скандали – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 28 Dec 2022 09:58:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png скандали – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Најголемите скандали на светската сцена во 2022 година https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/najgolemite-skandali-na-svetskata-scena-vo-2022-godina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/najgolemite-skandali-na-svetskata-scena-vo-2022-godina/#respond Wed, 28 Dec 2022 09:58:40 +0000 https://kurir.mk/?p=781562

Лошо однесување на славните не е ништо ново, но се чини, никој не ја предвиде, на пример, „шлканицата“ на една од најголемите холивудски ѕвезди, Вил Смит на „Оскарите“, или пак, според многумина шокантните објави на Кање Вест на својот интернет-простор. Следи дел од најскандалозните мигови на славните личности годинава. Вил Смит му удри шлаканица на Крис Рок Тоа требаше да биде ноќ на Смит – и беше, но не поради „Оскарот“ за главната улога во „Кралот Ричард“… Глумецот остана запомнет по ударот со рака врз доделувачот на неколку други награди – комичарот Крис Рок, кој се пошегува на сметка на фризурата на сопругата на Вил – Џејда Пинкет-Смит. Таа инаку боледува од алопеција, па постојано носи кусо истрижена коса. Иако Смит неколкупати се извини за шлаканицата, се чини дека тој и Рок не сѐ уште не се во најдобри односи. Брус Вилис се повлекува од сцената Семејството на ѕвездата на акционите филмови во март објави дека му била дијагностицирана афазија – состојба кога човекот ја губи способноста за комуникација, и дека тој се пензионира. Меѓу гласините кои се појавија потоа, беше дека Вилис неочекувано пукал со пиштол (за среќа со „ќорфишек“) на снимање, како и дека глумецот често изгледал збунет, еднаш прашувајќи и – „Зошто сум тука?“ Хју Хефнер засегнат со #MeToo движењето Основачот на еротското списание „Плејбој“ почина во септември 2017 година, еден месец пред движењето #MeToo против сексуална злоупотреба, да го зафати Холивуд. Но и Хефнер дојде „на тапет“ оваа година. Документарниот филм „Тајните на Плејбој“ го разоткри светот на Хефнер во Плејбој-вилата, а меѓу жртвите се јавија неговите поранешни девојки – Холи Медисон и Бриџит Маркарт, кои тврдеа дека „замокот“ бил управуван како секс-култ. Непредвидливото однесување на Езра Милер Ѕвездата на „Флеш“ предизвика бранувања пролетта годинава со неколку апсења на Хаваи – едно за непристојно однесување и малтретирање, а друго за напад. Месеци подоцна, следеа и два налога за недоближување побарани од родители кои тврдеа дека глумецот несоодветно се однесувал со нивните малолетни деца во одделни настани. Во август, Езра кој се идентификува и како небинарен, беше обвинет за тешка кражба во Вермонт. Сѐ тоа ја натера продукциската куќа „Ворнер брос“ да размисли за тоа дали новиот филм „Флеш“ со Милер и побара психолошко лекување за „комплексните“ проблеми со менталното здравје на глуммецот. Филмот веројатно ќе биде прикажан следнава 2023 година. Дебаклот на прес-турнејата на „Не грижи се, драга“ Драмата околу новиот режисерски потфат на Оливија Вајлд, настана по нејзината разделба со Џејсон Судеикис, и врската со ѕвездата на филмот – Хари Стајлс. По повеќе перипетии, пролетта на Вајлд ѝ беа доставени правни документи од Судеикис, околу старателството, додека таа се претставуваше пред новинарите на „Синемакон“. Потоа, во трејлерот на филмот „Не грижи се, драга“ (Don’t Worry Darling) беа прикажани секс-сцените на Стајлс и Флоренс Пју, па вторава изрази разочарување од „маркетингот“ за филмот. Сѐ тоа предизвика непријатности и продолжи со озборувањата на интернеткако и јавни „отвоени преписки“ меѓу глумците од филмот. Сѐ тоа се одрази прилично лошо на целиот проект, а филмо денес има оцена 6,2 / 10 на ИМДБ. Џони Деп ја доби тужбата за клевета против Амбер Хард Поротата одлучи дека глумицата го клеветела нејзиниот поранешен сопруг во авторскиот напис во „Вашингтон пост“ од 2018 