скендер реџепи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 29 Aug 2023 18:05:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png скендер реџепи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Скендер Реџепи ќе формира партија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skender-redhepi-ke-formira-partija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skender-redhepi-ke-formira-partija/#respond Tue, 29 Aug 2023 07:56:14 +0000 https://kurir.mk/?p=871961

Ќе им подадам рака за соработка на тие кои излегоа од Алтернатива, заедно да почнеме ново политичко патување, вели Реџепи. Независниот пратеник и поранешен функционер на Алтрнатива Скендер Реџепи најви дека ќе формира нова политичка партија. Одлуката политичкото дејствување да го продолжи преку нов политички субјект, според Реџепи, е поради незадоволството во Алтернатива бидејќи како партија не му дале можност за промена во партијата и дека не се гледа себеси како дел од некој друг активен политички субјект. По најавата на Реџепи, во албанскиот политички блок ќе дејствуваат најмалку осум партии и тоа: ДУИ, Алијанса за Албанците и ДПА, кои се во Владата, Европска демократска партија на Аријанит Хоџа, која го поддржува европскиот фронт и Беса, Алтернатива, Демократско движење и партијата на Реџепи како опозициски блок. Тој во интервју за ТВ21 вели дека средбите со граѓаните му потврдиле дека има поддршка за нова партија. – Бидејќи не се гледам себеси кај ниту еден политички субјект, бидејќи верував дека во Алтернатива треба да работам, бидејќи моето излегување потврди дека промената мора да се направи, но кога видов дека тоа не може да се случи, така да веројатно ќе почнам ново политичко патување заедно со структурите кои ги имаме. Ќе им подадам рака за соработка на тие кои излегоа од Алтернатива, заедно да почнеме ново политичко патување – вели Реџепи. Тој потвдува дека има ногу партии на Албанците, но додава дека на следните избори тие ќе бидат поделени на два блока, алудирајќи на Европскиот фронт и опозицискиот блок. Според него, очекувана е соработката меѓу Беса и Алтернатива, но вел дека е изненаден од Демократското движење на Изет Меџити. –Тоа што негативно ме изненади е што Демократското движење, политички субјект кој е во фаза на основање, кој се уште нема структури, ниту ограноци и подограноци, се обединува со Алтернатива и со Беса, а можеше многу лесно да земе незадоволни активисти од двете партии – вели Реџепи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skender-redhepi-ke-formira-partija/feed/ 0
Реџепи: Ќе гласам за разрешувањето на Беким Сали, но не и за другите министри https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/redhepi-ke-glasam-za-razreshuvaneto-na-bekim-sali-no-ne-i-za-drugite-ministri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/redhepi-ke-glasam-za-razreshuvaneto-na-bekim-sali-no-ne-i-za-drugite-ministri/#respond Tue, 14 Feb 2023 08:54:54 +0000 https://kurir.mk/?p=800227

Независниот пратеник Скендер Реџепи најавува дека ќе гласа за разрешување на министерот за здравство Беким Сали, но, како што рече, не и за другите министри и заменици министри, што се дел од Предлогот за реконструкција на Владата, за која вчера почна дебатата во Собранието. Реџепи, кој по напуштањето на Алтернатива делува како независен пратеник, во синоќешното гостување на ТВ 21 оцени дека најголемото зло што им е направено на структурите на Алтернатива, е недостатокот на политичка волја. -Јас ќе гласам за разрешувањето на министерот за здравство без сомнение, бидејќи најголемото зло што им е направено на структурите на Алтернатива, е недостатокот на политичка волја. Другите министри никогаш нема да ги гласам за разрешување, рече Реџепи. Тој најави дека ќе има средба со премиерот Димитар Ковачевски, со кого ќе разговара околу точката за меѓународната истрага. Алтернатива, како што рече, никогаш не побарала од Владата меѓународна истрага за монтираните случаи, кои беа главна точка од договорот за владина коалиција меѓу Алтернатива и СДСМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/redhepi-ke-glasam-za-razreshuvaneto-na-bekim-sali-no-ne-i-za-drugite-ministri/feed/ 0
Реџепи: Не сакав да бидам заложник на неспособно раководство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/redzepi-ne-sakav-da-bidam-zaloznik-na-nesposobno-rakovodstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/redzepi-ne-sakav-da-bidam-zaloznik-na-nesposobno-rakovodstvo/#respond Thu, 16 Jun 2022 10:37:22 +0000 https://kurir.mk/?p=691616

