скопје синема сити – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 29 Aug 2019 07:42:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png скопје синема сити – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Скопје синема сити“ од 3 до 7 септември, почнува со изложба од концерти на Влатко Стефановски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/skopje-sinema-siti-od-3-do-7-septemvri-pochnuva-so-izlozba-od-koncerti-na-vlatko-stefanovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/skopje-sinema-siti-od-3-do-7-septemvri-pochnuva-so-izlozba-od-koncerti-na-vlatko-stefanovski/#respond Thu, 29 Aug 2019 07:42:02 +0000 https://kurir.mk/?p=234561

Со изложбата „Патешествие“ на концертни и промотивни постери и плакати на Влатко Стефановски, в понеделник  (2 септември)  од 20 часот во Музеј на град Скопје ќе почне петтиот филмски фестивал за музички документарни филмови „Скопје синема сити“. Петдневната филмска програма ќе се реализира во Кинотеката од 3 до 7 септември. Изложбата „Патешествие“ која му претходи на фестивалот претставува приказ на кариерата на Влатко Стефановски, прикажана преку бројни концертни плакати од најразлични периоди од неговата кариера. Организаторот наведува дека со оваа изложба се прикажува друг аспект од кариерата на Влатко, односно неговиот богат концертен опус со годините. Познатиот гитарист изјави дека Фестивалот на документарен музички филм му изгледал како интересна можност да сподели со јавноста дел од неговата стрпливо собирана и чувана архива на плакати, од негови концерти и изданија. – Се разбира, колекцијата е далекоу поголема од она што ќе биде изложено и покажано, ама верувам дека и ова ќе предизвика интерес кај оние кои се подобро запознати со мојата работа. Вистинско шаренило од неколку децении музичка историја, фотографии, различни стилови и правци во графичкиот дизајн, големина, квалитет на хартија и сведоштво за некои други времиња,  изјави Стефановски. Во фокусот на годинашниот фестивал „Скопје синема сити“ се документарни филмови каде „главна улога“ има гитарата и луѓето кои ги посветиле своите животи на овој инструмент. Фестивалот ќе биде отворен со „Кит Ричардс: Под влијание“, кој е филмски портрет на Кит Ричардс, кого го нарекуваат срцето и душата на  „Ролинг стоунси“. Ведаш по проекцијата, соло-настап ќе има Влатко Стефановски. Секоја вечер од филмскиот фестивал е поделен на жанрови. Третата вечер е блуз вечер и е посветена на двајца великани на блузот, Роберт Џонсон и Ерик Клептон. Меѓу овие два филма свој настап ќе има блуз дуото „In the Mood”. Четвртата вечер е посветена на поекспериментални правци во музиката. Во соработка со „Гете институтот“ ќе биде прикажан филмот „Романтични војници: Краутрок прв дел“. Краутрок е називот за група култни бендови од Германија популарни во 19‘70-тите години: Can, Neu! Фауст, Крафверк. Вториот филм истата вечер – „Изгубената жица“ е портрет на авангардниот џез-гитарист Марк Рибо и неговите бендови и проекти како дел од даунтаун сцената во Њујорк. Петтата вечер е посветена на фолк музиката, овојпат од Португалија, со „Мадредеуш“ и трагичната фигура Ник Дрејк. Завршната вечер е посветена на класичните рок-бендови У2 и Квин  односно се посветени на некои од нивните најголеми достигнувања: албумот „Joshua Tree” на У2 и „Приказната за Боемската рапсодија“]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/skopje-sinema-siti-od-3-do-7-septemvri-pochnuva-so-izlozba-od-koncerti-na-vlatko-stefanovski/feed/ 0
Почнува „Скопје синема сити“, 15 филмови до 10 јуни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-skopje-sinema-siti-15-filmovi-do-10-juni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-skopje-sinema-siti-15-filmovi-do-10-juni/#respond Wed, 06 Jun 2018 05:58:07 +0000 https://kurir.mk/?p=62746