година. Шестнеделното судење беше, очекувано остро, а и Кејт Мос сведочеше во полза на своето поранешно момче. Обете страни се обвинуваа за физички и емоционални напади. Деп ги доби сите три негови барања за клевета и е награден со повеќе од 10 милиони долари отштета. Иако Хард доби една од нејзините противтужби, пресудата се смета за голема победа за Деп. Откако првично се жалеше на пресудата, таа неочекувано, неколку недели подоцна, откри дека се спогодила со Деп, но оти тоа „не е чин на отстапка“ и „нема ограничувања или погазувања“ на нејзиниот глас што се движи напред. Деп објави дека ќе ја донира спогодбата од милион долари во добротворни цели. Свадбената семејна драма на Бритни Спирс Оваа година требаше да биде година на „Слободната Бритни“. Но, неколку недели откако доживеа спонтан абортус, во јуни се случи свадбата со Сем Асгари во нејзиниот дом. Но, тој ден, со подготовките во тек, се појави нејзиниот прв сопруг (со кого беше мажена едвај три дена), Џејсон Александар, се натрапил на имотот заради „пренос во живо“, стигнувајќи до нејзината заклучена спална соба. Тој (повторно) е уапсен, но тоа секако фрли дамка на денот на прославата, заедно со одлуката на нејзините синови тинејџери – Престон и Џејден, да не присуствуваат на свеченоста. Таа, во овој контекст ги спомена и нејзиниот поранешен судски надгледувач татко Џејми и семејството на својот интернет-постор. Нејзините чувства кон нејзиното семејство, се чини, се разгоруваат, па се менуваат, а пејачката навести и мемоари, во коишто можеби навистина ќе го каже своето. Крислиеви осудени за даночно затајување Како ѕвезди од реалните шоуа, Тод и Џули Крисли често се во средиштето на вниманието. Но, во јуни оваа 2022 година, тие беа „актуелни“ од погрешни причини – беа осудени за банкарска измама и даночно затајување. Казната е 12 и седум години затвор, соодветно. Според наводите потоа, некои нови епизоди од нивното шоу, кои биле снимени пред судењето, ќе се емитуваат. Сепак, судбината на емисијата и на другите луѓе вклучени во неа, е нејасна. Бред Пит и Анџелина Џоли продолжуваат со судските битки Откако Анџелина во 2016 година поднесе барање за развод, па битката со стараелството над децата, во досието се појавија уште 53 страници во август. Во нив, Џоли тврди дека Пит пијан ја фатил за глава и ја затресол, а потоа ја турнал во ѕидот од бањата во приватниот авион. Нивните деца – Медокс, Пакс, Захара, Шајло, Нокс и Вивиен – сѐ уште се сведоци на валканата семејна драма. Кога ќе се разреши спорот околу старателството, веројатно, ниедно од децата нема да биде малолетно… Во октомври, Џоли изнесе подробности и за нивната судска битка за заедничката француска винарија „Шато Миравал“, па како „Пит го давел едно од децата и удрил друго во лицето“… Пит го оцени тоа како „целосно невистинити искази секојпат кога таа не успева да го добие она што го сака“. Адам Левин се извини, „ја преминал линијата“ со други жени Пејачот на „Марун 5“ беше обвинуван дека ја изневерил сопругата Бехати Принсло, додека била бремена со нивното трето дете, со Инстаграм-моделка. Откако таа објави дел од наводните сочните пораки, и други жени се јавија тврдејќи дека Левин и ним им испраќал „непристојни“ зaбелешки. Сопругата застана крај својот сопруг и никогаш јавно не проговоре за скандалот. Лошото однесување на Џејмс Корден во ресторан Водителот на „Шоуто на Џејмс Корден“ во октомври добил забрана да оди во њујоршкиот ресторан „Балтазар“. Сопственикот Кит Мекнали го нарече шоуменот – „мал кретен од човек“ кој лошо се однесувал кон неговите вработени, во два наврата. Корден подоцна ја нарече таа сага – „најнадреален миг“, објаснувајќи дека сопругата негова била алергична на јајца. Во истата негова емисија, тој рече дека се кае за тоа. Кање Вест не отстапува од антисемитските коментари Раперот, кој законски го промени своето име во Је, е прилично познат по своите контроверзни јавни настапи. По појавувањето на Модната недела во Париз со