скопје – сараево – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 03 Oct 2023 08:32:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png скопје – сараево – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Воспоставена нова авиолинија Скопје-Сараево https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vospostavena-nova-aviolinija-skopje-saraevo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vospostavena-nova-aviolinija-skopje-saraevo/#respond Tue, 03 Oct 2023 08:32:44 +0000 https://kurir.mk/?p=884523

Синоќа, 2-ри октомври, ТАВ Аеродроми организираше прослава на Меѓународниот Аеродром Скопје за првите патници во заминување на новата авиолинија Скопје - Сараево, воведена од страна на AEGEAN Airlines, грчката национална авиокомпанија и членка на STAR ALLIANCE. Со инаугуративниот лет што полета од Меѓународниот Аеродром Скопје, AEGEAN почна со операции меѓу двата главни града со авион ATR72-600, со три фрекфенции неделно. Авиокомпанијата ќе лета од Скопје до Сараево секој понеделник, среда и петок. Љубезниот персонал на Меѓународниот Аеродром Сараево им упати топло добредојде на сите патници кои пристигнаа на првиот лет за Сараево и им додели симболични подароци за добар пат кон главниот град на Босна и Херцеговина – Сараево. „Задоволни сме што AEGEAN го зголемува своето присуство на нашиот пазар, со воведувањето на уште една нова дестинација од Скопје, покрај Атина, а тоа е Сараево. AEGEAN ќе лета три пати неделно од Скопје до Сараево и со добра конекција со постојната релација Атина-Скопје ќе овозможи непречено патување низ Балканот. Веруваме дека оваа нова авиолинија ќе ја задоволи потребата на патниците за брзо и удобно да стигнат од Скопје во Сараево за нешто повеќе од еден час, наместо копнените видови превоз кои траат долги часови и значат исцрпувачки патувања меѓу двата главни града. Сега, луѓето од Сараево можат со летот на AEGEAN да пристигнат во Скопје за речиси еден час, и да ги откриваат неговите популарни места за разгледување и културно наследство за време на нивниот одмор во градот или пак за време на продолжени рекреативни патувања во земјата“, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија. „Задоволство ни е да ја прославиме денес, со нашите први патници и избрани туристички агенти, отворањето на нашата нова авиолинија од Скопје до Сараево. Со овој нов лет, за кој наскоро се надеваме дека ќе стане еден од омилените на патниците, сакаме да ја зголемиме поврзаноста и да го прошириме нашето присуство на балканските простори. Со нашите висококвалитетни услуги сакаме да ја промовираме меѓудржавната мобилност, да го промовираме туризмот и да ги зајакнеме трговските односи, не само меѓу двете земји, туку и со Грција. Воведувањето на оваа нова авиолинија е и резултат на соработката меѓу AEGEAN и Меѓународниот Аеродром Скопје и би сакал да им се заблагодарам на нашите колеги од ТАВ за одличното партнерство што го имаме. Ќе продолжиме да ја развиваме нашата мрежа и да нудиме нови можности за поврзување во регионот и, се разбира, со нетрпение очекуваме да ве видиме наскоро на еден од нашите летови“, изјави Роланд Јаги, главен комерцијален директор на AEGEAN. „Наше големо задоволство беше да го пречекаме првиот лет на AEGEAN од Скопје, кој слета синоќа на Меѓународниот Аеродром Сараево. Посебно се радуваме на фактот дека воведувањето на оваа авиолинија беше резултат на заедничката и многу успешна соработка меѓу два аеродрома – скопскиот аеродром, управуван од ТАВ Македонија, Меѓународниот Аеродром Сараево и грчката авиокомпанија AEGEAN. Возбудени сме што AEGEAN ја препозна важноста и потенцијалот за воспоставување на оваа линија како одлично подобрување на комуникацијата и зајакнување на соработката во областа на економијата и туризмот меѓу Северна Македонија и Босна и Херцеговина. Убеден сум дека соработката меѓу AEGEAN и Меѓународниот Аеродром Сараево ќе биде долга и успешна“, изјави Алан Бајиќ, директор на Меѓународниот Аеродром Сараево. До крајот на октомври, времето на поаѓање од скопскиот аеродром ќе биде во 19:00 часот, со време на пристигнување на аеродромот во Сараево во 20:10 часот, додека времето на поаѓање од аеродромот во Сараево ќе биде во 20:50 часот, со време на пристигнување на аеродромот во Скопје. во 21:50 часот. Сличен распоред ќе биде понуден и во текот на зимата 2023/2024. ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на Групацијата АДП, го заокружи периодот од јануари до август 2023 година со вкупно 2.049.157 патници кои патувале преку двата македонски аеродрома – Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид. Ова претставува пораст од 32% споредено со истиот период во 2022 година, додека споредено со 2019, референтната година во авијацијата, статистиките во авиосообраќајот бележат 15% зголемување на бројот на патници. Во однос на бројот на летови, во 8-те месеци од 2023 година реализирани се 15.344 летови, или 20% повеќе летови од 2022, односно 4% повеќе споредено со 2019 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vospostavena-nova-aviolinija-skopje-saraevo/feed/ 0
