-lotarija-so-kompanijata-so-konektsii-so-klanot-zajas/feed/ 0
СКАНДАЛ: Тендер во 4 очи во АД ЕСМ, во износ од 1.8 милиони евра – открива Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-tender-vo-4-ochi-vo-ad-esm-vo-iznos-od-1-8-milioni-evra-otkriva-komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-tender-vo-4-ochi-vo-ad-esm-vo-iznos-od-1-8-milioni-evra-otkriva-komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne/#respond Mon, 16 Oct 2023 15:25:07 +0000 https://kurir.mk/?p=889434

Скандал за тендер во четири очи открива Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ. Нивното соопштение го пренесуваме во целост: АД ЕСМ (ЕЛЕМ) на ден 18.09.2023 година има потпишано договор за рамковна спогодба за ЈАВНА НАБАВКА на услуги со економскиот оператор Спектартермо доо Скопје. Предмет на договорот за јавна набавка е Сервис и редовни периодични прегледи на гасни мотори во Подружница Енергетика Скопје. Вредноста на договорот е 1.8 милиони евра односно 112 милиони денари. Овој договор е склучен во вид на постапка со преговарање БЕЗ ОБЈАВУВАЊЕ НА ОГЛАС, односно народски кажано тендер во четири очи. Изминатите две години потпишани се три вакви набавки за сервис на гасни мотори и сервисирање и редовно периодични прегледи на гасни мотори (Енергетика) со друг економскиот оператор Флекс повер доо Скопје. 1.датум 15.07.2021 = износ 556.400€ 2.датум 23.12.2021 = износ 1.228.000€ 3.датум 16.12.2022 = износ 1.521.000€ Овие три набавки како и последната се без објавување на јавен оглас. АД ЕСМ има поднесено Барање за оправданоста за овој вид на постапка до Бирото за јавни набавки. Од Бирото е добиен одговор/мислење со заклучок дека Одговорноста за изборот и спроведувањето на постапката со преговарање како исклучителна постапка е одговорност на договорниот орган (ЕСМ). Во мислењето на Бирото е цитиран дел од законот за Јавни набавки каде е наведено дека може да се спроведе постапка со преговарање без објавување на оглас за јавна набавка на стоки, услуги или работи, доколку стоката, услугата или работата може да ја обезбедени само ОПРЕДЕЛЕН ЕКОНОМСКИ ОПЕРАТОР, од причина кога поради технички причини нема конкуренција за предметот на набавката... Од сето горе наведено, се поставува логичкото прашање: КАКО НЕМА КОНКУРЕНЦИЈА? Ако претходните три набавки се потпишани со една фирма а последната набавка со друга фирма?! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-tender-vo-4-ochi-vo-ad-esm-vo-iznos-od-1-8-milioni-evra-otkriva-komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne/feed/ 0
СКАНДАЛ во детска градинка во Велес: Воспитувачка ги терала децата да пушат електронски цигари https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/skandal-vo-detska-gradinka-vo-veles-vospituvachka-gi-terala-detsata-da-pushat-elektronski-tsigari/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/skandal-vo-detska-gradinka-vo-veles-vospituvachka-gi-terala-detsata-da-pushat-elektronski-tsigari/#respond Tue, 03 Oct 2023 07:31:35 +0000 https://kurir.mk/?p=884492

Огромен СКАНДАЛ се случил во детската градинка „Димче Мирчев“ во Велес. Како што е пријавено, воспитувачка ги терала децата да пушат електронски цигари. Според наши извори, воспитувачката со иницијали В.И. во текот на изминатите неколку недели им давала на децата да пушат електронски цигари со различни вкусови. Откако дознале родителите за овој чин веднаш реагирале. Според информациите до кои дојдовме, за воспитувачката е покрената дисциплинска постапка. Изминатиов период има неколку скандали поврзани со работењето на градинката „Димче Мирчев“ во Велес. Пред неколку месеци директорката е обвинета за спорни јавни набавки како и за лоша организација на градинката. Претходно Министерството за труд и социјална политика ги одзема ингеренциите на градинката од општината Велес и градоначалникот Марко Колев. Според изворите кои ја контактираа нашата редакција, родителите ќе ја тужат воспитувачката и градинката. Воспитувачката е примена на работа пред неколку години кога градоначалник беше кадар на СДСМ, а во исто време од градинката беа отпуштени десетина воспитувачки со долгогодишно работно искуство во градинката. Овој скандал е откриен откако дечињата од градинката неколку дена се жалеле на своите родители дека ги боли грло.