скопје – софија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 04 May 2022 05:59:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png скопје – софија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Авиолинијата Скопје-Софија ќе опстои, тврдат надлежните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aviolinijata-skopje-sofija-kje-opstoi-tvrdat-nadleznite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aviolinijata-skopje-sofija-kje-opstoi-tvrdat-nadleznite/#respond Wed, 04 May 2022 05:59:49 +0000 https://kurir.mk/?p=671409

По повеќе од месец од стартот на комерцијалните летови на релацијата Софија-Скопје вчера се отвори прашањето за нејзиното натамошно опстојување откако дел од медиумите објавија дека „Гуливер“, авиокомпанијата која го опслужува летот, нема да продава билети по 21-ви месецов, но авиопревозникот, како и бугарскиот министер за транспорт Николај Сабев тврдат дека авиолинијата ќе опстои. -Летовите помеѓу Скопје и Софија ќе останат и по 15 мај. Остануваат и летовите меѓу Софија и Тирана, во моментов операторот на летот е пред промена, рече вчера Сабев во изјава за МИА. Од „Гуливер“, пак, соопштија дека во моментов не планираат да ги прекинат летовите на релацијата. -За да се подобри удобноста на патниците, авиокомпанијата бара опции за да обезбеди поудобни часови на летовите. Се надеваме дека по завршувањето на поправката на пистата на скопскиот аеродром ќе добиеме подобри времиња на летови, велат од авиокомпанијата. Оттаму информираа дека го раскинуваат договорот со актуелниот закуподавач на авионот кој работи моментно и оти треба да изнајмат нов авион од истиот модел, ATR 72. Сите тие чекори се преземаат и со оглед на постигнување предвидливост за клиентите на авиокомпанијата во согласност со моменталната состојба во регионот и се во голема мера погодени од војната во Украина, посочија од авиокомпанијата. И од ТАВ Македонија, концесионерот на аеродромите во државава, вчера информираа дека немаат добиени никакви информации од страна на авиокомпанијата за прекини во најавениот распоред на летање. Од Владата, пак, велат дека авиокомпанијата има одобрено термини за полетување и слетување и во текот на овој месец. – Во однос на авиолинијата Софија – Скопје, Ве информираме дека авиокомпанијата која го оперира овој лет нема склучено договор за финансиска поддршка со Владата на Република Северна Македонија, преку Министерството за транспорт и врски. Според информации со кои располагаме, авиокомпанијата има одобрено термини (слотови) за полетување и слетување и во текот на овој месец, изјавија од Владата, посочувајќи дека воспоставувањето на летот е од комерцијален аспект. Можниот прекин на авиолинијата ја коментираше и министерот за надворешни работи Бујар Османи, а според неговите информации причина се преговорите меѓу компанијата и бугарската Влада за субвенционирање. -Кога го разгледувавме ова прашање, разговаравме две опции. Првата опција беше да биде целосно комерцијална, односно дали ќе има интерес од страна на патниците, а втората опција – да биде субвенционирана од страна на владите при што Република Бугарија ја презеде обврската за субвенционирање. Мислам дека првата фаза беше обид да се види комерцијалната рентабилност. Според моите информации, мислам дека ова запирање е процес на преговори меѓу компанијата и Владата дали ќе има поддршка или не, рече Османи, во одговор на новинарско прашање. Авиолинијата профункционира како резултат на договорената соработка на премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков, како прв чекор за реализација на заеднички активности во име на развој на пријателството меѓу двете држави. По заедничката меѓувладина седница на Северна Македонија и Бугарија на 25 јануари годинава, беше потпишан Договор за соработка, и уследија разговори на надлежните институции. Авиолинијата симболично стартуваше на 10 февруари кога со авион на Гуливер од Софија во Скопје допатуваа делегации од двете држави предводени од ресорните министри за транспорт и економија, туроператори и бизнисмени кои имаа заедничка средба за утврдување на деталите за функционирање на летот. На 26 март годинава со стартот на летниот ред на летање, со авион од типот ATR 72 – 600 со капацитет за транспорт на 70 патници, авиокомпанијата Гуливер го реализираше првиот редовен лет на Меѓународниот Аеродром Скопје. За авиолинијата која ги поврзува двата главни града за само 30 минути и што сообраќа двапати неделно беше изразено уверување дека има огромен потенцијал и оти ќе биде користена за туристички и за деловни патувања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aviolinijata-skopje-sofija-kje-opstoi-tvrdat-nadleznite/feed/ 0