блузи со натпис „Животите на белците се важни“, што според многумина е цинична пародија на движењето „Животите на црнците се важни“, Кање продолжи со неколку антисемитски забелешки, тој беше суспендиран на социјалните мрежи, продолжи со говорот на омраза, па неговото приватно училиште во Лос Анџелес – „Академијата Донда“ беше затворена… Натаму, „Адидас“ ја прекина соработката со дотогашниот милијардер кој поради тоа изгуби две милијарди долари за еден ден. Но, и покрај сѐ, тој сѐ уште се смета себеси за „неверојатен“ во оваа индустрија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/najgolemite-skandali-na-svetskata-scena-vo-2022-godina/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: МВР со Спасовски го следат само криминали и скандали – оставка веднаш https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-mvr-so-spasovski-go-sledat-samo-kriminali-i-skandali-ostavka-vednash/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-mvr-so-spasovski-go-sledat-samo-kriminali-i-skandali-ostavka-vednash/#respond Thu, 21 Apr 2022 06:57:37 +0000 https://kurir.mk/?p=666344

Македонија е претворена во див запад, а Оливер Спасовски молчи и бега од одговори и одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Пред неколку дена се случи кражба на оружје, муниција и бомби од депо на МВР во Охрид и нема никаква информација кој го направил тоа и каде е оружјето. Оливер Спасовски не може да обезбеди сигурност на објектите на МВР, а камо ли пак да гарантира безбедност на граѓаните. Уште не е разрешен овој случај, а веќе нов скандал се случува во Крушевско. Масло од марихуана во вредност од над 2 милиони евра е украдено, а МВР и Спасовски и за ова молчат. Уште се свежи сеќавањата на кадарот на Спасовски кој беше фатен во транспорт на марихуана, и затоа со право јавноста се прашува дали МВР ќе го разреши воопшто и овој случај. Овие скандали се надоврзуваат на убиството на ракометарот кој институциите се обидоа да го заташкаат, но и матната јавна набавка која МВР ја направи со компанија која е на црната листа на САД. Се скандал до скандал, се криминал до криминал. Спасовски е неспособен и криминоген. Затоа мора да си поднесе оставка веднаш, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-mvr-so-spasovski-go-sledat-samo-kriminali-i-skandali-ostavka-vednash/feed/ 0
Муцунски: СДСМ се четири години на власт, а се некој друг е крив за нивните скандали и афери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-sdsm-se-chetiri-godini-na-vlast-a-se-nekoj-drug-e-kriv-za-nivnite-skandali-i-aferi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-sdsm-se-chetiri-godini-na-vlast-a-se-nekoj-drug-e-kriv-za-nivnite-skandali-i-aferi/#respond Fri, 09 Apr 2021 18:51:30 +0000 https://kurir.mk/?p=495057

Пратеникот и секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски во тема на денот во централниот Дневник на ТВ Сител, рече дека обидите на власта да ја обвинат опозицијата за случајот „Мафија“ е само обид на власта за политички де фокус и бегање од фактот дека овој скандал негативно влијае врз имиџот на државата. -Фактот дека е потребно институциите на системот посебно правосудството да направат темелна истрага и веројатно ќе дојдат до вистинските одговори. Но, фактот дека се прави во овој момент обид да се обвини главната опозициска партија, која притоа нема никаков удел во раководењето во овој момент на МВР и во најголемиот дел во овој период дури се случувале овие дејствија е само политички де фокус и бегање од фактот дека скандалот, односно овие случувања поврзани со скандалот Мафија се огромен срам за имиџот на Република Македонија и треба да дојдеме до вистинска и темелна истрага која што ќе го даде одговорот, бидејќи прво ова не смееме да дозволиме да се повтори никогаш повеќе, но истовремено треба да знаеме дали некој профитирал од ова и како е дозволено на стотици ваквите поединци да им се вадат македонски патни исправи, смета Муцунски. -Тоа што наши