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/skandal-vo-detska-gradinka-vo-veles-vospituvachka-gi-terala-detsata-da-pushat-elektronski-tsigari/feed/ 0
Скандал во Македонски Телеком: Сопругата на генералниот Љушев станала една од главните директори во фирмата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-vo-makedonski-telekom-soprugata-na-generalniot-lushev-stanala-edna-od-glavnite-direktori-vo-firmata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-vo-makedonski-telekom-soprugata-na-generalniot-lushev-stanala-edna-od-glavnite-direktori-vo-firmata/#respond Sun, 17 Sep 2023 15:09:16 +0000 https://kurir.mk/?p=878815

Во случај во кој има сериозни индиции за непотизам во Македонски Телеком сопругата на генералниот директор Никола Љушев, Наташа, станала една од главните менаџери во компанијата во која свој удел има владата која поставува и свои членови на управен одбор, пишува порталот Експрес.мк. Наташа Љушева за која веќе имаше еден скандал пред 3 години кога била вработена во Службата за продукт маркетинг во Сектор за маркетинг за приватни корисници сега е главен менаџер на секторот Дигитализација односно станала еден од најважните десет менаџери во компанијата која има промет од стотици милиони евра. Наташа е сопруга на Никола Љушев главен извршен директор на Македонски Телеком од 1 јули 2018 година. Извори во компанијата тврдат дека Наташа Љушева нема ниту соодветно знаење ниту искуство за да стане еден од главните менаџери во Македонски Телеком. Од таму обвинуваат сака се работи за класичен непотизам и тврдат дека ако нејзиниот сопруг не е генерален директор таа ќе има проблем да стане и шеф на продавница на компанијата. Наташа Љушева била унапредена заедно со уште неколку директори во последните промени во Телеком кога биле ,,исчистени” старите кадри на Заев и се поставени луѓе блиски на актуелниот лидер на СДСМ Ковачевски. Љушев минатата година направи чекор за кој има сериозни индиции за прекршување на законот за што се уште трае истражувањето на expres.mk кој се консултира со централата на Телеком и домашни правни и телекомуникациски експерти. Целата вест можете да ја прочитате ТУКА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-vo-makedonski-telekom-soprugata-na-generalniot-lushev-stanala-edna-od-glavnite-direktori-vo-firmata/feed/ 0
СКАНДАЛ: ОВИЕ фудбалери на Реал Мадрид се уапсени поради секс-видео со малолетничка https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/skandal-ovie-fudbaleri-na-real-madrid-se-uapseni-poradi-seks-video-so-maloletnichka/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/skandal-ovie-fudbaleri-na-real-madrid-se-uapseni-poradi-seks-video-so-maloletnichka/#respond Thu, 14 Sep 2023 19:51:53 +0000 https://kurir.mk/?p=878198

„Ел Конфиденсијал“ денеска ја пренесе веста која ја шокираше целата планета. Имено, полицијата уапсила четворица фудбалери на Реал Мадрид. Како што пишува овој шпански весник, фудбалерите биле уапсени поради еротска содржина во која има малолетничка, а видеото го испраќале на колеги во тимот. Имено, четворица фудбалери на шпанскиот гигант снимија видео од врската со малолетно девојче и потоа го споделија со соиграчите. Тоа се Раул Асенсио (20), Алекс Алеман (18), Андреас Кампос (21) и Борха Алонсо (19).]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/skandal-ovie-fudbaleri-na-real-madrid-se-uapseni-poradi-seks-video-so-maloletnichka/feed/ 0