Пратеникот Скендер Реџепи кој пред два дена ја напушти Алтернатива и одлучи да делува како независен, вели дека и понатаму ќе продолжи да го поддржува владејачкото мнозинство. -Се додека Владата ќе се заложува да го започне реализирањето на програмскиот договор со Алтернатива, јас ќе бидам тука со убедување дека има и време и капацитет да се реализира истата, изјави пратеникот Реџепи. Тој за Телма вели дека одлуката не била лесна, но била неминовна. -Јас чекав тесното раководство на партијата да донесе одлука со која ќе се подобри досегашното едноумие во партијата, но тие со последните одлуки, го продлабочија тоа едноумие, поради што неизбежна беше мојата одлука за независно политичко делување, изјави Реџепи. Реџепи вели дека нема да биде заложник на политичко раководство кое ја преполовила гласачката сила на партијата. -Лично или приватно несогласување со никого не сум имал потреба да имам, но не сум дозволил да бидам заложник на едно политичко раководство која за помалку од една година ја преполови гласачката сила на партијата, вели Реџепи. Пратеникот Реџепи вели дека е болно независното делување во Собранието, затоа што си заминал од партијата од која самиот тој е основач. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/redzepi-ne-sakav-da-bidam-zaloznik-na-nesposobno-rakovodstvo/feed/ 0
Реџепи оценува дека Алтернатива го сменила курсот на политичкото дејствување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/redzepi-ocenuva-deka-alternativa-go-smenila-kursot-na-politichkoto-dejstvuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/redzepi-ocenuva-deka-alternativa-go-smenila-kursot-na-politichkoto-dejstvuvanje/#respond Wed, 15 Jun 2022 13:40:14 +0000 https://kurir.mk/?p=691263

Пратеникот Скендер Реџепи вели дека одлуката да дејствува како независен доаѓа како резултат на непроменување на политичкиот курс. Партиските тела му дозволија да дејствува како независен на последниот конгрес, додавајќи дека одлуката за самостојно дејствување е индивидуална, но останува во духот на договорот за спроведување на владината програма. „Јас воопшто не се мешав од конгресот па се до сега и оставив раководството да носи независни одлуки кои би го смениле погрешниот курс на политичкото дејствување. Но, бидејќи воопшто не видов промена, не ми остана друго решение освен да донесам самостојна одлука за натамошно политичко функционирање. Во секој случај, ќе го поддржам секој напор на Алтернатива за спроведување на програмскиот договор со Владата“, вели Реџепи. Алтернатива го обвинува Реџепи дека постапил на штета на парламентарното мнозинство и бара од него да го врати пратеничкиот мандат. Од партијата на Гаши велат дека ќе продолжат да бидат дел од Владата. „Бидејќи мандатите на пратениците од овој пратенички состав, следствено и на Алтернатива, се добиени под логото и името на партијата, а не како независни кандидати, се надеваме дека пратеникот Скендер Реџепи – во име на политичкиот морал и посветеност на партиските структури кои го направија пратеник – да го врати добиениот мандат во име на партијата, за што Алтернатива ќе биде благодарна за досегашната работа“, наведоа од Алтернатива. Во новото Централно собрание на Алтернатива, освен Скендер Реџепи, не се најдоа ниту: Асаф Адеми, поранешен министер за култура, Даим Лучи, актуелен заменик министер за култура и Амир Билали, заменик директор на Агенцијата за млади и спорт. Неофицијално се дознава дека Реџепи нема да ја поддржи интерпелацијата против првиот човек на Собранието.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/redzepi-ocenuva-deka-alternativa-go-smenila-kursot-na-politichkoto-dejstvuvanje/feed/ 0
Скендер Реџепи од Алтернатива го напушти владејачкото мнозинство, ќе делува како независен пратеник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skender-redzepi-od-alternativa-go-napushti-vladejachkoto-mnozinstvo-kje-deluva-kako-nezavisen-pratenik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skender-redzepi-od-alternativa-go-napushti-vladejachkoto-mnozinstvo-kje-deluva-kako-nezavisen-pratenik/#respond Tue, 14 Jun 2022 16:07:53 +0000 https://kurir.mk/?p=690850