меѓународни партнери помогнале да откријат што се случувало во Република Македонија уште повеќе говори за неспособноста на институциите на системот сами да идентификуваат кога имаме вакви случувања. Што е проблемот во Македонија? Во последните 4 години се култивира еден систем на неодговорност, нетранспарентност, систем каде што вие гледате дека институциите погрешиле, дека институциите не функционираат, но никако политичките чинители кои раководат со тие институции во чие што време се случувале сите овие појави да преземат конкретна одговорност. Се некој друг е крив, се заради некој друг дошло до вакви случувања, а четири години СДСМ и ДУИ се на власт, рече Муцунски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-sdsm-se-chetiri-godini-na-vlast-a-se-nekoj-drug-e-kriv-za-nivnite-skandali-i-aferi/feed/ 0
Наместо одговори и одговорност за сите скандали, СДСМ демонстрира сила и ароганција начинот на избор на Заев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namesto-odgovori-i-odgovornost-za-site-skandali-sdsm-demonstrira-sila-i-arogancija-nachinot-na-izbor-na-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namesto-odgovori-i-odgovornost-za-site-skandali-sdsm-demonstrira-sila-i-arogancija-nachinot-na-izbor-na-zaev/#respond Mon, 22 Mar 2021 10:41:08 +0000 https://kurir.mk/?p=486031

Хибридниот режим на Зоран Заев на дело. СДСМ нема ниту „Д“ од демократија. Додека во секоја демократска земја после секоја афера и скандал следува оставка и одговорност Драги Рашковски се уште ужива на одмор во Мексико. После афери како „Леонардо“ и „Софтвер“ се уште не дава оставка напротив арогантно бара и повикува на тв дуели. Наместо да глуми СДСМ демократија на внатрепартиски избори со еден кандидат потребно е да превземат одговорност. Во текот на вчерашниот ден видовме како СДСМ организира избори, преку брутална злоупотреба на партиските и државни ресурси за партиски цели. За првите директни внатрепартиски избори СДСМ ги злоупотреби државните ресурси, тие се одвиваа во училишта, градинки, ккао и домови на културата низ цела Македонија. Цела година помина откако излезе аферата „Леонардо“ тешка 7 милиони евра, а нема епилог! Драги Рашковски му заврши секретарувањето во Владата без правен епилог за местење тендер, потсетуваат од ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека лани на 4 јули постапка отвори Државната комисија за спречување корупција, а на 19 септември постапка отвори Јавното обвинителство. И додека во фокусот е уште една афера за Рашковски со скандалозната набавка на сообраќајниот софтвер кој што самиот го патентирал тој ужива на одмор во Мексико. Претходната влада на Заев купила софтвер што ќе овозможи автоматско казнување. Ама изминаа повеќе од осум месеци од датумот кога софтверот требало да биде испорачан, а камерите не изрекуваат казни. Потрагата по одговорот зошто, отвора дополнителни дилеми. Софтверот не го купил надлежниот ресор МВР, туку Генералниот секретаријат на Владата – тогаш предводен од Драги Рашковски. Огласот бил распишан во ноември 2019 година, се пријавиле три фирми, а со победникот „Инвока гроуп“ бил потпишан договор вреден околу 81 000 евра во февруари 2020 година. Софтверот, кој треба да одредува брзина, локација, регистарска табличка и да регистрира прекршоци, како на пример, поминување на црвено, требало да биде испорачан најдоцна во јули 2020 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namesto-odgovori-i-odgovornost-za-site-skandali-sdsm-demonstrira-sila-i-arogancija-nachinot-na-izbor-na-zaev/feed/ 0
Трет ден без оставки по објавените четири скандали: Власта не знае за одговорност! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tret-den-bez-ostavki-po-objavenite-chetiri-skandali-vlasta-ne-znae-za-odgovornost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tret-den-bez-ostavki-po-objavenite-chetiri-skandali-vlasta-ne-znae-za-odgovornost/#respond Fri, 12 Mar 2021 17:41:06 +0000 https://kurir.mk/?p=481522

