скендербег – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 02 Sep 2022 15:28:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png скендербег – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Џамбаски од Приштина: Скендербег е Бугарин и точка (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dzambaski-od-prishtina-skenderbeg-e-bugarin-i-tochka-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dzambaski-od-prishtina-skenderbeg-e-bugarin-i-tochka-video/#respond Fri, 02 Sep 2022 15:28:54 +0000 https://kurir.mk/?p=727966

Европскиот пратеник од Бугарија Ангел Џамбаски објави видео снимено пред споменикот на Скендербег во центарот на Приштина, во кое објаснува дека албанскиот национален херој Георг Кастриот Скендерберг „по мајка е Бугарин“ и дека на Косово има многу многу негови „сонародници и сомисленици Бугари“. Контроверзниот европретеник од партиајта ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов, познат по своите радикални ставови, вели дека негова цел е во Косово да бидат признаени Бугарите како национално малцинство, што според него е дел од бугарската национална кауза. Бугарија вложува големи напори да конституира бугарско национално малцинство во Албанија. Со помош на притисокот врз Тирана за почеток на преговорите со ЕУ Софија успеа да издејствува Бугарите да бидат признаени како малцинство и да бидат внесени како графа на следниот попис. Во исто време, според здруженијата и партиите на Македонците во Албанија, Софија спроведува интензивна кампања меѓу македонското население во Албанија, со делење литература, социјална помош, како и бугарски документи, за да привлече што повеќе од нив да се изјаснат како Бугари. На Косово живее значителен број Горани, етничка подгрупа на етничките Македонци со муслиманска вероисповед, кои најверојатно се следна цел на бугарската пропаганда. Гораните, или Горанците живеат во областа Гора, која се простира во Косово, Албанија и дел во Македонија, и нивниот број се проценува на околу 60.000. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dzambaski-od-prishtina-skenderbeg-e-bugarin-i-tochka-video/feed/ 0
Спасовски: Полицијата го спречи инцидентот кај „Скендербег“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-policijata-go-sprechi-incidentot-kaj-skenderbeg/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-policijata-go-sprechi-incidentot-kaj-skenderbeg/#respond Thu, 07 Jul 2022 08:55:12 +0000 https://kurir.mk/?p=701526

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека полицијата го спречила синоќешниот инцидент кај плоштадот „Скендербег“, кога едно лице впери пиштол, а други фрлаа со предмети кон граѓаните што протестираа, повикувајќи да се погледнат видеата од настанот. Спасовски покажа и фотографија на која се гледа реакција на полициски службеник кон лицето со пиштол и други лица. Според него, полицијата спречила инцидент кој можел да има поголеми размери. – Ќе видите дека полицијата го спречила инцидентот и тоа поголем број на полициски службеници. Погледнете ги видеата коишто беа објавени од медиумите и од нас. Еве само една слика ќе ви покажам кај што полицијата интервенира на лице место. Не треба да дојде до ова секако. За да не дојде до ова секој еден граѓанин мора да знае дека мирни протести мора да бидат, рече Спасовски кој беше во посета на Идризово. Никому, како што кажа, не му е дозволено да вади огнено оружје и да загрозува безбедност на ниту еден граѓанин во државата и побара никој да не оправдува вадење на огнено оружје во јавност. Апелираше на мирни протести. – Апсолутно можеше да дојде до многу поголеми последици. Затоа апелирам и до граѓани и до политичките субјекти и сите коишто учествуваат на протестите да бидат на мирни протести. Вандализмот и насилството нема да даде резултати во ниту еден случај и тоа за која било тема или постапка да интервенираме во јавноста, рече Спасовски. Министерот за внатрешни работи беше дециден дека таму имало рапсоредено довоелн број полициски службеници, како и инспектори. Лицето што фрли молотов коктел кон Собранието, според Спасовски, е веќе уапсено. -. За тоа работат службите со уапсениот, се земаат изјави, се разговара и кога ќе ги имаме сите детали во однос на овој случај ќе биде соопштено, рече Спасовски. Според него, оперативни сознанија за можни инциденти има секаде каде што се движат или престојуваат лица што одат на протестите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-policijata-go-sprechi-incidentot-kaj-skenderbeg/feed/ 0
Откриен идентитетот на лицето кое пукаше со пиштол спроти споменикот Скендербег https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/otkrien-identitetot-na-liceto-koe-pukashe-so-pishtol-sproti-spomenikot-skenderbeg/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/otkrien-identitetot-na-liceto-koe-pukashe-so-pishtol-sproti-spomenikot-skenderbeg/#respond Wed, 06 Jul 2022 20:21:57 +0000 https://kurir.mk/?p=701325

