скопје север – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 01 Dec 2022 06:05:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png скопје север – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Набавен гас за топланите за декември, ЕСМ ќе стопанисува и со Скопје Север https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nabaven-gas-za-toplanite-za-dekemvri-esm-kje-stopanisuva-i-so-skopje-sever/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nabaven-gas-za-toplanite-za-dekemvri-esm-kje-stopanisuva-i-so-skopje-sever/#respond Thu, 01 Dec 2022 06:18:36 +0000 https://kurir.mk/?p=769176

Испораката на топлинска енергија во Скопје ќе продолжи непречено, ветува АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) откако вчера објави дека за цел декември е обезбеден природен гас од „Макпетрол пром – гас“ и топлинска енергија од ТЕ-ТО. ЕСМ од вчера го презеде управувањето и со топланата Скопје Север со што се обезбедува затоплување и на граѓаните, институциите, градинките и училиштата во општините Чаир и Бутел. АД Скопје Север вчера го потпиша Договорот за деловно-техничка соработка со ЕСМ, која, пак, со наменски добиени средства од Буџетот вчера попладне изврши плаќање на потребните количини гас кај добавувачот на АД Скопје Север, МАКПЕТРОЛ ПРОМ-ГАС. -Договорот е потпишан и од АД Скопје Север и од сопственикот АД Топлификација во стечај и дадени се гаранции за средствата кои ќе бидат вложени од страна на АД ЕСМ во текот на оваа грејна сезона. Исто така, АД ЕСМ преку свој прокурист и врзан потпис ќе го контролира работењето и исплатите од акционерското друштво корисник на средствата, соопшти АД ЕСМ. По официјалната објава од ЕСМ дека за декември е обезбеден природен гас од „Макпетрол пром – гас“ и топлинска енергија од ТЕ-ТО состојбата со испораката на топлинска енергија ја коментираше и премиерот, според кој, се демантирале објавите дека од денеска ќе нема парно за скопјани бидејќи не бил склучен договор за нова набавка на гас. -Пред три дена ЕСМ имаше склучено договор за набавка на гас од „Макпетрол“ и за цел декември е обезбедно затоплување на градот Скопје, рече Ковачевски, потенцирајќи дека Владата има обврска да обезбеди затоплување на граѓаните на Град Скопје за да може да се загреат и да не дојде до пад на електродиструбутивната мрежа. На терен вчера официјално беа завршени градежните работи на гасоводната делница Неготино-Кавадарци-Битола, во должина од 92 километари, а на тој крак се очекува од наредната година да стартува и спојување со интерконекторот со Грција. Со завршувањето на работите на делницата Неготино – Битола, се спојува целата делница од Куманово до Битола во должина од 188 километри. По потребните технички тестирања и испитувања, ќе се почне со постапката за добивање употребна дозвола за новата гасоводна делница. Од НЕР велат дека се прават напори, тоа да биде брзо и наредната зима, целиот централен и пелагониски регион, да имаат пристап и да можат следните години да користат природен гас. Од примарната гасоводна мрежа е завршена делниците Штип-Неготино во должина 36 километри, а делницата Скопје-Тетово-Гостивар во должина од 76 километри и со кракот Тетово долг 10 километри е во завршна фаза. Со заокружување на тие активности, според премиерот, се исполнува планот за реализација на големиот проект за гасификација на државата. Со учеството во изградбата на терминалот за течен природен гас во Александруполи, као што изјави, се обезбедува закуп на капацитет, што ќе ни овозможи стабилно снабдување на природен гас по конкурентни цени. Изградбата на овој интерконективен гасовод од Неготино – до границата со Грција во должина од 67 километри се очекува да започне во текот на наредната година. Со тој проект и со досега завршените делници, вели премиерот, Северна Македонија ги исполнува условите да биде транзитна земја, но и да заработува од транзитот на природен гас. – Веќе се работи на техничка документација на нови интерконективни гасоводи со Србија и со Косово, за што веќе добивме подршка од Енергетската Унија. Со овој проект добиваме пристап до природен гас од Азербејџан, односно од наоѓалиштето во Шах Денис и тој ќе се користи и во Северна Македонија, а и во земјите од регионот, изјави Ковачевски. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, пак, тврди, дека во соработка со Национални енергетски ресурси интензивно се работи и на завршување на кракот Скопје – Тетово – Гостивар и оти се очекува следната година и оваа делница да биде завршена. Се работи и на проектирање на делниците Гостивар – Кичево, Кичево – Охрид, како и на делницата Свети Николе – Велес. Директорот на НЕР Бајрам Реџепи се надева дека договорот за јавно приватно партнерство за изградба и оперирање на дистрибутивната мрежа за природен гас, ќе биде потпишан до пролет. Со тоа, како што рече, ќе почне масовната изградба на дистрибутивната мрежа на 38 општини во државата, а голем број домаќинства, индустрии и други капацитети ќе имаат можност да користат природен гас За гасификацијата, за следната година со буџетот на Министерството за транспорт и врски се предвидени 105 милиони денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nabaven-gas-za-toplanite-za-dekemvri-esm-kje-stopanisuva-i-so-skopje-sever/feed/ 0
Рамадани: Скопје Север доби забрана да работи на мазут, ќе го обжалиме решението https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ramadani-skopje-sever-dobi-zabrana-da-raboti-na-mazut-kje-go-obzalime-reshenieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ramadani-skopje-sever-dobi-zabrana-da-raboti-na-mazut-kje-go-obzalime-reshenieto/#respond Thu, 24 Nov 2022 14:48:33 +0000 https://kurir.mk/?p=765968