Трет ден откако изостанува чувството на морална одговорност кај премиерот Зоран Заев, министерот Венко Филипче, вицепремиерот за борба со корупција Љупчо Николовски и генералниот секретар на владата Драги Рашковски по објавување на четири скандали поврзани токму со нив. Но, не само моралната одговорност кај овие лица како високи функционери кои треба да се токму првите кои што ги почитуваат законите се со цел да создадат слика дека во Република Македонија владее правото, изостанува дури и конкретната законска одговорност што понатаму резултира со недоверба на граѓаните во институциите. Па така, пред само три дена независните медиумите објавија четири скандали кои се поврзани со власта, а се однесуваат за битни прашања, од набавка на вакцини за КОВИД пандемијата, софтвер за сообраќајни прекршоци, скандалозниот нелегален увоз на странски тутун во време кога македонските тутунопроизводители се соочуваат со проблем на неоткупен тутун и нереално проценет, како и непрофесионалното однесување на министерот за здравство Венко Филипче на кој се гледа дека во операциона сала оперира или асистира без соодветна заштитна медицинска опрема, а со тоа го доведува во опасност здравјето на пациентот. Одејќи по некој редослед, најпрво италијанскиот весник „Ла Верита“ објави информација дека владата на Заев се обидела да набави кинески вакцини од фармацевската компанија Синофарм преку фантом фирма од Хонг Конг, па по направените проверки од страна на кинеските власти утврдено е дека е можна измама па е одлучено авансот да се врати назад. Премиерот Заев изјави дека средствата  се вратени само поради усогласување на документацијата што според документите од Ла Верита се гледа е уште една ноторна лага.   Додека медиумите го пренесуваа овој голем скандал кој ја тресе Македонија во време на пандемија кога бројот на новоинфицирани и починати граѓани се зголемува, одредени медиуми блиски до владата на Заев и министерот за здравство Венко Филипче се доведоа до ситуација да го дискутираат кредибилитетот на весникот „Ла Верита“, па сакајќи да ја оправдат нивната неспособност да набават вакцини и да го заштитат населението пишуваа дека истиот е нискотиражен весник. Но, никако не може да се оспори неговата веродостојност ако се земе во предвид дека истиот тој весник прв пишуваше за скандалот на поранешното Специјално јавно обвинителство, а за кој подоцна се испостави дека се што беше наведено беше точно, но и ако се пребара на интернет истиот весник е 8-ми во Италија со 30.000 примероци, што само дополнително потврдува дека веродостојноста и кредибилитетот на истиот не треба воопшто да бидат тема на дискусија. Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но и коментарите на познавачите од здравство, Владата одела преку фантом фирма бидејќи сакала да земе провизии, односно за набавка на 200.000 кинески вакцини требало да исплати 12 ипол милиони евра или по 60 евра за доза, укажувајќи дека за набавка на поголема количина цената на доза вакцина се намалува и до 30 евра, што само се воочува дека владата сакала заедно со вакцините да си обезбеди и провизија од истите. Вториот скандал е поврзан токму со човекот кој треба да се бори со корупцијата Љупчо Николовски, кој очигледно пак наместо да се бори со корупцијата тој е вмешан во корупција. Имено, како што пишуваат медиумите двајца блиски луѓе на Николовски преку фирмата за транспорт „Студенац Шпед“ која е во сопственост на Димче Тројановски, кој е близок партнер на градоначалникот од СДСМ на Крива Паланка Борјанчо Мицевски уште минатата година увезиле пет шлепери на странски увоз. Прекршувањето на законот е што истата фирма воопшто немала дозвола за трговија и пуштање во промет на тутун и тутунски производи. А се наметнува и прашањето како пет шлепери поминале на граничниот премин ако претходно немало логистика директно од врвот на власта. За овој скандал, реагираше и опозицијата, на што Николовски се закани со тужба, останувајќи