складиште – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 16 Dec 2022 15:07:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png складиште – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Турција го доби најголемото подземно складиште за гас во Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-go-dobi-najgolemoto-podzemno-skladishte-za-gas-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-go-dobi-najgolemoto-podzemno-skladishte-za-gas-vo-evropa/#respond Fri, 16 Dec 2022 15:07:27 +0000 https://kurir.mk/?p=776729

Со зголемување на капацитетот на складиштето за природен гас во Силиври, Истанбул, Турција сега го има најголемото складиште за гас во Европа, јавува Анадолија. Во Силиври денеска се одржа програма по повод завршувањето на проектот за зголемување на капацитетот на подземното складиште за гас, каде говореше турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. – Со зголемување на капацитетот, Силиври стана најголемото подземно складиште за гас во Европа, рече Ердоган. Тој нагласи дека Турција денес, со енергетските услуги што им ги дава на своите граѓани и индустријата, е на 17. место во светот според количината на снабдување. – Влегуваме во нова ера во која ќе ја доведеме нашата земја до врвот со жнеење на плодовите од напорите што ги вложивме во последните 20 години, рече Ердоган. – Нашата цел е што поскоро да ја трансформираме земјата во глобален центар каде што ќе се одредува референтната цена на природниот гас. Ја одредивме нашата енергетска визија да ја намалиме нашата надворешна зависност од примарните ресурси од 71 отсто на 13 отсто до 2053 година, потенцираше турскиот претседател. По зголемувањето на капацитетот, складиштето ќе може да задоволува приближно осум отсто од годишните потреби на Турција за природен гас. Потребите од електрична енергија на објектот ќе ги задоволува ветерна турбина со инсталирана моќност од 4,2 мегавати. Капацитетот за складирање се зголеми од 3,2 милијарди на 4,6 милијарди кубни метри. Дневниот повратен производствен капацитет се зголеми од 28 милиони на 75 милиони кубни метри. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-go-dobi-najgolemoto-podzemno-skladishte-za-gas-vo-evropa/feed/ 0
Се прошири пожарот во складиштето на нафта во Куба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-proshiri-pozarot-vo-skladishteto-na-nafta-vo-kuba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-proshiri-pozarot-vo-skladishteto-na-nafta-vo-kuba/#respond Mon, 08 Aug 2022 17:59:00 +0000 https://kurir.mk/?p=715780

Се прошири пожарот предизвикан од удар на гром во складиште на нафта во кубанскиот град Матансас, откако денеска пламен го зафати третиот резервоар. Тоа се случи и покрај претходните обиди на пожарникарите да го изладат резервоарот. Најмалку едно лице загина, 122 се повредени, а над десетина пожарникари се водат како исчезнати. Гром погоди еден од осумте резервоари во петокот вечерта, предизвикувајќи пожар. Оганот го зафати вториот резервоар во саботата, што предизвика неколку експлозии. Пожарникари за време на викендот со вода ги прскаа останатите резервоари, со цел да ги изладат и да се обидат да спречат ширење на огнот. Владите на Мексико и Венецуела испратија специјални тимови да помогнат во гасењето на пожарот. Локални официјални лица ги предупредија граѓаните да користат маска за лице или да останат во затворен простор, бидејќи се шири чад што може да се види од главниот град Хавана, оддалечен над 100 километри. Според експертите, чадот содржи сулфур диоксид, азот оксид, јаглерод моноксид и други отровни материи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-proshiri-pozarot-vo-skladishteto-na-nafta-vo-kuba/feed/ 0
ВИДЕО: Голем пожар во руско складиште за нафта, жителите во паника https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-golem-pozar-vo-rusko-skladishte-za-nafta-zitelite-vo-panika/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-golem-pozar-vo-rusko-skladishte-za-nafta-zitelite-vo-panika/#respond Mon, 25 Apr 2022 09:17:55 +0000 https://kurir.mk/?p=667543

Голем пожар избувна во складиште за нафта во Брјанск, Русија, јавуваат руските новински агенции, повикувајќи се на тамошното Министерство за вонредни ситуации. Засега нема детали како избувнал пожарот и дали има повредени. Исто така, како што пренесуваат агенциите, засега нема индиции дека овој пожар е поврзан со војната во Украина. Се наведува дека складиштето за нафта во Брјанск е важен нафтовод преку кој руската нафта се транспортира во Европа. – Од Министерството за вонредни состојби го потврдија пожарот. Има и потврда дека се работи за резервоари за гориво – вели Тасс. Инаку, Брјанск е град кој се наоѓа на околу 150 километри североисточно од украинската граница, додека од Москва е оддалечен околу 380 километри. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-golem-pozar-vo-rusko-skladishte-za-nafta-zitelite-vo-panika/feed/ 0
Турција: Во експлозија во складиште за муниција загинаа четворица војници, 20 се повредени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-vo-eksplozija-vo-skladishte-za-municija-zaginaa-chetvorica-vojnici-20-se-povredeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-vo-eksplozija-vo-skladishte-za-municija-zaginaa-chetvorica-vojnici-20-se-povredeni/#respond Sat, 10 Nov 2018 14:00:04 +0000 https://kurir.mk/?p=126208

Во експлозија во складиште за оружје на југоисток во Турција денеска загинаа четири војници и повредени се околу 20, изјави претседателот Реџеп Тајип Ердоган. Турското Министерство за одбрана првично соопшти дека во несреќата што се случила во провинцијата Хакари се повредени 25 луѓе. Експлозијата се случила за време на користење тешко оружје во воена база во регионот Семдинли во провинцијата Хакири што е во близина на границата со Иран и Ирак. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-vo-eksplozija-vo-skladishte-za-municija-zaginaa-chetvorica-vojnici-20-se-povredeni/feed/ 0