Летајте за багателни цени: На 11-ти февруари првиот директен лет Скопје – Софија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/letajte-za-bagatelni-ceni-na-11-ti-fevruari-prviot-direkten-let-skopje-sofija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/letajte-za-bagatelni-ceni-na-11-ti-fevruari-prviot-direkten-let-skopje-sofija/#respond Sun, 06 Feb 2022 13:46:13 +0000 https://kurir.mk/?p=627709

Македонска и бугарска делегација од ресорните министри за трансорт и туроператори од двете држави ќе бидат патници на првиот лет што треба да се реализира на 11-ти месецов на релацијата Софија-Скопје. Компанијата „Гуливер“ е заинтерсирана да го реализира летот, а на оваа релација се очекува да има редовни летови во текот на следниот месец, информираше денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Интерес за одржување на оваа врска покажала бугарската стартап компанија „Гуливер“, а според бугарските портали, цената на летовите би била до 50 евра. Претходно беше најавено дека овие летови нема да бидат субвенционирани од владите, но според најновите информации, за авиопревозникот ќе има повластени давачки. -На 10 февруари ќе имаме средба во Софија заедно со нашите тимови на Комисијата за транспорт и инфаструктура и на 11-ти веќе ќе се организира првиот лет од Софија за Скопје каде заедно со делегациите од нашата страна и министерот и туроператори од Бугарија ќе бидеме дел од тој лет заедно. На 11 февруари во Скопје ќе организираме заедничка средба со туроператорите од Северна Македонија, каде што очекувам да се најдат сите поволности и можности и најдобри солуции за граѓаните, за да во иднина оваа линија биде операбилна и да може да оперира редовно на релација Софија – Скопје и секако уште една дестинација која ќе биде дополнителна можност за граѓаните, изјави Бочварски одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на Кочани. Очекувам, како што рече, развој на економијата и на туризмот. -Драго ми е што веќе има заинтересирана компанија – тоа е компанијата Гуливер која што ќе го изврши овој прв лет со кој даваме до значење дека со разговори и со позитивен пристап можеме да отвориме повеќе можности за нашите граѓани, за економијата и секкао за развој на туризмот на двете земји, рече Бочварски. Прашан кога ќе профункционира редовната авиолинија Бочварски посочи дека постои можност за во текот на следниот месец, укажувајќи дека предлозите околу оперирањето на авиолинијата ќе бидат разгледани на средбата на 11 февруари. Неговиот бугарски колега Николај Сабев исто така вчера најави дека првиот лет од Софија за Скопје ќе биде на 11 февруари и оти редовните летови ќе започнат во март, како и дека туроператорите од Бугарија и Северна Македонија треба да се договорат за туристички пакети сокоиштп ќе се зголемат меѓусебните посетите на туристите од двете земји. Сабев најави дека властите во Скопје ќе обезбедат слотови за летовите на авиокомпанијата со Софија, која ќе лета или до Тирана, или Атина или Истанбул. За рутата треба да има повластени давачки, кои ќе ги добива бугарската авиокомпанија што ќе ги извршува летовите. Тогаш ќе може да се види каков е протокот на патници во овие насоки, за да може да се направи точна проценка и авиолинијата да опстои. Бочварски и Сабев на 25-ти минатиот месец во Софија потпишаа два докумената за зајакнување на инфраструктурното поврзување на двете земји, за директна авиолинија Скопје-Софија и за железничкиот Коридор 8. Документите беа потпишани по заедничката седница на двете влади.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/letajte-za-bagatelni-ceni-na-11-ti-fevruari-prviot-direkten-let-skopje-sofija/feed/ 0