недостапен да одговори пред јавноста каква е неговата поврзаност со целиот случај. Еден од најлошите работи кои можат да се случат на еден министер, а за кој ниту скапо платени ПИ-ар агенции не може народски кажано да го „исперат“ е она што му се случи на министерот за здравство Филипче, каде што јасно се гледа дека во време на пандемија кога се зголемува бројот на починати и новозаразени лица,  оперира пациент без притоа да носи заштитна медицинска опера, со што го доведува здравјето на пациентот во опасност. Но, за ваквото скандалозно и непрофесионално пред се однесува од страна на министерот Филипче немаше никаква реакција од страна на така наречените невладини организации кои во едно друго време беа големи критичари на претходните власти, ниту пак беше побарано некаква одговорност од страна на неговиот шеф премиерот Заев, што придонесува дополнително за зголемување на револтот и гневот кај граѓаните, дека во државата единствено недопирливи се функционерите и партиските функционери на власта на СДСМ. Четвртиот скандал во низата скандали за само еден ден е поврзан со поранешениот генерален секретар Драги Рашковски, или познат кај јавноста по изјавата „На народот му треба ќотек и кошкање да сфати каде му е местото“. Имено, Рашковски како генерален секретар набавил софтвер за офтвер за сообраќајни прекршоци, за систем за автоматско генерирање на казни за сообраќајни прекршоци, којшто никогаш не стигнал во МВР. Како што наведуваат медиумите истиот бил набавен за Министерството за внатрешни работи кој пак според информациите никогаш и не користел, ниту имплементирал од страна на истото министерство. Водејќи се од поговорката кој работи и греши, може и некако ќе се оправдаат грешките доколку се минимални, но со оглед дека власта скоро секој ден ја тресат криминални скандали за ова нема оправдување. Но, загрижува и фактот што ниту премиерот Заев, ниту Николовски, ниту Филипче, ниту пак екс генералниот секретар Рашковски немаат чувство барем да признаат дека направиле грешка, а камо ли пак од морална одговорност да поднесат оставки од позициите. Во една друга држава, во едно друго време, понормално, се разбира со почитување на вредностите, може и да очекуваме одговорност, но се додека владата на СДСМ најмалку што може е да се очекува било каква одговорност, а како една од причината за непостапување политичка одговорност може да се бараат и во ниското ниво на политичка култура која и тоа како изостанува во оваа владејачка гарнитура.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tret-den-bez-ostavki-po-objavenite-chetiri-skandali-vlasta-ne-znae-za-odgovornost/feed/ 0
Црн ден за власта: Четири мега скандали во еден ден! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/crn-den-za-vlasta-mega-skandali-vo-eden-den/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/crn-den-za-vlasta-mega-skandali-vo-eden-den/#respond Wed, 10 Mar 2021 14:14:28 +0000 https://kurir.mk/?p=480199

Денот започна со објавување на новиот скандал за набавка на вакцините од страна на италијанскиот весник „Ла Верита“, според кој Владата во две писма до кинескиот Синофарм од 25 декември 2020 година и 25 јануари оваа година барала да набави кинески вакцини, и навидум се беше во ред и истите требаше да стигнат до сега кога Пекинг решил да ни го врати авансот. Причина за истото според италијанскиот весник е зделката којашто требало да се одвива преку „фантом фирма“ со седиште во Хонг Конг, а која е наведена во официјалните писма испратени од страна на министерот за здравство Венко Филипче. Фирмата преку која требало да се врши набавката иако имала доволно средства депонирани во германската Дојче банк, немала доволно стабилни темели за да се зделката биде извршена со кинеските власти и според „Ла Верита“ тоа допринело за поништување на процедурата за набавка на кинеските вакцини со Македонија. Дополнително денеска беше обелоденет уште еден потенцијален скандал каде се спомнува министерот за