Комисија за здравство на ВМРО – ДПМНЕ: Молк и втора недела од скандалот Онкологија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-zdravstvo-na-vmro-dpmne-molk-i-vtora-nedela-od-skandalot-onkologija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-zdravstvo-na-vmro-dpmne-molk-i-vtora-nedela-od-skandalot-onkologija/#respond Mon, 11 Sep 2023 08:42:35 +0000 https://kurir.mk/?p=876851

Пациентите и нивните семејства се жалат дека ниту во моментов ја нема потребната современа терапија за сите пациенти кои што имаат потреба. Според најавите оваа терапија требаше да биде и на позитивна листа за овие дијагнози и покрај тоа што четири министри за здравство неколку години по ред ветуваа дека ќе има нова модерна позитивна листа и најсовремени лекови за болните од канцер на истата. Наместо да најде решение директорката се крие зад вработени на Клиниката кои според неа „ќе одлучувале" за терапија. Директорката е должна да даде одговори: 1. Што има преземено за да има терапија за сите? 2. Зошто се молчи за недостигот на терапија? 3. Кои конкретни чекори ги преземал менаџментот таа како менаџер за да има терапија за сите пациенти кои имаат потреба? Пропустите се резултат на системската долгогодоишна негрижа која очигледно стана пракса кај повеќке категории пациенти исто како и кај пациентите со цистична фиброза, дијабетичарите и други. Затоа клучно е прашањето: 1. Кој ќе одговара за нееднаквиот третман на пациентите и свесното поткопување на јавното здравство токму од институциите кои треба да се грижат и обезбедат терапија за пациентите? ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-zdravstvo-na-vmro-dpmne-molk-i-vtora-nedela-od-skandalot-onkologija/feed/ 0
МОНСТРУМИ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/monstrumi/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/monstrumi/#respond Mon, 04 Sep 2023 11:39:11 +0000 https://kurir.mk/?p=874364

Основната мантра на еден одрод претполага три основни дејности: релативизација, девалвација и ароганција. Она што Тачевци го прават во моментот за и со монструозниот случај на онкологија. Та бил мултиетнички, пази и мултипартиски, а мултикултурен не ли е? Заборавија и раси и џендери да  измешат во прикаската забегана. И така, Таче и тајфата новинарска и експертска ќе ве убедуваат во таа „вистина“. Ова било од памтивек, демек, тие „хероите“ го окриле?! Јок, го открија новинарите, вие ќе си ќутевте до смрт за да не ве окаља. Та правдата ќе била иста за сите?! Никој не ви верува со оваа 0.2 насто доверба во судство и обвинителство. Те истрагата ќе била со сите нишани?! Како за модуларната во Тетово, Дурмо, Беса и останатите ли? Прво, Ќуране,  не постои мултиетнички и мултипартиски криминал, има само еден и единствен КРИМИНАЛ. Не релативизирај. Второ, криминалот според информациите и наводите се случува не веќе 20 години туку од 2017-та година, лето Господово од кога вие КРИМИНАЛЦИТЕ на сила сте на власт. Не извитоперувај. Трето, не само Сали, Филипче да го видиме, оној „моторџијата“ новопечен кој скоро 5 од 6-те години на власт беше прв човек во здравството и палеше и гасеше. Рибата смрди од главата. Упс, тоа значи и од Заев и од тебе, Таче, од Стево. Од сите. А, и Обиџуко Спасовски да не паламуди, 6 години нему ова му се случувало пред нос. Да не објавеа новинарите, ќе си бркаше авто-тендерчиња и денеска. Не лажете, никој не ви верува, одамна... Четврто, не ви веруваме бидејќи и Алија и ДУИ побараа целосна одговорност, аууууу! Тоа е просто невозможно кога тие го бараат, видовме до сега, не сме ајвани. Правда со вас немало нити ќе има... Можеме вака до сто и едно, ама, за жал,  зборот МОНСТРУМИ ви стои и прилега ко измислен, на секое можно поле, било тоа здравство, не образование, на национално поле и да не зборуваме. Во текот на годините велат дека станавте вистинско легло на социопати и психопати, податна роба за монструми. Дијагноза која што ме потсети на еден мој неодамнешен текст. Се’ се менува, само монструмите си се едни те исти. ...