Вечерва во 20.10 часот пред банка спроти споменот Скендербег, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Е.Ј.(40) од Скопје, кој претходно испукал со пиштол во воздух, додека група демонстранти, кои се движеле на потегот од Владата на Република Северна Македонија кон Министерството за надворешни работи, го нарушиле јавниот ред и мир со фрлање со камења кон група граѓани. Е.Ј. е приведен во полициска станица, а на местото се пронајдени чаури. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/otkrien-identitetot-na-liceto-koe-pukashe-so-pishtol-sproti-spomenikot-skenderbeg/feed/ 0
МВР: Лицето кое Мицкоски го посочува дека се обидело да го убие е приведено https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-liceto-koe-mickoski-go-posochuva-deka-se-obidelo-da-go-ubie-e-privedeno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-liceto-koe-mickoski-go-posochuva-deka-se-obidelo-da-go-ubie-e-privedeno/#respond Wed, 06 Jul 2022 19:28:20 +0000 https://kurir.mk/?p=701295

Лицето кое лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го посочува дека се обидело да го убие е приведено во полициска станица, изјавија од МВР за МИА. Од МВР велат дека засега немаат дополнителни информации за случајот. Мицкоски на Фејсбук вечерва објави фотографија на која се гледаат неколку лица, посочувајќи дека едниот од нив требало да го убие. – Ова е човекот кој требаше да ме убие вечерва. Барам итно да биде приведен од Спасовски и МВР, наведе Мицкоски во објавата. Мицкоски вечерва учествува на протесниот марш што со одржува под мотото „Ултиматум – Не благодарам“, кој започна пред Владата, од каде демонстрантите се упатија кон Министерството за надворешни работи, а потоа продолжија пред Собранието. На раскрсницата пред плоштадот „Скендербег“ на влезот во Старата скопска чаршија дојде до екцес меѓу демонстрантите и група луѓе, а очевидци тврдат и дека се слушнале и истрели, но полицијата интервенираше и ги раздели групи, спречувајќи евентуален поголем инцидент.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-liceto-koe-mickoski-go-posochuva-deka-se-obidelo-da-go-ubie-e-privedeno/feed/ 0
И ОВОЈ човек впери пиштол кон граѓаните кои протестираат (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-ovoj-chovek-vperi-pishtol-kon-gragjanite-koi-protestiraat-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-ovoj-chovek-vperi-pishtol-kon-gragjanite-koi-protestiraat-foto/#respond Wed, 06 Jul 2022 19:05:27 +0000 https://kurir.mk/?p=701288

Ова е човекот кој требаше да ме убие вечерва. Барам итно да биде приведен од Спасовски и МВР! – порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој објави фотографија од ова лице кое впери пиштол кон граѓаните кои денес излегоа на протест. Пиштол кон огромниот број на граѓани впери и овој човек од кај плоштадот Скендербег. Според информациите од терен, пиштол во себе имале неколкумина од лицата кои ја нападнаа колоната граѓани која мирно одеше на протест.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-ovoj-chovek-vperi-pishtol-kon-gragjanite-koi-protestiraat-foto/feed/ 0
ВИДЕО: Летаа столчиња на сите страни, крвава тепачка меѓу навивачи на фудбалски натпревар https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-letaa-stolchinja-na-site-strani-krvava-tepachka-megju-navivachi-na-fudbalski-natprevar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-letaa-stolchinja-na-site-strani-krvava-tepachka-megju-navivachi-na-fudbalski-natprevar/#respond Sun, 19 Aug 2018 18:29:08 +0000 https://kurir.mk/?p=89648