антикорупција Љупчо Николовски, а е поврзан со сомнеж за нелегален увоз на странски тутун. Имено, според сомнежите уште минатата година биле увезени пет шлепери на тутун од фирмата „Студенац Шпед“ која е во сопственост на Димче Тројановски кој е бизнис партнер на градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски кои двајца луѓе според опозицијата се блиски луѓе на Љупчо Николовски. Тука се наметнуваат повеќе прашања, каде завршиле петте шлепери тутун од странство и дали фирмата „Студенац Шпед“ има воопшто лиценца за работа со тутун како акцизна стока, како и дали овој увоз на тутун бил извршен од фирма која воопшто не смеела да го увезе? Уште едно скандалозно однесување денеска од ресорот на здравството е објавеното видео од страна на Љупчо Палевски на коешто се гледа како министерот за здравство Венко Филипче во операциона сала „оперира“ на телефон, без ракавици, маска и одело за време на сериозна пандемија. Да се потсетиме дека Филипче посвети голем дел од своето министерување во кампања и скап пи-ар за граѓаните да ги почитуваат мерките против коронавирусот, додека тој си оперирал без никаква заштитна опрема, а истото претставува прекршување на препораките кој тој самиот ги донесе, но и лекарските принципи. Уште еден скандал во низата е случајот кој вчера беше обелоденет за набавката којашто ја направил поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски. Имено, Рашковски по обвинувања од страна на опозицијата од ноември 2019 година до февруари 2020 година водел процедура за набавка на софтвер за сообраќајни прекршоци, за систем за автоматско генерирање на казни за сообраќајни прекршоци, којшто никогаш не стигнал во МВР. Рашковски софтверот го набавил за службите во МВР, но според досегашните информации таков систем никогаш не се користел ниту се имплементирал, туку според наводите наместо за МВР тој го набавил софтверот за којшто и самиот е иноватор со патентирано решение од 2018 година. Да се потсетиме дека ова не е прв скандал со поранешниот генерален секретар на Владата, на истиов му претходи скандалот „Леонардо“, којшто случај сеуште нема никаква разрешница од страна на надлежните институции. Што е многу, многу е и како капак на се денеска го ставиме извештајот за над 20% зголемен бројот на заболени во однос на претходната недела и почеток на нелогичниот полициски час кој беше на мета на многу реакции од страна на јавноста, граѓаните ќе заклучат дека ова е навистина црн ден за власта, а и лошо му се пишува на премиерот Заев кој едвај собра доверба во Собранието коешто сега е повторно нефункционално. Скандал до скандал го одбележува денешниот ден, низа сомнежи и потенцијални коруптивни дејствувања, како и непринципиелни однесувања на функционерите од власта го одбележуваат секојдневието, колку се скандали ќе преживеат граѓаните со оваа власт, кога мака се мачи да се преживее коронакризата и високата смртност кои се само капак на се што прави дезорганизираната, коруптивна и власт неспособна да набави ниту вакцини, ниту соодветна здравствена заштита за своите граѓани. Скандалите само се нижат, надлежните институции немаат одговор, а оправдувањата кои доаѓаат од власта се попусти за да се убеди народот дека ова не е најнеуспешната владата во историјата на Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/crn-den-za-vlasta-mega-skandali-vo-eden-den/feed/ 0
ЕК за скандалите на Димова: Ги следиме сите обвинувања, нерегуларните трошоци ќе треба да се вратат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ek-za-skandalite-na-dimova-gi-sledime-site-obvinuvanja-neregularnite-troshoci-kje-treba-da-se-vratat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ek-za-skandalite-na-dimova-gi-sledime-site-obvinuvanja-neregularnite-troshoci-kje-treba-da-se-vratat/#respond Mon, 12 Oct 2020 11:23:34 +0000 https://kurir.mk/?p=415304