Според науката, соцопатите и психопатите се чеда со сериозна фалинка и наводно да ти биле шармантни, манипулативни, бесчувствителни и агресивни. Дали описот ве потсетува на едни опортунистички ликови од македонската политичка сцена? Сурија која направи стотици забеганости, ама и покрај се’ многумина сериозно не им замераат за дејанијата? Оти, па на будалата не можеш да му се лутиш, нели? Да, веднаш се сетивте на едни фацки, нели? Разбирливо... Уште подобро, за да описот биде подетален, она што им е заедничко на двете крајно забегани категории е недостиг на емпатија, непочитување на правила (почесто и закони) и самобендисано однесување без чувство на вина. Вина? Ова, повторно го вели науката. Аха, без одговорност во нив??!?! И тука, првото на што ви текнува е на една тотално негативна плејада владини ликови, кои за да ги наброме, искрено, ни требат мноооогу страници. Тоа е за формат на Толстој, цела банда се... И што велат психолозите? Епа, иако немаат емпатија, наводно,  често се многу шармантни луѓе и вешти манипулатори. Кх, кх, кх, веројатно, нудат оставки,  а другарчето не ги прифаќа и чека резултати од истраги, а? Уште пострашно, тешки фолиранти се глумциве. Социопатите и психопатите, замисли, учат да ги имитираат чувствата на „нормалните“ луѓе (читај „на Македонците“), и покрај нивната неспособност да ги почувствуваат. Затоа, веројатно и не им ни стои кога глуматараат дека жалат за загинатите во пожарот во Тетово, кога демек нудат оставки, или кога така фејк жалат за починатите од ковид-19. А насмевката под мустаќ, вришти ли вришти... Велат, дека некои психопати се толку добри во манипулирањето што нивната околина никогаш не се ни сомнева во нивната вистинска природа. Нашиве се демистифицират кога ќе дојдат на валст. Башка, кога вршат кривично дело, вели теоријата, тие внимателно го планираат секој детаљ и често имаат резервен план. Е сега, за разлика од социопатите, психопатите да ти биле ладни, мирни и фокусирани. Од полициска перспектива, ова ги правело многу ефикасни криминалци. Во превод, очебијно, нашиве владејачи се комбинација на двете категории. Некој хибрид меѓу врхушката на СДССССССС и ДУИИИИИ, грифон ли, сфинга, што ли е... Ги дели и дијагнозата. Причината за психопатија се разликува од социопатијата. Претпоставка е дека психопатија е резултат на наследство, пуста генетика, а социопатија е резултат на надворешните фактори (читај меѓународна заедница). Фер, ги препознавте ликовите, од авион се гледа кои се и што се. Декларирани и докажани на дело политикантски психопати и социопати, за кои ќе требаат повеќе ревизии. Не психијатриски, законски. Што на пописот, што на одговорност, што на име, што на предавства, што на укинат „фашизам“,што на тендери, што на бугарски злодоговори, што на криминални дејанија, што на историја, што на плантажи, што на образовни дигитализации, што на преспански капитулации, што на Француски договори и неуставни измени. Ме интересира само како ќе ги налеат кутлешите на избрусените шахти... Ај, да им ја растуриме дружбата, време е. Ама, крајно. Во име и на чедата Божји мачени и садистички убивани на онкологија, во име на жртвите од модуларната болница, на оние загинати кај Ласкарци, за оние во нелиценцираниот автобус, во име и на браќата кои лежат невини по затворите, во име на правдата, достоинството и честа. Во име на ИМЕТО и историјата кои сакаат да ни ги сменат. И да, секоја сличност со вистинските ликови и настани е тотално неслучајна...  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/monstrumi/feed/ 0