Дуелот помеѓу Скендербег и Партизани во албанскиот шампионат заврши со триумф на клубот од Корча, кој ја шокираше Европа со десетгодишната казна од УЕФА за лажирани мечеви (вкупно 52 меча наместиле), но мечот од домашниот шампионат го одбележаа невидени инциденти. Фудбалерите на двата тима среде натпревар мораа да ја прекинат својата борба за бодовите, откако во клинч се најдоа навивачите на двата тима, па играчите на теренот само гледаа како хулиганите се бркаат на тартанот со полицијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-letaa-stolchinja-na-site-strani-krvava-tepachka-megju-navivachi-na-fudbalski-natprevar/feed/ 0
КАС ја потврди казната од 10 години за Скендербег https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kas-ja-potvrdi-kaznata-od-10-godini-za-skenderbeg/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kas-ja-potvrdi-kaznata-od-10-godini-za-skenderbeg/#respond Fri, 15 Jun 2018 11:52:54 +0000 https://kurir.mk/?p=66176

Спортскиот арбитражен суд (КАС) во Лозана ја отфрли жалбата на албанскиот клуб Скендербег (Корча) да се запре извршувањето на одлуката на УЕФА или барем привремено да биде одложеноисфрлањето на тимот од европските клупски натпреварувања. Жалбата на Албанците беше поднесена на 26-ти април оваа година.
На 29-ти март 2018-та година, Контролната, Етичката и Дисциплинската комисија на УЕФА го прогласи Скендербег за виновен за местење на натпревари со цел профит од обложување.
Поради оваа причина, одлуката на предметната комисија беше да го извади албанскиот тим од Европските клубски турнири за наредните 10 години и им наложи глоба во износ од 1 милион евра.
Тимот од Корча ја обжали одлуката пред Апелационата комисија на УЕФА, но таа пак го потврди мислењето од првата инстанца. На 14-ти мај Албанците внесоа нова жалба, веќе во КАС, со цел запирање на извршувањето на казната, а потоа внесоа втора жалба, поради одбивањето пред Апелационата комисија.
Второто барање беше одбиено денес, а случајот продолжува со сослушувањето на странките, што ќе биде дополнително закажано.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kas-ja-potvrdi-kaznata-od-10-godini-za-skenderbeg/feed/ 0
Денот на УЧК за СДСМ е поважен од споменот за првиот премиер Кљусев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denot-na-uchk-za-sdsm-e-povazen-od-spomenot-za-prviot-premier-kljusev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denot-na-uchk-za-sdsm-e-povazen-od-spomenot-za-prviot-premier-kljusev/#respond Thu, 18 Jan 2018 09:47:50 +0000 http://kurir.mk/?p=12688

Пред два дена, на 16-ти јануари, беше 10-годишнина од смртта на Никола Кљусев, првиот премиер на првата експертска Влада на Република Македонија. Но за актуелната влада предводена од СДСМ и Зоран Заев, поважно беше додворување кај албанските коалициони партнери отколку споменот за овој важен лик од поновата македонска историја. Во Република Македонија никаков настан не беше организиран од Владата, за да се одбележи ликот и работата на Кљусев една деценија по неговата смрт, но затоа СДСМ го одбележа денот на паднатите борци на УЧК во Арачиново.

