скавандер операција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 19 Apr 2021 12:10:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png скавандер операција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јавноста се крена на нозе, а институциите молчат за вчерашната операција „скафандер“ во Собранието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javnosta-se-krena-na-noze-a-instituciite-molchat-za-vcherashnata-operacija-skafander-vo-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javnosta-se-krena-na-noze-a-instituciite-molchat-za-vcherashnata-operacija-skafander-vo-sobranieto/#respond Mon, 19 Apr 2021 12:10:47 +0000 https://kurir.mk/?p=499288

Вчерашното гласање во парламентот за кое беа ангажирани и пратеници кои се позитивни на КОВИД-19 и во скафандери влегоа во Собранието предизвика бура од реакции во јавноста. Повеќето од реакциите беа од правен аспект, за тоа дека не важат законите за пратениците па и позитивни на КОВИД-19 можат да се појавуваат на работа и дека таа со појавувањето во парламентот и излегувањето од изолација го прекршила Членот 206 од КЗ на Република Македонија кој гласи: „Тој што за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година“. Но, имаше и реакции од медицински аспект како што напиша и докторот Нико Беќаровски за тоа дека целиот театар со скафандерот на преатеничката беше непотребен, бидејќи скафандерот служи за здрав човек безбедно да влезе и излезе од контаминирана средина, а не за здраво лице да шета во контаминирана средина. -Мене ме учеа дека медицинскиот скафандер служи здраво лице безбедно да влезе и излезе од контаминирана средина. Денес дознав дека можел да служи и контаминирано лице да шета низ здрава средина. Замислете утре преку 20.000 да се рашетаат низ градов, ќе личиме на вселенска станица, напиша доктор Беќаровски. Прашање кое со право се поставува е и тоа дали некој и како ги легитимирал пратениците кои беа покриени со маски и скафандери дека се тие, бидејќи на таков начин како што вчера видовме можеше било кој да влезе во скафандер и да гласа. Во вакви услови останува нејасно дали таквото гласање во Собранието е легитимно? Друга работа е тоа што протоколот за кој Џафери добил позитивен одговор од Комисијата за заразни болести и со што се обидува да го оправда присуството на заразени пратеници во Собранието, никаде не стои дека пратеници кои имаат добиено позитивен тест за КОВИД-19 можат да присуствуваат на седница, туку се однесува на лица кои се во изолација, што логички е да се толлкува дека се однесува на лица кои се во изолација поради контакт со заразен и не развиле симптоми, а најчудно е што ниту од МВР ниту од ОЈО нема никаква реакција за прашање кое толку ја разбранува јавноста. Но, како и да е со ваквиот протокол Комисијата за заразни болести уште еднаш, како што тоа го направи во повеќе наврати во изминатиот период, докажа дека работи под диктат на Влатата и воопшто не води сметка за здравјето на граѓаните што треба да ѝ биде единствена цел. Дека Комисијата за заразни болести одлуките ги носи врз основа на тоа како му одговара на Владата, најдобро се виде кога истата и покрај крајно сериозната состојба со заразата во државата не предлагаше никакви мерки или мислење за одлагање на пописот за да се прикаже дека ситуацијата е стабилна за откако Заев не беше принуден да го направи истото, веднаш да почне да се зборува за сериозноста на ситуацијата и да се воведуваат мерки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javnosta-se-krena-na-noze-a-instituciite-molchat-za-vcherashnata-operacija-skafander-vo-sobranieto/feed/ 0