Скопје Опен 2022 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Jun 2022 13:28:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Скопје Опен 2022 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Утре стартува тенискиот „Скопје Опен 2022“ со награден фонд од 25.000 долари https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/utre-startuva-teniskiot-skopje-open-2022-so-nagraden-fond-od-25-000-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/utre-startuva-teniskiot-skopje-open-2022-so-nagraden-fond-od-25-000-dolari/#respond Fri, 03 Jun 2022 13:28:37 +0000 https://kurir.mk/?p=686256

Со квалификациски натпревари на терените на Тенискиот клуб „Југ“ утре стартува АТП машкиот Челинџер „Скопје Опен 2022“, како увертира на богата тениска програма во јуни и јули во македонскиот главен град. Како што соопштија организаторите, вкупно 64 тенисери в сабота и недела ќе се борат за пласман во главниот турнир, кој е од календарот на Меѓународната тениска федерација (ИТФ) со награден фонд од 25.000 долари. Најавени се тенисери од Шпанија, Холандија, Бразил, Шведска, Израел, Германија и многу други земји од светот, а од македонските играчи, меѓу другите, се пријавени Горазд Србљак, Стефан Мицов, Калин Ивановски и Обрад Марковски. „Скопје Опен 2022“ ќе се игра од 7 до 12 јуни, а веќе следниот ден на терените на „Југ“ ќе стартува машки тениски турнир со награден фонд од 15.000 долари. Во периодот од 4 до 10 јули во Скопје ќе се одигра и женскиот „Били Џин Кинг куп“, поранешниот ФЕД куп, од евро-африканската зона група 3, на која ќе настапи и најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/utre-startuva-teniskiot-skopje-open-2022-so-nagraden-fond-od-25-000-dolari/feed/ 0