СДСМ ја слави УЧК

Се прослави формирањето на терористичката УЧК и паднатите животи на терористите од Арачиново. СДСМ полага свежо цвеќе на споменикот на УЧК во Арачиново. На официјалната страна на СДСМ Арачиново може да се забележат фотографии од одбележувањето на манифестацијата „Јануарски Огнови, манифестација посветена на паднатите борци од селото. На фотографиите е и градоначалничката од редовите на СДСМ на Арачиново, Миликије Халими. Настанот е пренесен и од официјалната страна на Општина Арачиново, на кое се наоѓа и соопштение за настанот. Соопштението гласи: -Во говорот одржан пред општината, градоначалничката Миликие Халими  кажа дека ние сме тука благодарение на паднатите херои кои го дадоа својот живот и придонес за албанската земја и албанскиот народ. Во јануари Baрдош и Јусуф Грвала како и Кадри Зека беа оние кои ги дадоа своите животи за посветла иднина, но и покрај тоа тие не се меѓу нас, нивниот идеал да не се заборави, напротив, да биде материјализиран од страна на младите, кои со упорност го бараа албанското решение во немирниот Балкан. Таа вели дека се чувствува горда на семејствата кои создадоа борци за слобода кои сега почиваат на гробиштата во Арачиново. Таа, исто така, го спомна и нејзиниот школски другар Музафер Агуши со кого заедно следеа настава во Арачиново, каде што тој го даде својот живот за слободата што сега ја уживаме, а Миликије Халими ја ужива својата функција како Градоначалничка на нашата Општина. Паднатите борци не припаѓаат само на семејствата во кои се родени и израснати, паднатите борци не припаѓаат само на селото од кое доаѓаат, паднатите борци му припаѓаат на албанскиот народ и ние сме горди на нив. Паднатите борци треба да ги спомнуваме не само во спомен говори, туку и со дела со кои ќе придонесеме за благосостојбата на нашиот народ да ги почестиме образованите млади и да имаме подобра иднина, на тој начин, само така ќе ги спомнуваме и идеализираме целите на паднатите борци во јануари, се наведува во соопштението од општината со која раководи кандидат на СДСМ.  

Промовираа двојазична поштенска марка и одбележуваат годишнина од смртта на Скендербег, заборавајќи на Кљусев

Македонско-албанска двојазична поштенска марка со ликот на Ѓорѓ Кастриот и на која името на државата Република Македонија е испишано само на латинично писмо издаде Македонска пошта. Марката е издадена по повод 550 години од смртта на Скендербег. Директорот на Македонска пошта, Фадис Реџепи тврди дека марката е издадена според закон и внатрешните уредби на поштата, но не сакаше да открие дали е применет новиот закон за албански јазик кој не е стапен во сила, или пак кој друг закон пропишува државни двојазични поштенски марки и латинично писмо за името на државата. Ниту Талат Џафери, иако е дел од законодавниот дом, не кажа кој закон е применет кај спорната марка.  

Во мандатот на Кљусев воведена македонската валута и формирана македонската Армија

Никола Кљусев беше првиот премиер на првата експертска Влада на Република Македонија во периодот од 1997-1992 година и одигра значајна улога во воспоставувањето на независноста и сувереноста на македонската држава. Во текот на неговиот мандат, била воведена македонската валута и се формирала АРМ. По падот на првата експертска влада во земјата, Кљусев во 1994 година бил избран за претседател на Националната конвенција на Македонија и на Советот на ВМРО-ДПМНЕ во 1997-ма година. Во периодот од 1-ви декември 1998-ма до 28-ми јулу 2000-та година беше министер за одбрана во Владата на Љубчо Георгиевски, а во 2006-та година бил именуван од Владата на Република Македонија за претседател на Управниот одбор на Агенцијата за директни странски инвестиции. На 16-ти јануари 2008-ма година починал ненадејно, најверојатно од срцев удар. За својот научен допринос академик Никола Кљусев е одликуван со Орден Златен венец и е носитела на наградата „13 Ноември“, а за шивотно дело ја добил наградата „11 Октомври“, како и бројни пофалници и признанија во земјата и странство. Претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, постхумно го одликувал академик Никола Кљусев, со орденот „8 Септември“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denot-na-uchk-za-sdsm-e-povazen-od-spomenot-za-prviot-premier-kljusev/feed/ 0