За скандалите поврзани со Лидија Димова, директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, телевизија Алфа постави прашања до потпаролите на Европската Комисија. Повратен одговор добивме од Сузан Конзе, потпарол за образование, млади, спорт и култура, демократија и демографија. Во одговорот пишува: –Она за што можам да ве информирам во оваа фаза е дека Комисијата е запознаена со овие тврдења во врска со спроведувањето на програмата Еразмус +. Сите такви обвинувања се следат и, каде што е вклучено финансирање од ЕУ, нерегуларните трошоци ќе бидат идентификувани и ќе треба да се вратат. Комисијата не може да дава детали додека трае процесот на следење, стои во емаилот од потпаролот на Еропска комисија испратен до Алфа телевизија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ek-za-skandalite-na-dimova-gi-sledime-site-obvinuvanja-neregularnite-troshoci-kje-treba-da-se-vratat/feed/ 0
Златев: СДСМ прави се за да ги скрие владините скандали од јавноста https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zlatev-sdsm-pravi-se-za-da-gi-skrie-vladinite-skandali-od-javnosta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zlatev-sdsm-pravi-se-za-da-gi-skrie-vladinite-skandali-od-javnosta/#respond Sat, 22 Feb 2020 08:37:18 +0000 https://kurir.mk/?p=307250

Ова нема некој голем јавен интерес, тука нема никакви државни пари вмешано. Тука има една изјава провизорна на една политичка партија, од ена личност за која што јас денес дознав дека постои, образложи новинарот Љупчо Златев коментирајќи ја хајката на СДСМ со медиумите кои ги објавуваат скандалите на власта, во емисијата на ТВ Алфа. Златев додаде дека реакцијата на СДСМ е провизорна, и самото тоа што сега се говори за хајката на власта со одредени медиуми, а не за нешто многу побитно ја постигнале целта. Два дена по ред на национална ТВ Алфа која вреди нешто во државата, која прави критичка мисла е впуштена во тоа да се објаснува себеси со СДСМ. А, толку многу работи се случуваат, еве и судења имаме контроверзни тендери во сите институции, државата не функционира, едноставно имаме хаос. И сметам дека оваа битка што ние сега ја водиме е всушност тоа што СДСМ го сака, појасни Златев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zlatev-sdsm-pravi-se-za-da-gi-skrie-vladinite-skandali-od-javnosta/feed/ 0
Златев: Јас немам ниту една вест која е антизападна, а СДСМ ме прогласува за антизападен медиум, бидејќи ги откривам нивните скандали https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zlatev-jas-nemam-nitu-edna-vest-koja-e-antizapadna-a-sdsm-me-proglasuva-za-antizapaden-medium-bidejkji-gi-otkrivam-nivnite-skandali/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zlatev-jas-nemam-nitu-edna-vest-koja-e-antizapadna-a-sdsm-me-proglasuva-za-antizapaden-medium-bidejkji-gi-otkrivam-nivnite-skandali/#respond Sat, 22 Feb 2020 08:32:39 +0000 https://kurir.mk/?p=307244

Во емисијата „Заспиј ако можеш“, вчера Љупчо Златев посочи дека власта е уплашена бидејќи има медиуми кои ги разоткриваат нивните скандали. Па затоа од паника СДСМ ги напаѓа медиумите и вели дека се антизападни и шират лажни вести. -И јас се почувствував малку прозван во изминатите денови, но по тоа седнав и размислувам и велам добро човек што очекуваш ти, ние им го зедовме здравјето во изминатите две години. Еве само јас ги броев, таксативно имам објавено едно околу 17-18 скандали од кои за 5-6 се зборувало по недела, две дури и месец, а за некои скандали се уште се зборува. Нормално е дека СДСМ вака ќе реагира кон нас, заклучи Златев. Златев додаде дека за пример дека и Доналд Трамп ги обвинува медиумите кои се критички настроени кон него и неговата политика. Се расправа со „CNN“, се расправа со „New York Times“, ги обвинува за ширење на „Fake News“. -Јас немам ниту една вест која е антизападна, а ме прогласуваат за антизападен медиум, нагласи Златев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zlatev-jas-nemam-nitu-edna-vest-koja-e-antizapadna-a-sdsm-me-proglasuva-za-antizapaden-medium-bidejkji-gi-otkrivam-nivnite-skandali/feed/ 0