На топланата „Скопје Север“ денеска и изречена забрана да користи мазут од  страна на инспектори од Секторот за животна средина во Град Скопје, потврди Куштрим Рамадани, директор на Топлана Скопје Север. Рамадани во изјава за МИА рече дека не знае дали решението што го добиле  е согласно закон и најави дека ќе го обжалат. Министерот за економија Крешник Бектеши  претходно изјави дека во законот е предвидена можност да се користи алтернативно гориво за производство на топлинска енергија, односно мазут или дизел, но, како што порача, кога ќе се користи да се запазат процедурите во државава. -За нас е приоритет да не се доведеме во таква ситуација да треба да користиме алтернативно гориво за Исток и за Запад, со кои ние менаџираме како држава преку ЕСМ. Во делот на Скопје Север има Инспекторат за животна средина ако во случај работи со мазут или со дизел освен природен гас да ги проверат нивните лиценци и процедурите како ги ставиле овие енергенси во функција, рече Бекшети, на новинарско прашање. Како што соопшти Бектеши, на Скопје Север им се понудени две опции, да се склучи договор за деловно техничка сораотка или за закуп, по примерот со топланите Скопје Исток и за Скопје Запад, но нема повратен одговор од раководството.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ramadani-skopje-sever-dobi-zabrana-da-raboti-na-mazut-kje-go-obzalime-reshenieto/feed/ 0
Скопје Север останува без парно https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopje-sever-ostanuva-bez-parno/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopje-sever-ostanuva-bez-parno/#respond Mon, 14 Nov 2022 08:44:14 +0000 https://kurir.mk/?p=760084

АД ЕСМ нема правен основ да му дава директни субвенции на АД Скопје Север, но може да помогне само преку договор за деловно техничка соработка кој приватниот субјект одбива да го потпише. Доколку АД Скопје Север не сака да ги прифати истите услови кои важат за сите други субјекти кои испорачуваа топлинска енергија за над 58 илјади потрошувачи, одговорноста за прекин на греењето на 500 потрошувачи кои ги снабдува во општините Чаир и Бутел паѓа исклучиво на АД Скопје Север, порачуваат од ЕСМ – АД. Скопје Север одби да го потпише договорот, затоа што овој субјект бара неповратни средства, односно смета дека треба да му се исплати финансиска помош која не треба да ја врати, иако АД ЕСМ истите средства ги должи кон државниот буџет. Скопје Север побарува субвенционирање директно од АД ЕСМ, кое нашата компанија ниту има правен основ, ниту смее да го прави, односно смее да постапува исклучиво по задолжението од Владата и во рамките на одобрениот договор од страна на Владата, велат од ЕСМ. Нагласуваат дека Владата на 94-та седница донесе Заклучоци со кои го задолжи АД ЕСМ да склучи договор за деловно техничка соработка за грејна сезона 2022/2023 година , со иста содржина како и договорот склучен за 2021/22 година, со кој ќе се регулираат сите права и обврски на Друштвото Скопје Север АД Скопје. -Со Договорот се предвидува АД ЕСМ да му помогне на приватниот субјект АД Скопје Север со средства од државниот буџет во набавката на гас за потребите на испорачување греење кон дел од корисниците на градот Скопје. Средствата треба да бидат обезбедени со гаранција од страна на АД Скопје Север, прецизираат од ЕСМ. После потпишување на договорот и после правењето на пресметки за цената за топлинската енергија кои треба да се достават во Влада и да се побараат субвенциите за грејната сезона 2022/23, додаваат, АД Скопје Север ќе ги добие субвенциите, исто како и топланите Исток, Запад и Енергетика. -Од примените субвенции и од остварената наплата од потрошувачите, АД Скопје Север ќе треба да ги врати средствата кон АД ЕСМ, примени како помош со договорот, прецизираат од ЕСМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopje-sever-ostanuva-bez-parno/feed/ 0
Влада: Решен е проблемот за затоплување и на граѓаните од Скопје Север https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlada-reshen-e-problemot-za-zatopluvanje-i-na-gragjanite-od-skopje-sever/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlada-reshen-e-problemot-za-zatopluvanje-i-na-gragjanite-od-skopje-sever/#respond Wed, 19 Oct 2022 15:20:32 +0000 https://kurir.mk/?p=747847