Музиката и нејзиното филмско претставување е во фокусот на програмата на четвртиот фестивал „Скопје синема сити“ (ССС) чие летно издание ќе се одржува од денеска до 10 јуни во Кинотеката на Македонија. Во петте фестивалски дена ќе бидат прикажани 15 филмови. Фестивалот ќе биде отворен вечер од 20 часот со филмот за јапонскиот композитор Руичи Сакамото „Кода“ во режија на Стивен Номура Шибле. Филмот беше прикажан премиерно на филмскиот фестивал во Венеција во 2017, а потоа и на годинашното Берлинале. Од 22 часот ќе биде прикажан документарниот „Приказна за модерниот џез“. Вториот фестивалски ден утре ќе биде посветен на познатиот современ композитор Филип Глас со филмовите „Филип Глас: Гледајќи го Глас“ и култниот уметнички филм „Којанискатси“. На 8 јуни ќе биде прикажан „Лунарна Орбита“ за познатиот електронски состав „The Orb“, а потоа „Визијата за рајот“ на Ли Скреч Пери. На 9 јуни ќе бидат прикажани филмовите за Бил Еванс, кој е еден од најпознатите џез-пијанисти на сите времиња и „Буена Виста Соушал Клаб, Адиос“. На програмата се и два филма на македонскиот режисер Јордан Дуков за македонските состави „Љубојна“ и „Conquering Lion“ дел од Телма докубенд серијалот. На завршниот фестивалски ден, 10 јуни, ќе бидат прикажани „Студиото Ханса крај ѕидот 1976-90“ и „Кобејн: Монтажа на еден пекол“. Застапени се филмови за познатата музичка куќа „Blue Note Records: Приказна за современиот џез“, „Сан Ра: Братот од другата планета“, „Бил Еванс: Сеќавање на едно време“ заедно со кратки филмови од продукцијата „Види Вака“ за Зоран Маџиров и Драган Ѓаконовски Шпато. Пред почетокот на фестивалот, вечер од 19 часот ќе има и претфестивалска програма на „Скопје синема сити“, со изложба на џез-фотографии на фотографката Татјана Ранташа од истакнати македонски џез-уметници од различни генерации. Паралелно со нејзината изложба, насловена „Македонска џезтетика - Ранташа Татјана, фотографии“, настап ќе има и Квинтетот на Гоце Стевковски, основоположник на Здружението на џез-музичари. Татјана Ранташа е реномиран фотограф со 15 години искуство, најмногу со сценска фотографија. Почнувајќи од 2005 година, таа е официјален фотограф за издавачки куќи  како  Авалон,   Пасворд,   МКЦ-концерти,   МОТ,   Десонанц  фестивалот,   а   денес  е   најчесто ангажирана за Оффест и Скопскиот џез-фестивал, како нивни официјален фотограф. - „Македонска џезтетика“   е   избор   од   фотографии   од   различни   генерации   македонски  џез-музичари, почнувајќи  од Џијан Емин, Гоце Стевковски, Алек Секуловски, па до Симон Киселички, Мишко Парушев  и   Владан   Дробицки,  од  Трајко Велков,  Бојан  Шамба,   па   до   Кирил Кузманов,   Кирил Туфајхчиев, од Влатко Стефановски, Васил Хаџиманов, па до Тони Китановски, Кокан Димушевскии и многу други, соопшти „Скопје синема сити“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-skopje-sinema-siti-15-filmovi-do-10-juni/feed/ 0
Петнаесет филмови на „Скопје синема сити“ од 6-ти до 10 јуни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/petnaeset-filmovi-na-skopje-sinema-siti-od-6-ti-do-10-juni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/petnaeset-filmovi-na-skopje-sinema-siti-od-6-ti-do-10-juni/#respond Wed, 23 May 2018 08:07:06 +0000 https://kurir.mk/?p=57368

Музиката и нејзиното филмско претставување е во фокусот на програмата на четвртиот фестивал „Скопје синема сити“ (ССС) чие летно издание ќе се одржува од 6-ти до 10 јуни во Кинотеката на Македонија. Во петте фестивалски дена ќе бидат прикажани 15 филмови. Како што претходно беше објавено, фестивалот ќе биде отворен со филмот за јапонскиот композитор Руичи Сакамото „Кода“ во режија на Стивен Номура Шибле. Филмот беше прикажан премиерно на филмскиот фестивал во Венеција во 2017, а потоа и на годинашното Берлинале. Ќе има и претфестивалска програма со изложба на џез-фотографии на фотографката Татјана Ранташа од истакнати македонски џез-уметници од различни генерации. Паралелно со нејзината изложба, насловена „Македонска џезтетика - Ранташа Татјана, фотографии“, настап ќе има и Гоце Стевковски Квинтет. - Бидејќи централно место има музиката, оваа изложба кореспондира со селекцијата на џез-филмови, и од домашна и од странска продукција кои се на програмата. На програмата се застапени филмови за познатата музичка куќа „Blue Note Recordsс: Приказна за современиот џез“, „Сан Ра: Братот од другата планета“, „Бил Еванс: Сеќавање на едно време“ заедно со кратки филмови од продукцијата Види Вака за Зоран Маџиров и Драган Ѓаконовски Шпато, соопшти ССС. Вториот ден на фестивалот ќе биде посветен на познатиот современ композитор Филип Глас со филмовите „Филип Глас: Гледајќи го Глас“ и култниот уметнички филм „Којанискатси“.  На 8 јуни ќе биде прикажан „Лунарна Орбита“ за познатиот електронски состав „The Orb“, а потоа „Визијата за рајот“ на Ли Скреч Пери. На 9 јуни ќе бидат прикажани филмовите за Бил Еванс, кој е еден од најпознатите џез-пијанисти на сите времиња и „Буена Виста Соушал Клаб, Адиос“. На програмата се и два филма на македонскиот режисер Јордан Дуков за македонските состави „Љубојна“ и „Conquering Lion“ дел од Телма докубенд серијалот. На завршниот фестивалски ден ќе бидат прикажани „Студиото Ханса крај ѕидот 1976-90“ и „Кобејн: Монтажа на еден пекол“. Влезниците може да се купат на билетарницата на Кинотека на Македонија и онлајн на МКтикетс. Повеќе информации се достапни на веб-страницата  www.nomad.com.mk. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/petnaeset-filmovi-na-skopje-sinema-siti-od-6-ti-do-10-juni/feed/ 0