НОВА АВИО ЛИНИЈА ОВАА ЕСЕН ОД СКОПЈЕ ДО ОВОЈ ГРАД ВО СОСЕДСТВОТО – резервирајте си карти со време! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-avio-linija-ovaa-esen-od-skopje-do-ovoj-grad-vo-sosedstvoto-rezervirajte-si-karti-so-vreme/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-avio-linija-ovaa-esen-od-skopje-do-ovoj-grad-vo-sosedstvoto-rezervirajte-si-karti-so-vreme/#respond Thu, 27 Jul 2023 11:59:35 +0000 https://kurir.mk/?p=860689

Грчкиот национален авиопревозник „Ејџиан“ ќе воведе нова авиолинија од Меѓународниот аеродром Скопје до Меѓународниот аеродром Сараево, од 2 октомври годинава, најавуваат од ТАВ Аеродроми. На релацијата Скопје-Сараево Ејџиан ќе сообраќа со воздухоплов ATR72-600, со три лета неделно, или секој понеделник, среда и петок. -Возбудени сме што можеме да објавиме и да им честитаме на AEGEAN за одлуката да воведат лет од Скопје до Сараево од октомври оваа година и да овозможат одлична регионална поврзаност, од Атина на југ, преку Скопје, до Сараево на северот на Балканот. Оваа авио-конекција во исто време претставува и значајно достигнување во нашата посветеност како аеродромски оператор за подобрување на опциите за авионски патувања за нашите ценети патници, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија. До крајот на летниот ред на летање за 2023 година, или до крајот на октомври, времето на поаѓање од скопскиот аеродром ќе биде во 19:00 часот, со време на пристигнување на аеродромот во Сараево во 20:10 часот, додека времето на поаѓање од аеродромот во Сараево ќе биде во 20:50 часот, со време на пристигнување на скопскиот аеродром во 21:50 часот. Во текот на зимската сезона 2023/2024, времињата на пристигнување/заминување ќе бидат слични. Резервација на авионски билети е достапна на веб-страницата на AEGEAN https://en.aegeanair.com/ и преку туристичките агенции. -Задоволство ни е да го објавиме воведувањето на нашата нова авиолинија од Скопје до Сараево, која ќе почне да сообраќа во октомври 2023 година и подобрувањето на нашите операции меѓу Атина и Скопје преку зголемен капацитет и фреквенции, бидејќи тоа ја одразува нашата посветеност да го прошириме присуството на Балканот и да го зајакнеме нашиот белег преку обезбедување зголемена поврзаност со висококвалитетните услуги на AEGEAN. Оваа авиолинија го означува и нашето враќање во Босна по предизвиците наметнати од ковид-19 пандемијата и пресреќни сме што повторно ќе се поврземе со нашите ценети патници во овој регион. Од октомври, патниците од Скопје ќе имаат поголеми можности за поврзување преку Атина со мрежата на AEGEAN со речиси секојдневен лет што ќе го прошири нашиот досег до дестинации низ Грција, Европа и Блискиот Исток. Оваа новина нуди можности за патниците да истражуваат и да искусат различни дестинации со погодностите и сигурноста на високите стандарди по кои е позната авиокомпанијата AEGEAN“, изјави Роланд Јаги, главен комерцијален директор, AEGEAN. Алан Бајиќ, директор на Меѓународниот Аеродром Сараево, посочува дека воведувањето на оваа авиолинија е резултат на заедничката и многу успешна соработка меѓу двата аеродрома и „Ејџијан“, грчкиот авиопревозник, кој што ги препозна важноста и потенцијалот за воспоставување на оваа авиолинија како одлична форма за подобрување на комуникацијата и зајакнување на соработката во областа на економијата и туризмот меѓу Северна Македонија и Босна и Херцеговина. -Веруваме во одличната ефективност и ефикасност на оваа авиолинија и се радуваме на првиот лет на AEGEAN на релација Скопје – Сараево!, изјави Бајиќ. Како што велат од ТАВ Аеродроми, додавањето на оваа нова авиолинија на мрежата на рути и во портфолиото на Меѓународниот Аеродром Скопје ќе биде уште еден придонес за веќе силниот позитивен тренд на закрепнување на бројките во однос на авиосообраќајот, особено за првата половина на 2023 година. За периодот јануари – јуни 2023 година, двата македонски аеродрома, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид опслужиле вкупно 1,3 милиони патници, што е годишен пораст од 41 процент во однос на 2022 година, додека во однос на 2019 година, референтна година во однос на патничкиот сообраќај пред ковид-кризата, зголемувањето е за 15 проценти повеќе патници во првата половина од оваа година. Во однос на бројот на летови за истиот период, вкупно 10.299 летови се опслужени на двата аеродрома што претставува годишен пораст од 23 проценти. л]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-avio-linija-ovaa-esen-od-skopje-do-ovoj-grad-vo-sosedstvoto-rezervirajte-si-karti-so-vreme/feed/ 0