На денешната владина седница прифатена е информацијата за реализација на Договорот за деловно-техничка соработка на АД Електрани на Македонија со Друштвото за снабдување со пареа и топла вода Скопје Север АД Скопје. -Владата го задолжи Акционерското друштво  за производство на електрична енергија „Електрани на Северна Македонија“, во државна сопственост, Скопје, да склучи Договор за деловно-техничка соработка за грејната сезона 2022/2023 година со Друштвото за снабдување со пареа и топла вода Скопје Север АД Скопје, во којшто ќе се регулираат сите права и обврски на Скопје Север АД Скопје. Со потпишувањето на Договорот за грејна сезона 2022/2023  година, не се исклучува обврската за исполнување на правата и обврските по веќе склучениот Договорот за деловно-техничка соработка. Задолжено е Друштвото за снабдување со пареа и топла вода Скопје Север АД Скопје, со потпишувањето на Договорот за грејна сезона 2022/2023 година, да ги исполни сите права и обврски од веќе потпишаниот Договор за деловно-техничка соработка, од 21.01.2022 година, со АД ЕЛЕМ – Скопје, се вели во соопштението од Владата. На денешната владина седница усвоени се и одлуки за доделување средства за финансирање проекти за плански региони за годинава со индикативно планирани средства за 2023 година, предложени од Министерството за локална самоуправа.  (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlada-reshen-e-problemot-za-zatopluvanje-i-na-gragjanite-od-skopje-sever/feed/ 0
РКЕ донесе одлука за цената на топлинската енергија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rke-donese-odluka-za-cenata-na-toplinskata-energija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rke-donese-odluka-za-cenata-na-toplinskata-energija/#respond Wed, 26 Aug 2020 10:53:40 +0000 https://kurir.mk/?p=395603

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ја информира јавноста дека донесе одлуки со кои вкупната цена на испорачаната топлинска енергија на трите компании на територијата на Град Скопје во просек незначително се намалува. -Со овие одлуки со кои има незначително намалување на цената на топлинската енергија, сметките што ќе ги добиваат потрошувачите приклучени на БЕГ, ЕЛЕМ Енергетика и Скопје Север практично ќе останат на исто ниво како и во изминатата грејна сезона. Со оглед на исклучително сложениот период во кој се наоѓаме со пандемијата Ковид 19, трошоците на енергетските компании се пресметани на минимално ниво. Анализите укажуваат дека греењето на топлинска енергија преку централните системи за греење на трите компании во град Скопје останува најекономично и еколошки нај оправдано решение. Апелирам секое домаќинство што е приклучено на системите на топлинска енергија од трите компании на територијата на град Скопје да го користат овој енергенс, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. На централните системи за греење на трите компании кои се во градот Скопје приклучени се околу 58.000 потрошувачи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rke-donese-odluka-za-cenata-na-toplinskata-energija/feed/ 0
Утре без вода делови од Чаир, Скопје Север, Бутел 2 и дел од „Партизански Одреди“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/utre-bez-voda-delovi-od-chair-skopje-sever-butel-2-i-del-od-partizanski-odredi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/utre-bez-voda-delovi-od-chair-skopje-sever-butel-2-i-del-od-partizanski-odredi/#respond Thu, 07 May 2020 17:06:53 +0000 https://kurir.mk/?p=343171

Заради реконструкција на водоводна мрежа со пречник 300мм и 200мм на ул. „Втора Македонска Бригада“ – Кружен тек со ул. „Кемал Сејфула“, прекинато водоснабдување утре од 08:30 часот ќе имаат корисниците на населбите „Чаир“ , „Скопје Север“ и „Бутел 2“ – рид кон населба „Железара“ во Општина Бутел. Како што соопшти РЦУК – Скопје по известување добиено од ЈП Водовод и Канализација, заради поставување водоводен приклучок со пречник 80мм на ул. „Црвена Вода“ бр.37, пак, прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците на дел од Бул. „Партизански Одреди“ во Општина Центар и тоа од 09:00 часот до завршување на работите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/utre-bez-voda-delovi-od-chair-skopje-sever-butel-2-i-del-od-partizanski-odredi/feed/ 0
Драма меѓу револтирани граѓани и полицијата во Скопје Север: Контејнери среде улица, сообраќајот блокиран- еве ја причината https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/drama-megju-revoltirani-gragjani-i-policijata-vo-skopje-sever-kontejneri-srede-ulica-soobrakjajot-blokiran-eve-ja-prichinata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/drama-megju-revoltirani-gragjani-i-policijata-vo-skopje-sever-kontejneri-srede-ulica-soobrakjajot-blokiran-eve-ja-prichinata/#respond Tue, 05 Mar 2019 14:37:42 +0000 https://kurir.mk/?p=171505

На 04.03.2019 год. околу 15.00 час.на ул.„2-ра Македонска Бригада“ наспроти црквата во населбата Скопје Север при преземање мерка за сторен сообраќаен прекршок, паркирање на возила на коловоз и тротоар, група лица револтирани од постапувањето на полицијата поставиле контејнери на самиот коловоз, при што го блокирале сообраќајот, но по кратко време тој е нормализиран, информираат од МВР. Повикано е полициско засилување од редовната полиција, а во меѓувреме насобраните граѓани се разотишле.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/drama-megju-revoltirani-gragjani-i-policijata-vo-skopje-sever-kontejneri-srede-ulica-soobrakjajot-blokiran-eve-ja-prichinata/feed/ 0