Пратеникот Скендер Реџепи од Алтернатива ја напуша пратеничката група на партија и во иднина ќе делува како независен пратеник. И за оваа одлука официјално го извести собранискиот спикер, Талат Џафери. Алтернатива е дел од владејачкото мнозинство и во Владата влезе по излегувањето на БЕСА. Реџепи беше незадоволен од владиниот договор и не се појави на последниот партиски конгрес на кој Африм Гаши доби поддршка за втор мандат за лидер на партијата. Реџепи бараше непристрасна истрага за случаи за кои тој смета дека биле политички монтирани, но и рамноправен развој на Липковскиот регион.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skender-redzepi-od-alternativa-go-napushti-vladejachkoto-mnozinstvo-kje-deluva-kako-nezavisen-pratenik/feed/ 0
Скендер Реџепи не дојде на конгресот на Алтерантива оти лидерот Гаши го изневерил https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skender-redzepi-ne-dojde-na-kongresot-na-alterantiva-oti-liderot-gashi-go-izneveril/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skender-redzepi-ne-dojde-na-kongresot-na-alterantiva-oti-liderot-gashi-go-izneveril/#respond Sun, 15 May 2022 16:58:21 +0000 https://kurir.mk/?p=677078

На првиот Конгрес на политичката партија Алтернатива, кој денеска се одржува во Македонската филхармонија не присуствува пратеникот Скендер Реџепи Зејди, кој минатата година го спаси тогашниот премиер Зоран Заев од губење на власта и пад на неговата Влада. Не присуствував на конгресот бидејќи сметав дека тоа ќе биде попринципиелно од ставовите што јавно ги искажав пред неколку дена. Од моите јавни ставови, граѓаните заслужуваат конкретни и детални одговори кога ќе се имплементира Алтернатива-Владиниот договор, вели Реџепи за ТВ 21. Тој пред неколку дена во емисијата Клик плус на ТВ 21 беше многу критичен кон структурите на партијата, особено кон претседателот Африм Гаши. Рече дека Алтернатива нема зошто да остане во Владата доколку не ги исполни програмите за политички монтираните случаи. Доколку Владата не е во состојба во што е можно побрз рок да направи вакви нешта, тогаш нема причина зошто Алтернатива да биде дел од Владата. Ние имаме програма што ја ветивме, имаме наши точки. Сега не можеме да ги погледнеме луѓето в очи бидејќи не успеавме да ги реализираме програмските цели што ги имаме. Сто дена не се малку, вели Реџепи – Зејди.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skender-redzepi-ne-dojde-na-kongresot-na-alterantiva-oti-liderot-gashi-go-izneveril/feed/ 0
Реџепи дава оставка од координатор на Алијанса и на Алтернатива, во игра е за нов потпретседател на Собранието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/redzepi-dava-ostavka-od-koordinator-na-alijansa-i-na-alternativa-vo-igra-e-za-nov-potpretsedatel-na-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/redzepi-dava-ostavka-od-koordinator-na-alijansa-i-na-alternativa-vo-igra-e-za-nov-potpretsedatel-na-sobranieto/#respond Sun, 05 Dec 2021 15:07:55 +0000 https://kurir.mk/?p=604424

Координаторот на пратеничката група на Алијанса и Алтернатива и пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи, утре се повлекува од улогата Координатор на пратеничката група. Тој преку социјалните мрежи соопшти дека утре ќе го извести собранискиот спикер, Талат Џафери за оваа одлука. „Слободен печат“ пишува дека е можно нов потпретседател на Собранието да биде токму Реџепи, откако Алтернатива стана дел од владејачкото мнозинство. Изборот за потпретседател на Собранието од Алтернатива ќе биде меѓу Реџепи и пратениот Хусни Исманили. -Врз основа на новите политички случувања и одлуката на Централното собрание на Алтернатива дека ние како политички субјект се приклучивме на извршната власт и на парламентарното мнозинство, утре официјално ќе го известам претседателот на Собранието на Северна Македонија за оставка од координатор на пратеничката група на Алтеранатива и Алијанса за Албанците, се вели во објавата на Реџепи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/redzepi-dava-ostavka-od-koordinator-na-alijansa-i-na-alternativa-vo-igra-e-za-nov-potpretsedatel-na-sobranieto/feed/ 0
Реџепи: Вчера требаше да падне власта, сега за нас во игра се две опции https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/redzepi-vchera-trebashe-da-padne-vlasta-sega-za-nas-vo-igra-se-dve-opcii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/redzepi-vchera-trebashe-da-padne-vlasta-sega-za-nas-vo-igra-se-dve-opcii/#respond Fri, 12 Nov 2021 12:36:01 +0000 https://kurir.mk/?p=594619

Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи, утрово во изјава за Сител вели дека за неговата партија во моментов во игра се две опции, а тие се брзи избори или приклучување кон мнозинството на Заев. За нив вели дека неговата партија ќе дебатира во текот на наредните денови „Вчера не знам што се случи, иако требаше да падне власта. Се случи нешто што е можеби демократски неочекувано. Но настаните беа такви како што беа. Денешниот ден државата го почнува со една тешка политичка криза во која што не очекуваат уште потешки времиња посебно месецов и месецот што доаѓа, со што доаѓаме пред два големи предизвици. Едниот е или како држава, сите политички чинители да седнат и консензуално да го донесат буџетот па да се оди на парламентарни избори или да се прошири мнозинството. Овие денови партиските тела ќе седнат на состаноци и ќе одлучат која од двете опции е поважна за државата, граѓаните ставајќи ги во прв план нив па после партиските интереси“ – изјави Реџепи за Сител  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/redzepi-vchera-trebashe-da-padne-vlasta-sega-za-nas-vo-igra-se-dve-opcii/feed/ 0
Реџепи: Алтернатива нема да биде дел од влада која е против ЕУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/redzepi-alternativa-nema-da-bide-del-od-vlada-koja-e-protiv-eu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/redzepi-alternativa-nema-da-bide-del-od-vlada-koja-e-protiv-eu/#respond Thu, 11 Nov 2021 10:28:55 +0000 https://kurir.mk/?p=594041

Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи потврди дека на денешната собраниска седница ќе гласа за недоверба на Владата на премиерот Зоран Заев, но нагласи дека неговата партија нема да се согласи да биде дел од владин кабинет кој би бил „против ЕУ и Косово“. – Нема да дозволиме да бидеме дел од никакви листи и влада која е против Европската Унија и против Косово, влада која е антиалбанска, односно нема да бидеме дел од влада која би се залагала против сите модерни вредности, изјави Реџепи пред почетокот на собраниската седница. Реџепи првично најави да ќе ја повлече поддршката на Иницијативата, затоа што на неа беа потпишани и пратениците на Левица. Сепак, по повлекувањето на потписите на пратениците на Левица од Иницијативата, Реџепи соопшти дека ќе ја поддржи. Во Собранието за денеска во 11 часот е закажана седницата на која ќе се гласа за доверба на Владата на премиерот Зоран Заев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/redzepi-alternativa-nema-da-bide-del-od-vlada-koja-e-protiv-eu/feed/ 0
Реџепи: Начелно го прифаќам предизвикот на Мицевски, утре ќе донесеме конечната одлука https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/redzepi-nachelno-go-prifakjam-predizvikot-na-micevski-utre-kje-doneseme-konechnata-odluka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/redzepi-nachelno-go-prifakjam-predizvikot-na-micevski-utre-kje-doneseme-konechnata-odluka/#respond Tue, 09 Nov 2021 18:10:04 +0000 https://kurir.mk/?p=593312

Пратеникот на Алтернатива Скендер Реџепи потврди за „Слободен печат“ дека го прифаќа предизвикот на координаторот на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Мицевски, преку нова иницијатива за гласање доверба на Владата на која нема да биде Левица, да гласа да падне Владата на Зоран Заев. –Начелно го прифаќам предизвикот на Мицевски, утре претседателството на Алтернатива ќе ја донесе конечната одлука – вели Реџепи. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Никола Мицевски, денеска јавно го повика Реџепи да избере 19 пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кои заедно со него ќе поднесат нова иницијатива до Собранието за гласање на недоверба на владата на СДСМ и ДУИ. Според Реџепи, најверојатно понудата на Мицевски ќе биде прифатена од Алтернатива, односно ќе се подготви нова иницијатива за гласање на доверба на Владата на кој ќе бидат потпишани сите пратеници на Алтернатива и на другите партии кои застанаа зад предлогот, освен Левица. Реџепи вели дека со ова ќе паднат во вода сите информации дека тој бил “фатен” од ДУИ и од СДСМ. Според него, новата иницијатива ќе докаже дека тој и Алтернатива во ниту еден момент не се колебале дали треба да се гласа за да ја урнат Владата. Тој објаснува дека ова нема да е пречка собраниската седница за доверба на Владата да се оддржи во петок, ден подоцна од првично закажаната за четврток, бидејќи претседателот на Собранието Талат Џафери има рок од три дена за да закаже седница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/redzepi-nachelno-go-prifakjam-predizvikot-na-micevski-utre-kje-doneseme-konechnata-odluka/feed/ 0